КАФЕ ПАУЗА

Category: Технологија

  • Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

    Овие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќе

    После извесно време не ни забележуваме како работите коишто некогаш сме ги користеле и обожавале, како на пример видео рекордерите, компакт дисковите или телефоните на преклопување, полека исчезнуваат и се заменети со нови и попрактични уреди. Многу мал број од вообичаените уреди ја имаат преживеано оваа модернизација, како далечинските управувачи за телевизор или клучевите за врата, но нема да помине премногу време, за да заборавиме и на нив. Кои други направи и уреди мислите дека би ги снашла истата судбина? Дали вашиот работодавач, за 20 години од сега би можел да ве клонира доколку е задоволен од вашиот перформанс? Прочитајте за да дознаете.rn

    1. Ретровизори

    rnОвие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќеrnrnАуди веќе го најави лансирањето на својата серија автомобили без ретровизори, во 2019 година. Наскоро и останатите производители на автомобили ќе го следат овој иновативен пример. Сите автомобили ќе имаат вградени камери и паметен систем којшто би го предупредил возачот во случај на опасност.rnrnВо истата ситуација, се рачните менувачи и моторите на бензин. Од почетокот на годинава, сите нови згради во Англија ќе имаат електрични станици за полнење на автомобилите и до 2035, надлежните планираат поголемиот дел од популацијата да вози еколошки возила кои не ѝ наштетуваат на природата.rn

    2. Далечински управувачи

    rnrnrnТехнологијата на паметен дом станува дел од нашиот секојдневен живот. Сите уреди можат да бидат управувани преку вашиот таблет или паметен телефон и наскоро, нема да имаме потреба од користење стандардни далечински управувачи.rn

    3. Пари и кредитни картички

    rnrnrnВо 2017, компанијата TSYS направила истражување за да го одреди најпопуларниот метод за плаќање. Само 120 луѓе од 1000 кажале дека би платиле во готово, додека останатите одбрале метод на плаќање со кредитни картички. Но, и на времето на кредитните картички ќе му дојде крајот бидејќи веќе подолго време имаме можност за плаќање со паметни часовници, паметни телефони и слични уреди.rnrnВо иднина, ќе имаме можност да управуваме со новата технологија на Мастер Кард таканаречена „Селфи Плаќање“ (Selfie Pay) благодарение на која ќе можеме да направиме исплата со само едно трепкање во предната камера од нашиот телефон. Во ноември, 2018 година, луѓето ќе имаат можност да ја тестираат оваа технологија во Европа.rn

    4. Клучеви

    rnОвие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќеrnrnЗа само 20 години, комплетно ќе заборавиме како изгледале стандардните клучеви за врати или автомобили. Технологијата за стартување на автомобили со притискање на копче веќе ни е одамна позната, но замислете да имате можност да го отворите вашиот стан користејќи само апликација на вашиот телефон, говорна команда или преку скенирање на ретината.rn

    5. Кабли

    rnОвие предмети ќе исчезнат за 20 години и еве зошто не ни се потребни повеќеrnrnПолначите за телефони наскоро нема повеќе да ве нервираат бидејќи се искинале и жиците излегле на површина. Замислете да ги извадите слушалките од вашиот џеб и да не се заплеткани… Во блиска иднина, ќе имаме можност да користиме радио бранови и безжичен Интернет, за да ги полниме нашите уреди. Сите тие досадни кабли што само сметаат и прават неред во нашите домови ќе ги снема и сè околу нас ќе стане пофутуристичко.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Астронаутите објаснуваат зошто сè уште не се вративме на месечината

    Астронаутите објаснуваат зошто сè уште не се вративме на месечината

    Слетувањето на 12 луѓе на месечината останува еден од најголемите подвизи на НАСА. Астронаутите собраа камења, направија фотографии, изведуваа експерименти и потоа се вратија дома. Но овој престој на месечината како дел од програмата Аполо не го обезбеди присуството на луѓето на месечината.rnrnАстронаутите објаснуваат зошто сè уште не се вративме на месечинатаrnrnПосле повеќе од 45 години од последното слетување на месечината, на 17-ти декември 1972-ра година, постојат многу причини зошто луѓето не се вратија на нашиот сателит и не останаа таму. Истражувачите мислат дека ако се направи база со луѓе, таа може да еволуира во станица за гориво за мисиите во вселената, да води до создавање на неверојатни вселенски телескопи, да го олесни животот на Mарс и да реши некои од мистериите за настанокот на Земјата и месечината. Лунарната база би можела да се претвори и во своја економија најверојатно изградена на основа на лунарниот вселенски туризам.rn

