КАФЕ ПАУЗА

Дали навистина ни се потребни 8 часа сон?

Дали навистина ни се потребни 8 часа сон?

Сигурно досега многупати сте слушнале дека за правилното функционирање на организмот потребни се 8 часа сон. Но, професорот од Харвард, д-р Данијел Либерман, не се согласува со ова тврдење.rnrnДали навистина ни се потребни 8 часа сон?rnrnЛиберман е најпознат по неговите истражувања за човечката еволуција, палеоантропологијата, еволутивната медицина и вежбањето. Тој вели дека правилото за осум часа на ноќ постои долго време, од индустриската револуција. Сепак, тој и неговите колеги спровеле истражување на луѓе кои спијат шест или седум часа и не дремнуваат во текот на денот и дошле до заклучок дека наместо осум, доволни се седум часа сон.rnrnНеговото тврдење, од друга страна, има смисла имајќи предвид дека предложената количина на сон зависи од возраста. Седум или повеќе часа сон во текот на ноќта се препорачуваат за возрасни, додека децата на најрана возраст треба да спијат подолго.rn

„Ви требаат повеќе часа сон ако сте болни, но седум часа се доволни за повеќето луѓе“, заклучува д-р Либерман.

rnОткако прочитавте за најновите истражувања во поглед на тоа колку часа сон ни се потребни, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 техники за подобар сон додека патувате.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs