Бремен, град и пристаниште во северозападниот дел на Германија, е еден од најпознатите културни, трговски, индустриски и сообраќајни центри во државата.rnrn
rnrnТој е еден од ретките градови чиј аеродром е на само десет минути возење, па веројатно ова е причината поради која секоја година го посетуваат многубројни туристи. Доколку го посетите не смеете да ги пропуштите неговите многубројни атракции како катедралата Св. Петар, историскиот кварт, градското собрание со ренесансна фасада и статуата на Роланд кој е заштитен знак на Бремен.rnrnРоланд, симбол на правдата, слободата и независноста, го чува градот повеќе од 600 години, а легендата вели дека Бремен ќе биде независен сè додека е под негова заштита. Со оглед на тоа што влогот е толку голем, наводно, има и резервна статуа. За секој случај.rnrnМодерен Бремен е универзитетски град, но и град на науката и технологијата, тука е изградена Меѓународната вселенска станица, а неодамна беше отворен и најголемиот европски вселенски центар, а дури и најпосетуваниот музеј во Бремен е Музејот на науката.rnrnТука ќе ја најдете и „Куќата на Робинсон Крусо“ инспирирана од истоимениот роман на Даниел Дефо, а не заборавајте и да се сликате со скулптурата на четирите животни протагонисти од приказната на браќата Грим за бременските градски музиканти.rnrn
rnrnМожете да го истражувате Бремен со денови и да ја откривате неговата историја и култура, да се опуштите во парковите, да одите на шопинг и да ја пробате вкусната храна.rnrnСекако, не пропуштајте го и историскиот кварт кој за миг ќе ве пренесе во бајките и каде најверојатно можете да ги најдете најкреативните сувенири на светот.rnrn
rnrnОткако прочитавте за Бремен, можеби ќе сакате да прочитате и за Менинген, малиот бисер на Баварија.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Полн со магија и шарм: Најпознатите атракции во Бремен кои нема да ве остават рамнодушни!