    „Перманентната човечка станица за истражување на месечината е следниот логичен чекор. Оддалечена е само 3 дена. Можеме да си дозволиме грешки, а да не убиеме никого. Покрај тоа имаме многу работи за измислување и тестирање пред да навлеземе подлабоко во вселената“, изјавил поранешниот астронаут Крис Хедфилд.

    rnНо многу астронаути и други експерти сметаат дека најголемите обиди за мисии со екипаж на месечината во изминативе 4 децении се банални, па дури и депресивни.rn

    Скапо е да се стигне до месечината, но не толку многу

    rnАстронаутите објаснуваат зошто сè уште не се вративме на месечинатаrnrnСекоја вселенска програма, особено ако вклучува луѓе, е навистина скапа. Според законот кој стапи на сила во март 2017-та година, НАСА добива годишен буџет од околу 18 милијарди евра. Оваа сума звучи како многу сè додека не ги земете предвид амбициозните проекти на агенцијата – телескопот Џејмс Веб, проект со огромна ракета наречен Space Launch System, како и далечните мисии до сонцето, Јупитер, Марс и работ на Сончевиот систем. Покрај тоа, буџетот на НАСА во споредба со минатото е релативно мал.rnrnБуџетот од Трамп повикува на враќање на месечината, а подоцна посета до орбитата на Марс. Но најверојатно ќе нема доволно пари за да се стигне ниту до една дестинација. Еден извештај од 2005-та година од НАСА тврди дека враќањето на месечината би чинело околу 100 милијарди евра. Дури и програмата Аполо чинела околу 115 милијарди евра.rn

    „Човечкото истражување е најскапиот вселенски подвиг и е најтешко да добиете политичка поддршка за него, освен ако самата држава не одлучи да вложи повеќе пари“, изјавил астронаутот Волтер Канингхем од мисијата Аполо 7.

    rn

    Проблем со претседателите

    rnАстронаутите објаснуваат зошто сè уште не се вративме на месечинатаrnrnЦелта на администрацијата на Трамп е да ги однесе астронаутите на месечината некаде во 2023-та година. Тоа би било при крајот на вториот мандат на Трамп доколку повторно биде избран. И овде лежи уште еден голем проблем – партиски политички судир.rn

    „Зошто би верувале дека она што го кажал кој било претседател ќе се случи после два мандата?“ – Хедфилд.

    rnОд перспективата на астронаутите, станува збор за мисијата. Процесот на дизајнирање, инженерство и тестирање на вселенското летало може да ги надмине двата мандата на претседателот. Но има предвидлива шема за следните претседатели кои ги укинуваат приоритетите за вселенското патување на претходните лидери.rn

    „Би сакал следниот претседател да одобри буџет кој ќе ја поддржи мисијата која сакаат да ја извадиме, без разлика каква е мисијата“, изјавил астронаутот Скот Кели.

    rnНо претседателите и Конгресот изгледа не се грижат за ова. На пример, во 2004-та година администрацијата на Буш ѝ даде задача на НАСА да најде начин да го замени вселенскиот шатл и да се врати на месечината. Агенцијата ја смисли програмата „Соѕвездие“ за слетување на месечината користејќи ракета наречена Арес и вселенски брод наречен Орион. НАСА потроши 8 милијарди евра во над 5 години дизајнирање, градење и тестирање за оваа програма. Но откако Барак Обама седна на претседателското столче, програмата беше откажана. Ваквите промени биле причина за откажување на многу мисии и губење на речиси 19 милијарди евра.rnrnВистинската сила што влијае на ова е волјата на Американците. Но јавниот интерес за истражување на месечината не е многу голем. Дури и за програмата Аполо, само 53% од Американците сметале дека вреди. Денес 55% од Американците сметаат дека приоритет на НАСА треба да биде враќањето на месечината. 44% од испитаните изјавиле дека повторната посета на месечината е непотребна. Поголема поддршка има истражувањето на Марс со 63%, додека 91% од луѓето сметаат дека поважно е да се скенира небото за астероиди убијци.rn

    Предизвиците над политиката

    rnАстронаутите објаснуваат зошто сè уште не се вративме на месечинатаrnrnПолитиката не е единствената причина што се немаме вратено на месечината. Месечината е смртоносна стапица за луѓето и не треба да се потценува. Површината е полна со кратери кои претставуваат закана за безбедното слетување. До првото слетување на месечината, власта на САД потрошила милијарди долари за испраќање сателити на месечината со чија помош ќе ја мапираат и ќе ги најдат потенцијалните места за слетување.rnrnНо поголем проблем е она што го предизвикале бројните удари од метеори – месечевата прашина. Месечината е покриена со слој прашина која е длабока и по неколку центиметри, која има електричен полнеж и е абразивна.rnrnПостои проблем и со сончевата светлина. Речиси 14 денови по ред, месечевата површина е вистински пекол кој е постојано изложен на смртоносни зраци бидејќи месечината нема заштитна атмосфера. Следните 14 дена се тотален мрак и површината на месечината е едно од најстудените места во универзумот.rnrnНАСА развива мал нуклеарен реактор чија цел е да ги снабди астронаутите со електрична енергија во текот на долгите месечеви ноќи. Од НАСА имаат дизајнирано и опрема отпорна на прашината, но не се знае дали оваа опрема е подготвена за лансирање.rn

    Генерација милијардери љубители на вселената можат да отидат таму

    rnАстронаутите објаснуваат зошто сè уште не се вративме на месечинатаrn

    „Постои генерација милијардери кои се вистински фанови на вселената, а ова е одлично. Иновацијата која се случува изминатите 10 години за вселенските летови немаше да се случи ако беше само НАСА“, изјавил астронаутот Џефри Хофман.

    rnОвде спаѓаат луѓето како Елон Маск и неговата компанија SpaceX, како и Џеф Безос кој има „тајна“ вселенска компанија наречена Blue Origin.rnrnМногу астронаути сакаат да се вратат на месечината, а ова се совпаѓа со визијата на Безос. Тој сака да почне да ја гради првата лунарна база користејќи го новиот ракетен систем на неговата компанија. И Маск има зборувано за тоа како неговата ракета Big Falcon може да го олесни посетувањето на месечината. SpaceX можеби ќе ја посети месечината и пред НАСА или Blue Origin.rnrnАстронаутите не се сомневаат дека ќе се вратиме на месечината и дека ќе отидеме на Марс, само е прашање на време.rnrnПогледнете и кои се пречките што треба да се надминат на патот до Марс.

  • Паметна роботска саксија се движи и го „лови“ сонцето, за да им овозможи доволно светлина на растенијата

    Паметна роботска саксија се движи и го „лови“ сонцето, за да им овозможи доволно светлина на растенијата

    Загрижени сте дека растенијата во вашиот дом не се изложени на доволно светлина во текот на денот? Сега, веќе немате потреба никогаш повеќе да се грижите за тоа, бидејќи тоа е задача на ова паметна роботска саксија. Овој прекрасен уред го брка сонцето коешто влегува низ домот, за да се осигури дека растението прима доволно хранливи материи.rnrnПаметна роботска саксија се движи и го лови сонцето, за да им овозможи доволно светлина на растенијатаrnrnСигурно сте забележале дека растенијата додека растат, инстинктивно се насочуваат кон сончевата светлина. Овој феномен се нарекува хелиотропизам, а го означува движењето на листовите кон правецот на сончевата светлина – изворот на хранливи материи за растенијата. Повеќето растенија морате да ги позиционирате на вистинското место, за тие да можат да ја примаат храната којашто им е потребна.rnrnrnrnНо, благодарение на овој робот, направен од страна на кинеската компанија „Vincross“ вие никогаш повеќе не треба да се прашувате дали цвеќињата во вашиот дом примаат премногу или премалку сончева светлина. Ова паметно механизирано суштество ќе ја бара и лови светлината и ќе се затскрива под сенка, со цел да му овозможи на растението постојано да напредува.rnrnrnrnОвој дружељубив робот е креативно дело на Сан Тианчи, кој во „Vincross“ развил робот којшто се вика HEXA, а оттогаш навака го прилагодил за да издржи мала саксија со сукулентно растение. Делумно саксија, делумно ракче, овој шестоног уред може да почувствува кога на растението му е потребно светлина или сенка и тупка по земјата, секогаш кога му е потребна вода. Тианчи го објаснил концептот на работа на овој робот на форумот на Vincross, но сѐ уште не е сосема јасно, како тој ги разбира овие потреби на растенијата.rnrnБез разлика како оваа паметна саксија знае да ги задоволи потребите на растенијата, таа несомнено претставува одличен уред за добро да се погрижите за вашите домашни цвеќиња. Освен што има улога на роботска дадилка за растенија, оваа саксија може да танцува кога е среќна, а знае и да си поигра со вас и да ве забавува.rnrnrnrnrnrnrnrnМоже да ве интересираат и овие 11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес.

  • 10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс

    10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс

    Помислата за мисијата до Марс со екипаж навистина ја буди имагинацијата. Без разлика дали првото патување ќе биде од SpaceX, НАСА или друга вселенска агенција, најверојатно ќе сведочиме на него во наредните две децении. Сепак, овој подвиг нема гаранција за успех. Астронаутите кои ќе патуваат ќе треба да се соочат со бројни предизвици пред успешно да слетаат на црвената планета.rn

    1. Пари

    rn10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до МарсrnrnПред астронаутите да ја напуштат орбитата на Земјата, можно е да ги забави недостатокот од финансиски ресурси. Овој проект може да чини од милиони, до неколку милијарди евра, и тоа само за едно патување. Власта троши помалку пари за истражување на вселената за разлика од периодот кога испратија луѓе на месечината. Приватниот сектор може да финансира некои делови од мисијата, но сепак постојат ограничувања. Идеалното решение е комбинација од иновација во приватниот сектор и искуството на власта.rn

    2. Пркосење на гравитацијата

    rn10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до МарсrnrnБез разлика колку искусни ќе станат луѓето за одење во вселената, напуштањето на планетата секогаш е предизвик. Релативно краткото патување од површината на Земјата до орбитата вклучува многу силен притисок. Гравитацијата што ја спречува ракетата да полета е толку силна што мора да патувате 11 километри во секунда за да избегате од неа. Многу лансирања резултирале со експлозии, и тоа и кај државните и кај приватните вселенски агенции. Без разлика колку ќе напредне вселенското патување, напуштање на Земјата секогаш ќе претставува ризик.rn

    3. Смртоносен вселенски отпад

    rn10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до МарсrnrnВистински успех е лансирањето, но преживувањето во орбитата на Земјата е исто тешка задача. Просторот околу нашата планета е полн со отпад од човечки направени предмети кои се движат со брзина до 28.200 километри на час – 7 пати побрзо од куршум. На ова додајте ја брзината на ракетата, и ситните парчиња отпад стануваат опасни по живот. Вселенскиот отпад е организиран според големината, а бројките се застрашувачки. Има 13.000 парчиња отпад поголеми од топче за тенис, 100.000 парчиња поголеми од монета и милиони парчиња отпад помали од монета. Астронаутите користат комбинација од стратегии за да останат на безбедно.rn

    4. Преголема тежина

    rn10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до МарсrnrnСекое успешно патување до Марс ќе бара транспорт на гориво што чини многу. НАСА веќе успешно испрати беспилотно летало на Марс, но тежината на роботските возила е многу помала од онаа на екипажот и неопходните ресурси за преживување. Патувањето до Марс со екипаж бара намалување на тежината и горивото, но ова создава парадокс. Бидејќи носењето луѓе до Марс значи поголема тежина, ќе биде потребно и повеќе гориво. Ова бара внимателно планирање и пресметување.rn

    5. Здодевност и изолација

    rn10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до МарсrnrnЕкспертите сметаат дека астронаутите ќе се соочат со изолација и здодевност на патот кон Марс, а на ова може да се додаде и осаменоста кога ќе градат дом на нова планета. Патувањето од Земјата до Марс ќе биде долго. Во минатото беспилотните мисии до Марс траеле од 128 до 133 денови. Малиот екипаж заробен во мало летало на долг период е совршен рецепт за здодевност. Покрај тоа, потребите да се намали тежината само уште толку додаваат на овој предизвик. Колку е помал екипажот, толку побрзо ќе се запознаат едни со други и ќе им стане здодевно.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 технологии коишто нема да постојат за 20 години

    10 технологии коишто нема да постојат за 20 години

    Технологијата постојано се менува, а многу често не сме ни свесни за тоа. Впрочем, таа еволуира толку брзо што дури да го купите најновиот лаптоп или телефон, тој е веќе застарен. Но се очекува овие нешта да се променат. 20 години од денес некои технологии, особено оние кои најмалку очекувате, повеќе нема да постојат.rn

