КАФЕ ПАУЗА

Category: Занимливости

  • За прв пат во Европа: Се продава скелетот на Тираносаурус стар 67 милиони години!

    За прв пат во Европа: Се продава скелетот на Тираносаурус стар 67 милиони години!

    Во април годинава ќе се одржи аукција на скелет на Тираносаурус рекс за прв пат во Европа. Швајцарска аукциска куќа Koller auctions со седиште во Цирих смета дека посмртните останки на тираносаурусот стар 67 милиони години ќе привлечат голем број заинтересирани страни.rnrnЗа прв пат во Европа: Се продава скелетот на Тираносаурус стар 67 милиони години!rnrn„Ова е трет пат во цел свет како скелет со исклучителен квалитет е изложен на аукција“, е објавено на веб-страницата на аукциската куќа. Не е чудно што предвидуваат дека остатоците од Т-рекс ќе достигнат цена од околу еден милион швајцарски франци или околу 1,1 милион евра.rnrnОпишан како еден од најспектакуларните Т-рекс скелети што постојат, примерокот познат по имеTRX-293 Trinity e долг 11,6 метри и висок 3,9 метри.rnrnПовеќе од половина од коскениот материјал доаѓа од три примероци од тираносаурусите ископани помеѓу 2008 и 2013 година во Монтана и Вајоминг во Соединетите Американски Држави.rnrnАукцијата е отворена за сите заинтересирани, што предизвика големо негодување од страна на научната заедница која не верува дека таков вреден примерок треба да дојде во приватни раце. Дали тоа ќе се случи останува да видиме на 18 април оваа година за кога е закажана лицитацијата.rnrnТираносаурусите биле најголемите месојадни диносауруси во периодот на горна креда во Северна Америка кои изумреле пред 65 милиони години. Припадниците на овој род биле со тежина од околу 7 тони, а главата им била долга околу 1,5 метри.rnrnОткако прочитавте за оваа необична аукција, можеби ќе сакате да прочитате и 13 митови за диносаурусите кои не се точни.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Дали кофеинот може да ги намали телесните масти и ризикот од дијабетес тип 2?

    Дали кофеинот може да ги намали телесните масти и ризикот од дијабетес тип 2?

    Според најновите истражувања, кафето, зелениот и црниот чај можат да помогнат во намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Поточно, кофеинот во тие пијалаци и ефектот што може да го има врз телесните масти и тежината, може да биде причина за намалениот ризик.rnrnДали кофеинот може да ги намали телесните масти и ризикот од дијабетес тип 2?rnrnОсвен што го поттикнува метаболизмот, кофеинот има и голем број други потенцијални здравствени придобивки, како што се зголемување на будноста и концентрацијата, подобрување на перформансите за време на вежбањето и подобрување на расположението.rnrnСепак, експертите предупредуваат дека консумирањето премногу кофеин може да има и негативни ефекти, како што се анксиозност, несоница и нервоза.rnrnКафето, зелениот и црниот чај се богати со антиоксиданси, природни соединенија кои се карактеризираат со голем број здравствени придобивки.rn

    Кофеинот е поврзан со помал ризик од дијабетес тип 2

    rnДосегашните студии покажале дека умереното консумирање кафе (три до пет шолји дневно) е поврзано со помал ризик од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.rnrnДруга студија покажала дека внесот на кофеин резултира со намалување на телесните масти. Авторите на оваа студија користеле генетски метод наречен Менделова рандомизација за да го испитаат влијанието на нивото на кофеин во крвта врз телесните масти и врз ризикот од дијабетес тип 2 и ризикот од кардиоваскуларни болести вклучувајќи коронарна артериска болест, мозочен удар, срцева слабост и неправилен срцев ритам.rnrnПритоа, истражувачите се фокусирале на две вообичаени генетски варијанти за два гена поврзани со тоа колку брзо телото го метаболизира внесениот кофеин.rnrnЛуѓето кои ги носат генетските варијанти поврзани со побавен метаболизам на кофеинот, во просек пијат помалку кафе. Сепак, тие имаат повисоки нивоа на кофеин во крвта во споредба со луѓето кои побрзо го метаболизираат кофеинот.rnrnЗа оваа студија, истражувачите испитувале генетски и други податоци од речиси 10.000 луѓе со претежно европско потекло, кои учествувале во шест долгорочни студии. Тие откриле дека луѓето кои се генетски предиспонирани да имаат повисоко ниво на кофеин во крвта имаат поголема веројатност да имаат понизок индекс на телесна маса (ИТМ) и телесни масти.rnrnПокрај тоа, тие имале помал ризик од дијабетес тип 2. Истражувачите процениле дека околу половина од намалениот ризик од дијабетес се должи на пониското ниво на ИТМ.rn

    Премногу рано за да се утврди со сигурност дека кофеинот го намалува ризикот од дијабетес тип 2

    rnРезултатите од новата студија ја покажале врската помеѓу внесот на кофеин и помалиот ризик од дијабетес тип 2. Сепак, истражувачите не ја разгледале конкретно врската помеѓу метаболизмот на кофеинот и нивото на гликоза во крвта. Но, на научниците им е познат фактот дека кофеинот има својства на зголемување на ситоста, што значи дека ја потиснува желбата за јадење, а тоа доведува до понизок ИТМ. Сепак, научниците не им препорачуваат на пациентите консумирање кофеин како метод за намалување на ризикот од дијабетес. Наместо тоа, тие им препорачуваат да се фокусираат на редовна физичка активност и здрава исхрана.rn

    Умереното консумирање е клучно

    rnСпоред научниците, консумирањето премногу кофеин може да има негативни ефекти, како што се анксиозност, несоница и нервоза. Повеќето здрави возрасни луѓе можат да консумираат до 400 милиграми кофеин дневно, односно четири или пет шолји сварено кафе. Зелениот и црниот чај, пак, содржат помали количини на кофеин по чаша.rnrnОткако прочитавте за ова најново истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто утринското кафе не ја зголемува продуктивноста.rnrnИзвор: healthline.com

  • Тест: Изберете карта за да откриете што ве очекува оваа пролет!

    Тест: Изберете карта за да откриете што ве очекува оваа пролет!

    Денес имате можност да погледнете малку во иднината и да дознаете какви новости ќе стигнат до вас оваа пролет и на што треба да обратите внимание токму сега. Доволно е да изберете една од овие карти и да ја прочитате вашата порака.rnrnТест: Изберете карта за да откриете што ве очекува оваа пролет!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 1″ active=”false”]Долго време напорно работите на некое прашање или можеби во последно време моравте да се справите со тежок период во животот. Оваа карта ви порачува дека на вашите тешкотии конечно им дојде крајот бидејќи оваа пролет ве очекува заслужената награда. Очекувајте поволни промени во блиска иднина![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 2″ active=”false”]Порано премногу време и енергија им посветувавте на другите, но сега конечно дојде моментот да почнете да мислите и на себе. Ве очекува вистинска пресвртница во следниот период со оглед на тоа дека за брзо време ќе сфатите кои се вашите вистински пријатели. Ве очекуваат предизвици, но не заборавајте дека кога-тогаш сè ќе си дојде на свое место. Во април ве очекува и зголемување на профитот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 3″ active=”false”]Свесни сте за фактот дека заслужувате повеќе, па затоа не плашете се да дејствувате. Наскоро ве очекува и нова неверојатна можност, не пропуштајте ја. Преземете ризици и сè ќе успее.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 4″ active=”false”]Веќе долго време сте загрижени за вашите односи со другите. Не оди сè како што би сакале, но време е за промена. Оваа пролет ќе имате можност да ги решите сите проблеми и недоразбирања и да се справите со сите сомнежи. Обидете се да се ослободите од вашите стравови и не заборавајте дека сè ќе биде во ред.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да добиете совет од вашиот ангел.rnrnИзвор: atma.hr

  • Вистински пловечки спектакл: Пазар на вода во Индонезија

    Вистински пловечки спектакл: Пазар на вода во Индонезија

    Индонезискиот град Бањармасин кој се наоѓа на островот Борнео е познат како град на илјада реки. Се протега на источната страна на реката Барито, а реката со генерации е дел од општествениот, економскиот и културниот живот на градот.rnrnВистински пловечки спектакл: Пазар на вода во ИндонезијаrnrnПодигнати куќи на столбови, водни рути наместо патишта претставуваат живописно сведоштво за живот покрај реката каде се врши и трговија. Овде се наоѓаат три познати пловечки пазари, Муара Куин, Серинг и најголемиот и најатрактивниот – Лок Баинтан.rnrnПловечкиот пазар Лок Баинтан кој постои уште од 18 век, денес е фасцинантна можност да се запознаете со локалната култура и да пробате дел од локалната гастрономија во исто време. Секое утро пред 6 часот традиционални чамци се упатуваат кон местото Лок Баинтан, од каде сите продолжуваат да се движат заедно неколку километри. Се тргува пловејќи сè до 9:30 часот.rnrnТрговците со нивните преполни чамци доаѓаат кај клиентите со празни чамци. Производите што ги нудат се зеленчук, риба, овошје, традиционални колачиња и грицки. Овде сè уште доминира размената на производи како начин на плаќање, а и ценкањето е неминовен дел.rnrnОсвен самата река, која има кафена боја, сè друго е неверојатно живописно. Шарените овошја и зеленчуци кои се менуваат со сезоната, чамците обоени во живи бои и шареноликата облека на трговците го претвораат овој пазар во пловечки спектакл.rnПокрај тргувањето, жителите готват на чамците, па затоа не смеете да го пропуштите појадокот на реката. Заедно со кафе или чај, ќе имате можност да пробате и вкусни традиционални закуски како што се свежо пржени банани или печива полни со различен зеленчук. До пловечкиот пазар Лок Баинтан можете да стигнете од центарот на градот со брод, што трае само околу половина час. Пазарот е позната туристичка атракција, омилена меѓу туристите и особено меѓу оние кои се занимаваат со фотографирање.rnrnОткако прочитавте за овој индонезиски пазар, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те дестинации во Југоисточна Азија кои се вистински чуда на природата.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Кои градови би можеле да завршат под вода до 2030 година?

    Кои градови би можеле да завршат под вода до 2030 година?

    Глобално затоплување не е лесно да се визуелизира. Ако вашата средина не е директно загрозена од покачувањето на нивото на морето, недостигот на вода или шумски пожари, како знаете дека тоа навистина се случува? Сето ова може да изгледа малку апстрактно. Затоа проекти како Climate centar се толку важни. Станува збор за веб-страница со мапи кои покажуваат кои делови од светот би можеле да биде загрозени од покачувањето на нивото на морето, а според податоците од тој сајт, ова се некои од градовите кои би можеле да бидат под вода до 2030 година!rnrnКои градови би можеле да завршат под вода до 2030 година?rn

    Амстердам, Холандија

    rnАмстердам, Ротердам и Хаг се наоѓаат блиску до Северното Море. Холанѓаните се познати по својата одбрана од поплави, а со оглед на покачувањето на нивото на морето во последните години, се чини дека системот на насипи, брани и бариери ќе се развива уште повеќе во годините што доаѓаат.rn

    Басра, Ирак

    rnГлавниот ирачки пристанишен град Басра лежи на Шат ал-Араб, огромна и широка река која се влева во Персискиот Залив. Поради сложената мрежа на канали и потоци, како и соседните мочуришта, Басра и нејзините околни области се особено ранливи кога станува збор за пораст на нивото на морето.rn

    Венеција, Италија

    rnВо многу блиска иднина, Венеција се соочува со двојна закана: нивото на морето се зголемува, а самиот град тоне – по два милиметри секоја година. Освен тоа, климатските промени веројатно ќе ја зголемат фреквенцијата на плимата и осеката што би можеле да го потопат градот. Градот воспостави систем за одбрана од поплави, но како што кризата се влошува, тие ќе бидат потешки и поскапи за одржување.rn

    Њу Орлеанс, Сад

    rnЊу Орлеанс има развиен систем со насипи што го штитат од езерото Маурепас на север и од Салвадорското Езеро и Малото Езеро на југ. Без таа одбрана, Њу Орлеанс би бил сериозно загрозен од покачувањето на нивото на морето, но и со нив штетата изгледа потенцијално катастрофална.rn

    Бангкок, Тајланд

    rnИстражување од 2020 година покажало дека Бангкок може да биде градот што е најлошо погоден од глобалното затоплување. Главниот град на Тајланд е на само 1,5 метар надморска височина и, како Венеција, тоне (само многу, многу побрзо – околу два до три сантиметри годишно). Меѓу другото, Бангкок е изграден на многу густа глинена почва, што го прави уште поподложен на поплави.rn

    Нагоја, Јапонија

    rnОд Чиба до Осака, дел од крајбрежните јапонски градови се особено ранливи на порастот на нивото на морето – особено за време на сезоната на тајфуни (обично од мај до октомври). Повеќето се добро опремени да се справат со вакви работи, но индустриското пристаниште Нагоја – четвртиот по големина град во Јапонија, би можел да има големи проблеми бидејќи западните делови на градот би можеле да се најдат под високата плима.rn

    Мале, Малдиви

    rnПопуларна туристичка дестинација во Индискиот Океан, Малдивите веќе некое време се соочуват со заканата од покачување на нивото на морето и дури почнаа да градат пловечки град. Како што сега стојат работите, главниот град на Малдивите, Мале, не е толку загрозен, но околните острови од еродромот до голем дел од островот Хулхумала, зголемената плима би можела да биде сериозен проблем.rnrnОткако прочитавте кои градови би можеле да завршат под вода до 2030 година, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те модерни градови кои живеат во хармонија со природата.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Тест: Изберете еден од овие симболи и откријте каква енергија ширите!

