Глобално затоплување не е лесно да се визуелизира. Ако вашата средина не е директно загрозена од покачувањето на нивото на морето, недостигот на вода или шумски пожари, како знаете дека тоа навистина се случува? Сето ова може да изгледа малку апстрактно. Затоа проекти како Climate centar се толку важни. Станува збор за веб-страница со мапи кои покажуваат кои делови од светот би можеле да биде загрозени од покачувањето на нивото на морето, а според податоците од тој сајт, ова се некои од градовите кои би можеле да бидат под вода до 2030 година!rnrn
rn
Амстердам, Холандија
rnАмстердам, Ротердам и Хаг се наоѓаат блиску до Северното Море. Холанѓаните се познати по својата одбрана од поплави, а со оглед на покачувањето на нивото на морето во последните години, се чини дека системот на насипи, брани и бариери ќе се развива уште повеќе во годините што доаѓаат.rn
Басра, Ирак
rnГлавниот ирачки пристанишен град Басра лежи на Шат ал-Араб, огромна и широка река која се влева во Персискиот Залив. Поради сложената мрежа на канали и потоци, како и соседните мочуришта, Басра и нејзините околни области се особено ранливи кога станува збор за пораст на нивото на морето.rn
Венеција, Италија
rnВо многу блиска иднина, Венеција се соочува со двојна закана: нивото на морето се зголемува, а самиот град тоне – по два милиметри секоја година. Освен тоа, климатските промени веројатно ќе ја зголемат фреквенцијата на плимата и осеката што би можеле да го потопат градот. Градот воспостави систем за одбрана од поплави, но како што кризата се влошува, тие ќе бидат потешки и поскапи за одржување.rn
Њу Орлеанс, Сад
rnЊу Орлеанс има развиен систем со насипи што го штитат од езерото Маурепас на север и од Салвадорското Езеро и Малото Езеро на југ. Без таа одбрана, Њу Орлеанс би бил сериозно загрозен од покачувањето на нивото на морето, но и со нив штетата изгледа потенцијално катастрофална.rn
Бангкок, Тајланд
rnИстражување од 2020 година покажало дека Бангкок може да биде градот што е најлошо погоден од глобалното затоплување. Главниот град на Тајланд е на само 1,5 метар надморска височина и, како Венеција, тоне (само многу, многу побрзо – околу два до три сантиметри годишно). Меѓу другото, Бангкок е изграден на многу густа глинена почва, што го прави уште поподложен на поплави.rn
Нагоја, Јапонија
rnОд Чиба до Осака, дел од крајбрежните јапонски градови се особено ранливи на порастот на нивото на морето – особено за време на сезоната на тајфуни (обично од мај до октомври). Повеќето се добро опремени да се справат со вакви работи, но индустриското пристаниште Нагоја – четвртиот по големина град во Јапонија, би можел да има големи проблеми бидејќи западните делови на градот би можеле да се најдат под високата плима.rn
Мале, Малдиви
rnПопуларна туристичка дестинација во Индискиот Океан, Малдивите веќе некое време се соочуват со заканата од покачување на нивото на морето и дури почнаа да градат пловечки град. Како што сега стојат работите, главниот град на Малдивите, Мале, не е толку загрозен, но околните острови од еродромот до голем дел од островот Хулхумала, зголемената плима би можела да биде сериозен проблем.rnrnОткако прочитавте кои градови би можеле да завршат под вода до 2030 година, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те модерни градови кои живеат во хармонија со природата.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr


rnrnСкулптурата била откриена на 21 февруари од научници од три чилеански универзитети кои работеле на проект за обнова на областа по пожарот во октомври 2022 година.rn
rn
rnrnБидејќи епигеномот полесно се менува од самата ДНК, ова откритие ја зголемува можноста дека телото во иднина некако ќе може да се „ресетира“ за да се бори против болести како што се Алцхајмерова болест, дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак.rnrnВеб-сајтот 
rnrnНа листата на 15 најбогати земји во светот се наоѓаат дури десет европски земји, а покрај Сингапур и САД, има и земји богати со нафта на Блискиот Исток.rnrnРангирањето на најбогатите земји во светот е направено врз основа на БДП според паритетот на куповната моќ по глава на жител (ППП). БДП, бруто домашен производ, ја покажува вредноста на финалните добра и услуги произведени во одредена земја во една година.rn
rnrnСепак, едно истражување ги рангирало најромантичните метрополи во Европа врз основа на специфична анализа на податоци и било спроведено од страна на компанијата 
rnrnИстражувањето опфатило 5.000 вработени возрасни лица и открило дека луѓето генерално можат да „издржат“ минимум една година на новото работно место, а во просек 18 месеци, пред да почнат да размислуваат за промена.rnrnСе чини дека главните причини за тоа се чувството на вработените дека не се доволно ценети на работа и фрустрацијата од повисокото раководство на компанијата.rnrnТоа не звучи оптимистички, но статистиката покажала дека оние кои се префрлаат на ново работно место се генерално задоволни и дека само 3% проценти зажалиле за таквата одлука.rn
rnrnИмено, постојат многу истражувања според кои неколку часовното седење како она во канцелариски услови, претставува опасност по здравјето, дури и за оние кои редовно вежбаат.rnrnИстражувачите откриле дека 5 минути пешачење на секои 30 минути може значително да ги намали и шеќерот и крвниот притисок. Освен тоа, ова не само што може да го намали заморот туку може и да го подобри расположението.rnrnСпоред оваа студија, дури и малите подобрувања во физичката активност може да имаат влијание врз шеќерот во крвта и крвниот притисок. Станува збор за 40 минути физичка активност во текот на осумчасовниот работен ден, сосема доволно за да започнете со поздрав начин на живот.rnrnОпштопознато е дека стоењето и одењето го зголемуваат протокот на крв, особено во нозете. Исто така, помагаат во метаболизмот на шеќерот и мастите.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnНауката продолжува да покажува дека тајмингот на оброците може да влијае на нашите цели за слабеење, а ноќните оброци можат особено да го отежнат слабеењето.rnrnЕдно мало истражување открило дека оние кои вечерале во 21 часот во споредба со оние кои јаделе во 18 часот, имале повисоки нивоа на гликоза во крвта следното утро. Друга студија покажала дека јадењето подоцна навечер може да влијае на вашето губење на тежината бидејќи способноста на вашето тело да согорува калории може да биде помала во текот на ноќта отколку во остатокот од денот.rnrnНајновите истражувања покажале дека подоцнежните оброци го зголемуваат чувството на глад, а истовремено ја намалуваат количината на енергија потрошена додека сте будни.rnrnВсушност, јадењето четири часа подоцна од вообичаеното влијае на нивото на вашиот апетит и на брзината со која согорувате калории, како и на складирањето маснотии и потенцијалното губење на тежината.rnrnРезултатите од оваа студија покажуваат колку е важно да одржувате стабилна метаболичка стапка така што ќе консумирате оброци во редовни интервали. Редовен интервал помеѓу оброците од три до четири часа е идеален за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.rnrnОсвен тоа, подоцнежните оброци можат да влијаат врз природната функција на хормоните на телото и може да придонесе за зголемен глад и апетит, а со тоа и да доведе до зголемување на телесната тежина.rnrnСекој човек има различна стапка на метаболизам и има потреба од различен дневен внес на калории и сооднос на макронутриенти. Покрај правилното распоредување на оброците, најдобриот начин за слабеење (или спречување на ризикот од дебелина) е добро балансираната исхрана во редовни, постојани интервали.rnrnОткако прочитавте за правилното распоредување на оброците, можеби ќе сакате да прочитате и 
rn