КАФЕ ПАУЗА

Патување со трамвај до плажа: Доколку патот ве однесе накај овој остров

Патување со трамвај до плажа: Доколку патот ве однесе накај овој остров

Жителите на Лисабон, Сан Франциско или Мелбурн знаат колкав шарм можат да му дадат на градот старите трамваи.rnrnПатување со трамвај до плажа: Доколку патот ве однесе накај овој островrnrnИако секој трамвај е посебен на свој начин, многумина ќе се согласат со тоа дека најневообичаениот се наоѓа во Маљорка, најголемиот остров во Шпанија и дел од архипелагот Балеарски Острови. Во градот Солер може да се прошетате со трамвај од морето до планината за половина час. Пуштен во употреба во 1913 година, трамвајот во Солер е повеќе од само атракција. Во минатото, жителите на гратчето патувале со трамвај до пристаништето и до плажите.rnrnМожете да го започнете патувањето со трамвај од станицата која го поврзува главниот плоштад со градскиот пазар или пак да го почекате трамвајот во сенката на чинарот, пред влезот во историската зграда на железничката станица. Возејќи низ градот, ќе поминете покрај многубројните плоштади, а ќе можете и да ги видите градското собрание и црквата посветена на Свети Вартоломеј.rnrnОткако прочитавте за трамвајот во ова мало гратче, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 шпански градови вреди да ги посетите барем еднаш во животот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr