КАФЕ ПАУЗА

Што е потребно за среќен и долг живот?

Што е потребно за среќен и долг живот?

Среќата може да биде тема за научно истражување како и секоја друга. На крајот на краиштата, станува збор за состојба на битието што повеќето луѓе се обидуваат да ја постигнат. Со ова се согласуваат и научниците од Харвард, поради што почнале да истражуваат за среќата уште од 1938 година. Тоа е најдолгото истражување од ваков вид досега спроведено кое сè уште трае.rnrnШто е потребно за среќен и долг живот?rnrnОна што започнало како истражување на 268 студенти од Харвард за време на Големата депресија набргу потоа ги опфатило и нивните сопружници, нивните деца, како и стотици жители на Бостон, а бројот на учесници денес надминува неколку илјадници (еден од првите учесници во истражувањето бил и претседателот на САД, Џон Кенеди).rnrnИстражувањето зема предвид повеќе фактори почнувајќи од здравствената состојба на учесниците, нивните успеси и неуспеси во кариерата, бракот, пријателствата, а целта е да се истражи улогата што ја игра радоста во постигнувањето на долговечноста.rnrnИако добрите гени играат голема улога во одредувањето на долгорочното здравје, тие не се најважниот фактор. Според истражувањето, грижата за односите со другите е исто толку важна како и грижата за вашето тело.rnrnБлиските врски помагаат да се одложи менталното и физичкото стареење и придонесуваат многу повеќе за среќа отколку парите, славата, социјалната класа, интелигенцијата и генетиката.rnrnЕмпатијата и приврзаноста се клучни за здравото стареење. Осаменоста може да има подеднакво силно негативно влијание врз здравјето како пушењето или алкохолизмот. Заедницата, во нејзините различни форми, е одлучувачки фактор за среќата – а потрагата по среќа, според научниците, е важен чин на грижа за себе.rnrnЗатоа, за сопствената благосостојба и здравје, обидете се да излезете од вашата удобна зона и да се поврзете со различни групи. Најдобро е да започнете со интересите што веќе ги имате. На пример, ако сакате пешачење, придружете се на групи кои организираат активности на отворено.rnrnОбидете се барем двапати месечно да учествувате на друштвени собири кои не се поврзани со вашата работа и задолжително комуницирајте со луѓе кои не ги познавате. Тоа ќе ви даде можност да воспоставите нови врски и пријателства.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за првиот музеј на среќата во светот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs