Научниците откриле која е најстресната работа во светот!

Сподели

Денес е особено тешко да се издвои занимањето кое би било најстресно со оглед на тоа дека секоја работа носи и одреден стрес. Сепак, по неколку години тестирање и истражување, кинеските научници издвоиле едно.

Реклама New Ways Of Travel

Лесно би можеле да претпоставиме дека првото место на листата на најстресни работни места во светот го заземаат докторите, пилотите, возачите на автобус и наставниците. Според едно истражување спроведено од еден кинески универзитет, најстресната работа е онаа на келнерите.

Ова откритие малку изненадува, бидејќи станува збор за работа со помала одговорност од, на пример, пилот. Но, ако размислите добро, резултатот е сосема валаиден бидејќи келнерите се постојано под ментален и физички притисок во текот на работното време, а стресот е многу висок.

За возврат, тие речиси и воопшто не се ценети, а како тоа да не е доволно, работата не е флексибилна. Конечно, за разлика од лекарите, келнерите немаат добра плата или признание. Научниците исто така откриле дека стресот предизвикува почесто посегнување по цигари и алкохол меѓу келнерите.

Оваа студија се спроведувала во рок од 17 години, а во неа учествувале 136.000 испитаници.

Откако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кое време од денот е најстресно.

Извор: citymagazine.danas.rs

Популарно

Може ќе ве интересира