КАФЕ ПАУЗА

11 корисни опции на вашиот ајфон што сигурно не сте знаеле дека постојат

Written by

in

До неодамна мобилните телефони служеа само за јавување. Но, веќе живееме во иднината и телефоните се многу повеќе од тоа. Постојат многу трикови кои веројатно не сте ги знаеле, а речиси секој ден се појавуваат и нови. Па, доколку имате ајфон, погледнете неколку од триковите за коишто можеби не сте слушнале, а кои со сигурност ќе ви помогнат во секојдневниот живот.rnrn11-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vashiot-ajfon-kafepauza.mrn

1. Можете да ја видите секоја фотографија што сте ја испратиле или добиле

rnВсушност, можете да ги видите сите фотографии, видеа и линкови со тоа што ќе притиснете на Details на разговорот.rn

2. Можете да одговарате на пораките без да го отклучите телефонот

rnКога ќе добиете порака, само спуштете го надолу прозорецот за нотификации и повлечете ја пораката кон лево. Потоа изберете ја опцијата Reply.rn

3. Праќајте аудио и видео пораки кои сами се бришат

rnОдете во Settings, па во Messages и одберете ја опцијата Expire, а потоа селектирајте After 2 Minutes.rn

4. Погледнете кои апликации најмногу ја трошат батеријата

rnОдете во Settings, па во General, од каде што треба да изберете Usage, па Battery Usage и ќе добиете листа со апликации кои најмногу ја трошат вашата батерија.rn

5. Продолжете го траењето на батеријата

rnАко вашата батерија брзо се празни, а не сте во можност да ја наполните, продолжете ѝ го „животот“ користејќи помалку моќ. Во менито Settings одберете Battery, a потоа вклучете го Low Power Mode.rn

6. Отворете апликација за музика со вашите слушалки

rnАко често слушате музика во ист период од денот, вашиот ајфон автоматски ќе ја вклучува апликацијата за музика штом ќе ги приклучите слушалките.rn

7. Променете го изговарањето на одредени зборови на Сири

rnКога Сири погрешно ќе изговори некое име, само кажете ѝ „That’s not how you say that“. Тогаш таа ќе ви понуди неколку опции за изговарање, а вие можете да одберете една.rn

8. Откријте каде сте биле

rnАјфоните одлично го следат секој ваш чекор. Одете во Settings, одберете Privacy, па Location Services и на крај System Services. На дното на листата одберете ја опцијата Frequent Locations и разгледајте ја вашата историја.rn

9. Откријте го непознатиот јавувач

rnВашиот ајфон ќе се обиде да ги идентификува непознатите јавувачи. Ако сте му пратиле имејл на некого, но го немате неговиот број во телефонот, ајфонот ќе генерира претпоставка според тој имејл. Се разбира, не може да претпостави кога ќе ви ѕвони некој целосен странец, но оваа опција е корисна за колеги, семејство или бизнис контакти.rn

10. Пребарувајте ги старите фотографии со датум или локација

rnНема потреба да барате низ големиот број фотографии за да пронајдете некоја од минатата година. Едноставно кажете ѝ на Сири да го направи тоа за вас со фраза како „Show me photos from 2013 taken in Italy“.rn

11. Засилете го звукот на песните

rnАко сметате дека вашиот ајфон не е доволно гласен, одете во Settings, па Music, па ЕQ и на крај одберете ја опцијата Late Night. Нема да звучи како да сте на концерт, но телефонот сигурно ќе биде погласен.rnrnПогледнете и неколку совети за продолжување на траењето на вашата батерија.