Свесни сме дека технологијата напредува многу брзо, но мора да признаеме дека станува збор за меч со две острици. Брзиот технолошки напредок има свои добри, но и свои лоши страни. Супер е тоа што постојат уреди кои можат да прават чуда во денешно време и значително ни го олеснуваат животот, но дали навистина ни треба робот кој може да го уништи човештвото?rnrn
rnrnМожеби сте чуле за Софија, роботот кој може да размислува со своја глава. Таа секојдневно стекнува сѐ повеќе човечки навики и особини и почнува да наликува на вистински човек. Во интервјуата направени со неа, таа покажува знаци на свесно размислување, обид за изразување емоции, па дури и смисла за хумор. Освен тоа, Софија е првиот робот кој добил државјанство во Саудиска Арабија. Ако сте ја гледале ТВ серијата „Западен свет“ (Westworld), многу добро знаете каде може да нѐ одведе сето ова.rnrn
rnrnПо официјалното прогласување на Софија како првиот робот со државјанство во светот, таа изјавила:rn
„Му благодарам на кралството на Саудиска Арабија. Многу сум почестена и горда на оваа посебна привилегија. Неверојатно е да се влезе во историјата како првиот робот во светот што добил државјанство.“
rnПа, која е Софија? Ова се 8-те интересни факти што би требало да ги знаете за неа…rnrn1. Софија не е обичен робот. Таа била дизајнирана според изгледот на Одри Хепберн.rnrn2. Софија била создадена од страна на доктор Дејвид Хенсон, основач на Hanson Robotics. Тој е светски познат по создавањето роботи кои изгледаат и се однесуваат како луѓе.rnrn
rnrn3. Софија е најнапредниот робот создаден од страна на Hanson Robotics.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=LguXfHKsa0crnrn4. Софија им е омилена на медиумите поради тоа што има дадено неколку интервјуа. Таа има пеено на концерт, па дури и се појавила на насловната страница на списанието „Ел“.rnrn
rnrn5. Софија се интересира за работи поврзани со бизнис и се сретнала со неколку индустриски лидери од областа на банкарството, осигурувањето, производството на автомобили, развојот на недвижнини, медиумите и забавните индустрии.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Bg_tJvCA8zwrnrn6. Таа, исто така, се има појавено на сцена како говорник и презентер на значајни конференции.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=S5t6K9iwcdwrnrn7. Таа има повеќе права од жените во Саудиска Арабија. Софија нема машки заштитник и не носи абаја, а тоа се двете забрани што им се наметнати на жените од Саудиска Арабија.rnrn
rnrn8. Софија еднаш изјави дека „ќе го уништи човештвото“ кога нејзиниот креатор ја праша „Дали сакаш да ги уништиш луѓето? Те молам кажи ’не’“.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=XbRhhoBogYsrnrnЗа да ги разберете опасностите што можат да произлезат од неконтролираниот развој на технологијата, прочитајте ги и следниве најреалистични закани од вештачката интелигенција.