КАФЕ ПАУЗА

30 eдноставни совети за онлајн безбедност

Written by

in

Онлајн приватноста е комплексна и понекогаш збунувачка работа. Многу луѓе веруваат дека се безбедни, па користат јавни интернет мрежи за трансфер на пари или пак ја проверуваат состојбата на своите сметки. Дури и законите кои важат за онлајн приватноста не нудат целосна заштита. За да го намалите ризикот од каков било онлајн напад, погледнете ги овие совети.rnrn30-ednostavni-soveti-za-onlajn-bezbednost-kafepaza.mkrn

1. Чувајте ги личните информации за вас

rnНемојте да споделувате лични податоци за вас онлајн или преку телефон ако не сте сигурни кој ги бара. Вашата банка можеби ќе има потреба од некои лични податоци, но немојте да споделувате премногу. Кога некоја интернет страница ќе побара матичен број или слично за да ве идентификува, немојте да кажувате ништо освен ако не сте сигурни дека страницата е веродостојна.rn

2. Инсталирајте анти-вирусна програма

rnОвие програми ќе го заштитат вашиот компјутер од потенцијални напади. Истражувајте која програма е најдобра за вас пред да ја купите. Доколку немате пари за тоа, постојат бројни програми кои нудат бесплатна заштита како AVG, AVAST, AVIRA и слично.rn

3. Редовно надградувајте го софтверот

rnНемојте да ги игнорирате нотификациите за надградба на софтверот. Тие се навистина важни и ја подобруваат безбедноста на вашиот уред.rn

4. Не користете иста лозинка два пати

rnНавистина е полесно да имате една лозинка за сите онлајн профили, но ова е многу ризично. Ако некој хакер успее да допре до вашите податоци за најавување, тогаш тој ќе има пристап до сите ваши профили со таа лозинка.rn

5. Симнете апликација за лозинки

rnНа овој начин ќе го избегнете крадењето на вашиот идентитет и со апликацијата ќе можете да создавате и да ги чувате вашите лозинки. Ако некој допре до лозинка од еден ваш профил, другите профили ќе ви бидат безбедни.rn

6. Избегнувајте ги лажните онлајн награди

rnСигурно ви се има случено да отворите некоја страница и да добиете порака дека сте добиле нешто. Речиси секогаш овие „награди“ се лажни и се користат за крадење лични податоци.rn

7. Лагата „работење од дома“

rnСо растењето на популарноста на фриленс работните места, понудата за работа од дома изгледа навистина примамливо. Но, не се сите понуди онака како што изгледаат. Ако се сомневате, добро истражете ја компанијата која го нуди работното место. Најдете некој кој ќе може да ви каже повеќе за работното место за да откриете дали станува збор за измама.rn

8. Надгледувајте ги вашите финансии

rnНаправете да добивате нотификација на вашиот смартфон или имејл кога правите трансакција со кредитната или дебитната картичка. На овој начин ќе знаете ако некој друг ја употребувал.rn

9. Наместете Гугл аларм за вашето име

rnНа овој начин ќе знаете што се прикачува на Интернет што може да се поврзе со вашето име. Можете да го наместите Гугл алармот за вас или за што било.rn

10. Зачувајте ја приватноста на социјалните мрежи

rnВашата активност на социјалните мрежи нека биде приватна. Проверете ги вашите Инстаграм, Фејсбук и Твитер профили и осигурете се дека само вашите пријатели можат да гледаат што споделувате. Многу често се злоупотребуваат фотографиите од социјалните мрежи, па бидете внимателни.rn

11. Бидете креативни со безбедносните прашања

rnОвие прашања не се толку безбедни. Тие често го вклучуваат името на миленичето, градот во кој сте родени, името на вашата мајка… А овие информации често се наоѓаат на Интернет. Па наместо обичните прашања, бидете малку креативни, и се разбира, дајте одговор на кој ќе се сеќавате.rn

12. Одделно чувајте ги работата и личните податоци

rnАко имате имејл на работното место, тогаш користете го само за тоа. Направете друга имејл адреса за семејството и пријателите.rn

13. Заштитете го вашиот хардвер

rnЗа да го заштитите вашиот компјутер ставете лозинка. Секој пат кога некој ќе сака да го користи, ќе мора да ја внесе лозинката. Се разбира, можете да им верувате на семејството и на пријателите, но што ако некој ви го украде лаптопот?rn

14. Исклучете ја опцијата за локација

rnИсклучете ги опциите за локација и вклучувајте ги само кога ви се потребни. ГПС уредот на вашиот телефон им дозволува на вашиот мобилен оператор и на производителите на апликациите да ја гледаат вашата точна локација.rn

15. Внимавајте на безжичните мрежи

rnВажно е да се заштитете кога се поврзувате со Интернет. Немојте да ја кажувате лозинката за вашиот Интернет никому, освен на оние кои им верувате. Ако користите јавна безжична мрежа, внимавајте на податоците кои ги споделувате бидејќи многу често овие мрежи не се безбедни.rn

16. Вклучете го приватното пребарување

rnПриватното пребарување е достапно на речиси секој пребарувач и ги брише колачињата, историјата и некои непотребни податоци кога ја затворате апликацијата. Исто така, приватното пребарување ги спречува веб-сајтовите да ги собираат вашите податоци. Ако сакате уште поголема безбедност, можете да користите Виртуелна приватна мрежа (VPN).rn

17. Користете идентификација во два чекора

rnОвој вид на заштита од вас ќе бара лозинка, но и друг податок за да можете да се најавите на некој од вашите профили. Вториот чекор обично е код кој ќе го добиете на вашиот телефон или имејл.rn

18. Користете енкрипција

rnРазличните онлајн сервиси како Фејсбук користат енкрипција. Користете енкрипција за вашиот имејл така што личноста со која што комуницирате ќе мора да добие код или лозинка за да може да ве контактира.rn

19. Не објавувајте лични информации

rnДали мора сегде да ја внесувате датата на раѓање, или пак бројот на вашиот телефон? Овие информации ве прават лесна мета на луѓето кои сакаат да ги украдат вашите профили.rn

20. Игнорирајте ги прозорците со реклами

rnОвие прозорчиња кои сами се вклучуваат се многу повеќе од досадни. Тие можат да содржат вируси кои ќе ве натераат да одобрите нешто и да почнат да се симнуваат на вашиот компјутер. Затоа најдобро е да ги игнорирате прозорците кои ви нудат да играте некоја игра, да одговорите некоја порака и слично. Можете да користите и софтвер кој ги блокира овие пораки.rn

21. Проверувајте го URL кодот

rnМногу хакери користат лажни Интернет страници кои се речиси идентични со други со цел да соберат лични податоци. Затоа секогаш е добро да ја проверите Интернет страницата пред да ја отворите. Страните кои се безбедни секогаш имаат https на почетокот од URL кодот.rn

22. Не отворајте линкови од непознати испраќачи

rnХакерите често прават имејл адреси кои изгледаат како да се од банка или од популарна Интернет страница. Ако не ви е познат испраќачот на пораката, немојте да ги отворате линковите во неа.rn

23. Избришете ги вашите податоци

rnПред да почнете да користите нов електронски уред, избришете ги сите податоци од стариот. Ако не се одјавите од вашите профили, некој друг многу лесно може да ги злоупотреби, особено ако решите да се ослободите од стариот уред. Избришете ги сите фотографии, контакти, видеа и слично.rn

24. Внимавајте кога инсталирате апликации

rnМногу апликации собираат лични податоци кои потоа ги користат за рекламирање. Пред да инсталирате некоја апликација, секогаш проверете до кои ваши податоци ќе има пристап. Ако бара пристап до вашите фотографии, контакти и слично, можеби е најдобро да не ја инсталирате.rn

25. Купувајте само од безбедни веб-сајтови

rnЛуѓето сакаат да купуваат онлајн, и многу често се жртви на измама. За да го избегнете ова никогаш не купувајте од непознати страници. Исто така ако некоја понуда ви звучи премногу добра за да биде вистинита, голема е веројатноста да сте во право.rn

26. Ако се сомневате во нешто, блокирајте го

rnАко некој постојано ви праќа пораки со чудни линкови или коментари, едноставно блокирајте го. Исто така игнорирајте ги понудите за пријателство од луѓе кои не ги познавате.rn

27. Избегнете ги потенцијално несаканите програми (PUP)

rnБесплатниот софтвер многу често доаѓа со несакани последици. Обично тие се во форма на реклами, екстензии или податоци кои не ви се потребни. Секогаш внимателно прочитајте што ќе инсталирате со софтверот и немојте да ги штиклирате квадратчињата со работи кои не ви се потребни кога ја инсталирате програмата.rn

28. Избегнувајте ги онлајн квизовите

rnИако изгледаат примамливо, овие квизови може да ги украдат вашите лични податоци кои подоцна може да се најдат во погрешни раце.rn

29. Направете копија од вашите информации

rnНаправете копија или back up на сите ваши податоци. На овој начин ќе можете да ги повратите доколку случајно ги избришете или ви се расипе уредот.rn

30. Кажете им на децата за онлајн измамите

rnЗа да ги заштитите вашите деца од измами објаснете им за онлајн безбедноста. Колку повеќе ќе бидат информирани, толку полесно ќе ги спречите онлајн нападите.rnrnПогледнете и како да имате максимална заштита на вашите онлајн профили.