Иако градот Агра е најпознат по преубавиот мавзолеј Таџ Махал, овде се наоѓаат и други атракции кои вредат да бидат посетени. Од гробницата на на Акбар до тврдината Агра, ова место е дом на некои од најважните споменици во Индија кои ја раскажуваат приказната за неверојатната историја на земјата.rnrn
rnrnДом на една од најстарите цивилизации во светот, Индија е мозаик од мултикултурни искуства. Со богато наследство и безброј атракции, земјата е меѓу најпопуларните туристички дестинации во светот. Зафаќа површина од повеќе од милион квадратни километри и се протега од хималајските височини покриени со снег до тропските дождовни шуми на југ.rnrnКако седма по големина земја во светот, Индија се издвојува од остатокот на Азија, обележана со планини и мориња, кои ѝ даваат на земјата посебен географски ентитет. Додека патувате низ земјата, ве очекува еден голем шаренолик мозаик од гастрономија, религија, уметност, занаети, музика, природа, историја и авантуристички спортови. Индија е волшебен спој од старото и новото.rnrnТаџ Махал е икона на Индија и една од најголемите туристички атракции во светот која секоја година привлекува милиони посетители во градот Агра. Прекрасната градба датира од 17 век. Царот Шах Џахан го изградил мавзолејот во чест на неговата сакана сопруга Мумтаз Махал која починала при пораѓање. Изградбата траела повеќе од 20 години, а биле ангажирани околу 20 илјади работници.rnrnТаџ Махал не е единственото место заштитено од УНЕСКО во овој град бидејќи овде се наоѓа и тврдината Агра, тврдина од црвен песочник која некогаш била престолнина на Могулското Царство.rnrn
rnrnТврдината Агра е изградена од страна на могулскиот император Акбар во 1565 година. Опкружена со бедеми долги 2,5 километри, тврдината има облик на полумесечина, а нејзиниот источен ѕид се наоѓа на брегот на реката Јамуна.rnrnСе вели дека изградбата на тврдината првично ја започнал императорот Акбар, но ја завршил неговиот внук Шах Јахан, кој тука ги додал повеќето мермерни споменици. Тврдината Агра се смета за вистинско ремек-дело, а на секој турист што доаѓа во Агра му се советува да одвои барем еден ден за да ја истражи оваа импозантна тврдина.rnrnИако можеби ќе сакате да си отидете од градот веднаш штом ќе го посетите Таџ Махал, сепак добро би било да останете овде уште малку со оглед на тоа дека можете да најдете сместување за сечиј џеб. Покрај тоа, најлесен начин да стигнете до Агра е со воз или такси од Делхи, а возењето трае помалку од два часа.rnrnОткако прочитавте за градот Агра, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Зошто барем еднаш во животот треба да го посетите градот Агра?
