КАФЕ ПАУЗА

Category: Технологија

  • Уметник дизајнирал кула што го претвора загадувањето во дијаманти

    Уметник дизајнирал кула што го претвора загадувањето во дијаманти

    Човештвото има смислено многу изуми. Иако голем дел од изумите ни го подобриле животот, не значи дека од нив нема несакани ефекти. На пример, автомобилот ни го олеснува движењето, но денес претставува проблем за чистиот воздух. Загадувањето што го предизвикува е навистина ужасно.rnrnКула што го претвора загадувањето во дијамантиrnrnВоздухот во големите градови може да биде толку загаден што им го намалува животот на луѓето за 15-тина години. Поради ова, холандскиот уметник Даан Русегарде ја дизајнирал кулата што го претвора загадувањето во дијаманти.rnrnБез разлика дали го гледате или не, опасноста од загадувањето е премногу реална.rn

    „Воздухот што го дишеме во големите градови ширум светот е истo толку штетен како да пушиме по 17 цигари дневно. Ова не е светлата иднина што ја замислуваме. Ова е хорор“, изјавил Даан.

    rnКула што го претвора загадувањето во дијамантиrnrnТој и неговиот тим го изградиле најголемиот прочистувач на воздух во светот. Со овој проект, тој ги комбинирал технологијата, дизајнот и имагинацијата со цел да овозможи чист воздух во најзагадените градови во светот.rnrnПрвата кулата била изградена во Пекинг, Кина. Тамошните жители биле советувани да ги избегнуваат активностите на отворено бидејќи воздухот бил 30 пати позагаден од дозволеното. Кулата е лоцирана во јавен парк и е висока цели 7 метри.rnrnКула што го претвора загадувањето во дијамантиrnrnКулата собира 30.000 кубни метри загаден воздух на час. Потоа го прочистува од ПМ2,5 и ПМ10 честичките, па го враќа назад. Системот е толку ефективен што воздухот околу кулата е од 55% до 75% почист за разлика од остатокот во градот. Кулата користи 1.170 вати и е напојувана од соларна енергија.rnrnПокрај прочистувањето, кулата го претвора отпадот во накит.rn

    „Кулата го собира загадениот воздух и испушта чист. Внатре ги собира филтрираните честички смог. Тоа е најодвратното нешто што можете да го помирисате.“

    rnКога Даан сфатил дека филтрираниот смог е речиси 40% јаглерод, супстанцата од којашто се направени дијамантите, решил да го искористи тоа. Секој дијамант содржи компресиран смог од 1.000 метри кубни чист воздух. Честичките се компресираат 30 минути, сè додека не се претворат во темни дијаманти. Даан успеал да создаде нешто прекрасно од отпад. Парите заработени до дијамантите се користат за проширување на неговиот проект.rnrnКула што го претвора загадувањето во дијамантиrn

    „Не знаев ништо. Всушност, бев пушач! Но не мора да знаете за вашата тема пред да започнете. Ако сте љубопитни, тоа ќе ви стане опсесија и ќе учите по пат. Всушност, опсесијата ќе ве мотивира да научите побрзо.“

    rnЛуѓето од целиот свет го купуваат накитот направен од смог бидејќи изгледа навистина убаво. На овој начин тие се и дел од нешто поголемо и придонесуваат во заштитувањето на околината.rnrnПогледнете и што се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух.

  • Изумите на НАСА што ни го променија животот

    Изумите на НАСА што ни го променија животот

    Најинтересните изуми на НАСА навистина го променија целиот свет. Сето ова започнало со Вселенскиот акт од 1958-ма година. Според него, секое истражување на агенцијата треба да ѝ биде од корист на јавноста. Оттогаш, благодарение на овие изуми се појавиле цели индустрии, а предметите што ги користите секојдневно се резултат на тоа.rnrnИзумите на НАСА што ни го променија живототrn

    1. Телекомуникација на далечина

    rnДенес во орбитата на Земјата има околу 200 сателити на НАСА. Тие се користат во комуникација, шпионажа, развој и ни овозможуваат да останеме во контакт со луѓе кои се наоѓаат и на другиот крај од планетата.rn

    2. Соларна енергија

    rnСо цел да направат беспилотно летало кое ќе може да лета на големи височини, НАСА направила унија од 28 членови кои работеле на проблемот. Тие ја искористиле соларната енергија за да не додаваат дополнителна тежина на леталото. Благодарение на овој изум, денес милиони домови се опремени со сончеви колектори кои не само што ги намалуваат трошоците, туку го намалуваат и загадувањето.rn

    3. Вештачки екстремитети

    rnВештачките екстремитети се резултат на вештачките мускулни системи на НАСА. Овие системи се користат кај вселенските роботи и активностите надвор од леталата.rn

    4. Вентрикуларна помошна направа

    rnВо соработка со докторите Мајкл Дебејки и Џорџ Нун, како и компанијата MicroMed Technology, НАСА развила пумпа за срце за пациентите кои чекаат ред за трансплантација. Бидејќи е навистина тешко да се најде донатор за срце, оваа направа ги одржува пациентите во живот.rn

    5. Невидливи протези

    rnНАСА соработувала со компанијата Ceradyne и создала транспарентна поликристална алумина која денес се користи и за изработка на „невидливи“ протези.rnrnИзумите на НАСА што ни го променија живототrn

    6. Леќи отпорни на гребење

    rnНа НАСА ѝ била потребна заштита за нивната вселенска опрема, па смислиле посебен вид пластичен слој. Благодарение на ова, денес можете да имате очила кои се отпорни на гребење. Покрај тоа, пластиката е поевтина и подобро ја апсорбира ултравиолетовата радијација.rn

    7. Мемори пена

    rnИ ова е изум на НАСА кој го користат во седиштата на нивните летала со цел да се намали ударот при слетување.rn

    8. Инфрацрвени термометри за уво

    rnНАСА користи инфрацрвена технологија за мерење на температурата на ѕвездите. Оваа технологија се применува во ушните топломери кои ја мерат нашата температура со инфрацрвени сензори.rn

    9. Влошки за чевли

    rnКога човекот слета на месечината, од НАСА измислиле материјал за чизмите на астронаутите со цел да им го олеснат одењето, но и да им овозможат вентилација. Благодарение на ова, денес имаме чевли кои го намалуваат ударот додека одиме или трчаме.rn

    10. Детектор за чад

    rnНАСА го смислила и првиот прилагодлив детектор за чад, со цел да им помогне на астронаутите да откријат доколку има пожар или опасни гасови во Вселенската станица.rnrnИзумите на НАСА што ни го променија живототrn

    11. Безжични алати

    rnНа астронаутите што слетаа на месечината им била потребна опрема за собирање камења и примероци почва. Поради ова тие ги направиле првите безжични електрични дупчалки.rn

    12. Филтри за вода

    rnНа астронаутите им е потребна чиста вода додека се во вселената. Поради ова НАСА направила филтер со активен јаглен, кој содржи јони што ги неутрализираат патогените во водата.rn

    13. Збогатена бебешка храна

    rnНАСА открила микроалга што ја користат за рециклирање на подолгите вселенски патувања. Денес алгата е хранлива состојка во многу видови бебешка храна.rn

    14. Суво замрзнување

    rnНАСА посветила многу време истражувајќи за храната во вселената додека се подготвувале мисиите Аполо. Заедно со компанијата Нестле го смислиле сувото замрзнување – процес на дехидратација на храната за полесен транспорт.rn

    15. Лубрикант во прав

    rnОвој лубрикант го намалува триењето и емисијата, па се користи кај фрижидерите, хибридните електрични турбо генератори и во многу други индустрии.rnrnИзумите на НАСА што ни го променија живототrn

    16. Софтвер за структурна анализа

    rnСофтверските инженери од НАСА дизајнираат илјадници компјутерски програми. Една од најкористените е програмата за структурна анализа која се користи за дизајнирање автомобили, луди железници и многу други работи.rn

    17. Решение за загадувањето

    rnМикрокапсулите развиени од страна на НАСА се мали топчиња пчелин восок со празен центар. Тие ги отстрануваат загадувачите од нафта во водата.rn

    18. Подобрени радијални гуми

    rnНАСА, во соработка со Goodyear и Rubber, развила материјал кој е 5 пати поиздржлив од челикот. Материјалот бил употребен за падобранот за слетување на леталото Viking. Благодарение на овој материјал, гумите на возилата се многу подобри.rn

    19. ЛЕД светилки

    rnЛЕД светилките биле развиени од НАСА за вселенските летала. Тие се многу поефикасни и веќе се присутни во нашите домови.rn

    20. Хемиско детектирање

    rnНАСА е одговорна и за сензорите кои детектираат корозивни услови со цел да се спречи оштетување. Кога сензорот ќе дојде во контакт со хемиска реакција во леталото, ја менува бојата.rnrnИзумите на НАСА што ни го променија живототrn

    21. Пливачко одело LZR

    rnДизајнот на овој костим ги издржал тестовите на тунелите со ветар и ги поминал софтверските анализи за текот на флуидите.rn

    22. Опрема за пожарникари

    rnСистемот за дишење смислен од НАСА денес се користи како заштита од вдишување чад. Покрај тоа, радиото што го користат пожарникарите е исто изум на НАСА.rn

    23. Систем за подобрување и анализирање на видео материјали

    rnТехнологијата VISAR е подарок од НАСА за ФБИ и им помага да проучуваат видео снимки. Оваа алатка нуди анализирање на секоја рамка од видеото и го подобрува квалитетот на сниманиот предмет без да ја искриви снимката.rnrnПогледнете и кои се изумите за кои пронаоѓачите не добиле никаква заслуга.

  • Од НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марс

    Од НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марс

    Ако барате самотија и убавина, нема подобро место од површината на Марс. Марс на сите ни е позната како црвената планета, но камерата HiRise на леталото на НАСА (MRO) во орбитата на Марс, може да ги трансформира суптилните разлики на почвата во виножито од бои.rnrnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од МарсrnrnВеќе 10 години оваа камера прави неверојатни фотографии од Марс. Фотографиите се толку детални, што научниците можат да ги проучуваат карактеристиките на планетата на оддалеченост од само неколку метри. На кратко избегајте од Земјата и погледнете некои од најдобрите фотографии од црвената планета.rn

    Огромна бездна

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Темни дини во кратерот Расел

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Ова е најверојатната локација за следната мисија со ровер на НАСА, во 2020-та година

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Црните дамки се местото каде што се сруши приземјувачот Schiaparelli на Европската вселенска агенција. Белите делчиња посочени со стрелки се парчиња од приземјувачот

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Поле со дини испрскано со остатоци од минерали

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Лажното боење на фотографијата создава огромни сини дини

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Веројатна локација за слетување на мисијата ExoMars на Европската вселенска агенција во 2020-та година

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Дина на Северниот пол наречена Kolhar, збор измислен од Френк Херберт

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Јаглероден диоксид што се претвора од тврд во течен ги создава овие форми на Јужниот пол на Марс

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Скорешен удар од кратер

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    „Пајаците“ се ерупции од прашина предизвикани од начинот на којшто се топли и лади површината на Марс

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Кратерот Cerebrus Palus

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    НАСА го набљудува лизгањето на земјиштето на Марс

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Уште едно место за набљудување на лизгање на земјиштето

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Теренот со глечери изгледа магично

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Стрмна надолница во Noctis Labyrinthus

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Дини во кратер на Марс

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од Марсrn

    Дини низ пукнатата почва во Nili Patera

    rnОд НАСА објавија 2.450 нови и неверојатни фотографии од МарсrnrnЗнаете ли кои се пречките што треба да се надминат на патот до Марс?

  • Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии и илустрации

    Подготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографии и илустрации

    Леталото InSight, скратено од „Interior Exploration using Seismic Investigations, Geodesy and Heat Transport“, слета на црвената планета на 26-ти ноември оваа година. Целта на овој приземјувач е детално да го провери Марс. Погледнете како изгледале подготовките за овој неверојатен подвиг.rn

    1. Склопување

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnЕкспертите го склопиле леталото во јануари, 2015-та година во просторите на „Локхид Мартин вселенски системи“ во Денвер.rn

    2. Трикови

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnЛеталото било тргнато од основата на контејнер за склад на 20-ти јуни, 2017-та година. Раката на леталото со должина од 1,8 метри служи за подигнување на сеизмометар и пробивање на површината на Марс. На него има и камера која ќе дава 3Д поглед кон местото на слетување и другите активности.rn

    3. Собирање сончеви зраци

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnПанелите на приземјувачот биле отворени и на Земјата со цел да се тестираат. За време на тестирањето кое се одвивало на 23-ти јануари, 2018-та година во Локхид Мартин, инженерите го набљудувале отворањето и работењето на соларните ќелии.rn

    4. Патување со камион

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnОткако било изградено и тестирано, леталото било ставено во камион на 28-ми февруари, 2018-та година. Неговата прва станица била Воздушната база Бакли.rn

    5. Патување во воздух

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnОткако камионот пристигнал на базата, леталото било префрлено во авион C-17 и се упатило кон Калифорнија.rn

    6. MarCO

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnИнженерот Џоел Сеинкраус ги тестира соларните панели на едно од леталата Mars Cube One односно MarCО, наречено CubeSat или мини сателит, во лабораторија на НАСА.rn

    7. Последни подготовки

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnПоследните подготовки пред полетувањето се одвивале на Воздушната база Ванденберг во Централна Калифорнија.rn

    8. Товарање

    rnПодготовките и слетувањето на InSight на Марс низ фотографииrnrnЛеталото било поставено на врвот на ракетата Атлас V на 5-ти мај 2018-та година.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Физичарите одредиле нова дефиниција за килограмот

    Физичарите одредиле нова дефиниција за килограмот

    Речиси 150 години официјалната тежина на килограмот е одредена со цилиндер од платина заклучен во сеф во Франција.rnrnФизичарите одредиле нова дефиниција за килограмотrnrnКилограмот, како метарот и секундата, е една од основните мерни единици, познати и како Меѓународен систем на мерни единици. Овие единици биле формализирани во 1975-та година. Тогаш се заклучило дека најдобриот начин да го одредат килограмот е да направат парче метал и да го наречат „Le Grand K“. И повеќе од цел век, сите научни скали се калибрираат според таа физичка референтна точка.rnrnНо дури и тврдите предмети се менуваат со текот на времето. Кога ова парче метал било измерено во 1980-тите, било неколку микрограми полесно, што значи дека сите високо прецизни научни ваги мора одново да се калибрираат.rnrnЗа среќа научниците веќе работеле на случајот и барале универзална константа што ќе му даде постојана вредност на килограмот и ќе биде вистинита и сега, и милиони години подоцна.rnrnПронајден е ваков број за средување на секундата кој бил дефиниран во 1967-ма година. Секундата била дефинирана од 1/86.400 дел од секунда, во нешто позбунувачко, но константно. Истото било направено и со метарот. Наместо да биде дефиниран како должината на парче метал направено во 1889-та година, метарот добил нова дефиниција во 1983-та година како растојанието што го минува светлината во 1/299.792.458 дел од секунда во вакуум.rnrnДури во 2017-та година научниците ширум светот конечно се согласиле за универзална константа за килограмот. Овој подвиг барал решавање на еден од најтешките проблеми во физиката од изминатиот век – одредување на нумеричката вредност на Планковата константа.rnrnФизичарот Макс Планк, во 1900-та година докажал дека материјата испушта енергија во мали парчиња наречени кванти. Неговата равенка за мерење на овие парчиња енергија содржи и константа h позната како Планкова константа. Благодарение на Ајнштајн, знаеме дека енергијата и масата се математички поврзани, па физичарите сфатиле дека Планковата константа може да ја даде најточната мерка за маса.rnrnПресметувањето на точната вредност на Планковата константа траело со децении и барало сериозна технолошка иновација, но денес е познато дека нејзината вредност е 6,626070150 x 10-34 kg x m2/s.rnrnВо средината на ноември, на годишниот состанок на Интернационалното биро за тежина и мерки во Версај, Франција, претставници од над 60 држави гласале за одобрување на новата дефиниција на килограмот. Повеќе нема потреба од металното парче, сега килограмот е врзан со Планковата константа. Биле најавени нови дефиниции и за амперот (електрична струја), келвинот (температура) и молот (бројот на молекули или атоми во елемент). Овие дефиниции ќе стапат на сила на 20-ти мај, 2019-та година.rnrnОригиналниот прототип на килограм од платина ќе остане во францускиот сеф, додека бројни генерации научници ќе ги прават нивните откритија користејќи го килограмот 2.0.

  • 3 корисни апликации што ќе ви ги бројат калориите наместо вас

    3 корисни апликации што ќе ви ги бројат калориите наместо вас

    Популарни и многу корисни, апликациите што ги мерат калориите можат да бидат вашиот најдобар сојузник во борбата против килограмите. Иако сите отприлика знаеме што е потребно за да го одржуваме здравиот дух, никогаш не ни била потребна поголема помош. Токму затоа и овие бесплатни апликации можат да ви го олеснат животот и да ви помогнат да ја одржувате идеалната тежина.rnrnrn

    1. MyFitnessPal

    rnДоколку сакате да дознаете колку калории има вашата порција за ручек, ова е идеалната апликација за вас. Таа ја оценува храната, ви препорачува кога и што да јадете и истовремено е многу поучна и забавна. И за време на работните денови, и за викендите, вие ќе имате увид во количината на изедената храна. Можете дури и да планирате мени за наредниот период.rn

    2. Lose it!

    rnОваа апликација има скенер за бар-кодови, како и голема архива со рецепти, храна и активности. Корисниците можат да додадат одредени видови состојки во базата со податоци и да ги пратат дневните внесувања на протеини, јаглехидрати и масти.rn

    3. My Diet Coach

    rnСтанува збор за една од најдобрите апликации за слабеење што ви нуди многу повеќе од едноставно собирање калории. Таа исто така содржи и мотивациски потсетници и фотографии што во голема мера можат да ви помогнат конечно да се ослободите од вишокот килограми.rnrnНамалете го стресот и подобрете си го секојдневието. Погледнете ги и најдобрите бесплатни апликации за медитација.

  • Овие луѓе освоиле награда од 1,5 милиони долари за генератор што извлекува вода од воздух

    Овие луѓе освоиле награда од 1,5 милиони долари за генератор што извлекува вода од воздух

    Пред неколку денови, архитектот Дејвид Хертц и неговиот колега Рич Гроден, освоиле 1,5 милиони долари на натпреварот познат како „Water Abundance XPrize“, чија цел е да го реши проблемот со глобалниот недостаток на свежа вода за пиење. Со 2,1 милијарди луѓе што немаат пристап до свежа вода, овој натпревар бара идеи од најдобрите научници и дизајнери како да се најде начин да се извлекува свежа вода од самиот воздух.rnrnrnrnГенераторот „WeDew“, кој бил создаден од Дејвид Хертц, неговата сопруга Лаура Дос-Хертц и Рич Гроден, го оладува топлиот воздух и потоа ја собира кондензацијата во посебен сад, на некој начин создавајќи мала „дождовна бура“ во самата машина.rnrnrnrnОваа неверојатна машина има способност да создаде стотици галони води, користејќи го самиот воздух, и на тој начин да им помогне на милијарди луѓе ширум светот. И со оглед на тоа што се користат контејнери за испорака, не само што е многу иновативна, туку исто така е и евтина за изработка. Таа веќе е достапна во Лос Анџелес, каде што локалните жители можат да ја користат бесплатно. Системот може да создаде до 528 галони вода дневно, по цена од само 2 центи.rnrnrnrnИ додека тимот ја слави својата победа, патот до нивниот успех воопшто не бил лесен. Дејвид и Лаура морале дури и да го стават својот дом под хипотека само за да останат во натпреварот. Но, нивната упорност без сомнение се исплатела, затоа што генераторот што го создале ќе донесе многу добро во светот.rnrnrnrnПарот планира да ги искористи парите од наградата за да развие голем број генератори и да ги разнесе ширум целиот свет со цел да овозможи вода за пиење за оние што имаат најмногу потреба. Погледнете го и ова видео да дознаете нешто повеќе за оваа машина.rnrn

  • Илјадници Швеѓани имаат микрочипови за идентификација

    Илјадници Швеѓани имаат микрочипови за идентификација

    Пред само две децении помислата за вградување микрочипови за идентификација кај обичното население се гледала како футуристичка идеја. Но денес ова станува реалност. Над 4.000 Швеѓани добиле микрочип инпланти кои содржат важни детали за нивниот идентитет.rnrnИлјадници Швеѓани имаат микрочипови за идентификацијаrnrnИспитаниците повеќе од една година го користеле микрочипот за да извадат пари, да купат билети за филмови и концерти, па дури и да си влезат во домот или канцеларијата.rnrnКомпанијата што стои зад сето ова е „BioHax International“. Била основана пред 5 години од страна на Џоан Остерлунд, кој претходно професионално ставал пирсови.rnrnНајраспространета примена на технологијата било купување билети за воз. Според железничката, само во јуни 2017-та година, околу 100 луѓе платиле со нивните микрочипови. Со текот на времето, тој број веројатно е пораснат.rnrnПрименувањето на технологијата е навистина едноставно. Корисникот треба да ја држи раката мирно додека кондуктерот го скенира чипот со смартфон. На овој начин ќе може да потврди дека патникот платил за патувањето.rnrnСе разбира, процесот засега не е толку усовршен и постојат неколку ризици. Некои луѓе сметаат дека идентификацијата со микрочип може да го зголеми ризикот од „хакери на тело“ кои ќе имаат пристап до лични информации. Во минатото се појавиле и проблеми со социјалната мрежа Линкдин. Кога кондуктерот го скенирал микрочипот, не му се покажувале податоци за билетот, туку му се отворал Линкдин профилот на патникот. Токму овие проблеми се причина што технологијата засега е достапна само во Шведска.rnrnУпотребата на микрочиповите се зголемува. Во Шведска веќе неколку компании ги нудат инплантите бесплатно. Целта е да им се помогне на луѓето полесно да влегуваат во зграда или куќа и полесно да плаќаат во кафетерија или каде било.rnrnОвој тренд е донекаде и контроверзен. Со самото тоа што сте вградиле чип, вие постојано ќе бидете „онлајн“. Како резултат на ова, луѓето ја заменуваат нивната слобода за безбедност.rnrnПогледнете ги и овие футуристички направи што можете да ги купите уште денес.

  • Првиот летачки автомобил ќе биде пуштен во продажба овој месец

    Првиот летачки автомобил ќе биде пуштен во продажба овој месец

    Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од летањето. Дури и во древните времиња, тие си го замислувале летањето како чудно, често опасно спасение.rnrnПрвиот летачки автомобил ќе биде пуштен во продажба овој месецrnrnГрците го имаат митот за Икар, Индијците го имаат митот за пушпака вимана (летачки палати), а Кинезите имаат митови за нивните кралеви-змејови кои можеле да летаат.rnrnСè до изумот на модерниот авион и хеликоптер, штетата веќе била направена. Научната фантастика ги натера луѓето да се вљубат во летањето, а сега изгледа дека секојдневниот воздушен транспорт не е толку далеку.rnrnИако летачките автомобили сè уште ги гледаме како фантазија, голема е веројатноста следниот месец на пазарот да се појави првиот летачки автомобил. И како сè останато, можете да го порачате порано.rnrnБрендот Terrafugia што му припаѓа на Volvo ќе ѝ ги претстави на јавноста првите летачки автомобили. Моделот е наречен Транзиција (Transition) и ќе може да лета до 640 километри со брзина од 90 метри во секунда.rnrnhttps://youtu.be/JgeMJ1hX9KIrnrnСе разбира, можете да очекувате и висока цена како и за секоја технолошка новост. Автомобилот ќе го понуди потребниот луксуз, а ќе има и падобран за во случај на несреќа.rnrnИако станува збор за автомобил, ќе ви треба дозвола за пилот за да го полетате. На почетокот ќе биде достапен за малкумина, а причината е тоа што корисниците ќе бидат само пилоти што можат да си дозволат нешто вакво.rnrnАвтомобилот може да лета на височина од 3 километри и да издржи товар до 590 килограми. Сега останува да чекаме и да видиме што ќе се случи со овие автомобили во иднина. Дали ќе ги користиме или ќе останат дел од нашите фантазии?rnrnДали имате слушнато за момчето што направило автомобил-дрон?

  • Дрва што генерираат електрична енергија

    Дрва што генерираат електрична енергија

    Сите си ги замислуваме ветерниците како огромни високи направи инсталирани негде далеку. Но, основачот на NewWind, Жером Мишо Ларивиер сакал да го промени тоа мислење. Додека седел на еден плоштад, тој забележал дека листовите на дрвјата се мрдаат иако тој не чувствувал никаков ветер. Ова го инспирирало да создаде биомиметичка ветерница во форма на дрво којашто ќе ја собира енергијата која инаку би се изгубила во воздухот.rnrnДрва што генерираат електрична енергијаrnrnЖером бил толку убеден во неговата идеја што го напуштил работното место во филмската индустрија и ги поминал следните три и пол години работејќи со тим инженери за да го создаде неговото дело Arbre a Vent. Дизајнирани да изгледаат убаво и да работат ефикасно но тивко, листовите на дрвото кои се наречени аеролистови се всушност мали турбини со микропроцесор чија цел е да соберат што е можно повеќе енергија. Иако изгледа како да се хаотично наредени, листовите се распоредени на тој начин што собираат енергија од сите насоки.rnrnДрва што генерираат електрична енергијаrnrnСекое дрво е високо од 8 до 10 метри и има 63 аеролистови. Дури и кога ветрот е навистина бавен, и без разлика од каде и да дува, листовите можат да соберат доволно енергија и да ја претворат во електрична. Некои ветрови се навистина бавни и обичните ветерници воопшто не ги регистрираат.rnrnДрва што генерираат електрична енергијаrnrnЖером се надева дека еден ден неговиот изум ќе биде поставен во дворовите на многу куќи и урбани градини. Секое дрво има капацитет од 4,1 kW и може да осветли пат со должина до 450 метри. Исто така може да произведе и до 80% од електричната енергија што ја користи едно семејство, ако не го вбројувате греењето. Во дрвото има и центрифугална кочница што го штити дрвото на силни ветрови. Дрвата можат да се користат над 12 години.rnrnrnrnБез сомнение е важно одржливото собирање енергија во градовите каде што живеат голем број луѓе. Но, моментално едно дрво чини околу 30.000 евра, па од компанијата се обидуваат да направат поевтини продукти користејќи ги помалите растенија за инспирација.