КАФЕ ПАУЗА

Најново истражување покажало дека жените носат подобри одлуки од мажите!

Најново истражување покажало дека жените носат подобри одлуки од мажите!

Дали ви здодеа постојано да слушате дека мажите подобро одлучуваат од жените? Па, една неодамнешна студија го докажала спротивното.rnrnНајново истражување покажало дека жените носат подобри одлуки од мажите!rnrnИстражувањето, спроведено од тим научници од водечки универзитети ширум светот и во кое биле вклучени над 10.000 учесници, покажало дека жените ги надминуваат мажите во секое тестирано сценарио за донесување одлуки.rnrnТака е, правилно прочитавте – жените носат подобри одлуки од мажите. Притоа, истражувачите разгледувале повеќе аспекти, од изборот на кариера до изборот на партнер, па дури и нешто едноставно како, на пример, изборот на паста за заби. И во секој случај, жените покажале дека имаат подобри вештини за донесување одлуки.rnrnСе чини дека жените се пољубопитни и честопати прибегнуваат кон тимска работа, соработка и градење консензус што им помага да донесат разумни пресуди.rnСпоред еден од истражувачите, д-р Сара Вилијамс, сè се сведува на тоа да се биде аналитички и внимателен. Жените имаат тенденција да ги разгледуваат сите опции пред да направат избор, додека мажите се импулсивни и често донесуваат брзи одлуки без размислување.rnrnСо други зборови, аналитичките вештини, промисленоста и интуицијата се покажале како поефикасни од импулсивноста на мажите.rnrnРезултатите од ова истражување покажуваат дека е време е да ѝ ставиме крај на претпоставката дека само мажите се природни лидери и носители на вистинските одлуки и да почнеме да го цениме придонесот што и жените го даваат за општеството.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто жените се посреќни, но и понервозни од мажите.rnrnИзвор: themindsjournal.com