Оние кои уживаат во патувањето ќе ви кажат дека патувањето со воз е секогаш приказна сама за себе бидејќи носи некаква магија и мистичност. Сега имате и можност да патувате од Португалија до Сингапур со воз и да поминете неверојатни 18.755 километри!rnrn
rnrnПатувањето со воз може да биде навистина пријатно искуство со оглед на тоа дека за разлика од автобусите, во возот има место за спиење и релаксација. Сепак, овој пат се работи за патување кое трае 21 ден за кое сме сигурни дека е предизвик и за најголемите авантуристи!rnrnСпоред Euronews, новата железничка линија која беше отворена на почетокот на овој месец, ќе ги постави рекордите во најдолгото патување со воз во светот. Патник кој се качил во возот на југот на Португалија ќе стигне до Сингапур за 21 ден, а за време на патувањето ќе помине низ Париз, Москва и Пекинг.rnrnЗа време на патувањето, патниците ќе поминат 13 земји меѓу кои Шпанија, Полска, Белорусија, Монголија… Иако цените на билетот не се најповолни, сепак вреди да се заштеди за едно такво неповторливо животно искуство.rnrnОткако прочитавте за најновата железничка линија од Португалија до Сингапур, можеби ќе сакате да прочитате и за 4 дестинации во Европа кои се идеални за патување со воз.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Со воз на пат околу светот: Резервирајте го вашето место на возот од Западна Европа до Сингапур!
