Ни претстои магична и инспиративна есен, а и нова животна етапа. Важно е да сфатиме што е тоа го посакуваме за себе оваа есен. Затоа, одвојте еден или два часа за да размислите што навистина ќе ви биде добро, корисно и неопходно оваа есен. Бидете искрени со себе и смело поставувајте си прашања.rnrn
rnrnЕве неколку корисни прашања што треба да си ги поставите оваа есен:rnrn1) Кои се моите основни вредности и дали навистина живеам според нив?rnrn2) Што значи за мене „да се живее“ и „да се биде жив“?rnrn3) Кои се моите приоритети и што правам за да ги постигнам?rnrn4) Кои работи од минатото сакам да ги запалам како есенски лисја и никогаш да не помислам на нив?rnrn5) Зошто тврдоглаво одложував некои работи за подоцна, иако ги сакам, иако тие ми се навистина важни?rnrn6) Со какви нови работи сакам да ја пополнам оваа есен и мојот живот?rnrn7) Каков/а сум навистина? Како можам да знам и да се видам себеси?rnrn8) Како точно оваа моја есен ќе се разликува од сите други сезони од мојот живот?rnrnОва мало есенско дружење со себе е одлично време за подобро да се разберете себеси и да се ставите на прво место. На тој начин ќе се стекнете со важни одговори. Имајте на ум дека само од вас зависи во какви бои ќе ја обоите есента!rnrnОткако прочитавте кои прашања треба да си ги поставите на почетокот на оваа есен, можеби ќе сакате да прочитате и кои прашања треба да си ги поставите пред да донесете тешка одлука.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
8 прашања кои треба да си ги поставите на почетокот на оваа есен
