КАФЕ ПАУЗА

Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

Не пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамците

Кога посетувате некој град за прв пат, покрај туристичките атракции, обидете се да ги посетите и местата кои им се омилени на мештаните. На тој начин ќе добиете поцелосна слика за градот. Во продолжение прочитајте кои места може да ги посетите во Амстердам кои сепак не се дел од неговите главни туристички знаменитости.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

Истражете ја градината Hortus Botanicus

rnСтанува збор за ботаничка градина која е сместена во областа Плантаџ. Имено, градината изобилува со цвеќиња, разноразни билки, палми и егзотични растенија. Тука се наоѓа и кафуле доколку сакате да се одморите од посетата, а кое може да се изнајми и за приватна забава.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

Посетете го киното Tuschinski

rnКиното Tuschinski е едно од најстарите кина во Амстердам и е прогласено за најубавото кино во Холандија благодарение на неговата Арт Деко фасада и прекрасниот внатрешен дизајн.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

Не пропуштајте го пазарот на книги Oudemanhuispoort

rnИдеално место за секој патник вљубеник во уметноста и литературата бидејќи овде целото шеталиште е преполно со тезги на кои се продаваат книги на старо. Покрај тоа, местото има посебна атмосфера со оглед на тоа дека некогаш и Винсент ван Гог шетал токму на ова пазарче, па кружи легендата дека неговиот дух сè уште лебди овде…rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrn

Посетете ја населбата Joordan

rnJoordan е една од најпопуларните населби во градот. Се работи за место каде малите улички се заменети со канали, а овде ќе наидете и на многу продавници, кафулиња, ресторани и галерии. На секој турист му се препорачува да го посети местото и навечер кога уличното осветлување е вклучено при што му дава посебна магија.rnrnНе пропуштајте ги овие локации доколку сакате да уживате во Амстердам како амстердамцитеrnrnОткако прочитавте за дел од локациите во Амстердам кои и не се толку познати но вредат да се посетат, можеби ќе сакате да прочитате и зошто секоја жена би требало да го посети Амстердам барем еднаш во животот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr