КАФЕ ПАУЗА

Category: Технологија

  • 6 додатоци за вашиот лаптоп што ќе направат да изгледа како нов

    6 додатоци за вашиот лаптоп што ќе направат да изгледа како нов

    Брзиот развој на технологијата постојано нуди нови и подобрени модели на лаптопи, но, можете ли да останете во чекор со технологијата? Новиот лаптоп бара инвестирање нова сума пари што не може да си ја дозволи секој. Во продолжение ви прикажуваме неколку додатоци што ќе направат вашиот лаптоп да трае подолго, да ви заштеди време и пари на подолг рок.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    1. Масичка за лаптоп со осветлување, наменета за во скут

    rnОваа масичка со вградена перничка и држач за чаша чини 29 долари. Таа спречува да се изгорите кога лаптопот е во вашиот скут, а нуди и сигурна основа за да не се лизга, ниту пак прегрева.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    2. Батерија за замена

    rnДодека некои батерии почнуваат полека да слабеат по 300 циклуси, некои модели траат и до 1.000 циклуси. Сепак бидете сигурни и не дозволувајте да останете без резервна батерија што ќе го ограничи вашето движење.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    3. Подлога за ладење

    rnДоколку го користите лаптопот во текот на целиот работен ден, тој најверојатно ќе се загрее по неколку часа употреба. Belkin подлогата за ладење која чини 23 долари е со вграден вентилатор и може да го спречи вашиот процесор од преголемо загревање, што пак може да предизвика проблеми со хардверот.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    4. Организатор на кабли

    rnКористењето погрешен полнач за лаптоп може да предизвика проблеми. Бидете сигурни дека секогаш го користите вистинскиот полнач за вашиот модел и не заборавајте правилно да го чувате завиткан. За оваа цел може да ви помогне овој организатор на кабли кој чини 10 долари и е доста корисен.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    5. Преносен хард диск

    rnОсновното правило за безбедност на секој сопственик на лаптоп е да ги префрли своите податоци на посебен уред, како преносен хард диск. За таа намена може да ви послужи My passport кој може да се најде во различни варијанти и за различни намени. На овој начин секогаш ќе бидете сигурни.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп кои ќе направат да изгледа како новrn

    6. Футрола за лаптоп

    rnЗачувајте го вашиот лаптоп од каква било штета со помош на оваа футрола. Достапна е во повеќе бои, не тежи многу и чини 50 долари.rnrn6 додатоци за вашиот лаптоп што ќе направат да изгледа како нов

  • 7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

    7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

    Речиси секој од нас е зависен од својот смартфон. Покрај многуте други опции, смартфонот најчесто го користиме и за фотографирање. Без разлика дали сте на патување надвор од земјата или пак на кратка прошетка во природа, ќе сакате да сочувате некои моменти и пејзажи. За таа намена постојат различни апликации што може да ви помогнат при уредувањето на фотографиите, при што откако ќе ги користите, ќе бидете изненадени од резултатите. Денес ви прикажуваме седум такви апликации. Проверете ги и споделете ги вашите искуства!rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    1. Priime

    rnPriime е бесплатна апликација што нуди 100 професионални стилови, инспирирани од едни од најдобрите светски фотографи, а исто така овде се вклучени и модерни алатки. Достапна е за корисниците на iOS.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    2. VSCO

    rnVSCO е уште една бесплатна апликација за уредување фотографии што има напредна контрола на камерата. Исто така овде имате можност да креирате и профил каде што ќе ги објавувате своите фотографии и другите ќе имаат можност да ги видат. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    3. Afterlight

    rnAfterlight е апликација што чини 1 долар, но со неа ќе добиете 74 целосно прилагодливи филтри, 78 природни текстури, 15 прилагодливи алатки и 128 рамки. Плус тоа, оваа апликација совршено се вклопува со Инстаграм. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид. rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    4. Adobe Photoshop Lightroom

    rnЗа понапредна обработка на фотографиите, Adobe Photoshop Lightroom ви овозможува да бидете вешти во уредувањето и да ги споделите професионалните и квалитетни фотографии директно од вашиот смартфон или таблет. Станува збор за бесплатна апликација што има доста едноставен процес на користење. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    5. Polarr

    rnPolarr е одлична, прецизна и бесплатна апликација што се прилагодува на вашите желби. Таа ви нуди различни филтри, 3Д поддршка на допир, корекции и слично. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    6. Enlight

    rnАко сакате да додадете малку уметност на фотографиите што биле направени на отворено, тогаш треба да ја пробате Enlight. Дел од најкреативните функции на оваа апликација вклучуваат различни филтри, сликарски ефекти и трансформација на улична уметност. Вреди да се проба. Чини 4 долари и е достапна за корисниците на iOS.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отвореноrn

    7. Snapseed

    rnАпликацијата на Гугл за уредување фотографии, Snapseed, е совршена за мали, специфични коригирања. Имате можност за ротација, сечење, контраст и многу други работи. Достапна е за корисниците на iOS и Андроид.rnrn7 корисни апликации со чија помош ќе направите совршени фотографии на отворено

  • 10 најинтересни производи коишто се продаваат онлајн

    10 најинтересни производи коишто се продаваат онлајн

    Интернетот на своите корисници им овозможува многу можности, а една од нив е и купувањето онлајн. Плаќањето преку Интернет веќе станува вообичаена појава којашто нуди многу предности. Повеќе не мора да бидете ограничени само на производите што се достапни во вашето место на живеење, бидејќи со интернет нарачувањето вие можете да купите многу производи од кој било крај на светот. А еве кои се едни од најпродаваните производи преку Интернет…rn

    1. 3Д принтер

    rnrnrn3Д принтерот е следната револуционерна технологија. Овој производ на корисниците им даде можност да станат мали производители, односно да прават мали сопствени модели во својот дом, брзо и едноставно. 3Д принтерот сѐ уште е тежок за користење, но доколку сте заинтересирани за печатење ваши сопствени модели – треба да го пробате „Cube 3D“. Тој е еден од најлесните и најмалите 3Д принтери коишто има 25 тродимензионални модели, коишто за почеток ќе ви помогнат да печатите различни модели како вистински професионалци. Како што е и очекувано, овој принтер не е евтин, но доколку сакате да бидете меѓу првите корисници, ќе морате да се согласите да платите повисока цена.rn

    2. Чаша за вино што брои калории

    rnrnrnПознато е дека една чаша вино на ден може да биде многу корисна за вашето здравје, но, што е со влијанието на вашата тежина? Оваа чаша за вино ќе ви помогне да видите колку калории има во виното што го пиете, па лесно можете да ги следите калориите што ги внесувате. Станува збор за многу корисен производ, освен ако не сте од оние луѓе коишто ја полнат чашата до врв и не се грижат за внесените калории.rn

    3. Термос што никогаш не се истура

    rnrnrnПостои одлично решение за оние кои ги уништуваат тастатурите така што истураат течности врз нив. Решението се крие токму во овој термос којшто, без разлика колку пати ќе го турнете, нема да падне. Тој е малку скап производ со оглед на неговата намена (околу 25$), но барем ќе го заштитите вашиот компјутер.rn

    4. Дрвен часовник

    rnrnrnИако сега повеќе се користат часовниците на смартфоните, сепак, тие не се толку практични и убави како рачниот часовник. Од друга страна пак, доколку веќе купувате часовник, зошто тоа да биде нешто исто и веќе видено? Пробајте го овој дрвен рачен часовник којшто во последно време станува сѐ попопуларен. Изгледа одлично и не е многу скап, тој чини околу 40$.rn

    5. Дрон со камера за почетници

    rnrnrnДроновите, мали уреди контролирани со далечински управувач, неодамна стекнаа голема популарност. Секој од вас мора да признае дека управувањето играчки со далечински управувач отсекогаш била интересна активност. Но, сега имате можност паралелно и да снимате квалитетно видео. Професионалните дронови се прилично скапи, но доколку сакате да го пробате ова, „Husban X4“ е еден од најпопуларните и најевтини дронови коишто можете да ги најдете денес, со просечна цена од 60$.rn

    6. Паметен уред којшто го мери нивото на алкохол во крвта

    rnrnrnПознато ви е дека не треба да пиете додека возите. Но, што се случува доколку се напиете само неколку голтки пиво или вино? Како ќе знаете колкаво е нивото на алкохол во крвта? Овој уред којшто се поврзува со вашиот паметен телефон ќе ви овозможи да го дознаете точното ниво на алкохол во крвта, па да знаете дали сте способни да возите или не. Цената е околу 40$ и иако не е многу евтин уред, може да ве спаси од многу казни, па и од сообраќајни несреќи.rn

    7. Романтични пешкири за раце, инспирирани од „Војна на ѕвездите“

    rnrnrnМногу луѓе забораваат, но во „Војна на ѕвездите“ сепак постојат и некои романтичари. Доколку и вие сте допрени на некој начин од оние романтични сцени, или пак сте само фан на репликите од филмот, можете да ги пробате овие креативни пешкири. Тие чинат околу 20$.rn

    8. Воздушен душек погоден за носење – имајте кревет насекаде

    rnrnrnНекои луѓе можат да заспијат на секое место, во секое време. Но, на други тоа им е проблем, па затоа Јапонците пронајдоа решение. Оваа јакна е всушност погодна за носење душек што ќе ви овозможи да уживате во мекоста на креветот, секаде и во секое време, за околу 100$.rn

    9. УСБ уред што го затоплува или лади вашиот пијалак

    rnrnrnДали сте се нашле во ситуација кога си правите кафе, а потоа го заборавате, па кога ќе ви текне на него тоа е веќе затоплено или оладено? Или пак, кога отворате сок и не го пиете доволно брзо, па станува топло и непријатно за пиење? Има решение и за овие ситуации. Станува збор за мал уред што може да држи една чаша и да ја одржува течноста ладна или топла, во зависност од вашата желба. Дури и не ви треба електричен приклучок за ова. Доволно е да го приклучите во USB приклучокот на вашиот компјутер и пијалакот ќе го одржувате на посакуваната температура цел ден.rn

    10. Виртуелна реалност

    rnrnrnСте читале многу за виртуелната реалност и сакате да се обидете и сами? Епа, има добри вести. Нема потреба да потрошите еден куп пари за различни колекции. Можете да се послужите со иновативното решение на Гугл – едноставни картонски рамки каде што го ставате вашиот смартфон, којшто се претвора во виртуелна реалност. Можете да го купите овде за 15$.

  • Со ова пенкало можете да цртате во 16 милиони различни бои, преземени од реалниот живот

    Со ова пенкало можете да цртате во 16 милиони различни бои, преземени од реалниот живот

    Новото пенкало „Cronzy“ е остварување на сонот на секој илустратор. Пенкалото може да создаде над 16 милиони бои за само неколку секунди, а секоја нијанса се одбира или преку апликацијата за смартфонот која е синхронизирана со блутут или пак, преку реалната околина. Доволно е само да го насочите пенкалото кон одреден објект за тоа да ја преземе неговата боја и потоа може да се црта директно на платно, тефтер или кожа.rnrn(1) Со ова пенкало можете да цртате во 16 милиони различни бои, преземени од реалниот живот (8) Со ова пенкало можете да цртате во 16 милиони различни бои, преземени од реалниот животrnrnСекој уред може да се најде во сива или црна боја, со сопствен полнач – батеријата трае и до 7 часа. Во пакетот се наоѓаат и два сета палети со бои, измешани со прецизни механизми и алгоритами за најширок спектар, како и 5 различни врвови со кои можете да ја менувате дебелината на мастилото. Самата апликација исто така нуди голем број кул функции, овозможувајќи ви да ги запомните најчесто скенираните бои од вашата околина, па дури и да ги споделите со останатите.rnrn(7) Со ова пенкало можете да цртате во 16 милиони различни бои, преземени од реалниот живот (6) Со ова пенкало можете да цртате во 16 милиони различни бои, преземени од реалниот животrnrnСигурно и вие би се согласиле дека можностите на ова пенкало се бескрајни! И без сомнение би сакале да го имате крај себе…rnrnrnrn(2) Со ова пенкало можете да цртате во 16 милиони различни бои, преземени од реалниот живот (3) Со ова пенкало можете да цртате во 16 милиони различни бои, преземени од реалниот живот (4) Со ова пенкало можете да цртате во 16 милиони различни бои, преземени од реалниот живот (5) Со ова пенкало можете да цртате во 16 милиони различни бои, преземени од реалниот живот

  • Прстен кој ви овозможува да го чуете срцебиењето на саканата личност

    Прстен кој ви овозможува да го чуете срцебиењето на саканата личност

    Во денешно време е сè полесно да се остане во контакт со саканите. Вие можете да се јавите, да пратите порака, имејл, како и да разговарате преку видео во секое време, но ништо од овие нешта не можат да го компензираат за самото присуство, особено кога сте многу оддалечени. Но, благодарение на овие прстени, вие сега можете да си ги чувствувате срцебиењата, без разлика колку сте далеку еден од друг.rnrn(1) Прстен кој ви овозможува да го чуете срцебиењето на саканата личностrnrnСтанува збор за минималистички дизајн, направен од нерѓосувачки челик, кој можете да го најдете и во розово златна верзија. Сите прстени доаѓаат со сафир кристална површина, која значи дека не може да биде оштетена, ниту изгребана. Самите прстени се многу лесни за употреба – најпрво се приклучуваат со апликација преку блутут, а потоа сè што треба да направите е да ги допрете секој пат кога сте поврзани за интернет и ќе можете да го почувствувате срцебиењето на саканата личност во живо.rn

    Прстенот ви овозможува да го почувствувате срцебиењето на саканата личност, без разлика каде сте

    rn(2) Прстен кој ви овозможува да го чуете срцебиењето на саканата личностrn

    Тие се поврзуваат со вашиот телефон преку блутут и потребно е да бидете онлајн за да работат

    rn(3) Прстен кој ви овозможува да го чуете срцебиењето на саканата личностrn

    Направени се од челик кој не рѓосува со заштитна површина од сафир кристал

    rn(4) Прстен кој ви овозможува да го чуете срцебиењето на саканата личностrn

    Сè што треба да направите е да притиснете на прстенот и ќе можете да го почувствувате срцебиењето на саканата личност во живо!

    rn(5) Прстен кој ви овозможува да го чуете срцебиењето на саканата личност

  • Научниците откриваат: 6 навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата

    Научниците откриваат: 6 навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата

    Ако погледнете околу себе, ќе сфатите дека многу работи кои денес ви се чинат секојдневни, всушност би звучеле навистина научно фантастично кога би ги опишале на некој пред 20 години. Од денешна гледна точка иднината се чини толку неверојатна што сигурно не знаете дали да бидете возбудени или преплашени.rnrnПостојат толку многу технолошки чудесии на различни полиња, од медицински истражувања до вселенски. А да не зборуваме за тоа колкав напредок се забележува кај роботите и колку тие почнуваат да наликуваат на луѓе.rnrnНаучниците откриваат: 6 навидум научно-фантастични откритија кои можеби се иднината на технологијатаrnrnНа научните истражувања им е потребно долго време за да покажат резултати, така што веројатно нема да се возиме со летачки автомобили во следниве неколку години, но иднината доаѓа многу побргу отколку што очекуваме. Во тој контекст постојат голем број предвидувања во однос на тоа што можеме да очекуваме од иднината од технолошки аспект. Ова се 6-те најфасцинантни идни откритија кои вреди да се споменат…rn

