КАФЕ ПАУЗА

Најубавите градови во светот опкружени со ѕидини

Најубавите градови во светот опкружени со ѕидини

Градовите опкружени со ѕидини се привлечни за туристите токму поради фактот дека најчесто се карактеризираат со богата историја. Ѕидините укажуваат на фактот дека овие градови сигурно биле важни стратешки точки во минатото, па оттука произлегува и нивниот шарм и привлечност на туристичка дестинација. Во продолжение откријте ја нашата листа на 4 најубави градови во светот опкружени со ѕидини.rnrnНајубавите градови во светот опкружени со ѕидиниrn

1. Дубровник, Хрватска

rnПопознат уште како „бисер на Јадранот“, Дубровник играл голема улога во минатото од аспект на поморската трговија и бил доволно моќен дури и да ѝ се спротивстави на Венеција. Многубројните знаменитости на градот го прават Дубровник идеална дестинација за одмор, особено во текот на летната сезона.rnrnНајубавите градови во светот опкружени со ѕидиниrn

2. Тимбукту, Мали

rnЕден од најимпозантните градови со ѕидини е токму мистериозниот Тимбукту. Почетоците на градот датираат од 13 век кога била основана трговска населба, а дури во 16 век биле изградени карактеристичните ѕидини од ќерпич. Градот е дел од листата на светско наследство на УНЕСКО, но за жал голем дел од неговите светилишта се уништени од страна на бунтовниците.rnrnНајубавите градови во светот опкружени со ѕидиниrn

3. Толедо, Шпанија

rnТоледо е еден од неколкуте градови со најдобро зачувани средновековни ѕидини. Римска тврдина, главен град на Визиготите, но и на моќната шпанска империја, овој град честопати е занемарен од страна на туристите кога станува збор за посета на Шпанија. Сепак, градот изобилува со знаменитости и долга историја во која подеднакво се застапени христијанската, еврејската и маварската култура.rnrnНајубавите градови во светот опкружени со ѕидиниrn

4. Каркасон, Франција

rnКаркасон е несомнено еден од најубавите градови во Јужна Франција. Основан од страна на Визиготите во 5 век, градот е дел од листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Една од неговите главни туристички атракции е реновираниот средновековен замок. Доколку сте љубител на вино не пропуштајте да ги посетите и малите живописни села со винови насади распослани во околината на градот.rnrnНајубавите градови во светот опкружени со ѕидиниrnrnОткако ја прочитавте нашата листа со најубавите градови опкружени со ѕидини, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 градови кои ја зачувале својата средновековна архитектура.rnrnИзвор: allwomenstalk.com