Ако имате 18 години и сакате да ја истражувате Европа, ова може да биде среќно лето за вас, бидејќи Европската Унија подарува 35.000 бесплатни билети за воз за патување низ Европа.rnrn
rnrnСтанува збор за проектот наречен DiscoverEU, кој е отворен за сите оние кои на 1 јули ќе наполнат 18 години, односно за оние кои се родени помеѓу 1 јули 2004 година и 30 јуни 2005 година.rnrnДополнително, апликантот мора да биде жител на земја-членка на ЕУ или земја во програмата Еразмус, која ги вклучува нашата земја, Србија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Турција.rnrnСè што треба да направите е да се регистрирате овде до 29 март, да ги пополните податоците за вашата возраст и националност и да одговорите на пет прашања со повеќекратен избор за ЕУ.rnrnДополнително, треба да напишете и како планирате да го искористите бесплатниот билет доколку го добиете, како и дали имате намера да патувате сами или претпочитате да патувате со пријателите.rnrnОние кои ќе бидат ибрани, ќе добијат билети за воз со кои ќе можат да патуваат седум дена во месецот во периодот од 15.06.2023 до 30.09.2024 година, а ќе добијат и Европска младинска картичка, која овозможува бројни попусти за сместување, превоз, храна и културни активности.rnrnПобедниците ќе бидат избрани врз основа на одговорите во апликацијата, а доколку има повеќе пријавени отколку што има места, приоритет ќе имаат оние кои се пријавиле порано.rnrnОткако прочитавте за оваа иницијатива на Европската Унија, можеби ќе сакате да прочитате и за 4-те дестинации во Европа кои се идеални за патување со воз.rnrnИзвор: timeout.com
ЕУ доделува 35 илјади бесплатни возни билети за патување низ Европа!
