КАФЕ ПАУЗА

Category: Истражувања

  • Најново истражување: Овие навики би можеле да го продолжат животниот век за 10 години!

    Најново истражување: Овие навики би можеле да го продолжат животниот век за 10 години!

    Одредена храна може значително да го продолжи животниот век, покажале резултатите од едно истражување спроведено во Скандинавија. Студијата на група норвешки истражувачи од Универзитетот во Берген, сугерира дека одредена храна може значително да влијае на должината на животот. Спротивно на тоа, прекумерното внесување на рафинирани шеќери, масти и преработена храна може да доведе до долгорочни здравствени проблеми.rnrnНајново истражување: Овие навики би можеле да го продолжат животниот век за 10 години!rnrnЗа да го спроведат ова истражување, научниците ги користеле резултатите од годишната анализа на причините за појава на болести во Кина, Европа и САД според која се проценува дека неухранетоста е одговорна за повеќе од 11 милиони предвремени смртни случаи секоја година. Тие потоа ја споредиле оваа бројка со други анализи, земајќи го предвид ефектот на различната храна врз нашиот организам. Така, тие успеале да одредат специфичен режим на исхрана кој може да го продолжи животниот век:rn

      rn 011

    • Исхраната треба да биде богата со овошје и зеленчук.
    • rn 011

    • Не занемарувајте ги грашокот, леќата, сојата.
    • rn 011

    • Треба да бидат застапени и пченката, овесот и пченицата.
    • rn 011

    • Исхраната треба да вклучува и јаткасти плодови, како што се бадеми, ф’стаци и ореви.
    • rn 011

    • Ограничете ја потрошувачката на црвено месо и преработени производи.
    • rn

    rnСпоред научниците, консумирањето на околу 2000 грама мешунки годишно и намалувањето на внесот на прекумерно солени или слатки производи би можеле да го продолжат животниот век за две години.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и како научниците откриле дека чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Што е потребно за среќен и долг живот?

    Што е потребно за среќен и долг живот?

    Среќата може да биде тема за научно истражување како и секоја друга. На крајот на краиштата, станува збор за состојба на битието што повеќето луѓе се обидуваат да ја постигнат. Со ова се согласуваат и научниците од Харвард, поради што почнале да истражуваат за среќата уште од 1938 година. Тоа е најдолгото истражување од ваков вид досега спроведено кое сè уште трае.rnrnШто е потребно за среќен и долг живот?rnrnОна што започнало како истражување на 268 студенти од Харвард за време на Големата депресија набргу потоа ги опфатило и нивните сопружници, нивните деца, како и стотици жители на Бостон, а бројот на учесници денес надминува неколку илјадници (еден од првите учесници во истражувањето бил и претседателот на САД, Џон Кенеди).rnrnИстражувањето зема предвид повеќе фактори почнувајќи од здравствената состојба на учесниците, нивните успеси и неуспеси во кариерата, бракот, пријателствата, а целта е да се истражи улогата што ја игра радоста во постигнувањето на долговечноста.rnrnИако добрите гени играат голема улога во одредувањето на долгорочното здравје, тие не се најважниот фактор. Според истражувањето, грижата за односите со другите е исто толку важна како и грижата за вашето тело.rnrnБлиските врски помагаат да се одложи менталното и физичкото стареење и придонесуваат многу повеќе за среќа отколку парите, славата, социјалната класа, интелигенцијата и генетиката.rnrnЕмпатијата и приврзаноста се клучни за здравото стареење. Осаменоста може да има подеднакво силно негативно влијание врз здравјето како пушењето или алкохолизмот. Заедницата, во нејзините различни форми, е одлучувачки фактор за среќата – а потрагата по среќа, според научниците, е важен чин на грижа за себе.rnrnЗатоа, за сопствената благосостојба и здравје, обидете се да излезете од вашата удобна зона и да се поврзете со различни групи. Најдобро е да започнете со интересите што веќе ги имате. На пример, ако сакате пешачење, придружете се на групи кои организираат активности на отворено.rnrnОбидете се барем двапати месечно да учествувате на друштвени собири кои не се поврзани со вашата работа и задолжително комуницирајте со луѓе кои не ги познавате. Тоа ќе ви даде можност да воспоставите нови врски и пријателства.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за првиот музеј на среќата во светот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кој пијалак е најдобар за хидратација на организмот? Не, не е водата!

    Кој пијалак е најдобар за хидратација на организмот? Не, не е водата!

    Иако водата се смета за најздрав и во исто време најдобар напиток за хидратација, научниците докажале дека сепак постои напиток кој повеќе го хидрира телото отколку водата.rnrnКој пијалак е најдобар за хидратација на организмот? Не, не е водата!rnrnИстражувањето спроведено од страна на шкотски универзитет дошло до заклучок дека обичната и минералната вода се добар избор, но според новите наоди млекото е уште подобар.rnrnСпоред Роналд Моган, професор на Медицинскиот факултет Сент Ендрјус и автор на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалак како и неговиот нутритивен состав.rnrnИстражувањето докажало дека млекото хидрира повеќе од обичната вода бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот. Покрај тоа, млекото содржи и натриум, што доведува до помало производство на урина.rnrnИстото може да се каже и за растворите за орална хидратација што се користат за лекување дијареја. Тие содржат мали количини на шеќер, како и натриум и калиум, кои исто така можат да помогнат во процесот на задржување на водата во телото.rnrnОткако прочитавте за резултатите од најновите истражувања, можеби ќе сакате да прочитате и која храна содржи повеќе калциум од млекото.rnrnИзвор: cnn.com

  • Научниците откриле која е најстресната работа во светот!

    Научниците откриле која е најстресната работа во светот!

    Денес е особено тешко да се издвои занимањето кое би било најстресно со оглед на тоа дека секоја работа носи и одреден стрес. Сепак, по неколку години тестирање и истражување, кинеските научници издвоиле едно.rnrnНаучниците откриле која е најстресната работа во светот!rnrnЛесно би можеле да претпоставиме дека првото место на листата на најстресни работни места во светот го заземаат докторите, пилотите, возачите на автобус и наставниците. Според едно истражување спроведено од еден кинески универзитет, најстресната работа е онаа на келнерите.rnrnОва откритие малку изненадува, бидејќи станува збор за работа со помала одговорност од, на пример, пилот. Но, ако размислите добро, резултатот е сосема валаиден бидејќи келнерите се постојано под ментален и физички притисок во текот на работното време, а стресот е многу висок.rnrnЗа возврат, тие речиси и воопшто не се ценети, а како тоа да не е доволно, работата не е флексибилна. Конечно, за разлика од лекарите, келнерите немаат добра плата или признание. Научниците исто така откриле дека стресот предизвикува почесто посегнување по цигари и алкохол меѓу келнерите.rnrnОваа студија се спроведувала во рок од 17 години, а во неа учествувале 136.000 испитаници.rnrnОткако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кое време од денот е најстресно.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Зошто Финска е најсреќната земја во светот?

    Зошто Финска е најсреќната земја во светот?

    Истражувањето кое имало за цел да открие која е најсреќната нација во светот било спроведено во 2022 година, а во него учествувале жителите на повеќе од 150 земји. Од резултатите станало јасно дека жителите на Финска се најсреќната нација, а еве зошто.rnrnЗошто Финска е најсреќната земја во светот?rnrnФренк Мартела, доктор, филозоф, истражувач и автор на книгата „Убавиот живот: перспективи во потрагата по смислата за постоење“, во која се обидува да открие зошто Финците се најсреќните жители во светот. Еве дел од неговите заклучоци:rn

    1. Во Финска никој не се споредува со другите

    rn„Не се споредувајте со другите и не се фалете со својата среќа“ – вели една од познатите фински изреки. Но, за Финците тоа не се само зборови, тие го следат ова правило уште од раното детство. Тие не обраќаат многу внимание на материјалните работи бидејќи за нив материјалното е само прашање на потреба, а не начин да ја изразат својата личност.rn