    1. Ретровизор

    rn10 технологии коишто нема да постојат за 20 годиниrnrnГолема е веројатноста сите автомобилски компании целосно да ги заменат ретровизорите со камери. Покрај тоа, камерите ќе бидат стандарден додаток на беспилотните возила кои постојано ја зголемуваат својата популарност. Камерите стануваат поевтини, а ова е уште една причина огледала да се заменат со нив.rn

    2. Телефонски кули

    rn10 технологии коишто нема да постојат за 20 годиниrnrnДодека примената на технологијата еволуира, физичките направи се смалуваат. Како резултат на ова, повеќе работа може да се заврши на многу помал простор. Ова може да важи и за телефонските кули кои стануваат сè помали. Некои смартфони ја прескокнуваат потребата за телефонска кула и комуницираат едни со други на растојание од 500 метри. Компанијата Qualcomm прва го забележала ова и се обидува да најде начин да го прошири откритието. Со еволуирањето на оваа технологија, телефонските кули целосно ќе се исфрлат од употреба.rn

    3. Далечински управувачи

    rn10 технологии коишто нема да постојат за 20 годиниrnrnПостојаното губење на далечинскиот управувач најверојатно ќе стане минато. Милиони направи се веќе поврзани со вифи, а ова значи технологијата ќе се контролира преку компјутери, таблети, смартфони и паметни часовници. Нештата како Google Home и Amazon Alexa веќе можат да ги контролираат светилките и апаратите во вашиот дом, и тоа само со помош на вашиот глас. Замислете колку ќе се подобри оваа технологија во наредните 20 години.rn

    4. Кредитни картички

    rn10 технологии коишто нема да постојат за 20 годиниrnrnКога прв пат биле измислени, кредитните картички го направија плаќањето навистина брзо и ефикасно. Првите картички биле пуштени во употреба во 1950-та година, и за една година добиле 20.000 корисници. Но ова било пред 70 години, а технологијата денес се менува секој миг. Компаниите како Старбакс и Мекдоналдс веќе нудат наплата со помош на телефон. Некои продавници имаат свои апликации додека други ја користат новата опција за плаќање на поновите модели на смартфони. Наскоро би можеле да плаќаме само со скенирање на нашиот прст.rn

    5. Метални клучеви

    rn10 технологии коишто нема да постојат за 20 годиниrnrnВеќе постои технологија која може целосно да ги замени металните клучеви. Прашање на време е кога и клучевите ќе заминат во историјата. Новите автомобили веќе имаат опција за вклучување со помош на копче. Замислете да можете да ја отклучите вратата од домот преку вашиот телефон. Веќе можете да отворате брави со гласовни команди, скенирање на прст или ретина, па дури и со одредена гестикулација. Верувале или не, можете да си ставите и мал инплант во дланката којшто ќе биде препознаван од вашата брава.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Заблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме

    Заблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме

    Сега е 2018 година, а ние сè уште се грижиме за полначот којшто сме го оставиле вклучен во штекерот, пеглата што сме заборавиле да ја исклучиме, лаптопот којшто сме го оставиле вклучен цела ноќ или што сме заборавиле да ја испразниме батеријата на мобилниот телефон до 0%, за да не се расипе. Прашањето е дали навистина е потребно да се грижиме за овие работи или не? Без разлика што уредите коишто ги користиме денес се нови и попаметни, нашето познавање за нив е прилично застарено.rnrnЗаблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме rnrnЗатоа, денес со вас ќе ги споделиме одговорите на најчестите прашања поврзани со полнењето на електричните уреди.rn

    Мит #1: Не треба да го полните паметниот телефон додека спиете навечер

    rnБлагодарение на модерните литиум-јонски батерии, можете без никаква мака да го полните телефонот во текот на ноќта, додека спиете. Овие батерии имаат контролори коишто го стопираат полнењето, кога батеријата ќе се наполни до 100%. Последователно на ова, значи дека не треба да се плашите дека ќе предизвикате пожар или дека батеријата ќе се расипе, ако го полните телефонот секоја вечер додека спиете.rnrnЗаблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме rnrnЕдинствената работа за којашто би требало да се грижите ако го полните телефонот секоја вечер, е неговото евентуално прегревање. Бидејќи распределбата на топлината не е совршена, сепак оставањето на телефонот цела вечер на полнач, може да не е баш најдобрата идеја. За да не купите модел на телефон којшто ќе има проблем со прегревањето, внимателно прочитајте ги онлајн коментарите од другите корисници на тој модел на уред.rn

    Мит #2: Морате да ги празните батериите на уредите до 0%

    rnАјде уште малку да подискутираме за лутиум-јонските батерии. Работата е во тоа што, тие имаат ограничен број на циклуси на полнење. Така на пример, батеријата на еден Ајфон, може да се полни околу 500 пати. Под циклус, се мисли на целосно полнење на батеријата од 0% до 100%. Ако на пример, ја дополнувате батеријата од почетни 90% до 100%, тогаш трошите само 1/10 од циклусот. Со цел да не трошите по цел еден циклус на секое полнење на батеријата, доколку имате шанса подобро е да го полните вашиот телефон неколку пати во текот на денот. Според стручњаците, вашата батерија ќе работи подолго време, ако ја полните некаде од околу 40-80%.rnrnЗаблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме rnrnВо минатото, експертите препорачуваа да се празни батеријата до 0%, но денес сè повеќе батерии имаат вграден калибрирачки уред. Овие паметни батерии ја намалуваат потребата од калибрација, но ако телефонот започне да реагира чудно и почнува многу брзо да му се троши батеријата, препорачливо е одвреме-навреме да го празните и да го полните до крај.rn

    Мит #3: Не треба да го оставате полначот во штекер после употреба

    rnИ покрај тоа што оставањето на полначот во струја е погодно, бидејќи нема да морате постојано да го барате низ домот, сепак конвенционалните правила за безбедност велат дека полначите треба да се вадат од штекерот, веднаш откако ќе ги употребите. Ова е така, бидејќи може да настане пожар предизвикан од струен удар.rnrn(4) Заблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме rnrnКако и да е, ваквите ситуации се случуваат многу ретко во градовите, па оваа мерка на претпазливост е практично бескорисна. Меѓутоа, постојат 4 ситуации во коишто полначот сепак треба да се вади:rn

      rn 011

    • Вашата куќа нема громобранска заштита, па често се случуваат струјни удари и снемува струја.
    • rn 011

    • Имате домашни миленици коишто слободно се движат низ куќата. Тоа значи дека тие можат многу лесно да го гризнат кабелот за напојување, па подобро е тој да е изваден од штекер.
    • rn 011

    • Протекува вода кај вашите соседи во зградата.
    • rn 011

    • Вашиот кабел за напојување многу се загрева или прави звуци, дури и кога не е приклучен на уредот. Во овој случај, побезбедно ви е да го замените полначот со некој нов отколку да го менувате целиот стан.
    • rn

    rnСогласно на ова, само од вас зависи дали ќе го оставите полначот вклучен или не. Како и да е, дефинитивно не треба да се грижите дека тој ќе се расипе.rn

    Мит #4: Лаптопите може да престанат да работат ако постојано се приклучени на полнач

    rnОна што погоре го зборувавме за батериите на паметните телефони, се однесува и на лаптопите. Современите батерии, го блокираат понатамошното полнење на батеријата кога таа ќе се наполни до максимум. Експертите препорачуваат, за секој случај да ја трошите батеријата до 0% еднаш во месецот.rnrnЗаблуди во врска со полнењето на електричните уреди во коишто треба да престанеме да веруваме rnrnНајчесто грешките коишто ги прават корисниците се причината за расипувањето на електричните уреди, а не самиот кабел за напојување. Прегревањето на уредот или работењето во лоши услови, се најчесто причината зад настаните штети.rnrnЗаклучок: Модерната технологија е толку напредната, што немаме потреба да се грижиме зошто сме го оставиле кабелот за напојување вклучен цела ноќ. Реално, ако реагираме параноично, треба да ги извадиме сите кабли од струја, почнувајќи од кабелот на телефонот и завршувајќи со тој од фрижидерот.rnrnМоже да ве интересираат и овие 10 генијални пронајдоци за коишто немавте идеја дека постојат.

  • Неверојатни историски изуми што се изгубиле низ времето

    Неверојатни историски изуми што се изгубиле низ времето

    Постојат безброј изуми кои навистина го промениле нашиот живот. Можете ли да си замислите живот без смартфони и Интернет? Како би изгледал светот ако никогаш не биле измислени? Што ако некој ги уништил овие корисни изуми? Вистината е дека оваа судбина ги снашла многу неверојатни изуми и тие никогаш не ѝ станале достапни на јавноста.rn

    1. Музичките инструменти на Страдивариус

    rnНеверојатни историски изуми што се изгубиле низ времетоrnrnДенес музичките инструменти направени од Антонио Страдивариус вредат цело богатство. Неговите виоли, виолини и гитари можат да бидат заменети за куќи, автомобили и скапоцени камења. Цената на секоја виолина може да достигне илјадници евра. Причината е уникатниот квалитет на инструментите и звукот кој не наликува на никој друг. Покрај тоа, денес овие инструменти се неверојатно ретки. Причината за оваа реткост е што технологијата за правењето на виолините е тајна на семејството Страдивариус. Кога умрел Антонио, со него се изгубила и тајната. Денес постојат само 600 од неговите инструменти.rn

    2. Смртоносен зрак

    rnНеверојатни историски изуми што се изгубиле низ времетоrnrnВо 1930-та, Никола Тесла го создал смртоносниот зрак кој го нарекол Теле-сила. Според научниците оваа направа генерирала енергија којашто можела да уништи авиони, машини, па дури и цела воена единица во радиус од 320 километри. Но, откако Тесла ја презентирал неговата направа, луѓето се обиделе да ја украдат. Поради ова научникот ја уништил направата и сите планови за нејзина изградба. Многумина тврдат дека се одлучил да се ослободи од изумот бидејќи никој не би требало да поседува толку моќно оружје. Можеби неговата одлука била најдобра.rn

    3. Ладна нуклеарна фузија

    rnНеверојатни историски изуми што се изгубиле низ времетоrnrnДали се сеќавате на реакторот на оделото на Ајронмен? Оваа направа работи според принципот на ладна нуклеарна фузија. Со други зборови, произведува енергија колку цела нуклеарна електрана, но не се загрева и можете да ја ставите во вашиот џеб. Во 1989-та година, професорот и новинар Јуџин Малов тврдел дека ја набљудувал работата на ваква направа. Во една од неговите книги тој детално го опишал успешниот експеримент со ладна нуклеарна фузија. Во 2004-та година, Јуџин умрел. Многу научници и други скептици сметаат дека неговата книга била измама и дека воопшто не постоел таков експеримент. За жал, изгледа дека никогаш нема да ја дознаеме вистината.rn

    4. Старлит

    rnНеверојатни историски изуми што се изгубиле низ времетоrnrnСтарлитот е необичен вид пластика измислен во 1983-та година од страна на фризерот Морис Вард. На површината на секој предмет може да се нанесе слој од овој материјал и предметот би можел да издржи температура до 10.000 степени Целзиусови. Во 1993-та година на телевизија биле прикажани својствата на старлитот. Материјалот бил нанесен на јајце, а јајцето било загревано. Кога го скршиле, јајцето било живо. Во 2011-та година Морис умрел и не оставил никакви информации за состојките на материјалот. Научниците долго експериментирале со разни материјали обидувајќи се да ги имитираат својствата на старлитот, но сè уште немаат откриено од што бил направен.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Инстаграм додава нова опција за вашите приказни: Музика!

    Инстаграм додава нова опција за вашите приказни: Музика!

    Инстаграм почнува да пее нова песна и набрзо истото ќе го можете и вие. Социјалната мрежа воведува свежа опција што им дозволува на корисниците да додадат музика на нивните Инстаграм приказни. Одличната нова функција беше пуштена вчера, на 28 јуни, во одредени држави, но набрзо ќе се рашири низ целиот свет.rnrnrnrnПовеќе од 400 милиони луѓе ги користат приказните секојдневно. Благодарение на новиот бран корисници, оваа социјална мрежа воведува нов забавен начин да ги споделувате своите приказни со пријателите, како и да создавате креативна содржина. Без разлика дали објавувате фотографија или видео, вие ќе можете да го одредите тонот така што ќе додадете музика од растечката колекција со популарни песни. Инстаграм секојдневно ќе додава нови наслови, па набрзо ќе има стотици од кои ќе може да се бира.rnrnrnrnВо моментов, оваа опција е достапна само во Америка, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Франција, Германија и Шведска, но оваа листа постојано ќе се зголемува.rnrnДодавањето музика на вашите Инстаграм приказни е навистина лесно. Всушност, работи на истиот начин како и додавањето гифови или хаштагови. За да го направите тоа, едноставно треба да го отворите менито за стикери и да притиснете на иконата за музика. Потоа пребарајте ја вашата омилена песна и додајте ја на приказната. Тоа е тоа!rnrnrnrnВие можете дури и да додадете музика на видео пред да го снимите самото видео. Па, ако го местите телефонот за совршената снимка, тогаш можете да го одредите и тонот на видеото така што прво ќе ја одберете песната што сакате да оди во позадина (вклучувајќи и кој дел од песната сакате да се пушти). Звучи одлично, се согласувате? Тоа е како да можете да снимите и режирате сопствен мини филм.rnrnА сега време е и за лошите вести. Оваа опција во моментов ќе биде достапна само на iOS, па корисниците на Андроид ќе треба малку да почекаат. Но, сигурни сме дека тоа нема да биде за долго, па и тие набрзо ќе се вклучат во забавата.rnrnДали и вие едвај чекате оваа опција да стане достапна и во Македонија? Во меѓувреме, дознајте и кои се 10-те најплатени Инстаграм профили!

  • Студент го создал првото „воздушно перниче“ за телефон

    Студент го создал првото „воздушно перниче“ за телефон

    Оваа направа сè уште не се наоѓа на пазарот, но има одлични критики. Филип Френзел, студент на Универзитетот Аален во Германија ја дизајнирал ADCASE, генијална маска за телефон која отвора воздушно перниче веднаш штом ќе ви падне телефонот.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnИзумот веќе му ја донел првата награда од Германското здружение за мехатроника, кое одбирало помеѓу проекти на студенти од целата држава.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrn

    „Пред 3 години, на Филип му падна новиот ајфон. Екранот беше многу искршен. Потоа купуваше маски за да го заштити новиот телефон, но заштитата воопшто не му се допаѓаше“, изјавил портпарол на ADCASE.

    rnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа почетокот Филип создал механизам за активирање со сензори кои забележуваат кога направата е во слободен пад. Но што би активирал? На почетокот размислувал за вистинско воздушно перниче на телефонот и алтернатива на база на пена. Сепак, овие дизајни не се покажале како практични. На крај се одлучил за нешто помеко – федери.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа Филип му биле потребни 2 и пол години за да ја направи маската. Планот бил да биде компатибилна со најновиот ајфон, почнувајќи од ајфон 6.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnЗа деловите употребил 3Д печатач. Маската се закачува на задниот дел од телефонот и не ја менува неговата естетика.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа видеото во продолжение можете да видите како функционира направата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=mLoEcgAaRpIrnrnДодека овој изум да стигне кај нас, погледнете кои се тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот телефон.

  • 15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

    15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

    Повеќето од нас знаат како изгледа зависноста од смартфоните. Научниците докажале дека нашата продуктивност се намалува поради поминувањето премногу време со нашите електронски направи. Но, овие апликации ќе ви помогнат да се ослободите од оваа зависност и паметно да го искористите вашето време.rn

    1. CloudCal

    rn15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивниrnrnОваа апликација е бесплатен календар што ги комбинира календарите од Google и Outlock на едно место. Ви дава преглед за настаните и задачите од Фејсбук, Evernote, Trello, Meetup и Eventbrite. Апликацијата е достапна за Android.rn

    2. TeamViewer

    rn15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивниrnrnОваа апликација е најпопуларна за контрола на компјутерите и мобилните направи. Дали имате работа, а не можете да одите до канцеларијата? Дали имате некаков проблем со компјутерот? Оваа апликација веднаш ќе најде некој што ќе ви го реши проблемот. Достапна е за iOS, Android и Windows.rn

    3. Google Keep

    rn15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивниrnrnАпликацијата е дизајнирана за правење потсетници. Нема шанси да заборавите нешто со оваа апликација. Има неколку предности – можете да ѝ диктирате, да ги средувате потсетниците по боја, да додадете скениран текст, па дури и да ги споделите со пријателите и семејството. Достапна е за iOS, Android и Windows.rn

    4. Headspace

    rn15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивниrnrnОд кога планирате да медитирате барем 10 минути дневно? Оваа апликација ќе ви помогне во тоа. Сè што ви е потребно е вашиот смартфон и слушалки. Апликацијата ќе ве води низ медитацијата преку цртани, видео и аудио снимки. Достапна е за iOS и Android.rn

    5. Pocket

    rn15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивниrnrnАко постојано наоѓате интересни текстови и ги губите, оваа апликација е за вас. Со нејзина помош можете да ги зачувате омилените текстови за подоцна. Апликацијата е архива за материјали за читање. Можете да пребарувате со користење хаштаг. Достапна е за iOS, Android и Windows.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn