Деновиве регионалната јавност не престанува да зборува за снимката на која пејачот Јаков Јозиновиќ се бакнува со девојка на јахта, а многумина веднаш ја поврзаа со Џејла Рамовиќ.
Сепак, сега се појавија нови тврдења дека девојката од видеото наводно не е Џејла, туку Ива М., која подолго време е блиска со Јаков.
Според пишувањата на регионалните медиуми, таа често се појавувала во негово друштво, на патувања, снимања и кампањи.
Дополнително, Ива се појавува и во спотот на Јаков за песната „Мери“, а пејачот во описот на видеото ѝ се заблагодарил како на најдобра другарка, пишува MONDO.
Целата приказна дополнително се разгоре откако на социјалните мрежи почнаа да се шират коментари и претпоставки дека станува збор за нов заплет во односите меѓу младите музичари.
Во приказната беше спомнат и Бојан Цвјетиќанин, поранешниот партнер на Џејла, за кого дел од корисниците на социјалните мрежи тврдат дека наводно ги отследил или блокирал Џејла и Јаков.
И покрај бројните шпекулации, ниту Јаков, ниту Џејла, ниту Ива досега јавно не се огласиле за овие тврдења.
Засега останува нејасно дали видеото е доказ за нова романса или, како што коментираат дел од фановите, можен маркетиншки потег пред нов музички проект.