    1. Култивирано месо

    rnПод култивирано месо се подразбира одгледување на месо во контролирана средина, така што животните повеќе не би ни биле потребни. Научниците успеале да произведат плескавица во лабораторија, но моментално тоа е премногу скапо за масовно производство (иако сосема е возможно ова да стане нормално за 10-20 години).rnrnНа овој начин ние не би ги трошеле ресурсите што не можат да се обновуваат, кои моментално се користат во месната индустрија, и одгледувањето месо во такви услови би ги решило проблемите со заразите кои се пренесуваат преку храната. Меѓутоа, досега технологијата е способна да произведе само минимални количини месо, а не цели парчиња бидејќи за тоа е потребна васкуларизација на клетките.rnrnНа кој би му бил потребен добиток кога би можеле самиот да си одгледува говедско месо? Оваа идеја можеби звучи неверојатно, но поблиску е до реалноста отколку што мислите. Со брзиот развој на технологијата, ова може да биде многу поекономично од традиционалните методи на произведување месо.rn

    2. Град од облаци на Венера

    rnМожеби површината на планетата не е најсјајна, но ако отидете 50 километри нагоре ќе забележите дека атмосферата на Венера е многу слична на онаа на планетата Земја. Освен тоа, атмосферскиот притисок е ист како на Земјата, температурите варираат од 0 до 50 степени Целзиусови, а и гравитацијата е прилично слична. Градот од облаци претставен во „Војна на Ѕвездите“ би можел да стане реалност и ние еден ден би можеле да уживаме високо над Венера. Можете ли да си замислите?rn

    3. Колонизација на Галаксијата

    rnИдејата дека нанороботите можат да изградат што било ако имаат материјали и скица, вклучувајќи и други нанороботи, не е толку далеку од реалноста. Медицинската технологија наскоро би можела да инкубира човек од зачнување до раѓање. А и сѐ почесто наоѓаме планети со иста големина како Земјата во нашата галаксија.rnrnСега, замислете си да испратиме човечка ДНК, наноработи кои самите се размножуваат и целото човечко знаење на мал вселенски брод на некоја планета слична на Земјата. Кога ќе стигнат таму, нанороботите ќе бидат програмирани одново да ја изградат целата цивилизација. Доколку најдеме илјадници такви планети и испратиме бродови на секоја од нив, тогаш дефинитивно можеме да сметаме дека успехот на овој план е сосема возможен.rnrnСтанува збор за научно-фантастична идеја која би можела да стане реалност еден ден: Човечки суштества кои го колонизираат универзумот, храбро одат онаму каде што никој не се осмелил претходно. Барем додека не се појават вонземјаните. Бидејќи веќе кога отидовме толку далеку во научната фантастика, слободно можеме да претпоставиме дека постојат вонземјаните.rnrnНаучниците откриваат: 6 навидум научно-фантастични откритија кои можеби се иднината на технологијатаrn

    4. Нуклеарна фузија

    rnКако што светот постојано се развива во насока на климатските промени, високи температури кои постојано растат, ледени брегови кои се топат и смог кој ги покрива градовите, веројатно е дека наскоро ќе имаме потреба да најдеме чиста, моќна и евтина енергија, а единствената целосно чиста и постојано одржлива енергија е нуклеарната фузија. Единствените потребни материјали за да се започне со процесот се водородни атоми, но исто така потребна е температура висока над милион степени Целзиусови и атмосферски притисок кој изнесува 1.000.000. Ниту еден нуклеарен отпад и евтини стартни материјали нема да ја спасат Земјата од оваа криза. Која земја прва ќе успее да произведе нуклеарна фузија, ќе владее со светот.rnrnДали ова би можело да биде решението за проблемите на Земјата поврзани со производството на енергија? Каков и да е одговорот, убаво е да си замислуваме дека возможно е да се произведе форма на енергија која нема да ја убива планетата.rn

    5. Вештачка интелигенција

    rnПостојат верувања дека вештачката интелигенција, односно интелигенцијата која е на ниво на човечката, способна да се развива, да учи и да создава, ќе стане реалност во блиска иднина. Но, проблемот е што оваа вештачка интелигенција би можела самата да создаде друг вид интелигенција која би била малку попаметна од неа. На тој начин за неколку години би имале интелигенција која е многу поголема од човечката.rnrnПомислата дека еден ден роботите би можеле да завладеат со светот е навистина застрашувачка!rn

    6. Снимање на соништата

    rnНаучниците од Јапонија работат на машина која би можела да ни ги снима соништата и потоа да ги пушта да ги гледаме.rnrnОва е навистина интересна идеја и може да биде им биде од голема помош на психолозите кои се обидуваат да ги откријат проблемите во потсвеста на човечката психа. А сигурно и самите некогаш сте посакале одново да се потсетите на некој ваш сон кој ви бил интересен.rnrnИднината доаѓа и изгледа навистина неверојатно.

