КАФЕ ПАУЗА

Category: Технологија

  • Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебе

    Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебе

    Можеби еден од највозбудливите моменти од бременоста е кога за прв пат ќе го чуете срцебиењето на вашето бебе. Тоа е магично, необјасниво и… нешто што сега и самите можете да го доживеете со помош на вашиот смартфон. Бесплатно.rnrn(1) Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебеrnrnBellabeat Shell е нова апликација која го следи и зачувува срцебиењето на вашето неродено бебе. Едноставно симнете ја, допрете го микрофонот на смартфонот до вашиот стомак и почнете со снимање. Откако ќе го зачувате документот на вашиот телефон, не само што можете да го преслушате, туку исто така имате можност и да го споделите со вашите пријатели и семејството. Технологијата е неверојатна, се согласувате?rnrn(2) Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебеrnrnПостои само една мала забелешка. Колку повеќе месеци се поминати, толку подобро таа работи, па затоа најдобро е да почекате до 7-от месец со цел да го доживеете искуството во целост. Па мајки, што мислите, би ја пробале оваа апликација која ќе биде достапна некаде околу средината на декември?

  • 9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзо

    9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзо

    Без разлика каков паметен телефон имате, сигурно и вам ви е познат проблемот со брзото трошење на батеријата. Бидејќи телефоните се скапи, многу е важно правилно да ги одржувате, со цел да го одложите процесот на купување нов. Погледнете кои се најчестите причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши толку брзо и во иднина обидувајте се истите да ги избегнувате.rn

    1. Светлината на екранот ви е поголема

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnАко батеријата на вашиот телефон се празни премногу брзо, тогаш можеби треба да ја намалите светлината на вашиот екран. Или изберете помала светлина или пак поставете ја опцијата за автоматско прилагодување на екранот според светлината во вашата околина. Така ќе бидете во можност непречено да ракувате со вашиот телефон, а истовремено ќе ја заштедите и батеријата. Исто така настојувајте секогаш да го исклучувате екранот кога ќе завршите со негово користење, односно, не оставајте го да свети доколку не ракувате со него.rn

    2. Вашиот телефон постојано бара Интернет мрежи

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnПристапот до отворени Интернет мрежи може да ви ја намали месечната сметка за телефон, но, постојаното барање кога сте надвор од вашиот дом или од местата каде што ја имате сочувано лозинката од мрежата, може значително да ја потроши вашата батерија. Доколку не ви е потребен Интернет во одреден момент, исклучете ја таа опција.rn

    3. Постојано имате известувања

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnИзвестувањата од многу апликации кои ги имате во вашиот телефон се уште еден виновник за трошењето на вашата батерија. Ако вашиот телефон постојано светка, вибрира или ве известува со некој звук, веќе ви е јасно зошто не успевате да ја задржите батеријата дури ниту еден ден. Изберете да добивате известувања само од оние апликации кои ви се важни, а останатите исклучете ги.rn

    4. Имате апликации кои работат во позадина

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnВо опциите на вашиот телефон можете да проверите кои од апликациите најмногу користат од енергијата на вашата батерија. Овде ќе ги забележите оние кои најчесто ги користите, но исто така можете да бидете изненадени од некоја друга, која работи во позадина. Проверете и исклучете го сѐ она што не ви е потребно и ќе видите колку подолго ќе трае вашата батерија.rn

    5. Премногу ги користите апликациите

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnДоколку пред крајот на денот вашата батерија секогаш е празна, тогаш време е да погледнете во вашите дневни навики. Сосема во ред е да ги користите апликациите кои ви ги нуди вашиот паметен телефон, особено затоа што тие може да бидат многу корисни во секојдневието, но, не користете ги истите без потреба. Доколку постојано ги проверувате социјалните мрежи, снимате видеа или пак играте игри, тогаш многу веројатно е дека вашата батерија ќе се испразни.rn

