Според многумина, островот Хаб попознат како Just Room Enough (во превод – доволно место) е најмалиот населен остров во светот.rnrn
rnrnЗазема само 310 квадратни метри на реката Свети Лоренс во округот Џеферсон во американската држава Њујорк.rnrnОстровот му припаѓа на архипелагот Илјада Острови кој се наоѓа на границата меѓу Соединетите Американски Држави и Канада.rnrnНа островот има доволно простор за куќа, дрво, малку трева и минијатурна плажа. Локалните жители се шегуваат дека островот е толку мал што ако направите еден погрешен чекор ќе завршите во вода.rnrnОстровот е во сопственост на богатото семејство Сајзленд уште од педесеттите години на минатиот век. Тие сакале тивко место за одмор, па изградиле куќа на нивниот мал остров.rnrnНо, откако се прошири веста за островот со само една куќа на него, многу луѓе станале љубопитни и почнале да го посетуваат со чамци.rnrnОткако прочитавте за најмалиот населен остров во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за мистериозниот пловечки остров кој сè уште се истражува.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Category: Занимливости
-

Каде се наоѓа најмалиот населен остров во светот?
-

Тест: Изберете карта за да откриете каква ќе биде вашата иднина!
Кој од нас не сака да знае што му подготвува судбината? Сè што треба да направите е да ја изберете картичката што најмногу ви се допаѓа. Таа ќе ви открие што ќе се случи во вашиот живот во блиска иднина.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 1″ active=”false”]Доколку ја избравте оваа карта тоа значи дека наскоро ве очекуваат настани со многу забава. Од друга страна, нема да наидете на посебни проблеми или тешкотии кои би можеле да ве спречат да го добиете она што го посакувате. Напротив, ќе наидете на минливи и минимални ситуации кои нема да имаат никакви последици. Главната работа е да го задржите позитивниот став и да верувате во себе дека сè ќе биде добро.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 2″ active=”false”]Доколку ја избравте оваа карта тогаш треба да знаете дека што и да правите сега, тоа треба да го направите вие лично ако сакате успешно да ја достигнете целта. Запомнете дека нема потреба да се потпирате на поддршката од другите, иако постојано ќе бидете во искушение да побарате помош поради задачите што ве очекуваат во блиска иднина. Доволно е да посветите максимално внимание на вашите должности и теми што ве интересираат и да бидете повнимателни и поодговорни од кога било за да ги постигнете вашите цели.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 3″ active=”false”]Доколку ја избравте оваа карта тогаш за кратко време ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот. Сè ќе се одвива во најдобар ред и нема да има потреба да се грижите за ништо. Ќе почувствувате дека конечно сте постигнале сè што сте сакале. Конечно ќе имате време и да се одморите и да уживате во малите нешта што не сте можеле да ги правите досега. Обидете се да се опкружите со луѓе кои ви се лојални и кои ви посакуваат само добро.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 4″ active=”false”]Благодарение на вашата интелигенција, брзина и рационалност, ќе можете да постигнете голем напредок во исполнувањето на вашите желби. Сè што некогаш сте сакале може да се оствари. Сепак, не ги преценувајте своите вештини и имајте на ум дека дури и ако сте надарена личност, невозможно е сè да разберете и постигнете. Доколку имате можност, не двоумете се да побарате помош од компетентна личност.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да добиете совет од вашиот ангел.rnrnИзвор: atma.hr -

