КАФЕ ПАУЗА

Category: Совети

  • Која е тајната на моќните и неуморни жени?

    Која е тајната на моќните и неуморни жени?

    Семејство, кариера, дом, социјален живот – постојат жени кои се успешни на сите овие полиња. Како го прават тоа?rnГи познавате ли оние неуморни жени кои очигледно можат да постигнат сè што сакаат? Тие се сосема спротивни од оние луѓе кои се жалат и не прават ништо, затоа што тие се самоуверени жени кои бргу застануваат на нозе дури и кога наидуваат на пречки.rnВо реалноста, нема неуморни или совршени жени, секоја жена има добри денови, кога работите се одвиваат според планот, но и тешки денови, кои се чини дека никогаш нема да завршат. Но, постојат одредени работи кои ги одвојуваат овие жени од останатите:rnrnКоја е тајната на моќните и неуморни жени?rn

    1. Тие ги соопштуваат своите потреби

    rnТие навидум совршени жени се жени кои научиле да бараат помош и да ги соопштуваат своите потреби. Има жени кои го прифаќаат фактот дека не секогаш можат да имаат контрола во животот. Има жени кои не се срамат да побараат помош од партнерот, семејството или тимот.rn

    2. Знаат колку е важно да се постават одредени граници

    rnОвие жени имаат време да ги постигнат сите свои цели токму затоа што научиле да поставуваат граници. Повеќе не трошат време и енергија на ситници кои воопшто не им помагаат – знаат да кажат НЕ на многу работи и луѓе. Тие се заинтересирани за работите што навистина ги прават среќни и повеќе не учествуваат во настани само затоа што „мораат“.rn

    3. Се грижат за себе

    rnСи подаруваат моменти на мир, релаксирачки денови и успешно се трудат да го намалат секојдневниот стрес. Колку и да се зафатени, тие знаат да си пружат неколку моменти на спокојство и убавина само за себе.rnrnЗапомнете дека не постојат совршени жени, затоа престанете да се споредувате себеси или да се чувствувате како да не сте доволно добри. Почнете да се фокусирате повеќе на она што е добро за вас и што ве прави среќни.rnrnОткако прочитавте за особеностите на моќните, неуморни жени, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие инспиративни цитати на дел од најмоќните жени низ историјата.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Повторувајте си ги овие работи секој ден за полесно да се справите со анксиозните чувства!

    Повторувајте си ги овие работи секој ден за полесно да се справите со анксиозните чувства!

    Ако страдате од анксиозност, сигурно честопати се справувате со напнати и негативни мисли, што, од друга страна, доведува до ментална исцрпеност. Симптомите на анксиозност можат да бидат непријатни и негативно да влијаат врз квалитетот на животот, но важно е да можете да ги препознаете.rnrnПовторувајте си ги овие работи секој ден за полесно да се справите со анксиозните чувства!rnrnДоколку сакате да си помогнете, имајте ги на ум овие позитивни реченици кои можете да ги повторувате секој ден и на тој начин да ги трансформирате вашите мисли од негативни во позитивни.rn

    1. Јас сум безбеден/а и заштитен/а во овој момент.

    rnОвие зборови ќе ви помогнат да сфатите дека опасноста не постои. Така ќе можете да се опуштите.rn

    2. Одлучувам да се откажам од сите грижи.

    rnОва е нешто што можете да го повторите навечер пред спиење, за да се ослободите од секојдневните грижи и да му се препуштите на вашето вистинско „јас“.rn

    3. Верувам во мојата способност да се соочам со секоја ситуација.

    rnАко ги изговорите овие зборови си давате сила полесно да се справите со стресот и анксиозноста.rn

    4. Имам контрола над моите мисли и избирам тишина.

    rnСо оваа изјава покажувате дека сте господар на вашиот живот и дека можете да ја победите анксиозноста.rn

    5. Јас сум достоен за внатрешен мир и спокојство.

    rnОваа изјава ќе ви донесе чувство на смиреност и релаксација.rn

    6. Го оставам зад себе она што не можам да го контролирам и се фокусирам на она што можам.

    rnКажувајќи го ова во огледало, секој ден ќе гледате како го менувате погледот на животот и полесно наоѓате решенија за секој предизвик.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за справување со анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги намалите стресот и анксиозноста со помош на техниката 5-4-3-2-1.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 6 факти за кармата кои можеби не ги знаевте досега

    6 факти за кармата кои можеби не ги знаевте досега

    Универзалниот принцип на кармата е поврзан со циклусот на причина и последица – секоја акција што ја преземате сега влијае на вас во иднина. Законот на кармата важи и за вашите мисли и зборови, а не само за вашите постапки.rnrn6 факти за кармата кои можеби не ги знаевте досегаrnrnДенес луѓето ширум светот го користат концептот на карма за да ги објаснат човечките судбини, околности, настани… Во продолжение прочитајте ги овие факти за кармата кои можеби не ги знаевте досега.rnrn1. Кармата не треба да биде само казна за правење нешто лошо. Тоа не е само казна. Тоа е дел од патувањето на душата. Сите ваши постапки влијаат на вас.rnrn2. Законот на кармата може да ви помогне да се движите низ животот. Страдањата, наградите и сите други предизвици кои животот ви ги фрла се тука за да можете да преминете во следната фаза од животот. Тоа ви помага да го разликувате доброто од лошото и само тогаш можете да изберете подобар пат за себе.rnrn3. Не е важно дали вашите дела се големи или мали. Немојте да мислите дека вашите мали напори не се доволни, бидејќи секоја акција има влијание во иднина. Секоја мала акција што ја преземате помага да се обликуваат идните настани.rnrn4. Можете да користите одредени зборови за да ја исчистите вашата карма, а понекогаш дури и не сфаќате дека го правите тоа – тоа е древната свест што може да ви помогне да ја подобрите вашата карма.rnrn5. Кога ќе сфатите дека дури и вашите мисли и најбезначајните постапки влијаат на вашата реалност, станувате потрпеливи и престанувате да дејствувате набрзина.rnrn6. Секоја негативна карма може да се претвори во позитивна, бидејќи вашата судбина е во вашите раце.rnrnОткако ги прочитавте овие факти за кармата, можеби ќе сакате да прочитате и и на кој начин можете да привлечете позитивна карма во вашиот живот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Престанете да ги правите овие работи доколку сакате да го пронајдете вашиот внатрешен мир!

    Престанете да ги правите овие работи доколку сакате да го пронајдете вашиот внатрешен мир!

    Дали некогаш сте се запрашале како да го пронајдете мирот во вашиот живот? Дали досегашните искуства ве научиле дека мирот се наоѓа во вас и дека сè што треба да сторите е да го чувате и негувате? Еве кои работи треба да престанете да ги правите доколку сакате одново да го пронајдете вашиот внатрешен мир!rnrnПрестанете да ги правите овие работи доколку сакате да го пронајдете вашиот внатрешен мир!rnrn1. Престанете да се расправате со луѓето.rnrn2. Престанете да трошите енергија во врската доколку другата личност делува незаинтересирано.rnrn3. Престанете да им посветувате време на другите кога немате доволно енергија за себе.rnrn4. Престанете да ги прифаќате и оправдате токсичните однесувања.rnrn5. Престанете да ги игнорирате вашите граници со цел да се вклопите во туѓите животи.rnrn6. Престанете да си наметнувате ограничувања во однос на вашиот потенцијал.rnrn7. Престанете да се преправате дека сте среќни.rnrn8. Престанете да ги задоволувате потребите на другите за тие да ве прифатат.rnrn9. Престанете со обидите да ги смените луѓето кои не сакаат да се променат.rnrnОткако прочитавте кои работи треба да престанете да ги правите доколку сакате да си го повратите мирот, можеби ќе сакате да прочитате и овие 10 совети кои ќе ви помогнат да останете смирени без оглед на околностите.

