Кралството Бутан е најсреќната, најзелената и единствената земја во светот со негативен јаглероден отпечаток. Со население од 800.000 жители, главно будисти, оваа земја е дефинитивно едно од најмистичните места кое вреди да го посетите.rnrn
rnrnВо Бутан на секој чекор можете да наидете на интересни работи кои ќе ве воодушеват или збунат. Еден од нив е фактот дека во Бутан е забрането убивањето животни, а најголемиот дел од жителите се вегетаријанци и вегани. Месото пристига од месарниците во Индија, а покрај забраната за убивање, забрането е и сечење дрвја без посебна дозвола.rnrn
rnrnПосетителите на Бутан ќе бидат изненадени од правилото на „трезен вторник“, единствениот ден во неделата кога не е дозволено да се пие алкохол. Повеќето ги почитуваат правилата, но доколку сепак не можете да издржите, ќе најдете кафулиња каде се точи „на црно“. Таму алкохолот се служи во чаши за чај.rnrn
rnrnИако можеби мислите дека жителите на една од најсреќните земји во светот се трезни поголемиот дел од времето, сепак зачудувачки е фактот дека Бутан има највисока стапка на потрошувачка на алкохол по глава на жител во Јужна Азија. Во земјата има повеќе од пет илјади барови, а околу 700 од нив се наоѓаат во главниот град Тимфу.rnrn
rnrnВо Бутан пушењето се смета за грев, а тутунот за растение кое израснало од крвта на демоните. Од 2010 година забрането е производството и продажбата на тутунски производи, па затоа пушачите ги шверцуваат цигарите од Индија.rnrn
rnrnПокрај тоа, Бутан е една од ретките земји во светот каде сè уште постои полиандрија, односно брачна врска на една жена со повеќе сопрузи. Иако оваа практика повеќе не е толку распространета како во минатото, сепак сè уште се негува во помалку развиените делови на земјата.rnrnОткако ги прочитавте занимливостите за најсреќната земја во светот, можеби ќе сакате да прочитате и 14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Занимливости од најсреќната земја во светот: Во вторник не смее да се послужува алкохол