Вести од Велигденскиот Остров: Откриена е нова статуа!
Деневиве се рашири веста дека е пронајдена уште една монументална статуа на Велигденскиот Остров. Имено, на дното на исушеното езеро кое се наоѓа во кратерот на вулканот Рано Рараку пронајден е уште еден моаи – монолитни статуи кои се најпознатото културно и историско обележје на островот.rnrn
rnrnСкулптурата била откриена на 21 февруари од научници од три чилеански универзитети кои работеле на проект за обнова на областа по пожарот во октомври 2022 година.rn„Овој моаи има голем потенцијал за научни студии – станува збор за уникатно откритие бидејќи за првпат моаи скулптура е откриена во езеро во кратерот Рано Рараку“, се вели во соопштението.
rnВелигденскиот остров или Рапа Нуи, полинезиски остров во југоисточниот Тихи Океан, се наоѓа на околу 3.600 километри од Чиле и е заштитен национален парк и светско наследство на УНЕСКО. Холандскиот истражувач Јакоб Рогевен пристигнал на островот на Велигден во 1722 година, но првите жители на островот дошле од Источна Полинезија пред можеби илјада години, а моаите биле создадени во периодот од околу пет века, помеѓу 13 и 18 век. Тие ги претставуваат предците на островјаните и се дел од полинезиската традиција на обожување на предците. Денес на островот живеат околу осум илјади луѓе и илјада (откриени) монолитни статуи.rnrn„Новиот“ моаи допрва треба да помине низ разни анализи, а засега е познато дека е помал од скоро сите други статуи на островот – висок е само малку повеќе од метар и половина. Најголемиот, наречен Моаи Паро, е висок 10 метри и тежи повеќе од 80 тони.rnrnАрхеолозите се надеваат дека новата статуа е увертира за други откритија бидејќи сега конечно ќе се открие што со векови се наоѓало на дното на езерото.rnrnОткако прочитавте за најновата статуа откриена на Велигденскиот Остров, можеби ќе сакате да откриете и повеќе факти за племенитиот Велигденски остров.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
-

Тест: Изберете симбол за да откриете кој е вашиот најголем животен предизвик!
Погледнете ги овие симболи и изберете еден од нив. Тој ќе ви открие одредени карактеристики на вашата личност.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 1″ active=”false”]Вие сте личност која не се плаши да донесе големи одлуки. Кога сакате нешто, секогаш ќе најдете начин да го добиете и нема ништо и никој што може да ве спречи во вашата мисија. Сепак, вашиот главен предизвик е да најдете моменти на тишина за да се одморите и да се анализирате себеси. Иако не е во ваша природа да седите и медитирате, би ви било корисно бидејќи на тој начин ќе го намалите стресот и ќе бидете посмирени.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 2″ active=”false”]Вие сте активна, креативна и немирна личност која е склона кон истражување. Секогаш се трудите да одржите добар став, страстни сте и возбудени за новите работи во животот, без разлика дали се работи за патување, нова работа или станување дел од нова група. Од друга страна, трошите многу време размислувајќи за иднината, па одвреме-навреме сте малку загрижени и вознемирени. Вашиот главен предизвик е да го контролирате интензитетот на вашиот живот и вашите мисли. Помирен живот поврзан со она што се случува овде во моментов е несомнено поисполнет и посреќен живот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 3″ active=”false”]Вие сте личност со високо развиена чувствителност која ви овозможува да ги набљудувате особеностите на околината, а исто така лесно се прилагодувате во општеството и одлично ги разбирате луѓето. Сепак, вашата чувствителност и вашата искреност понекогаш може да ве измамат и да направат да се чувствувате како луѓето да не ве ценат доволно. Вашиот главен предизвик е да научите да се прифаќате и цените себеси такви какви што сте бидејќи сте прекрасна личност. Кога ќе го направите ова, ќе го подобрите односот со себе и со другите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 4″ active=”false”]Вие сте уредна, внимателна личност, која е посветена да ги прави работите веднаш од првиот обид. Мислите дека ако сакате работите да напредуваат, подобро е да го направите тоа сами, отколку да очекувате другите да вложат подеднаков труд. Чувствувате потреба да го промените она што мислите дека не е добро и правилно и што ве прави незадоволни. Вашиот главен предизвик е да бидете свесни за вашата тенденција да работите надвор од вашите граници. Јасно е дека вашите проекти се важни, но не можете да продолжите да бидете продуктивни ако не се одморите или не ја обновите и надополнувате вашата енергија.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Симбол бр. 5″ active=”false”]Вие сте мирна, љубезна и топла личност која има голема љубов кон вашето семејство и најблиските луѓе. Сметате дека светот е небезбедно место и сакате да избегате од него создавајќи простор на мир и тишина за вас и вашите најблиски. Можете да бидете многу толерантни и да го прифатите она што другите го бараат од вас. Затоа, вашиот главен предизвик е да ја научите вредноста на зборот „не“. Нормално е да не сакате да ги разочарате другите, но кога ќе предложат нешто што не ви се допаѓа, подобро е веднаш да го објасните вашето гледиште наместо да го прифатите и подоцна да се каете.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да го направите и овој тест за да откриете кое е вашето духовно животно и која е неговата лекција за вашиот живот.rnrnИзвор: atma.hr -

Инспиративни цитати на Новак Ѓоковиќ за успехот и среќата!
Денес ви споделуваме дел од цитатите на еден од најуспешните тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ!rnrn
rn„Победник е оној кој повеќе верува во победата.“
rn
„Во мојот случај, можам искрено да кажам дека ништо не е невозможно. Кога велев дека сакам да бидам број 1 на светот, а имав седум или осум години, повеќето луѓе ми се смееја затоа што се чинеше дека имам само еден процент шанса да го направам тоа и на крајот успеав.”
rn
„Градењето цврста основа во раните години од животот на детето не само што ќе му помогне на детето да го достигне својот целосен потенцијал, туку ќе резултира и во подобри општества во целина.“
rn
„Не сакам да споредувам години, искрено. Мислам дека секоја година е различно искуство, различен предизвик. Вие растете. Се разививате како личност и како играч.“
rn
„Знам дека успехот не доаѓа одеднаш, тоа не е работа која се постигнува преку ноќ. Тоа е резултат на многу, многу, многу години работа и многу обиди.“
rn
„Јас сум среќен човек затоа што сум успешен во она што го работам, но она што ме прави најмногу среќен е што имам луѓе околу мене кои ги сакам и кои ме сакаат. Ова за мене е најважно. Никој не сака да биде сам.“
rn
„Притисокот е дел од она што го правиме. Секогаш е присутен.“
rn
„Секоја година носи нови предизвици и пречки. Мора да се прилагодите.“
rn
„Мислам дека среќата не ги следи само храбрите туку и оние кои веруваат дека ја заслужуваат.“
rn
„За да останам таму каде што сум, морам да останам посветен исто како што бев пред да станам број 1.“
rn
„Најмногу од сè, треба да веруваме во себе.“
rn
„Луѓето гледаат на мене како на некој кој може да ја смени сликата за нашата земја од негативна во позитивна.“
rn
„Сè во животот е лекција.“
rnОткако ги прочитавте цитатите на Новак Ѓоковиќ, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Серена Вилијамс за успехот.rnrnИзвор: awakenthegreatnesswithin.com
-

Истражување покажало дека кај жените несоницата е значително повисока отколку кај мажите!
Сигурно ви е познат фактот дека квалитетниот сон го зајакнува имунолошкиот систем и го намалува ризикот од развој на сериозни болести. Спиењето поволно влијае и врз нашето ментално здравје, а помага и при закрепнување. Недостатокот на сон е поврзан со хронични здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања, болести на бубрезите, висок крвен притисок, дијабетес, мозочен удар и депресија. Затоа, квалитетниот сон мора да биде приоритет кога станува збор за нашата благосостојба.rnrn
rnКои страдаат најмногу од несоница? Жените.
rnИстражување од 2020 година, која ги истражувала половите разлики кога станува збор за несоница, покажала дека кај жените несоницата е значително повисока отколку кај мажите.rn
Кои се последиците од несоница?
rnФизички, несоницата може да предизвика зголемување на болката поради недостаток на одмор и недоволно закрепнување на вашето тело. Психолошки, ова може да биде исклучително штетно за менталната благосостојба.rn
„Ако на некој му требаат повеќе од 30 минути за да заспие, ако некој е буден повеќе од 30 минути во текот на ноќта или се буди 30 минути пред алармот и не може да се освежи следниот ден, тоа се нарекува несоница“, објаснува д-р Линдзи Браунинг, експерт за спиење и автор на книгата „Управување со несоницата“. „Хроничната несоница се јавува кога овие проблеми се манифестираат најмалку три пати неделно и тоа во период подолг од три месеци. Ако имате проблем да заспиете, а тоа влијае на вашата способност да функционирате во текот на денот, веројатно е несоница.“
rn
Кои се причините?
rn
„Честопати, причините за лош сон се од физички карактер, како што се болка или треска, или хормонални флуктуации кои можат да влијаат на сонот. Обично, кога ќе се реши причината за проблемот со спиењето (на пример, стресната ситуација поминала, лицето повеќе не чувствува болка или неговите хормони се вратиле во нормална рамнотежа), сонот на лицето ќе се врати во нормала. Меѓутоа, понекогаш проблемот со спиењето (или несоницата) може да продолжи долго после тоа “, вели д-р Браунинг.
rn
Дали е можно да се ослободите од несоницата?
rn
„Кај жените, несоницата е особено честа за време на менопаузата кога хормоните можат да варираат во голема мера“, вели д-р Браунинг. Според неа, тивката спална соба може значително да ви помогне да го решите овој проблем.rnrn„Ако, пак, вашата несоница е поврзана со стресот, тогаш важно е да ги идентификувате областите во вашиот живот кои предизвикуваат стрес и да се обидете да го намалите стресот каде што е можно. Ако веќе имате несоница, избегнувајте кофеин и алкохол пред спиење и обидете се да се опуштите колку што е можно повеќе“, вели Браунинг.
rnОткако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои навики во исхраната можат да доведат до несоница.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr
-

Тест: Изберете карта и добијте совет за следниот период!
Изберете ја сликата што најмногу ве привлекува. Таа ќе ви даде совет за следниот период!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Подгответе се за промените кои доаѓаат во вашиот живот. Не фокусирајте се на негативните работи и со раширени раце дочекајте ги новите можности кои за кратко ќе се појават. Не плашете се да ги затворите старите врати и не дозволувајте тешкотиите да ве исплашат. Запомнете дека откако ќе го совладате стравот, ќе бидете поблиску до вашата цел. Верувајте во себе и одете напред. Не заборавајте дека малку себичност понекогаш не е на одмет![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Сликата што ја избравте сака да ве советува да не брзате со работите бидејќи сè ќе се случи во вистинско време! Бидете доследни и трпеливи и ќе видите дека сè ќе оди според планот. Овој месец ќе ви биде многу интересен, затоа потрудете се да не губите енергија на неважни работи. Обидете се да го правите она што најмногу го сакате, пешачете повеќе, слушајте музика, посветете се на вашите омилени хоби и опуштете се. Бидете повнимателни и кон потребите на вашите најблиски.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Можеби сте западнале во монотонија и рутина, па време е да ги размрдате работите! Ако мислите дека секој ден е ист како и секој друг, запомнете дека вие можете да промените сè! Можете да започнете со малите нешта: обидете се да поминувате повеќе време со луѓето кои ви значат, започнете ново хоби, посетете друг град во текот на викендот, посетете ново кафуле или ресторан. Сè е во ваши раце! Имате многу можности, па затоа не плашете се да искусите нешто ново![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете нешто повеќе за вашата личност.rnrnИзвор: atma.hr -

Мистериозна шума со дрвја во облик на буквата „Ј“
Во близина на селото Нове Чарново во Полска се наоѓа мистериозна шума со околу четиристотини парчиња борови од еден до три метри височина. Тоа не би било чудно доколку дрвјата не беа искривени во форма на буквата Ј.rnrn
rnrnМногумина се обиделе да го протолкуваат феноменот „Крива шума“, но никој не успеал да ги докаже своите теории.rnrnСтанува збор за дрвја засадени во триесеттите години на минатиот век, а се претпоставува дека шумарите ги искривиле стеблата десет години подоцна за да можат полесно да се користат во дрвната индустрија, особено за изградба на бродови.rnrnДруги сметаат дека младите дрвја се свиле под дебелата снежна покривка во текот на зимските месеци, додека љубителите на мистериозноста претпоставуваат дека обликот на боровите се должи на фактот дека низ оваа област поминале тенкови во Втората светска војна.rnrnСе разбира, секогаш постои група на луѓе кои веруваат дека искривените стебла се резултат на нешто натприродно. Иако не е познато што точно влијаело на изгледот на оваа шума, сепак нејзиниот шарм и магичност воодушевуваат многу патници.rnrnОткако прочитавте за оваа мистериозна шума, можеби ќе сакате да прочитате и за мистериозното место од најлошиот кошмар: Дали ова е најстрашната опседната куќа во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Колку чини најскапата јахта во светот?
На листата на најскапи работи во светот вклучувајќи автомобили, часовници и мобилни телефони, на прво место дефинитивно се наоѓа јахтата чија вредност изнесува 4,47 милијарди евра.rnrn
rnrnHistory Supreme од само 30 метри е изградена за Британецот Стјуарт Хјуз, а ја купил анонимен малезиски бизнисмен. Уникатната јахта била градена во текот на три години, а за нејзината изработка биле употребени 100.000 килограми злато и платина.rnrnТрпезаријата, оградата, сидрото… сето тоа е направено од благородни метали, но златото и среброто не биле доволно екстравагантни: просторот за спиење е изграден од метеорит, а на ѕидот се наоѓа коска од Т-рекс.rn„Ако куповната цена е точна, најверојатно купувачот е Роберт Куок, најбогатиот човек во Малезија, со нето богатство од 12,5 милијарди долари“, изјавува Business Insider.
rnИако фотографиите од јахтата се наоѓаат на официјалната веб-страница на Стјуарт Хјуз, се шпекулира дека најскапата јахта на светот всушност не постои. Иан Фортеј за веб-страницата Boat safe го тврди токму тоа, а како доказ го наведува фактот дека освен официјалните најави од 2011 година не може да се најдат фотографии од јахтата (како никогаш никаде да не пловела) и дека ни најбогатиот човек на светот не би дал третина од неговото богатство за јахта, каква и да е таа.rnrnОткако прочитавте за најскапата јахта во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
-

Тест: Изберете карта за да добиете совет од вашиот ангел!
Фокусирајте се на овие четири карти. Дозволете да ве води вашата интуиција и без премногу размислување изберете една од нив. Картичката што ќе ја изберете ви носи совет од вашиот ангел.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 1″ active=”false”]„Важно е да поминувате време сами во природа. Дури и прошетката од пет минути во парк може да биде лековита.“ Вашиот ангел ве советува почесто да комуницирате со природата затоа што тоа може да ви помогне побрзо да се опуштите и да ги оставите настрана хаотичните мисли и емоции. Ако некогаш сте размислувале да се извлечете од градската гужва, сега е вистинското време. Освен тоа, ангелот го посакува само најдоброто за вас и ве води до она што ви носи најмногу мир, љубов и радост. Тој ве советува да изберете професија која вклучува блиска врска со природата, на пример: градинарство, ветеринарна работа и грижа за животните.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 2″ active=”false”]„Слободни сте да ги изразувате вашите вистински мисли и чувства.“ Можеби се чувствувате заробени од животните околности во моментов. Дали има нешто од што би сакале да побегнете? Вашиот ангел сака да ви помогне да сфатите дека вие сте заробеници на сопствените мисли и дека можете да ја промените оваа ситуација. Не заборавајте дека секогаш кога ќе изберете да бидете слободни, ќе бидете слободни. Сè што правите во животот е ваш избор. Кога користите реченици како: „Морам да го направам ова“, го отежнувате животот и се чини како да немате многу избор. Наместо тоа, секогаш кога ќе наидете на предизвици охрабрете се со реченицата: „Јас можам да го направам тоа“. Ова ќе ви даде поголема слобода и ќе ви помогне да се чувствувате како да имате повеќе избори.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 3″ active=”false”]„Вашите намери го создаваат вашето искуство. Што ќе правите? Погрижете се вашите мисли и чувства да ги одразуваат вашите вистински намери.“ Ангелот бара од вас да ги оцените вашите очекувања. Што очекувате денес, утре или во иднина? Дали сте загрижени за иднината? Наместо да се фокусирате на негативното, поставете си јасна цел и направете план за нејзиното постигнување. На пример, замислете се себеси и другите во вашиот живот како среќни и успешни. Ангелот може да ви помогне да се ослободите од негативното ментално размислување и да отстапите повеќе простор на позитивното размислување што ќе ви даде сила и ќе ви го подигне духот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 4″ active=”false”]„Грижете се за вашето тело. Хранете се здраво, вежбајте редовно и избегнувајте ги разноразните токсини.“ Време е да посветите повеќе внимание на вашето тело. Дали размислувавте да направите здрави промени во последно време? Ја избравте оваа картичка што значи дека имате можност да направите промени кои ќе му помогнат на вашето тело. Не заборавајте дека телото е како инструмент. Кога е наштиман, создава поголема хармонија. Почнете уште денес така што ќе изберете да се храните здраво и да вежбате секогаш кога ќе имате време. Ангелот ќе ви помогне да изберете здрава храна и ќе ве поттикне да вежбате доколку ви е тешко да најдете време за тоа. Сè што треба да направите е да бидете упорни докрај и да не се откажувате од своите цели за поздрав животен стил.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ви е потребно за мир и среќа.rnrnИзвор: atma.hr