Иако секое време од денот може да биде стресно, сепак експертите успеале да пресметаат кое е најстресно за повеќето луѓе.rnrn
rnrnИстражувањето спроведено од група научници во Лондон, во која учествувале две илјади луѓе, покажало дека најстресното време за повеќето возрасни луѓе е во просек околу 7:23 часот наутро. Како што може да претпоставите, ова се должи на честите т.н. утрински стресови.rnrnСтудијата исто така покажала дека има мала разлика во најстресното време од денот помеѓу жените и мажите.rnrnНа првата пречка во денот жените најчесто наидуваат малку порано од мажите, односно во 7:50 часот. Кај мажите, пак, првиот индикатор за стрес се појавува речиси еден час подоцна, поточно во 8:43 часот.rnrnИнтересно е тоа што овие утрински драми дури можат да ја намалат вашата продуктивност во текот на денот, објаснуваат експертите кои работеле на истражувањето.rnrnСпоред нив, утринскиот стрес најчесто е предизвикан од тоа што не успеваме да направиме сè навреме во утринските часови. Сообраќајниот метеж, наоѓањето место за паркирање, подготвувањето појадок за семејството, подготвувањето на децата за градинка или училиште се само дел од проблемите со кои се соочуваме повеќето од нас, а сето тоа влијае на нивото на стрес.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за друго истражување според кое кучињата можат да откријат кога сме под стрес.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Кое време од денот е најстресно?
