Барате места за одмор во Европа кои се полни со култура, но не се толку познати како туристички дестинации? Три одлични места за почеток се овогодинешните европски престолнини на културата – Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елеусина во Грција.rnrnЕвропската комисија ги избира европските престолнини на културата неколку години однапред. Во текот на годината секој избран град ќе има програма со настани чија цел е да го истакне културното богатство на градот и земјата.rn
Веспрем
rnЕден од најстарите градови во Унгарија, Веспрем, се наоѓа југозападно од Будимпешта, на северниот брег на езерото Балатон. Настаните оваа година вклучуваат буквално сè за секого. Од концерти на народна музика и игри и отворање на новата Куќа на уметностите до еколошки фестивал.rnrn
rn
Темишвар
rnВо минатото овој град бил еден од најпрометните градови во Романија, а во 2023 година неговата културна сцена ќе доживее голем бум. Со просечни 30 настани неделно, програмата на трансилванскиот град вклучува фестивали посветени на сè од панк и електронска музика до модерен танц, зелен живот, па дури и кафе.rnrn
rn
Елеусина
rnГрадот познат по своите урнатини од времето на Стара Грција, но и по индустријата, оваа година ќе биде домаќин на неверојатни 465 настани, кои ќе вклучуваат изложби на фотографии, акробации и театарски претстави. Значи секој ден имате и повеќе од еден настан во просек за да не ви биде здодевно.rnrn
rnrnОткако прочитавте за овогодинешните европски престолни на културата, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те евтини дестинации за патување во 2023 година.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
