Креативниот и корисен мебел и домашниот декор можат да ни помогнат да создадеме дом кој ќе го обожаваме и во кој комплетно ќе уживаме. Уште поинтересно е кога обичните, секојдневни предмети прават необични работи. Така на пример, дизајнерот Роберт Гринкофки го создал „Mirror 2.0“, огледало за во бањата кое работи со технологија на гласовни команди и препознавање на лице и движење.rnrn
rnrnДва елцеде екрани се поставени зад огледалото, кое име камера за препознавање на лице, сензори за управување со движења и микрофон за гласовна контрола. За да се забавувате додека ја користите бањата, можете да се послужите со ова креативно огледало, на кое ќе гледате филм или ќе слушате музика, ќе ја читате вашата омилена е-книга или ќе ги дознаете актуелните вести.rnrn
rnrnДоколку и тоа не ви е доволно, огледалово ќе започне и да комуницира со вас, давајќи ви потсетници за важните состаноци и известувања за промените на временската прогноза. Дополнително тоа може и да ви ја прилагоди собната температура и да ви ја замрачи светлината во просторот.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.