  • Следете ги овие совети доколку сакате да блескате со самодоверба и да ги остварите целите!

    Следете ги овие совети доколку сакате да блескате со самодоверба и да ги остварите целите!

    Животот понекогаш може да изгледа како неразбирлива загатка, но можете полесно да се справите со сите неочекувани пречки и предизвици доколку сфатите одредени работи. Со стекнување увид во нашите мисли, емоции и однесувања, можеме да направиме позитивни промени и да водиме поисполнет живот.rnrnСледете ги овие совети доколку сакате да блескате со самодоверба и да ги остварите целите!rnrnСè започнува со мислите, затоа обидете се да ги негувате оние кои се позитивни, кои ви користат, ви носат среќа, благосостојба и мир. Понекогаш забораваме дека животот е едноставен, правилата се полесни отколку што мислиме, а ние сме тие што го комплицираат.rn

    1. Довербата е поважна од изгледот

    rnБројни студии покажале дека самодовербата и поддршката се поважни од изгледот. Ако се сакате себеси и изгледате самоуверено, поголема е веројатноста дека ќе им се допаднете на другите луѓе.rn

    2. Запишувањето на вашите мисли го намалува стресот

    rnВеројатно го знаете ова, но колку често го користите во вашиот живот? Одредени истражувањата ја докажале терапевтската улога на пишувањето дневник. Со запишување на вашите искуства, го намалувате стресот и ја подобрувате вашата емоционална состојба, ја намалувате анксиозноста и се ослободувате од депресијата. На пример, вознемирените луѓе кои ги запишале своите чувства пред важно интервју за работа или испит имале подобри резултати од оние кои ништо не запишале.rn

    3. Контактот со очи го продолжува разговорот

    rnАко сакате разговорот да трае подолго, но не знаете што да кажете, поставете му прашање на другиот. Откако ќе го добиете одговорот, продолжете да го гледате соговорникот без да кажете збор. Вашиот соговорник ќе го продолжи разговорот, бидејќи луѓето не сакаат долги паузи во разговорот и се трудат да ја пополнат тишината.rn

    4. Зборувањето за вашите цели може да ве демотивира

    rnИстражувањата покажале дека кога ги соопштуваме нашите цели на другите луѓе, нашата желба да ги постигнеме се намалува. Овој ефект може да се објасни со фактот дека разговорот за идните активности му дава на вашиот мозок чувство на постигнување, мозокот навидум станува задоволен од „постигнатата цел“, ја губи мотивацијата и престанува да бара начини да ги постигне своите планови.rn

    5. Можете да се залажувате да мислите дека добро сте спиеле

    rnИстражувањата покажале дека ако се убедите себеси дека добро сте се одмориле, вашите когнитивни перформанси ќе се подобрат, дури и ако всушност не сте спиеле добро. Но, ако наутро се жалите дека сте уморни, вашите перформанси во текот на денот значително ќе се намалат.rn

    6. Поставувањето јасни и конкретни цели може да ја зголеми вашата мотивација и да ви помогне да го постигнете она што го сакате

    rnПоделете ги вашите големи цели на помали чекори и станете свесни за вашите достигнувања за време на целиот процес. Овој пристап ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата и да го подобрите фокусот.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за поголема самодоверба и успех во животот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 проблеми со самопочитта кои можат значително да ја намалат самодовербата.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои особини укажуваат на фактот дека имате чиста душа?

    Кои особини укажуваат на фактот дека имате чиста душа?

    За некои луѓе, да се има чиста душа значи да се биде љубезен, грижлив и сочувствителен. За други, пак, чистата душа е поврзана со духовноста или дури и со религијата. Нашата душа е она што нè прави луѓе. Тоа е нашето вистинско ЈАС под сите маски зад кои се криеме. Многу луѓе сметаат дека душата е вечен дел од нас што живее после смртта. Но, со што се одликува чистата душа?rnrnКои особини укажуваат на фактот дека имате чиста душа?rn

    1. Смиреност и скромност

    rnОвие две особини нè спречуваат да се изгубиме во големината на нашето его. Тие ни помагаат да негуваме посилни и поздрави односи со другите и нè учат дека е сосема во ред да бидеме ранливи. И покрај сите големи достигнувања што ги постигнуваат, често ќе откриете дека најчистите души во животот се многу скромни.rn

    2. Позитивна енергија

    rnЧисти души поттикнуваат позитивни мисли, а не негативни. Ова не значи дека тие се имуни на животните борби – далеку од тоа. Тие само сакаат да бидат сила на доброто во светот и знаат дека светлината може да ја победи темнината. Тоа значи фокусирање на љубовта, а не на омразата. Тие се обидуваат да разберат, а не да обвинуваат.rn

    3. Дарежливост

    rnЧистите души се дарежливи. Тие се среќни да го споделат она што го имаат со другите, без разлика дали тоа е нивното време, енергија, добрина или храна. Истражувањата покажале дека се чувствуваме посреќни и поздрави кога даваме и дека тоа ги подобрува нашите социјални врски.rn

    4. Благодарност

    rnЛуѓето со чиста душа може да изгледаат најсреќни и најзадоволни, а тоа се должи на фактот дека тие се благодарни. Благодарноста е клучна состојка на среќата која им помага да ја видат убавината во сè околу нив.rnНаместо да се фокусираат на она што го немаат – што може да доведе до длабока фрустрација и незадоволство – благодарноста им помага да бидат задоволни од она што го имаат.rnrnОткако прочитавте за особините на чистата душа, можеби ќе сакате да прочитате и за овие 7 знаци дека вашата душа е уморна и сака да комуницира со вас.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како да пронајдете радост во секој момент од животот?

    Како да пронајдете радост во секој момент од животот?

    Што чувствувате денес? Дали сте енергични, среќни, мотивирани, тажни или депресивни? За што би сакале да му се заблагодарите на универзумот денес?rnrnКако да пронајдете радост во секој момент од животот?rnrnВо современиот свет исполнет со конкуренција и обврски, материјализмот добива сè поголемо значење. Парите постанаа нешто неопходно и без нив не можеме да го замислиме животот. Но, кога нашиот живот се претвора во постојано размислување за материјалното, тој станува страдање.rnrnМногу луѓе се измачуваат себеси и напорно работат за да ги задоволат своите материјални желби и да го имаат најновиот автомобил или најновиот телефон. Овие желби често ги доведуваат во заблуда, бидејќи нивното исполнување ќе донесе само привремена и минлива среќа.rnrnТака, кога ќе купите нов автомобил, ќе бидете задоволни неколку месеци или една година, а потоа ќе сакате да го замените со уште подобар модел. Затоа, не треба да го заборавиме и духовниот развој, кој е неопходен како здравјето и храната што ја јадеме секој ден.rnrnОшо, еден од најпознатите духовни учители, нè потсетува дека животот е прекрасна игра и авантура и дека можеме да најдеме радост во секој момент:rn

    „Ако си богат, не размислувај за тоа, ако си сиромашен, не ја сфаќај сиромаштијата сериозно. Ако можеш да живееш во мир, имајќи на ум дека светот е само еден вид претстава, ќе бидеш слободен, нема да те допре страдањето. Страдањето доаѓа само поради сериозен однос кон животот. Почнете да го третирате животот како игра, уживајте во него“, вели тој.

    rnЖивотот е прекрасно патување во кое не треба да ја трошите енергијата на гнев, бес, материјално страдање и нервоза. Прифатете го животот како забавна и предизвикувачка игра, а оние кои ќе најдат мир и радост во себе ќе бидат вистинските победници.rnrnОткако ја прочитавте пораката на Ошо, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 15 цитати од Ошо кои ќе ве натераат да размислите за животот, љубовта и среќата.rnrnИзвор: atma.hr

  • Не смеете да ги заборавите овие 4 работи секогаш кога се справувате со стрес!

    Не смеете да ги заборавите овие 4 работи секогаш кога се справувате со стрес!

    Според психолозите, овие четири работи можат значително да ја зголемат вашата способност за прилагодување на стресот. Кога ќе се најдете среде кризна ситуација, запомнете ја важноста на поддршката и смеата за полесно да го надминете стресот, но и да донесете подобри одлуки.rnrnНе смеете да ги заборавите овие 4 работи секогаш кога се справувате со стрес!rn

    1. Поддршка

    rnСекогаш кога се чувствувате осамено, непријатно, напнато, барајте поддршка од блиските. Кога вербално ги изразувате своите чувства, нивниот интензитет се намалува, нема да ви пречат толку многу како кога ќе се затворите. Можете да се ослободите до одреден степен од непријатните чувства кога некој ве слуша и разбира.rn

    2. Смеење

    rnМногупати сте слушнале дека смеењето е здраво и позитивно влијае на психофизичкото здравје на една личност. Хуморот позитивно влијае на намалување на болката, го подобрува имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата, ги подобрува меѓучовечките односи, предизвикува пријатни емоции и ја зголемува самодовербата. Кога се обидувате да погледнете на некоја стресна ситуација на смешен начин, преку хумор, почнувате да размислувате дека проблемот може да се реши, а тоа го намалува стресот. Одржувањето позитивен став кон животот, како и кон самите себе, ви дава сила полесно да ја прифатите новата ситуација.rn

    3. Спорт

    rnВежбањето и физичката активност влијаат на одржувањето на рамнотежата во целиот организам. При активирањето на организмот се разградуваат многу штетни и се произведуваат здрави материи. За време на физичката активност се лачат супстанции кои влијаат врз вашето расположение, чувството на задоволство. Различни техники за релаксација можат да ви помогнат овде. Тие директно влијаат на физичките процеси во телото, кои се поврзани со стресот (тие ја релаксираат мускулната тензија). Релаксацијата започнува со заземање удобна положба на телото, што овозможува постепено опуштање на сите негови делови. Таа е проследена со контрола на дишењето, лесно вдишување преку нос, задржување на воздухот, а потоа подолго издишување преку устата. Повторете неколку минути, додека не почувствувате олеснување.rn

    4. Сон

    rnСвесни сте дека кога сте уморни и ненаспани, потешко ги поднесувате и најмалите непријатности. Основното правило е да ги задоволите сите физиолошки потреби за да бидеме поотпорни на сè што ве очекува во текот на денот. Освен тоа, за време на спиењето се обновуваат клетките, енергијата се обновува, ги полните батериите за да бидете продуктивни. Не заборавајте дека за нормално функционирање на организмот треба да спиете осум часа, да се храните здраво и да пиете доволно течности.rnrnОткако прочитавте кои 4 работи можат да ви помогнат да се справите со стресот, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои се најчестите знаци на слаба циркулација?

    Кои се најчестите знаци на слаба циркулација?

    Многу луѓе често ја занемаруваат важноста на циркулацијата, но таа има големо влијание врз телото. Иако повеќето жени сфаќаат дека проблемите со циркулацијата можат да имаат сериозни последици, тие можеби не се свесни за вообичаените секојдневни симптоми. Лошата циркулација, што резултира со недоволен проток на крв низ телото, може да се појави кај луѓе од сите возрасти, а симптомите не се секогаш очигледни.rnrnКои се најчестите знаци на слаба циркулација?rnrnОва се најчестите симптоми на проблеми со циркулацијата:rn

    Студени стапала во текот на целата година

    rnНа повеќето луѓе не им се допаѓа чувството на ледени ладни стапала, особено во кревет, а ова е веројатно најпознатиот знак за слаба циркулација. Недостатокот на проток на крв во нозете е честа причина за студени стапала. Ова може да предизвика болка, вкочанетост и чувство на печење, како и студенило.rn

    Вртоглавица и губење на меморијата

    rnАко често чувствувате необјаснета вртоглавица и губите рамнотежа, тоа е знак дека вашата циркулација не работи како што треба. Ако се борите со вртоглавица или заборавате на одредени работи, тоа може да биде симптоми на недостаток на проток на крв во мозокот. Кога тоа ќе се случи, вашиот мозок ќе намали одредени функции, како што се меморијата и рамнотежата, за да им даде приоритет на поважни функции. Иако постојат многу причини зошто може да ги почувствувате овие симптоми, доколку сте загрижени, секогаш можете да го контактирате вашиот општ лекар.rn

    Чирови

    rnКога слабата циркулација е предизвикана од блокирање на артериите, количината на крв што стигнува до вашите нозе се намалува. Ова може да доведе до испакнати вени, а во некои случаи дури и до чирови.rn

    Абдоминални болки

    rnКако и кај сите витални органи, на вашиот стомак му треба проток на крв богата со кислород за да функционира правилно. Ако често чувствувате симптоми како што се болки во стомакот, дијареја или имате крв во столицата, иако многу ретко, ова може да биде знак за слаба циркулација.rn

    Како да се стимулира циркулацијата?

    rnМногуте проблеми со слабата циркулација настануваат најчесто како резултат на седентарниот начин на живот. Да се ​​биде неактивен долго време значи дека вашите мускули не се користат, поради што е особено важна физичката активност.rnrnОткако прочитавте за знаците на слаба циркулација, можеби ќе сакате да го прочитате и овој одличен трик за загревање на вашите стапала.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Неколку мали совети за подобрување на менталното здравје!

    Неколку мали совети за подобрување на менталното здравје!

    Прочитајте ги и обидете се да ги примените овие 9 едноставни совети за ментално здравје затоа што благодарение на нив можете да си го подобрите животот.rnrnНеколку мали совети за подобрување на менталното здравје!rn

    1. Дозволено ви е да ги исфрлите токсичните луѓе од вашиот живот.

    rnДури и ако ги знаете долго време, но тие ве повредуваат и разочаруваат повторно и повторно, можеби е време да се збогувате од нив. Тоа ќе создаде празнина, но таа празнина може да ја пополнат луѓе кои вистински ќе ве сакаат.rn

    2. Не сте одговорни за туѓата среќа.

    rnОбидете се да им помогнете на другите, направете сè што е во ваша моќ, погрижете се да им давате важни насоки на блиските луѓе, но ако тие самите не сакаат да си помогнат, вам ќе ви биде уште потешко да им помогнете.rn

    3. Треба да внимавате што примате од светот на интернетот.

    rnОна што го следите на социјалните мрежи влијае на вашето ментално здравје. Треба да избегнувате медиуми за кои знаете дека се штетни за вас.rn

    4.Спиењето е неверојатно важно за вашето ментално здравје.

    rnНе заборавајте дека ви се потребни околу 8 часа сон за нормално функционирање на организмот.rn

    5. Направете пауза од вестите.

    rnДобро е да знаете што се случува околу вас, но ако се чувствувате очајно откако ќе ги проверите вестите, направете пауза од нив.rn

    6.Водете дневник.

    rnПоголемиот дел од времето сè што треба да направите е да размислувате за вашите мисли за да ја зголемите свесноста за вашите чувства.rn

    7. Научете техники за дишење што можат да ви помогнат во стресни моменти во вашиот живот.

    rnПравилното дишење ќе ве смири и опушти.rn

    8. Кога се чувствувате лошо, размислете што би му рекле на пријател доколку се најде во вашата ситуација.

    rnВеројатно би направиле сè за вашиот пријател да се чувствува подобро, а истото можете да го направите и за себе.rn

    9. Ниското ниво на витамин Д3 може да ви го влоши расположението!

    rnСекогаш кога имате време, отидете на прошета во природа, но не заборавајте ги и додатоците со витамини и минерали!rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и како емпатијата може негативно да влијае врз вашето ментално здравје.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs