КАФЕ ПАУЗА

8 начини на кои можете да го продолжите траењето на батеријата на вашиот смартфон

8 начини на кои можете да го продолжите траењето на батеријата на вашиот смартфон

Written by

in

Смартфоните станаа клучни во нашите секојдневни активности. Ги употребуваме за да провериме имејл, да гледаме видеа на Јутјуб, да читаме вести, да слушаме музика, да фотографираме, да играме игри… Но, покрај многуте придобивки од нив, тие сепак имаат и една негативна страна – животот на батеријата. Искрено се надеваме дека во иднина ќе се најде начин батеријата да трае со денови, па можеби дури и со недели, но дотогаш мора она што го имаме да го искористиме најдобро што можеме.rnrn8 начини на кои можете да го продолжите траењето на батеријата на вашиот смартфонrnrnПогледнете ги наредниве неколку начини на кои можете да го продолжите траењето на батеријата на вашиот смартфон.rn

1. Ниво на осветленост на екранот

rnОсветленоста на екранот многу влијае врз перформансот на батеријата. Кога има доволно светлина околу вас, намалете го осветлувањето најмногу што можете. Или пак, подесете го на „автоматски“ и на тој начин вашиот смартфон сам ќе го намалува/зголемува осветлувањето на екранот во однос на околината во која се наоѓате. Исто така не заборавајте дека доколку подолго време гледате во премногу светол екран тоа може лошо да влијае врз вашите очи.rn

2. Вибрации

rnВибрациите ве информираат доколку имате повик или порака за време на состаноци или на места каде што мора да го чувате вашиот мобилен на тивко. Но, во сите други ситуации можете да наместите различни рингтонови за повиците и пораките и да ги тргнете вибрациите.rn

3. Подесувања за поврзување

rn„Wi-Fi“, „Bluetooth“,„GPS“ и „3G“ се прекрасни можности за користење, но тие ја трошат вашата батерија дури и кога не ги употребувате. Обидете се да си создадете навика да ги исклучувате секогаш кога не ви се потребни.rn

4. Апликации

rnПроверивте што има ново на Твитер? Супер, но доколку ги оставате овие апликации да работат во позадина тие ќе продолжат да ја трошат вашата батерија. Токму затоа ако имате апликации кои во одреден период не ви се потребни, исклучувајте ги целосно веднаш откако ќе завршите со нив.rn

5. Полнење

rnОвој трик не е секогаш возможен, но обидете се да ја трошите вашата батерија до крај. Исто така кога ќе го полните смартфонот, оставајте го да се наполни до 100%. Не го прекинувајте порано. На овој начин не само што ќе ги подобрите перформансите на батеријата туку и ќе го продолжите нејзиниот живот.rn

6. Апликации за штедење на батеријата

rnСимнете ја бесплатната апликација „Battery Doctor“. Таа ќе ви покажува кои апликации трошат најголем дел од вашата батерија како и уште колку време од батеријата ви останува додека го користите мобилниот. Направете мало истражување и погледнете ги и останатите апликации со истата функција. Ако се бесплатни, ништо не ве спречува да ги пробате.rn

7. Автоматско исклучување на екранот

rnОбидете се да го исклучувате екранот веднаш откако ќе завршите со работа. Исто така подесете го автоматското исклучување на екранот на минимум.rn

8. Нотификации

rnОбидете се да ги намалите нотификациите за секоја од апликациите. Постојаната поврзаност со интернет предизвикува известувања за сите промени поврзани со апликациите, а на тој начин вашата батерија непотребно брзо се троши. Дали навистина имате потреба од сите нотификации кои ви пристигаат? Или можеби доволно е одвреме-навреме, кога ќе имате потреба сами да ги проверувате апликациите кои постојано непотребно ве известуваат?rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.