Lake District, планинска област на северозападот на Англија и најголемиот национален парк во земјата, е рај за љубителите на природата кои можат да пешачат со часови и часови истражувајќи ги многубројните патеки со поглед кон магичниот пејзаж.rnrn
rnrnПред пет години овој регион станал дел од светското природно наследство на УНЕСКО.rnrnОвде се наоѓа најголемото езеро во Англија, Виндермирското Езеро како и највисоката англиска планина, Скафел Пајк.rnrnСелото Грасмер е одлична почетна точка за истражување на оваа област. Грасмер е уникатно село со прекрасни плоштатчиња и улички со традиционални куќи од 18 и 19 век, како и дом на одлични пабови, преубава книжарница каде доаѓаат љубителите на мапите и планинската литература, како и дом на поетот Вилијам Вордсворт, чија куќа и денес е таму, сместена на работ на селото, опкружена со ритчиња и шума.rnrnПоетот со светска слава го нарекувал ова место „најубавото место кое човекот некогаш го пронашол“.rnrnВо 1891 година, околу 40 години по неговата смрт, неговата куќа за прв пат била отворена за јавноста, а со текот на времето почнала да привлекува сè поголем број посетители. Денес, десетици илјади луѓе ја посетуваат секоја година.rnrnОва место не само што се одликува со историја туку и со одлична кујна која се состои од превкусни колачи со мармалад и крем, пита со лимон, чаден лосос и пржени јајца, па сè до rarebit – еден вид тост со сирење.rnrnОткако прочитавте за ова магично европско село, можеби ќе сакате да прочитате и за планинското село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Најубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во животот!