    6. Користите апликации кои повеќе трошат батерија

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnАко сте зависник од апликации кои користат голем број податоци, тогаш вашата батерија побргу ќе се потроши, за разлика од оние кои користат помалку. На пример, доколку се обидувате да ја сочувате батеријата, тогаш одлучете се да ги прочитате најновите вести, наместо да ги слушате, или пак интересното видео поставено на Фејсбук оставете го да го гледате кога ќе стигнете дома.rn

    7. Апликациите и податоците автоматски се синхронизираат

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnАвтоматската резервна копија на вашите фотографии или синхронизирањето на апликациите звучи како добра идеја, но ако батеријата на вашиот телефон постојано се испразнува во средина на денот, тогаш можеби подобра идеја е да го направите тоа рачно или пак кога ќе го поврзете телефонот со вашиот компјутер.rn

    8. Вашиот софтвер не е ажуриран

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnПостојат повеќе причини поради кои треба да го ажурирате вашиот оперативен систем и апликациите. Имено, ваквите ажурирања ќе ги поправат евентуалните грешки кои постојат. Најдобро е да ја користите последната достапна верзија на оперативниот систем, така што ќе имате корист од најновите подобрувања.rn

    9. Вашиот телефон има проблем со хардверот

    rn9 причини зошто батеријата на вашиот телефон се троши премногу брзоrnrnДоколку ги променивте своите навики и сѐ уште имате проблеми со батеријата, тогаш можно е да имате проблеми со хардверот. Во зависност од тоа каков телефон имате, од каде сте го купиле и колку е стар, можете да побарате стручно мислење и да дознаете дали нешто не е во ред со него.

  • Научниците создале екстензија за смартфон која со 99-процентна сигурност може да открие рак

    Научниците создале екстензија за смартфон која со 99-процентна сигурност може да открие рак

    Научниците од државниот универзитет во Вашингтон создале екстензија за смартфон која може да открие рак. Во нивната работа тие имале можност да откријат присутност на рак и тоа со точност од 99%. Секако, овие резултати можат малку да варираат во реалноста, бидејќи досега се испитувани само во лабораториски контролирани услови.rnrnНаучниците откриле опрема која со 99% сигурност може да открие ракrnrnОпремата се состои од плочка за анализирање за ЕЛИСА тест со 96 отвори, мала призма и 3Д потпора за паметниот телефон со камера. За да се даде дијагноза, се зема примерок од пациентот, се става во чинијата за анализа и се свртува на осветлено место. Светлото ќе блесне врз примероците во чинијата, преку призмата, па во камерата на паметниот телефон, каде ќе се користи апликација за анализирање на светлото од секој примерок во чинијата ЕЛИСА по нејзината боја. Резултатите зависат до бојата во која ќе се претвори светлото.rnrnНаучниците создале екстензија за смартфон која со 99-процентна сигурност може да открие ракrnrnЦелата работа се темели на идејата дека IL-6 е „тесно поврзан“ со различни видови рак на белите дробови, црниот дроб, градите и кожата. Имено, IL-6 е протеин кој човечкото тело го произведува како одговор на алармирањето на имунолошкиот систем: тој предизвикува клетките да создаваат повеќе антитела кои (кога работат правилно) се борат против напаѓачите и ги означуваат дека треба да ги уништат и да ги отстранат. Секој треба да има малку IL-6 кои ќе циркулираат во крвта. Кај пациентите во напредна фаза на рак или оние кои имаат метастази, сепак тие имаат тенденција да бидат повеќе присутни. Исто така IL-6 е поврзан и со депресијата и нарушувањето на расположението, така што не може едноставно да се погледне во крвната слика на пациентот и доколку се забележи поголема присутност на IL-6 да се каже дека со сигурност има рак. Но, ова може да биде поттик за тој да продолжи со понатамошни и подетални испитувања на крвта.rnrnОвој вид анализа не е ограничен само на дијагностицирање рак. Поради тоа што тој има способност да покаже со сигурност дали нешто е присутно или отсутно во еден примерок, тестот ЕЛИСА може да биде користен и за нешто повеќе, како на пример, откривање одредени алергии и ХИВ. За да се тестира протеин, потребно е антитела или нешто друго што е сложено со тој протеин. Треба да се стави антителата во отворите ЕЛИСА, да се додаде примерокот од пациентот и да се читаат брановите должини на светлината. Тоа ќе трае кратко и со користење на вистинската опрема и додатоци, може да се извлече некоја дијагноза.rnrnПа, сѐ зависи од тоа како човекот ќе ја користи науката и опремата за откривање работи во негова корист, а овој начин се покажал како доволен за да се добијат соодветни резултати.

  • Фустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?

    Фустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?

    Размислувањето за тоа која боја фустан да ја одберете, веќе може да биде минато со помош на овој фустан со висока технологија. Дизајниран од Шоупо, се чини дека моделот може да ја промени бојата со притискање на само едно копче. Промената од една во друга боја одзема само неколку секунди!rn

    „Јас имам да покажам нешто навистина возбудливо на коешто работев подолго време“, вели госпоѓицата Лу.

    rnФустан кој ја менува бојата со допирање само едно копче: Модна игра или вистина?rnrnОваа 28-годишна девојка продолжува да снима одејќи во модното студио каде што, на изненадување на сите, таа фустанот од една, го променува во друга боја. Имено, Шоупо го создава овој фустан со висока технологија како промена во областа на модата. Дали ова е премногу добро за да биде вистина? Видеото се покажало толку прекрасно, при што многумина се прашувале дали е легитимно.rn

    „Жал ми е, но ова изгледа премногу лажно“, пишува гледач во коментар на Јутјуб.

    rn(2) fustan-koj-ja-menuva-bojata-so-dopiranje-samo-edno-kopche-modna-igra-ili-vistina-www.kafepauza.mkrnrnДруг пак додава:rn

    „Невозможно. Едноставно невозможно.“

    rnНо, Шоупо неодамна изјавила дека овој фустан е создаден во комбинација на технологијата и иновацијата.rn

    „Џејн (Лу) секогаш сакала да биде иновативна и напредна кога станува збор за технологијата. Таа не се натпреварува на пазарот, туку доминира.“

    rn(3) fustan-koj-ja-menuva-bojata-so-dopiranje-samo-edno-kopche-modna-igra-ili-vistina-www.kafepauza.mkrnrnГоспоѓицата Лу го започнала нејзиниот професионален живот во областа на корпоративните финансии. По одредено време размислувајќи за нејзината иднина, таа одлучила да ја пренасочи својата енергија во модата. Сега, нејзината онлајн продавница ShowPo.com наводно има обрт околу 10 милиони долари годишно. Таа дистрибуира облека за 45 земји, има 420.000 следбеници на Инстаграм и 464.000 пријатели на Фејсбук.rnrnПогледнете го видеото за да видите како изгледа промената на бојата на овој фустан.rnrnrnrnШто мислите вие за ова?

  • 5 одлични уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозно

    5 одлични уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозно

    Подготовката за испити никогаш не била забавна активност. Имено, секогаш постојат некои поинтересни активности кои може да ви го одвлечат вниманието во времето кога треба да учите. Но, покрај сѐ, тоа е нешто што порано или подоцна мора да го направите со цел да го завршите вашето образование. За да ви биде оваа активност полесна, постојат некои уреди кои ќе ви помогнат во тоа. Погледнете за што станува збор.rn

    1. Тенка плочка

    rn5 уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозноrnrnКога сте под стрес и сте фокусирани на материјалот кој треба да го научите, лесно е да изгубите некои лични работи како што е вашиот ранец, паричникот и други важни нешта. Со оваа тенка плочка, која чини 30 долари и која лесно можете да ја вметнете во вашиот паричник или ранец, лесно ќе можете да ги пронајдете своите изгубени работи.rn

    2. Ранец со вградена батерија

    rn5 уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозноrnrnДоколку не учите во вашата соба и посетувате читална или библиотека, енергетскиот ранец Tylt е решението за вас. Тој чини 135 долари и е со вградена батерија која ви овозможува полнење на вашиот лаптоп компјутер, таблет и многу други електронски уреди. Ова е одличен производ кој ќе ви даде сигурност дека вашите уреди никогаш нема да останат без батерија.rn

    3. Проектор за тастатура

    rn5 уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозноrnrnДали кога станува збор за пишување одредени забелешки вие претпочитате да го користите вашиот таблет? Тогаш решението е овој проектор за тастатура кој чини 100 долари и е уред кој ќе ви овозможи полесно и поефикасно користење на вашиот таблет или телефон.rn

    4. Мазни слушалки

    rn5 уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозноrnrnЧиталните, библиотеките и другите места може да бидат навистина бучни, па затоа, овие слушалки кои чинат 200 долари се решението за вас. Тие лесно се вклопуваат на вашите уши, имаат удобни перничиња и изгледаат прекрасно.rn

    5. Преносна батерија

    rn5 уреди со чија помош учењето ќе ви биде полесно и помалку нервозноrnrnБез разлика каков телефон поседувате, вреди да вложите пари во преносна батерија. Mophie Powerstation 3X чини 80 долари и е многу тенка што речиси не зафаќа простор во вашата торба, а може да полни и два уреда истовремено.

  • Колку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!

    Колку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!

    Сите ќе се согласите дека четкањето на забите е секојдневна потреба за одржување лична хигиена, па без оглед на тоа колку не ја сакате оваа активност, морате да ја практикувате. Но, сте се запрашале ли точно колку време треба да трае ова? Можеби во училиште ве учеле дека правилно е две минути, но сигурно вие покрај вас немате аларм. Затоа, запознајте ја Гоби, четката за заби на батерии која ви овозможува четкање на секој дел од забите по 30 секунди, односно, вкупно 2 минути и ви сигнализира кога тоа е доволно. Звучи како сон на секој мрзливец, зар не?rnrnКолку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!rnrnБен Голдберг, соосновач на Гоби, покажува неколку карактеристики на оваа иновативна четка за заби и зошто е погодна за сите типови луѓе. Имено, таа постои во два вида – за чувствителна и за редовна употреба. Доколку никогаш претходно не сте користеле електронска четка за заби, Голдберг препорачува да започнете со чувствителниот вид, па потоа да преминете на редовниот.rnrnКолку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!rnrnНе само што Гоби размислува за вас (се исклучува по две минути), туку нејзините батерии траат и до две недели. При полнењето, постои мала светилка која ви сигнализира дека четката е целосно наполнета, а исто така кажува кога е потребно да ја замените главата на четката.rnrnКолку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!rnrnГоби исто така нуди услуга за претплата, при што ќе ви биде испратена замена за четката кога ќе истече времето.rn

    „Ние нудиме претплата, па не треба да се грижите за менување на истрошените влакна. Тоа е една грижа помалку за вас“, вели Голдберг.

    rnКолку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!rnrnДоколку се прашувате зошто треба да користите електрична четка за заби наместо обична, Голдберг вели дека таа може да биде поефикасна.rn

    „Вие можете да постигнете добри резултати со обичната четка за заби, но, многу работи не настануваат поради човечка грешка. Гоби ги отстранува човечките грешки што е можно повеќе, правејќи секој да изгледа експерт во четкање заби.“

    rnКолку долго треба да ги четкате вашите заби? Оваа четка ви го нуди одговорот!rnrnЕлегантна и иновативна четка за заби која размислува за вас. Што друго ви треба?

  • Првиот електричен велосипед во светот кој се склопува

    Првиот електричен велосипед во светот кој се склопува

    Како што технологијата сѐ повеќе се развива, така и иновациите го пронаоѓаат својот пат. Иако можеби ви се чинело дека велосипедот го достигнал својот врв на модернизација, овој пример покажува дека секогаш може да се оди и понатаму. Валентин Водев и Валери Волд го создадоа првиот велосипед во светот кој може да се преклопува и кој работи на електрична енергија што сама се полни како што вртите со педалите. Тој е наречен ВЕЛО Велосипед+ и неговата најдобра карактеристика е што има капацитет за складирање на произведената енергија. За да го направите ова, треба да го возите велосипедот и како што патувате, кинетичката енергија што ја произведувате се претвора во електрична енергија и ја полни литиум-јонската батерија. Покрај ова, велосипедот може да се вклучи и на полнач како и секој друг уред.rnrnПрвиот велосипед во светот кој се преклопува и добива електрична енергија како што вртите со педалатаrnrnСо оваа енергија вашето патување до посакуваните дестинации ќе биде побрзо и полесно. Со целосно наполнета батерија, овој велосипед може да помине и до 32 километри со помош на вртењето на педалите.rnrnПрвиот велосипед во светот кој се преклопува и добива електрична енергија како што вртите со педалатаrnrnПреклопниот механизам користи магнетна брава за полесен транспорт, при што тој станува доволно мал за да го собере и во еден куфер.rnrnПрвиот велосипед во светот кој се преклопува и добива електрична енергија како што вртите со педалатаrnrnПрвиот велосипед во светот кој се преклопува и добива електрична енергија како што вртите со педалатаrnrnПрвиот велосипед во светот кој се преклопува и добива електрична енергија како што вртите со педалатаrnrnПрвиот велосипед во светот кој се преклопува и добива електрична енергија како што вртите со педалатаrnrnПрвиот велосипед во светот кој се преклопува и добива електрична енергија како што вртите со педалатаrnrnОвој велосипед сега е достапен за пред-нарачка, но се надеваме дека набргу и ние ќе можеме да уживаме во него!

  • Звучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот дом

    Звучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот дом

    Дизајнерот Рочард Кларксон, познат по својата интерактивна ламба во форма на облак што може да донесе грмотевици во вашата дневна соба, овој пат ни претставува блутут звучник, маскиран како облак што лебди.rnrnЗвучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот домЗвучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот домЗвучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот домrnrnТој е создаден од бели, рачно направени меки полиестерски влакна, правејќи го секој модел целосно уникатен. Оваа неверојатна направа исто така има и магнети што му дозволуваат на облакот да лебди неколку сантиметри над базата. Најдобриот дел? Има вградено светла што реагираат на звук, па се создаваат различни реакции како громови или молњи, во зависност од самата музика. Тоа е исто како да имате музичка бура во вашата дневна соба!rnrnЗвучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот домЗвучник во форма на облак што лебди: Музичка бура за вашиот домrnrnОвој звучник сега засега е само прототип, но се надеваме дека набрзо ќе излезе во продажба. Како ви изгледа вам? Би сакале ли да го имате во вашиот дом?rnrn

  • Овој неодолив робот ќе ви помогне да стекнете позитивни навики и да ги задржите истите

    Овој неодолив робот ќе ви помогне да стекнете позитивни навики и да ги задржите истите

    Летото заврши и време e да се фокусирате на тоа како да го подобрите вашиот секојдневен живот во текот на есенските и зимските месеци. Тешко е да се стекнуваат нови навики, но благодарение на Кејла Матеус и Лора Деј го имаме МОТИ, робот кој може да ни помогне да формираме позитивни навики. Ова мало роботче набрзо ќе стане најдобриот пријател на сите луѓе бидејќи секогаш ќе биде тука да даде поддршка, ќе се вознемирува кога вашите цели нема да бидат исполнети и ќе се радува на вашите успеси.rnrnОвој неодолив робот ќе ви помогне да стекнете позитивни навики и да ги задржите иститеrnrnМатеус и Деј ги употребиле нивните познавања од областа на социјалната роботика и бихевиоралната наука за да го создадат МОТИ и да го направат најефикасниот роботски придружник што можете да си го замислите. Неговата функционалност се базира на теоријата за стекнување навики според која ние ги формираме нашите навики на следниов начин: Поттик, рутина, награда. Поттикнати сме да направиме нешто затоа што ќе добиеме награда. Поради тоа нам ни е многу лесно да стекнуваме и лоши навики: Наградите ги добиваме веднаш и истите ни создаваат поголемо задоволство. МОТИ се обидува да го направи истото за навики кои не сме толку мотивирани да ги формираме.rnrnОвој неодолив робот ќе ви помогне да стекнете позитивни навики и да ги задржите иститеrnrnОвој футуристички помошник можете да го набавите тука по пат на донација во рок од 28 дена по што ќе добиете една од неговите први верзии.rnrnrnrnМОТИ се фокусира на формирањето по една добра навика за одредено време. Ќе треба да го програмирате со помош на апликацијата која доаѓа со самиот производ. Потоа, ова неодоливо роботче ќе почне да ве запознава за да може да ве наградува соодветно. Треба да го сместите на место кое најмногу одговара на навиката што сакате да ја стекнете. На пример, ако сакате да вежбате наутро, најдобро е да го ставите до креветот. Погледнете го следново видео за да видите како МОТИ се обидува да ве натера да си легнете порано.rnrnrnrnМногу едноставно, се согласувате? МОТИ почнува со тоа што ви вели дека е време за спиење. Можете да го игнорирате додека конечно не попуштите. Ако си легнете порано, тоа ќе ве награди со специјално лајт-шоу во зависност од вашиот прогрес. Но, доколку го игнорирате, МОТИ ќе се налути и ќе ви го покаже неговото незадоволство. Потсетува малку на нашите мајки, зар не?rnrnrnrnМОТИ може да се користи за стекнување најразлични навики, од вежбање до пиење вода. Овој мал помошник ќе може да ви ја даде потребната мотивација во секое можно време и да го извлече најдоброто од вас за многу краток период.

  • Цел живот погрешно сте го полнеле вашиот смартфон

    Цел живот погрешно сте го полнеле вашиот смартфон

    Да, знаме дека батериите на смартфоните се лоши бидејќи едвај издржуваат еден ден. Но, тоа делумно е и наша вина бидејќи целото ова време погрешно сме ги полнеле. Сигурно многумина од вас цврсто веруваат дека кратките полнења ќе предизвикаат долготрајна штета на батериите, па затоа е подобро да се полнат кога се на неколку проценти или пак, целосно исклучени. Но, ова е многу погрешно.rnrn(1) Цел живот погрешно сте го полнеле вашиот смартфонrnrnБатериите во нашите смартфони се чувствителни на свои сопствени верзии „стрес“. И исто како што долгото изложување на стрес влијае негативно на животниот век на луѓето, тоа се случува и со долговечноста на вашата батерија. Ако сакате да ја одржувате во топ состојба, без постојано да се грижите дека телефонот ќе ви се исклучи, мора да промените неколку нешта.rn

    Најпрво, не го заборавајте вашиот смартфонот на полнач

    rnАко го заборавате на полнач или пак, цела вечер го оставате да се „преполни“, вие правите голема штета на батеријата. Откако таа ќе постигне 100%, повремено добива кратки дополнителни полнења за да се одржи на тој процент. Ова ја одржува батеријата под стрес, што потоа ја нарушува внатрешната хемија. Откако ќе се наполни до 100%, вие треба веднаш да го тргнете смартфонот од струја. Ова е исто како да ги опуштите мускулите по долго и напорно вежбање. Вие би станале многу нервозни и истоштени доколку со часови вежбате без прекин.rn

    Всушност, обидете се да не го полните до 100%

    rnБарем кога немате потреба од тоа. Батериите не мора да бидат целосно наполнети, ниту пак имаат таква желба за да работат оптимално. Најдобро е да не ги полните до крај, бидејќи стресот предизвикан од висок напон може да ја намали нејзината функционалност. Можеби ова ви изгледа спротивно на вашата цел да го одржите смартфонот оперативен во текот на целиот ден, но доволно е да го полните во кратки интервали за да спречите тој да ви се изгаси и притоа да ја заштитите батеријата.rn

    Не дозволувајте да се прегрева

    rnБатериите во смартфоните се многу чувствителни на топлина, па затоа и се препорачува да ги отстраните оние маски што дополнително ги загреваат додека ги полните. Ако забележувате дека вашиот уред се загрева за време на полнењето, извадете ја касата пред да го приклучите во струја. Исто така, ако сте на отворено, заштитете го смартфонот така што ќе го тргнете од сончевите зраци.