    2. Хармонија со природата како рецепт за среќа

    rnСпоред истражувањето спроведено во 2021 година, за Финците е особено важно да поминуваат повеќе време во природа. Можноста да уживаат во свежиот воздух и да поминуваат многу време во природа им овозможува да го задржат душевниот мир и да заштедат енергија. Повеќето работници во Финска имаат право на 4 недели летен одмор. Го трошат, се разбира, во природа. Некои дури и некое време живеат во куќа без струја и вода, во целосна хармонија со природата. Тоа им служи како потсетник за тоа колку треба да бидат благодарни за она што го имаат, ги опушта и им дава енергија.rn

    3. Лојалност, чесност и доверба во заедницата

    rnГо изгубивте паричникот додека патувате со воз низ Финска? Постојат големи можности дека некој ќе ви го врати наскоро. Во 2022 година бил спроведен социјален експеримент наречен „изгубен паричник“ за да се тестира чесноста на граѓаните во 16 градови низ светот, а вкупно биле „изгубени“ 192 паричници. Во Хелсинки, главниот град на Финска, 11 од 12 паричници биле вратени на нивните сопственици. За споредба, во Москва само 7 паричници од 12, во Берлин – 6 од 12, а најлошо било во Мадрид (2 од 12) и Лисабон (1 од 12). Финците се обидуваат да воспостават чувство на лојалност, доверба, чесност во секоја заедница. Покрај чувството на заедништво, тие поставуваат и лични граници во обидот да го живеат животот што го посакуваат без влијание на околината.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кој европски град го има најдобриот јавен превоз во целиот свет?

    Кој европски град го има најдобриот јавен превоз во целиот свет?

    Никој не е љубител на градскиот превоз, но кога патуваме во друга земја, очекуваме сè да функционира како што треба, а се чини дека тоа навистина е така во овој европски град.rnrnКој европски град го има најдобриот јавен превоз во целиот свет?rnrnПорталот Time Out спровел анкета меѓу своите читатели за да открие кои градови имаат најдобар јавен превоз и врз основа на тие гласови и коментари ја креирал оваа топ листа од 19 градови.rnrnНа прво место се наоѓа Берлин поради неговиот сигурен, безбеден и удобен јавен превоз. Дури 97% од жителите на градот дале позитивни критики за метро системот U-Bahn со 9 линии и 175 станици, како и S-Bahn, метрото кое ги поврзува предградијата со центарот.rnrnВторото место го зазеде Прага, а дури 96% од жителите на овој град се изјасниле позитивно за неговиот градски превоз.rnrnТокио е на третото место, а сигурно знаете дека нивното метро сообраќа точно до секунда и носи огромен број луѓе секој ден, па е сосема нормално што жителите позитивно се изјасниле за него. Ова важи и за туристите.rnrnЦелата листа изгледа вака:rnrn1. Берлинrnrn2. Прагаrnrn3. Токиоrnrn4. Копенхагенrnrn5. Стокхолмrnrn6. Сингапурrnrn7. Хонгконгrnrn8. Тајпејrnrn9. Шангајrnrn10. Амстердамrnrn11. Лондонrnrn12. Мадридrnrn13. Единбургrnrn14. Паризrnrn15. Њујоркrnrn16. Монтреалrnrn17. Чикагоrnrn18. Пекингrnrn19. МумбајrnrnОткако прочитавте за најдобриот градски превоз во целиот свет, можеби ќе сакате да прочитате и за тоа како една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз.rnrnИзвор: timeout.com

  • Зошто е важно да отидете на кратка прошетка по секој оброк?

    Зошто е важно да отидете на кратка прошетка по секој оброк?

    Кратката прошетка после јадење од околу само две минути може да помогне во намалувањето на нивото на гликоза во крвта и со тоа да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.rnrnЗошто е важно да отидете на кратка прошетка по секој оброк?rnrnИстражувањето спроведено на Универзитетот во Лимерик во Ирска исто така покажало дека најдобро време е да се отиде на прошетка во рок од 60 до 90 минути по јадење. Во овој период, нивото на гликоза во крвта е на максимално ниво. Дополнително, ова истражување покажало и дека прошетката после оброк дава дополнителни придобивки, особено ако е подолга.rnrnИмено, после оброк, гликозата се ослободува во крвотокот, што резултира со мало покачување на нејзиното ниво во крвта. Иако малите скокови не се абнормални, одржувањето на нормалното ниво на гликоза е од суштинско значење во управувањето со дијабетесот, а мускулите се оние кои го апсорбираат вишокот на гликоза од крвотокот. Прошетката после вечерата исто така ослободува серотонин, кој придонесува за подобро спиење, го регулира апетитот, го поттикнува позитивното размислување и ја подобрува меморијата.rnrnПрошетката после јадење има многу придобивки. Без разлика дали имате висок крвен притисок или дијабетес, кратката прошетка по оброкот ќе го подобри вашето целокупно здравје преку:rn

      rn 011

    • регулирање на функцијата на цревата
    • rn 011

    • оптимизација на лимфниот систем
    • rn 011

    • подобрување на циркулацијата
    • rn 011

    • ослободување на „хормонот на среќата“.
    • rn

    rnВажно е пешачењето да ви биде удобно и да стане вашата омилена активност, па дури и забава.rnrnОткако прочитавте за придобивките од пешачењето по секој оброк, можеби ќе сакате да прочитате и дали пешачењето може да го замени вежбањето.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Најново истражување покажало дека жените носат подобри одлуки од мажите!

    Најново истражување покажало дека жените носат подобри одлуки од мажите!

    Дали ви здодеа постојано да слушате дека мажите подобро одлучуваат од жените? Па, една неодамнешна студија го докажала спротивното.rnrnНајново истражување покажало дека жените носат подобри одлуки од мажите!rnrnИстражувањето, спроведено од тим научници од водечки универзитети ширум светот и во кое биле вклучени над 10.000 учесници, покажало дека жените ги надминуваат мажите во секое тестирано сценарио за донесување одлуки.rnrnТака е, правилно прочитавте – жените носат подобри одлуки од мажите. Притоа, истражувачите разгледувале повеќе аспекти, од изборот на кариера до изборот на партнер, па дури и нешто едноставно како, на пример, изборот на паста за заби. И во секој случај, жените покажале дека имаат подобри вештини за донесување одлуки.rnrnСе чини дека жените се пољубопитни и честопати прибегнуваат кон тимска работа, соработка и градење консензус што им помага да донесат разумни пресуди.rnСпоред еден од истражувачите, д-р Сара Вилијамс, сè се сведува на тоа да се биде аналитички и внимателен. Жените имаат тенденција да ги разгледуваат сите опции пред да направат избор, додека мажите се импулсивни и често донесуваат брзи одлуки без размислување.rnrnСо други зборови, аналитичките вештини, промисленоста и интуицијата се покажале како поефикасни од импулсивноста на мажите.rnrnРезултатите од ова истражување покажуваат дека е време е да ѝ ставиме крај на претпоставката дека само мажите се природни лидери и носители на вистинските одлуки и да почнеме да го цениме придонесот што и жените го даваат за општеството.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто жените се посреќни, но и понервозни од мажите.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кое време од денот е најстресно?

    Кое време од денот е најстресно?

    Иако секое време од денот може да биде стресно, сепак експертите успеале да пресметаат кое е најстресно за повеќето луѓе.rnrnКое време од денот е најстресно?rnrnИстражувањето спроведено од група научници во Лондон, во која учествувале две илјади луѓе, покажало дека најстресното време за повеќето возрасни луѓе е во просек околу 7:23 часот наутро. Како што може да претпоставите, ова се должи на честите т.н. утрински стресови.rnrnСтудијата исто така покажала дека има мала разлика во најстресното време од денот помеѓу жените и мажите.rnrnНа првата пречка во денот жените најчесто наидуваат малку порано од мажите, односно во 7:50 часот. Кај мажите, пак, првиот индикатор за стрес се појавува речиси еден час подоцна, поточно во 8:43 часот.rnrnИнтересно е тоа што овие утрински драми дури можат да ја намалат вашата продуктивност во текот на денот, објаснуваат експертите кои работеле на истражувањето.rnrnСпоред нив, утринскиот стрес најчесто е предизвикан од тоа што не успеваме да направиме сè навреме во утринските часови. Сообраќајниот метеж, наоѓањето место за паркирање, подготвувањето појадок за семејството, подготвувањето на децата за градинка или училиште се само дел од проблемите со кои се соочуваме повеќето од нас, а сето тоа влијае на нивото на стрес.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за друго истражување според кое кучињата можат да откријат кога сме под стрес.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Дали кофеинот може да ги намали телесните масти и ризикот од дијабетес тип 2?

    Дали кофеинот може да ги намали телесните масти и ризикот од дијабетес тип 2?

    Според најновите истражувања, кафето, зелениот и црниот чај можат да помогнат во намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Поточно, кофеинот во тие пијалаци и ефектот што може да го има врз телесните масти и тежината, може да биде причина за намалениот ризик.rnrnДали кофеинот може да ги намали телесните масти и ризикот од дијабетес тип 2?rnrnОсвен што го поттикнува метаболизмот, кофеинот има и голем број други потенцијални здравствени придобивки, како што се зголемување на будноста и концентрацијата, подобрување на перформансите за време на вежбањето и подобрување на расположението.rnrnСепак, експертите предупредуваат дека консумирањето премногу кофеин може да има и негативни ефекти, како што се анксиозност, несоница и нервоза.rnrnКафето, зелениот и црниот чај се богати со антиоксиданси, природни соединенија кои се карактеризираат со голем број здравствени придобивки.rn

    Кофеинот е поврзан со помал ризик од дијабетес тип 2

    rnДосегашните студии покажале дека умереното консумирање кафе (три до пет шолји дневно) е поврзано со помал ризик од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.rnrnДруга студија покажала дека внесот на кофеин резултира со намалување на телесните масти. Авторите на оваа студија користеле генетски метод наречен Менделова рандомизација за да го испитаат влијанието на нивото на кофеин во крвта врз телесните масти и врз ризикот од дијабетес тип 2 и ризикот од кардиоваскуларни болести вклучувајќи коронарна артериска болест, мозочен удар, срцева слабост и неправилен срцев ритам.rnrnПритоа, истражувачите се фокусирале на две вообичаени генетски варијанти за два гена поврзани со тоа колку брзо телото го метаболизира внесениот кофеин.rnrnЛуѓето кои ги носат генетските варијанти поврзани со побавен метаболизам на кофеинот, во просек пијат помалку кафе. Сепак, тие имаат повисоки нивоа на кофеин во крвта во споредба со луѓето кои побрзо го метаболизираат кофеинот.rnrnЗа оваа студија, истражувачите испитувале генетски и други податоци од речиси 10.000 луѓе со претежно европско потекло, кои учествувале во шест долгорочни студии. Тие откриле дека луѓето кои се генетски предиспонирани да имаат повисоко ниво на кофеин во крвта имаат поголема веројатност да имаат понизок индекс на телесна маса (ИТМ) и телесни масти.rnrnПокрај тоа, тие имале помал ризик од дијабетес тип 2. Истражувачите процениле дека околу половина од намалениот ризик од дијабетес се должи на пониското ниво на ИТМ.rn

    Премногу рано за да се утврди со сигурност дека кофеинот го намалува ризикот од дијабетес тип 2

    rnРезултатите од новата студија ја покажале врската помеѓу внесот на кофеин и помалиот ризик од дијабетес тип 2. Сепак, истражувачите не ја разгледале конкретно врската помеѓу метаболизмот на кофеинот и нивото на гликоза во крвта. Но, на научниците им е познат фактот дека кофеинот има својства на зголемување на ситоста, што значи дека ја потиснува желбата за јадење, а тоа доведува до понизок ИТМ. Сепак, научниците не им препорачуваат на пациентите консумирање кофеин како метод за намалување на ризикот од дијабетес. Наместо тоа, тие им препорачуваат да се фокусираат на редовна физичка активност и здрава исхрана.rn

    Умереното консумирање е клучно

    rnСпоред научниците, консумирањето премногу кофеин може да има негативни ефекти, како што се анксиозност, несоница и нервоза. Повеќето здрави возрасни луѓе можат да консумираат до 400 милиграми кофеин дневно, односно четири или пет шолји сварено кафе. Зелениот и црниот чај, пак, содржат помали количини на кофеин по чаша.rnrnОткако прочитавте за ова најново истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто утринското кафе не ја зголемува продуктивноста.rnrnИзвор: healthline.com