КАФЕ ПАУЗА

Category: Технологија

  • Кои се најдобрите хаштагови на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?

    Кои се најдобрите хаштагови на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?

    Можеби летото веќе е зад нас, но доколку досега не сте патувале наесен, добро е да знаете дека ова е едно од најмагичните периоди од годината. Затоа, не мислете се многу, јавете се на другарот или другарката што живее во странство, букирајте си авиобилет со време и уживајте во колоритот на Европа (или надвор од неа).rnrnКои се најдобрите хаштази на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?rnrnАко користите Инстаграм, тогаш дефинитивно ќе сакате да направите еден тон добри фотографии од вашите патувања. Најсигурен начин да добиете што е можно повеќе лајкови е да ги употребувате вистинските хаштагови, но проблемот е што за некои дестинации тие не се толку очигледни.rnrnТака на пример, тие што шетаат низ Вашингтон веројатно ќе ги употребат #WashingtonDC или само #DC, но вистината е дека подобро би било да ги употребат #MyDCcool или #MadeinDC, но кој воопшто би можел да го знае ова?rnrnЗа таа цел, е направена новата онлајн алатка т.н. „Tag“ со чија помош ќе имате неверојатен Инстаграм успех на вашето следно патување. Оваа апликација е направена од креаторите на „TripScout“ – мобилна апликација којашто овозможува практични тури наменети за некои од најпопуларните дестинации ширум светот. Со секое упатство, добивате листа од градови коишто морате да ги погледнете во текот на вашето патување, офлајн мапа за да избегнете трошоци за роаминг, како и листа со најинтересните места за позирање пред вашата камера.rnrnКои се најдобрите хаштази на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?rnrnАлатката „Tag“ е сосема бесплатна и ви овозможува сè што ви е потребно за да го живеете вашиот најдобар инфлуенсерски сон на Инстаграм. Со вистинските хаштагови, лајковите ќе започнат да надоаѓаат, а постои ли некој што не го посакува тоа за своите фотки од патувања?rnrn„Tag“ ви овозможува да ги пребарувате градовите ширум светот и да ги погледнете препорачаните хаштагови за избраната локација. Потоа, подеднакво едноставно како и правењето селфиња, вие можете да ги копирате и закачите сите препорачани хаштагови во вашиот пост. Тоа значи дека тешката работа е завршена за вас и ова е одлична заштита на време кога патувате и сакате да искусите што е можно повеќе нешта.rn

    Хаштагови за фотки од неонските светла и облакодери во Њујорк Сити:

    rnКои се најдобрите хаштази на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?rn

    1. #SeeYourCity

    rn

    2. #NewYorkCityLife

    rn

    3. #NewYorkExplored

    rn

    4. #NYCPrimeShot

    rn

    5. #NewYorkNewYork

    rn

    Хаштагови за кога сте во Рим:

    rnКои се најдобрите хаштази на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?rn

    6. #VisitRome

    rn

    7. #Rome_It

    rn

    8. #IG_Rome

    rn

    9. #Italy_Vacations

    rn

    10. #IG_FotoItaliane

    rn

    За вашето романтично патување во Париз:

    rnКои се најдобрите хаштази на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?rn

    11. #ThisIsParis

    rn

    12. #MyLittleParis

    rn

    13. #ParisCityVision

    rn

    14. #ParisJeTaime

    rn

    15. #Hello_France

    rn

    За вашата тура низ Лондон:

    rnКои се најдобрите хаштази на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?rn

    16. #VisitLondon

    rn

    17. #LondonLife

    rn

    18. #LondonEye

    rn

    19. #London_Only

    rn

    20. #LondonStreets

    rn

    За вашето бегство во Рио:

    rnКои се најдобрите хаштази на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?rn

    21. #VisitRio

    rn

    22. #TravelRJ

    rn

    23. #OficialRio

    rn

    24. #RioILove

    rn

    25. #RioBrazil

    rn

    За кога се излежувате со Пина Колада на плажа во Мајами:

    rnКои се најдобрите хаштази на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?rn

    26. #LoveFL

    rn

    27. #VisitMiami

    rn

    28. #MiamiLife

    rn

    29. #Florida_GreatShots

    rn

    30. #My_Mia_Miami

    rn

    За вашето патување во Токио:

    rnКои се најдобрите хаштази на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?rn

    31. #VisitTokyo

    rn

    32. #PoweredByTokyo

    rn

    33. #Love_BestJapan

    rn

    34. #ILoveJapan

    rn

    35. #BeautifulAsia

    rn

    За фотките со театралните сини куполи во Санторини:

    rnКои се најдобрите хаштази на Инстаграм за вашите патувања кои ќе ви донесат најмногу лајкови?rn

    36. #VisitGreece

    rn

    37. #SantoriniSunset

    rn

    38. #SantoriniSecrets

    rn

    39. #Santorini_Lover

    rn

    40. #SantoriniView

    rnРазгледајте и кои се најдобрите патнички апликации за безгрижно патување.

  • Момче направило автомобил дрон со цел да го избегне сообраќајниот метеж

    Момче направило автомобил дрон со цел да го избегне сообраќајниот метеж

    До неодамна концептот за летачки автомобили беше само дел од нашата фантазија и нешто што го гледавме во филмовите. Но благодарение на денешната технологија, еден изумител отишол чекор подалеку – направил негов летачки автомобил дрон.rnrnМомче направило автомобил дрон со цел да го избегне сообраќајниот метежrnrnКјукз Мендоза од Филипините почнал да работи на овој неверојатен изум уште пред речиси 6 години. Целта му била да го избегне сообраќајниот метеж и дури неодамна го направил првиот успешен тест со летање. Успеал да го лансира возилото на височина од 7,5 метри.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=wPisKBkWC0UrnrnНаправата е малку нестабилна, но Мендоза успешно го извел летот.rn

    „Ова е летачки автомобил што ја користи технологијата на дроновите, односно технологија со повеќе перки за летање. Тоа е како автомобил дрон. Сакав да направам спортски автомобил, на пример, летачко Ламборџини. Но дизајнот беше полн со грешки. Некои од материјалите согореа по употребата, а други баш и не функционираа. Една од главните одлики е системот со батерии – ако една батерија се истроши, леталото сè уште останува во воздух.“

    rn„Koncepto Millenya“, тимот на Мендез, бара инвеститори што ќе им помогнат да го донесат производот и на пазарот. Со малку среќа би требало да најдат купувачи и можеби и ние ќе бидеме во можност да управуваме со нешто вакво.rnrnПогледнете го и овој неверојатен систем за транспорт што се движи врз сообраќајот.

  • Направа напојувана од соларна енергија може да извлекува вода од пустинскиот воздух

    Направа напојувана од соларна енергија може да извлекува вода од пустинскиот воздух

    Веројатно слушнавте за бруталната суша во Калифорнија која конечно заврши. Но оваа и други држави сè уште се соочени со кризата за недостаток од вода. Секаде низ светот, вклучувајќи ги Индија, Кина и многу други држави, милијарди луѓе страдаат поради недостаток од свежа вода.rnrnНаправа напојувана од соларна енергија може да извлекува вода од пустинскиот воздухrnrnНо, замислете си иднина во која не би требало да се грижиме за резервоарите и пресушените бунари. Можеби оваа иднина не е толку далеку благодарение на нова направа напојувана од соларна енергија којашто извлекува вода од воздухот.rnrnНаучниците од Институтот за технологија во Масачусетс изградиле „собирач“ на вода кој употребува посебен материјал произведен на Универзитетот во Калифорнија. Прототипот на машината можел да извлече 2,8 литри вода од воздух со влажност од само 20 до 30% во период од 12 часа. Другите слични направи имале потреба од повисока влажност на воздухот за да го направат истото.rnrnОвој собирач е толку ефикасен поради неговите кристали. Материјалот наречен метално-органска рамка е направен од металот циркониум и адипинска киселина. Неговата цврста структура е одлична за складирање гасови и течности. Кога воздухот минува низ направата, молекулите вода се прикачуваат на внатрешната површина на структурата. Како што сончевата светлина го загрева материјалот, водата оди во кондензатор кој ја претвора пареата во течност. Направата може да складира 20% од нејзината тежина во вода.rnrnПрофесорот по хемија и изумителот на овој материјал, Омар Јагхи, ја нарекол направата вистинско откритие.rn

    „Нема друг начин да се направи тоа освен со користење повеќе енергија. Електричниот собирач на вода произведува навистина скапа вода.“

    rnОмар се надева дека направата во иднина ќе може да собира доволно вода така што домаќинствата нема да имаат потреба од цевки и водовод.rnrnПогледнете ги и овие интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес.

  • 8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатура

    8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатура

    Компјутерите и телефоните станаа неизбежна алатка во професионалниот и личниот живот. Па, користењето пенкало и хартија денес не е толку често. Иако постои овој „старомоден“ метод на пишување, технологијата напредува без намера да запре, па пишувањето на тастатура е навистина важна вештина.rnrn8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатураrnrnБрзото пишување може да промени многу. Иако не изгледа значајно што ќе заштедите неколку минути пишувајќи долг мејл, минута по минута, тие почнуваат да се собираат, и сето ова резултира со фрустрација. Па, зошто да не научите да пишувате побрзо? Овие игри и апликации ќе ви помогнат во тоа.rn

    ЗА ПОЧЕТНИЦИ

    rn

    1. Speed Typing Online

    rn8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатураrnrnОва е онлајн игра што ви овозможува да нурнете во креативните зборови од познати книги, басни и песни. По крајот на секој текст, се појавува страница што ви покажува колку зборови во минута сте напишале, колку сте биле прецизни и колку грешки сте направиле.rn

    2. Typing Trainer

    rn8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатураrnrnИ ова е онлајн платформа наменета за почетници кои сакаат лекции со посебни чекори. Оние кои не се навикнати на тастатура можат да имаат проблем со учење на положбата на буквите. Овој веб-сајт нуди лекции за ова кои ќе ви помогнат да научите да пишувате без воопшто да гледате во тастатурата.rn

    3. TapTyping

    rn8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатураrnrnПостои разлика во пишувањето на физичка тастатура и на тастатура на смартфон. Бидејќи смартфоните се употребуваат сè повеќе, станува поважно да знаете да пишувате брзо на смартфон отколку на компјутер. Оваа апликација ви овозможува да го научите токму тоа. Можете и да се натпреварувате со други „пишувачи“ и да ги тестирате вашите способности со напредни лекции.rn

    ЗА ПИСАТЕЛИ И ПРОГРАМЕРИ

    rn

    4. The Most Dangerous Writing App

    rn8-те најефективни игри и апликации коишто ќе ве научат брзо да пишувате на тастатураrnrnОвој веб-сајт ги присилува вашите прсти да пишуваат брзо колку и вашите идеи. Ако престанете со пишување подолго од 5 секунди, сè што сте напишале ќе почне полека да исчезнува. Сесиите траат од 3 до 20 минути и можат да бидат од 75 до 1.667 зборови.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Најдобрите мобилни апликации за безгрижно патување

    Најдобрите мобилни апликации за безгрижно патување

    Планирате нова авантура на место каде што никогаш досега не сте биле? Погледнете ги најдобрите мобилни апликации што ќе ви го олеснат истражувањето на новата дестинација и ќе ви помогнат во целост да го искусите местото што го посетувате. Да не заборавиме и на фактот дека ќе ве чуваат безбедни.rnrnrn

    Packpoint – водич за пакување

    rnПотребно е да ја изберете посакуваната дестинација, датумот на тргнување, бројот на денови, видот на патување како и низа други активности (пливање, кампување, фитнес, плажа, планинарење…) што ќе ѝ помогнат на апликацијата да ве подготви за сè. Оваа одлична апликација ќе ви направи листа од нештата што треба да ги спакувате во куфер, а вие нема да мора никогаш повеќе да се грижите дека сте заборавиле нешто.rn

    Yelp – уживајте како локален жител

    rnКога сте во непознат град, пронаоѓањето соодветно место да јадете, да пиете или да купите нешто автентично може да ви одземе многу време. Исто така постои и ризик да направите лош избор доколку се препуштите исклучиво на вашите инстинкти. Па, без разлика дали барате отмен ресторан, скриен бар или некоја помалку позната атракција, најдобрите насоки ќе ги добиете од локалните жители со помош на оваа апликација.rn

    Hitlist – најдете најповолни авионски карти

    rnВеќе не мора да трошите денови за да ги најдете најдобрите авионски карти на Интернет. Сè што треба да направите е да ја симнете оваа апликација и да ги пополните потребните информации за таа самата да ви ја направи најповолната понуда што постои. На овој начин не само што ќе заштедите време, туку ќе заштедите и многу пари.rn

    Moovit – насоки за градски превоз

    rnКако што и самиот наслов си кажува, оваа апликација ќе ви помогне да се движите лесно и брзо низ непознатиот град, користејќи го градскиот превоз. Потребно е само да ја внесете вашата моментална локација и дестинацијата каде што сакате да одите и веднаш ќе ја добиете најбрзата рута.rn

    Ulmon City Map – можете да преживеете и без Интернет

    rnДо неодамна беше скоро невозможно да користите мапи без Интернет. Но, кога се појавија офлајн мапите, сè се смени. И како најдобра од сите, се покажа токму оваа апликација. Со нејзина помош вие можете да ги пронајдете сите сакани локации, без разлика дали станува збор за градови или за културни знаменитости, музеи, ресторани, хотели… Сè ќе ви биде на само еден допир оддалечено.rn

    Sworkit – за зависниците од тренинг

    rnДоколку не сакате да престанете со вежбање дури и кога патувате, тогаш оваа апликација е идеална за вас. Сè што треба да направите е да ги внесете своите податоци, видовите вежби и целта што сакате да ја постигнете со вежбањето и оваа апликација ќе ви направи пресонализиран план за тренинг во кој град и да се наоѓате.rn

    RedZone – безбедност пред сè

    rnВо многу градови ширум светот постојат зони каде што туристите, за жал, не се добредојдени. Со цел да ја одржите својата безбедност на патувањето, ви предложуваме да ја инсталирате оваа апликација што ќе ви помогне да ги одбирате безбедните рути за движење низ новите градови. Доколку видите црвена област на мапата, тогаш држете се настрана од неа.rnrnПогледнете ги и овие 10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато.

  • Неверојатен систем за транспорт што се движи врз сообраќајот

    Неверојатен систем за транспорт што се движи врз сообраќајот

    Најголемиот проблем во сите големи градови е сообраќајниот метеж. Dahir Insaat е турска компанија специјализирана за иновативни инженерски решенија. Тие веруваат дека системите за транспорт на второ ниво можат да го решат проблемот со метежот.rnrnНеверојатен систем за транспорт што се движи врз сообраќајотrnrnТие развиле универзален транспортен систем што може да се вметне во сегашната урбана инфраструктура. Користејќи шест подвижни поддршки кои се движат на шините, транспортниот систем се движи веднаш над сообраќајот. Секоја поддршка може да се движи независно и може да се отстранува во случај на несреќи и други пречки на патот. Покрај тоа овој систем може да се спушти доколку има тунел или мост, па е функционален и за градовите со густа урбана средина.rnrnhttps://youtu.be/_HfvS68aMIcrnrnОд компанијата направиле патент на овие возила кои се целосно електрични и се напојуваат преку соларните панели на покривот. Но ова е само почетокот. Компанијата дизајнирала и возила со една шина коишто можат да балансираат на едно тркало. Овие шини можат да бидат поставени на плоштади и нема да го попречуваат движењето на пешаците.rnrnИстата компанија стои и зад концептот летачки воз – транспорт систем на второ ниво кој е хибрид од воз и авион и се движи на една шина. Компанијата го претставила и концептот „пазар за возење“.rn

    „Ова е продавница каде што потрошувачите можат да купуваат без да ги напуштат нивните возила.“

    rnhttps://youtu.be/PQsNktD9zW4rnrnОвој пристап е одличен за потрошувачите што немаат време да лутаат низ огромните супермаркети. Концептот работи на тој начин што потрошувачите се паркираат веднаш до подвижните оддели. Секој оддел содржи продукти од одредена група. За да се намали времето за барање на продуктот, селекцијата е навистина строга. Кога потрошувачот ќе ги одбере саканите продукти, ги става на подвижната лента за транспорт.rnrnДали сте слушнале за електричниот автопат во Шведска што ги полни автомобилите?

  • 5 бесплатни апликации што ги обожаваат сите мајки ширум светот

    5 бесплатни апликации што ги обожаваат сите мајки ширум светот

    Ако некогаш сте се прашувале како мајките успеваат да постигнат сè, верувајте ни, не сте единствени. Одговорот лежи во неисцрпната грижа и љубов што тие ја чувствуваат за своите деца, во комбинација со неколку трикови што им го олеснуваат секојдневието. Еден од овие трикови вклучуваат апликации од коишто секоја мајка има корист. Па, ако и вие имате потреба од мала помош на дневно ниво, тогаш симнете ги овие бесплатни апликации што целосно ќе ви го трансформираат животот.rnrnrn

    1. White Noise Baby

    rnСпиењето во одредени периоди со бебе може да изгледа како недостижен сон. За наша среќа, постојат голем број начини на коишто можете да го заспиете вашето дете, а еден од најефикасните е тој со шумовите. Оваа апликација ги содржи токму тие звуци што ќе му помогнат на вашето бебе полесно да заспие и поцврсто да спие.rn

    2. Child Medical History

    rnОваа апликација ви дава можност да ги забележувате сите посети на доктор, како и сите видови симптоми и состојби што би можеле да му се појават на вашето најмало. Вие можете да ги забележувате и промените во тежината, како и лековите што биле користени, но исто така и да прочитате бројни совети за заштита на здравјето на вашето дете.rn

    3. 7 minute Workout

    rnСтанува збор за најдобрата фитнес апликација во светот. Иако повеќето мајки би сакале да одвојат многу повеќе време за вежбање, нивните обврски едноставно не им го дозволуваат тоа, па токму тука и доаѓа користа од оваа апликација што вклучува 7-минутни вежби на ден. Тие се толку добро составени, што можат да ви заменат и цел час поминат во теретана.rn

    4. Period Diary

    rnИако постојат многу различни видови апликации за следење на менструалниот циклус, оваа се истакнува по тоа што е најбогата (и бесплатна). Во апликацијата можете да ги запишувате сите симптоми, да планирате секојдневни активности, како и да ја следите вашата бременост. Таа исто така има опција и да ве потсетува на контрацептивните таблети, како и да ве предупредува пред да ви почне циклусот.rn

    5. Cookpad

    rnОваа апликација е базирана на илјадници вкусни рецепти. Со нејзина помош, вие не само што ќе имате голем избор за ручеци, туку и секогаш ќе знаете точно што ќе јадете дента. Со оваа апликација можете да ги следите и своите омилени автори, да ги споделувате најдобрите рецети и да направите колекција од рецепти што секогаш ќе ви биде достапна.rnrnНамалете го стресот и подобрете си го секојдневието: Погледнете ги и најдобрите бесплатни апликации за медитација.

  • 10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

    10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

    Според некои пресметки, во просек ги користиме смартфоните 4 часа дневно. Но бидејќи сакаме навики, најчесто ги употребуваме истите функции и воопшто не истражуваме за што сè се способни овие направи. Во продолжение погледнете 10 неверојатни трикови што ги крие вашиот смартфон, а што ќе ви бидат од корист во разни ситуации.rn

    1. Проектирање мапа на шофершајбната

    rn10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнатоrnrnДоколку возите навечер, во магла, дожд или на непозната локација, инсталирајте ја апликацијата Hudway. Означете ја вашата дестинација и поставете го телефонот пред шофершајбната. Вашиот смартфон ќе ја проектира мапата на шофершајбната без потреба од дополнителна опрема.rn

    2. Читање баркодови

    rn10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнатоrnrnВашиот смартфон може да чита баркодови и QR кодови. Оваа функција е корисна од две причини:rn

      rn 011

    • Можете да ги скенирате кодовите на повеќето производи кои се дел од USPS, UPS и FedEx системите и автоматски да ги префрлите информациите на вашиот уред.
    • rn 011

    • Можете да добиете повеќе информации за продуктот со помош на апликации како RedLaser и да проверите дали има подобра цена на друго место.
    • rn

    rn

    3. Вашиот телефон може да работи со телескоп

    rn10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнатоrnrnОва е едноставен, но корисен трик за кој многумина не знаат. Ставете ја леќата на телефонот на телескопот и ќе можете да направите фотографија од другата страна. Трикот работи и со двоглед.rn

    4. Камерата може да го одреди вашиот пулс

    rn10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнатоrnrnАпликациите како Instant Heart Rate тврдат дека можат да го измерат вашиот пулс со помош на камерата на смартфонот. Поставете го прстот пред камерата и апликацијата ќе ги забележи малите промени во бојата на вашата кожа кои се резултат на пулсот. По некое време апликацијата ќе го измери вашиот пулс. Апликацијата Cardiio може да го измери вашиот пулс со помош на промената на бојата на вашето лице.rn

    5. Можете да скенирате и да ги дигитализирате негативите од стари фотоапарати

    rn10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнатоrnrnОва не е најдобриот начин на скенирање и дигитализирање, но ако итно ви е потребно да ги разгледате негативите, можете да го направите тоа со помош на вашиот смартфон. За ова можете да користите апликации како HELMUT Film Scanner.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Намалете го стресот и подобрете си го секојдневието: Најдобрите бесплатни апликации за медитација

    Намалете го стресот и подобрете си го секојдневието: Најдобрите бесплатни апликации за медитација

    Иако науката укажува на фактот дека социјалните мрежи се темпирана бомба што допринесува за анксиозноста, депресијата и несоницата, поголемиот дел од луѓето едноставно не сакаат да се откажат од нив. Па, ако и вие се пронајдовте во овие проблеми, а не сакате да се откажете од социјалните мрежи, или пак, не верувате дека тие се причина за вашата состојба, тогаш обидете се да си го смирите умот со помош на овие апликации за медитација. Тие се најдобро оценети од своите корисници коишто пак, тврдат дека имаат моќ да го подобрат квалитетот на животот.nnn

    1. Ако сакате да создадете секојдневна навика, пробајте ја Headspace

    Апликацијата е основана и развивана од страна на будистички монах, и нуди над стотина водичи за медитација коишто ви говорат што точно да правите и како да се чувствувате. Постојат три медитативни пакети во времетраење од 10 дена што на корисниците им овозможуваат да ги откријат основите на медитацијата и да се соочат со проблемите со анксиозноста и продуктивноста.n

    2. Ако сакате да одвоите момент само за себе, пробајте ја Stop, Breath & Think

    Станува збор за водена медитација во секој момент. Оваа апликација ве поттикнува на физички, ментални и емоционални проверки и ви нуди да изберете една од аудиотемите во должина од 2 до 15 минути. Бидејќи има инструкции за затворање на очите, длабоко вдишување и други видови насоки, вие можете да го одберете и гласот што најмногу ви пријае. Во апликацијата исто така се вклучени и вежби за визуализација што ви помагаат ментално да се пронајдете на песочна плажа.n

    3. Ако сте почетници, тогаш пробајте ја Simply Being Guided Meditation

    Оваа апликација е многу едноставна за користење и ви помага да стекнете основни вештини во сеанси што траат од 5 до 20 минути. Одберете звук на океан, дожд или поток и соединете се со природата. Сесиите ќе ве опуштат, ќе ве подготват за секојдневните проблеми и ќе ви го исполнат денот целосно.n

    4. Ако сте професионалци, пробајте ја Meditation Helper

    Совладувањето на техниките за дишење е клучно доколку сакате да бидете смирени и да се исклучите од реалноста на материјалниот свет. Оваа апликација може да им помогне на сите љубители на медитирањето да ја претворат оваа активност во редовна. Но, имајте на ум дека нејзината основа цел е да ве води низ техниките за дишење покрај музичка подлога со песни по ваш избор.nnФрлете око и на овие 7 корисни апликации што сигурно не сте знаеле дека ви требаат.

  • Најдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклус

    Најдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклус

    Ниту една девојка не ја сака својата менструација, но еден од најдобрите начин да го разберете вашето тело е да го следите менструалниот циклус и да ги забележувате вашите ПМС симптоми. Овие бесплатни апликации се едноставни за користење и се сè што ви е потребно за следење на месечниот циклус.rn

    1. Clue

    rnНајдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклусrnrnОваа апликација е прогласена за најдобра од овој вид од страна на списанието „Obstetrics & Gynecology“. Апликацијата се истакнува благодарение на нејзиниот софистициран дизајн. Таа не само што го следи менструалниот циклус и ПМС симптомите, туку ви помага да го следите вашиот сексуален живот, интензитетот на крвавење, расположението, па дури и кои продукти сте ги користеле во тој период.rn

    2. Fitbit

    rnНајдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклусrnrnСпоред неодамнешно истражување од Fitbit, 80% од испитаниците не знаеле колку фази има во менструалниот циклус (четири), а 70% не знаеле колку долго трае циклусот (21-35 денови). За да го поправи тоа, популарната апликација за фитнес и спиење додала опција и за дамите. Со апликацијата можете да видите до каде е вашиот циклус, кога да ја очекувате следната менструација и кога настанува овулација. Покрај тоа можете да внесувате детали како интензитет, видови исцедок, ПМС симптоми и дали сте имале заштитен секс.rn

    3. Flo

    rnНајдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклусrnrnFlo е одлична апликација за оние кои не сакаат да бидат бомбардирани од многу информации. Во најосновната верзија внесувате само почеток и крај на вашата менструација. Ако сте подготвени за повеќе, можете да ги следите вашите симптоми, расположение, па дури да направите и потсетник за купување хигиенски влошки.rn

    4. Period Tracker Lite

    rnНајдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклусrnrnЕдноставниот интерфејс на апликацијата навистина ја олеснува нејзината употреба – потребно е само да го притиснете копчето кога ќе започне менструацијата и апликацијата ќе се погрижи за останатото. Можете да додадете и забелешки и симптоми.rn

    5. Eve

    rnНајдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклусrnrnОваа апликација има многу опции што ќе им се допаднат на девојките. Овде има интересни секс квизови и секојдневни совети во зависност од тоа до каде е вашиот циклус. Апликацијата исто така идентификува шеми кои се уникатни за вашето тело и можете да ја синхронизирате со Apple Health Kit за да имате подобра слика за целокупното здравје.rn

    6. Period Diary

    rnНајдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклусrnrnСо над 30 ПМС симптоми и над 20 расположенија, оваа апликација сака да бидете што е можно попрецизни за тоа како се чувствувате во секоја фаза од циклусот. Апликацијата се синхронизира со вашиот календар па секогаш имате преглед за она што се случува.rn

    7. Cycles

    rnНајдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклусrnrnОваа апликација е уникатна бидејќи не е направена само за вас, туку и за вашиот партнер. Поканете го да ви се придружи за да има преглед за вашиот месечен циклус. Забелешките и потсетниците можете да ги гледате само вие. На овој начин ќе ги следите вашите плодни денови и ќе можете да го планирате сексуалниот живот.rnrnПрочитајте ги и овие помалку познати факти за менструацијата.