КАФЕ ПАУЗА

Започнете го денот со овие здрави утрински навики!

Започнете го денот со овие здрави утрински навики!

Written by

in

,

Некои утра се будите со негативни мисли кои едноставно не исчезнуваат. За среќа, тајното оружје за борба против нашата самокритика е токму нашето самољубие. Не заборавајте дека единствениот начин да имате среќен и исполнет живот е да се прифатите себеси онакви какви што сте. Според експертите за ментално здравје, навиките за самољубие ќе ви помогнат да изградите посилна врска со самите себе и да добиете поголема самодоверба. Тука спаѓаат и навиките за како да го започнете денот грижејќи се за себе.rnrnЗапочнете го денот со овие здрави утрински навики! rn

1. Одвојте пет минути за медитација

rnПреку медитацијата ќе научите како да го смирите вашиот ум и да го пренасочите вниманието кон сегашноста. Направете петминутна медитација притоа фокусирајќи се на вашето самољубие и вашата внатрешна сила. Според експертите, утринската медитација ќе ви помогне да се чувствувате смирени, но и подготвени за новите предизвици и можните стресови во текот на денот.rn

2. Наместете си го креветот

rnКолку и да звучи едноставно, сепак ова е едно од првите нешта што можете да ги направите наутро ако сакате да се грижите за себе. Одлична можност да си докажете дека вашите чувства и потреби ви се приоритет над сè друго. Тоа пак, од друга страна, ќе ви го подобри расположението.rn

3. Размислете за местото кое ве прави среќни

rnЦелосната свест за моментот може да ви помогне да го ублажите стресот и да ја намалите напнатоста што можеби ја чувствувате поради неизбежните обврски кои морате да ги извршите во текот на денот. Доволно е да пронајдете мир во себе така што ќе ги затворите очите и ќе размислете за дестинација која ве прави среќни.rn

4. Гласно изговорете охрабрувачки зборови

rnОхрабрувачките зборови ќе ви помогнат да изградите позитивна слика за себе. Позитивните мисли пак, ќе ви влијаат полесно да се справите со секое чувство на страв и ниска самодоверба. За почеток, почнете со реченицата: „Јас сум тоа што сум и сум токму онаму каде што треба да бидам“.rn

5. Фокусирајте се на нешто за кое сте благодарни

rnЗапочнувајќи го денот со чувство на благодарност кон малите нешта, и воопшто, кон животот, дефинитивно ќе придонесе да се чувствувате поубаво и самоуверено.rn

6. Вежбајте длабоко дишење

rnДоколку сакате да го започнете денот со чувство на смиреност и спокојство, користете ја техниката на длабоко дишење. Доволно е да издвоите барем една минута секое утро за да се фокусирате на сегашниот момент и да го намалите нивото на стрес.rn

7. Заблагодарете му се на вашето тело

rnОткако ќе се разбудите, првото нешто кое ќе го направите е да му се заблагодарите на вашето тело за она што го прави за вас. Оваа техника може да биде многу корисна, особено доколку минувате низ тежок период исполнет со фрустрации, премногу сте уморни за да вежбате, чувствувате некаква болка, или едноставно не сте задоволни од тоа како изгледате. Ќе увидите како лека-полека негативните чувства им го отстапуваат местото на благодарноста и сочувство.rnrnОткако прочитавте како да го започнете денот со здрави утрински навики, можеби ќе сакате да прочитате и 6 цитати за да го започнете денот со позитивна мисла.rnrnИзвор: huffpost.com