    Тест: Изберете еден од овие симболи и откријте каква енергија ширите!

    Без разлика дали сте свесни за тоа или не, сите ние испраќаме вибрации – едноставно не секој е доволно чувствителен за да ги почувствува. Истото може да се каже и за енергијата што ја испуштате кога сте добро расположени. Овој тип на среќна енергија се нарекува „позитивни вибрации“. Изберете една слика и откријте во што се состои вашата позитивна енергија.rnrnТест: Изберете еден од овие симболи и откријте каква енергија ширите! rnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]rnrnДоколку ја избравте оваа слика, ги испраќате овие позитивни вибрации до светот:rn

      rn 011

    • Надеж
    • rn 011

    • Среќа
    • rn 011

    • Хумор
    • rn

    rnВие сте прекрасен извор на светлина во овој мрачен свет! Ни требаат повеќе позитивни луѓе за навистина да го сменат светот. На луѓето им треба некој храбар со чисто срце кон кого можат да се обратат и кого нема да ги изневери! Вие сте извонредна личност и тоа им е очигледно на сите кои ве познаваат….rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]rnrnДоколку ја избравте оваа слика, ги испраќате овие позитивни вибрации до светот:rn

      rn 011

    • Храброст
    • rn 011

    • Љубезност
    • rn 011

    • Мир
    • rn

    rnНа луѓето им ја покажувате нивната внатрешна сила кога им е најпотребна. Важно е да не го заборавите сопствениот извор на храброст – добрите вибрации се добредојдени за сите, вклучувајќи ве и вас! Ретко се оддалечувате од предизвик, а вашите пријатели и сакани ве ценат и секогаш се тука да ве поддржат, особено кога сте уморни од борба. Можете да ги смирите конфликтите со вашиот суптилен шарм.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]rnrnДоколку ја избравте оваа слика, ги испраќате овие позитивни вибрации до светот:rn

      rn 011

    • Љубов
    • rn 011

    • Нежности
    • rn 011

    • Радост
    • rn

    rnКаде и да одите, носите љубов со себе и луѓето забележуваат. „Бесплатни прегратки“ – тоа е вашето животно мото, а вие секогаш се трудите да ширите љубов. Вашата нежна насмевка е сончев зрак – дури и за оние кои не ве познаваат. Оние што не ве познаваат се исто толку благодарни за вашите позитивни вибрации како и вашите најблиски пријатели.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 4″ active=”false”]rnrnДоколку ја избравте оваа слика, ги испраќате овие позитивни вибрации до светот:rn

      rn 011

    • Милост
    • rn 011

    • Убавина
    • rn 011

    • Сочувство
    • rn

    rnЈа гледате убавината околу себе – во сè – дури и кога другите не можат. Му покажувате на светот што е вистинска убавина преку сочувство за другите. Можете да ја поминете вечноста под ѕвездите, гледајќи во полната месечина, во целосна хармонија со универзумот. Луѓето ве прашуваат за помош затоа што сте тивок набљудувач и обично имате одлични совети.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со нашиот тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете нешто повеќе за вашата личност.rnrnИзвор: atma.hr

  • „Змејска порта“: Неверојатни карпи со илјадници пештери каде се пронајдени рецепти за долговечност!

    „Змејска порта“: Неверојатни карпи со илјадници пештери каде се пронајдени рецепти за долговечност!

    Помалку од дваесет километри јужно од градот Луојанг, во кинеската провинција Хенан, се наоѓа неверојатен комплекс од пештерски храмови Лонгмен што во буквален превод значи „змејска порта“.rnrn„Змејска порта“: Неверојатни карпи со илјадници пештери каде се пронајдени рецепти за долговечност!rnrnБиле потребни околу 400 години за комплексот во должина од два километри карпи да ги добие контурите што ги гледаме денес, на бреговите на реката Луо, во источниот дел на централна Кина.rnrnИзградбата на 2.300 варовнички пештери со приближно 110.000 вешто изработени камени скулптури, 2.500 стели со натписи и околу 60 пагоди започнала за време на династијата Северна Веи, која владеела во IV и V век.rnrnНајголемата статуа е повисока од 20 метри, а најмалата е само 2,5 сантиметри. Имено, токму ова место се смета за лулка на будизмот во Кина. Наводно, тука живеела голема будистичка заедница со одредени правила, кои со текот на времето почнале да се шират во остатокот од земјата.rnrnВо подоцнежната фаза од изградбата на овој фасцинантен комплекс, Бодисатвите биле накитени со скапоцен накит, круни и ѓердани нарачани од богатите. Во една од пештерите пронајдени се и 140 упатства за лекување на разни болести и тегоби.rnrnПештерите, статуите и натписите се совршено сочувани и убаво се вклопуваат во пејзажот што го опкружува комплексот. Тие се дел и од светското наследство на УНЕСКО.rnrnОткако прочитавте за змејската порта, можеби ќе сакате да прочитате и за овие прекрасни пештери во кои влегувањето е забрането.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Тест: Одберете слика за да откриете која е движечката сила во вашиот живот!

    Тест: Одберете слика за да откриете која е движечката сила во вашиот живот!

    Сите ние поседуваме голема внатрешна сила која нè насочува во животот. Ни помага да останеме во движење и да држиме сè под контрола. Оваа моќ е одраз на сето она што ни е важно. Изберете една слика и откријте каква внатрешна сила ве води во животот.rnrnТест: Одберете слика за да откриете која е движечката сила во вашиот живот!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Големата сила што управува со вашиот живот е интуицијата. Колку и да се сложени работите, секој проблем можете да го решите со мудроста што ја имате. Вашата интуиција ве води во вистинската насока и ве доведува во контакт со луѓе кои го прават вашиот живот посебен. Од друга страна, многу луѓе не ја разбираат вашата врска со вашата интуиција и критикуваат некои ваши избори. Но, не плашете се, бидејќи сè додека чувствувате мир во себе, тоа значи дека сте на вистинскиот пат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Движечката сила во вашиот живот е капацитетот за љубов. Многу од животните проблеми се јавуваат затоа што луѓето не ги почитуваат и не ги сакаат другите и се однесуваат кон другите со злоба и себичност. За вас овие чувства не постојат и секогаш можете да ги видите добрите страни кај секого. Можеби сметате дека тоа е ваша слабост, бидејќи често страдате поради неблагодарноста на луѓето околу вас. Но, всушност, ова е една од најважните работи за вас, бидејќи љубовта е таа која ви ја дава најголемата поддршка.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Вие сте инспиративна личност и вашата природна креативност ви овозможува да живеете безбедно и среќно. Вашата единствена визија за светот секогаш ви овозможува да најдете едноставни решенија за проблемите и можност да најдете среќа дури и на најневеројатните места. Вашата инспирација ви овозможува да живеете значајно и со цел. Затоа, секогаш треба да ја цените и да ја применувате во пракса за да им помагате на другите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 4″ active=”false”]Интелигенцијата е големата движечка сила на вашиот живот. Ова е голема сила и ви овозможува да го пронајдете вистинскиот пат, каде и да сте. Верувајте му на својот интелект и бидете трпеливи, бидејќи знаете дека ќе најдете начин да се ослободите од тешкотиите и да уживате во убавите моменти од вашиот живот. Некои луѓе мислат дека сте арогантни, но не дозволувајте тие мислења да влијаат на вас и да ве онерасположат. Вашиот ум е вашата најголема сила.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 5″ active=”false”]Вашата внатрешна сила се состои во вашата упорност. Многу сте приврзани за вашите цели и кога сакате нешто со срце, ниедна пречка во животот не може да ве спречи. Многу е тешко да се најдат луѓе како вас кои не го бараат полесниот пат и навистина се борат за своите цели. Не заборавајте дека сè додека упорноста ве одржува, сè ќе биде добро.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 6″ active=”false”]Вашата ментална и емоционална самоконтрола е основата на вашиот живот. И благодарение на тоа, вие сте безбедни во сите околности. Можете јасно да ги анализирате ситуациите и да знаете дека сè што се случува – се случува за да ви донесе добра лекција. Имате здрав ум и големо срце. Сепак, сè уште може да доживеете периоди на збунетост и страв, бидејќи сепак тоа е дел од човечкото искуство. Кога тоа ќе се случи, не се обвинувајте себеси, работете на вашите идеи и не откажувајте се од вашите цели.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ви е потребно за мир и среќа.rnrnИзвор: atma.hr

  • Полн со магија и шарм: Најпознатите атракции во Бремен кои нема да ве остават рамнодушни!

    Полн со магија и шарм: Најпознатите атракции во Бремен кои нема да ве остават рамнодушни!

    Бремен, град и пристаниште во северозападниот дел на Германија, е еден од најпознатите културни, трговски, индустриски и сообраќајни центри во државата.rnrnПолн со магија и шарм: Најпознатите атракции во Бремен кои нема да ве остават рамнодушни!rnrnТој е еден од ретките градови чиј аеродром е на само десет минути возење, па веројатно ова е причината поради која секоја година го посетуваат многубројни туристи. Доколку го посетите не смеете да ги пропуштите неговите многубројни атракции како катедралата Св. Петар, историскиот кварт, градското собрание со ренесансна фасада и статуата на Роланд кој е заштитен знак на Бремен.rnrnРоланд, симбол на правдата, слободата и независноста, го чува градот повеќе од 600 години, а легендата вели дека Бремен ќе биде независен сè додека е под негова заштита. Со оглед на тоа што влогот е толку голем, наводно, има и резервна статуа. За секој случај.rnrnМодерен Бремен е универзитетски град, но и град на науката и технологијата, тука е изградена Меѓународната вселенска станица, а неодамна беше отворен и најголемиот европски вселенски центар, а дури и најпосетуваниот музеј во Бремен е Музејот на науката.rnrnТука ќе ја најдете и „Куќата на Робинсон Крусо“ инспирирана од истоимениот роман на Даниел Дефо, а не заборавајте и да се сликате со скулптурата на четирите животни протагонисти од приказната на браќата Грим за бременските градски музиканти.rnrnПолн со магија и шарм: Најпознатите атракции во Бремен кои нема да ве остават рамнодушни!rnrnМожете да го истражувате Бремен со денови и да ја откривате неговата историја и култура, да се опуштите во парковите, да одите на шопинг и да ја пробате вкусната храна.rnrnСекако, не пропуштајте го и историскиот кварт кој за миг ќе ве пренесе во бајките и каде најверојатно можете да ги најдете најкреативните сувенири на светот.rnrnПолн со магија и шарм: Најпознатите атракции во Бремен кои нема да ве остават рамнодушни!rnrnОткако прочитавте за Бремен, можеби ќе сакате да прочитате и за Менинген, малиот бисер на Баварија.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Тест: Изберете самовила и откријте кој вид на промена може најмногу да ви помогне во животот!

    Тест: Изберете самовила и откријте кој вид на промена може најмногу да ви помогне во животот!

    Сите очекуваме успех во животот, не само на професионален туку и на приватен план. Меѓутоа, понекогаш не е лесно да се постигнат посакуваните резултати. Какви промени можете да направите за да имате среќен и хармоничен живот? Верувајте ѝ на вашата интуиција и изберете ја самовилата што најмногу ви се допаѓа, па прочитајте ја нејзината порака.rnrnТест: Изберете самовила и откријте кој вид на промена може најмногу да ви помогне во животот!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Самовила бр. 1″ active=”false”]Промените во работата и односите со колегите ќе ги направат резултатите подобри. Научете да го анализирате текот на целокупниот процес – тоа ќе ви користи. Следете ги советите на постарите луѓе кои се поискусни во вашето поле на работа. Но, обидете се да бидете колку што е можно понезависни кога станува збор за носењето одлуки.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Самовила бр. 2″ active=”false”]Промената на некои карактерни црти ќе ви користи многу. Бидете полојални во односите со другите луѓе. Сè ќе ви биде дадено во свое време, доволно е да бидете трпеливи.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Самовила бр. 3″ active=”false”]Финансиските промени кои ќе се случат наскоро ќе ви помогнат да ги решите финансиските предизвици со кои се соочувате веќе подолго време. Потрудете се и фокусирајте се на подобрување на вашиот духовен и материјален живот. Сè што ви треба е повеќе да верувате во себе.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Самовила бр. 4″ active=”false”]Промените во вашиот личен живот ќе го направат вашиот живот повозбудлив. Затоа, не одбивајте покани за нови состаноци и познанства особено доколку сакате да ја сретнете вашата сродна душа или можеби ќе ја препознаете во пријателско лице кое одамна не сте го виделе. Не исклучувајте никого од вашиот живот и бидете оптимисти бидејќи најдобрите работи допрва доаѓаат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете нешто повеќе за вашата личност.rnrnИзвор: atma.hr