  • Креативен обележувач за книги кој се претвора во светло за читање

    Креативен обележувач за книги кој се претвора во светло за читање

    Обележувачите и светлата за книги одат во пар, но се продаваат поединечно. Затоа, Kyouei Design ги комбинира двете во еден уникатен и неверојатно корисен дизајн. Соодветно наречен „обележувачко светло“, оваа интересна креација има минималистички дизајн и се состои од тенка филмска лента на која има сребрено мастило изработено од нано честички кои пренесуваат струја.rnrnКреативен обележувач за книги кој се претвора во светлоКреативен обележувач за книги кој се претвора во светлоrnrnОва му дозволува на дизајнот да има двојна употреба – со дополнителна литиумска батерија, обележувачот се претвора во малечко светло кое ќе ги осветли зборовите од книгата која ја читате.rnrnКреативен обележувач за книги кој се претвора во светлоКреативен обележувач за книги кој се претвора во светлоrnrnНеговата природна форма е на рамен правоаголник. За да се трансформира во светло, сѐ што треба да направите е да го превиткате и да ја ставите литиумска батерија помеѓу секој крај. Ова ги активира течните кристални светла кои ќе светат сѐ додека не го одвиткате обележувачот.rnrnКреативен обележувач за книги кој се претвора во светло

  • Единствените 4 апликации за фотографии што ви се потребни на вашиот смартфон

    Единствените 4 апликации за фотографии што ви се потребни на вашиот смартфон

    Постојат 5 милијарди апликации за вашиот смартфон. ОК, можеби малку претеравме со оваа бројка, но како би можеле да го најдете најдобриот начин за да ги зачувате и овековечите вашите сеќавања доколку постои толку голем избор за апликации поврзани со фотографиите? Со цел да ви ја олесниме работата, денес ви ги издвојуваме најпотребните 4 апликации со чија помош можете да ги опфатите сите аспекти на фотографирањето, од нивната обработка, па сè до начинот за печатење…rnrnЕдинствените 4 апликации за фотографии што ви се потребни на вашиот смартфонrn

    1. За обработка: VSCO

    rnСите ние го обожаваме Инстаграм, но кога станува збор за обработување на вашите фотографии, оваа апликација е убедливо најдобра во овој момент. Откако ќе одберете фотографија од вашиот албум или ќе направите нова, вие ја уредувате, запомнувате и потоа ја објавувате директно на Инстаграм. Најдобриот дел е што не мора да имате никакво фотографско искуство со цел да направите вашите фотографии да изгледаат неверојатно.rn

    2. За интеракција: Instagram

    rnШтом го читате овој текст, сигурни сме дека и вие, исто како и нас, целосно сте опседнати со Инстаграм. Во случај да не сте на оваа социјална мрежа, време е веднаш да го сторите тоа. Инстаграм е апликација која е лесна за употреба, малку заразна, но широко распространета поради добра причина – таа ви дозволува прегледно да ги документирате сите ваши животни моменти.rn

    3. За зачувување: Google Photos

    rnКако и останатите основни Андроид апликации, така и оваа е многу едноставна за користење, а ви овозможува неверојатно голем простор (вклучувајќи и премиум опции кои лесно може секој да си ги дозволи) за зачувување на вашите најубави моменти. Таа е лесна за употреба и многу попрегледна од онаа која се користи за iOS.rn

    4. За печатење: Print Studio

    rnСе сеќавате на времето кога фотографиите требаше да се развиваат? Епа оваа апликација ви дозволува да го направите токму тоа, користејќи фотографии од вашиот албум на смартфонот или директно од Инстаграм. Таа е лесна за употреба, но и потсетува на тоа колку е одлично да се има физички доказ од големите (и помалите) моменти во нашиот живот.

  • Иднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазици

    Иднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазици

    Повеќето од нас се нашле во чудна ситуација каде што сме се обидувале да комуницираме на некој странски јазик. Понекогаш е смешно. Понекогаш е засрамувачко. А, понекогаш може да биде катастрофално. Но, благодарение на новиот уред за преведување кој лесно се става во вашето уво, деновите кога се трудите да го совладате локалниот јазик се минато.rnrnИднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазициrnrnАпаратот се нарекува „The Pilot system“ и компанијата која стои зад неговиот дизајн – Waverly Labs, вели дека е ова едно потенцијално неверојатно откритие. Ќе се појави на пазарот во септември и ќе му овозможи на носителот да разбере неколку странски јазици како директен превод, и тоа од француски, шпански, италијански и англиски.rnrnИднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазициrnrnИднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазициrnrnЌе се продава по цена од 129 американски долари, а ќе доаѓа и со апликација која ќе ви понуди различна селекција на преостанатите јазици.rnrnИднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазициrnrnУредот се состои од две делчиња кои се носат во увото и бил инспириран од апаратот „Babelfish“ од познатиот филм „Автостоперски водич низ галаксијата“. Креаторот вели дека се сетил на идејата кога запознал една девојка од Франција и со која не можел да се разбере.rnrnИднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазициrnrnПогледнете како функционира тој…rnrn

  • 7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

    7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат

    Па, од каде да почнеме? Има толку многу корисни апликации што се достапни и навистина е тешко да знаете што навистина ќе ви треба. Во продолжение следуваат 7-те апликации за Виндоус кои можеби сè уште ги немате откриено, а со сигурност ќе ви го олеснат секојдневниот живот.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    1. Khan Academy

    rnKhan Academy ви овозможува да научите што и да посакате и тоа бесплатно. Библиотеката на оваа апликација содржи повеќе од 6.000 видеа и покрива огромен број области како математика, биологија, хемија, физика па дури и некои општествени науки со туторијали за финансии и историја.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    2. Aerize Optimizer

    rnЗголемете го перформансот на вашиот уред со овој напреден чистач на меморија. Изграден е врз основан на докажани и тестирани техники на оптимизација и подобрувањето на перформансот на вашиот уред е гарантирано.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    3. Duolingo

    rnНаучете шпански, француски, германски, португалски, италијански, ирски, холандски, дански и англиски. Забавно и бесплатно.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    4. PicsArt

    rnКреативноста е повеќе од еден обичен филтер за фотографии. Оваа апликација ќе ве обезбеди со сите алатки потребни да ги уредувате фотографиите, фото колажите, да создавате дигитални цртежи и да комуницирате со други креативни луѓе кои решиле да се придружат на мисијата да го разубават светот. 250 милиони луѓе веќе ја имаат симнато оваа бесплатна апликација за моќно уредување на сликите и фото монтажите, благодарение на стотици алатки и ефекти кои можете да ги најдете само во професионални програми како Фотошоп. Оваа апликација ќе ве инспирира да создавате убави фотографии секогаш и секаде. Претворете ги вашите фотографии во уметнички дела и дозволете му на светот да ги открие!rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    5. Seven – 7 Minute Workout Challenge

    rnНе ви треба никаква опрема за вежбање, само неколку слободни минути на ден. Апликацијата се состои од забавни достигнувања и награди за да останете мотивирани. Ќе ви треба само столче, ѕид и вашата сопствена тежина. 7-минутната вежба се базира на научни студии и е дизајнирана на тој начин за да ја извлече максималната придобивка од редовното вежбање за најкраток можен период.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    6. WiFi Analyzer

    rnОваа апликација ќе ви помогне да ги идентификувате проблемите со Интернет мрежата и да го најдете најдоброто место за вашиот рутер со тоа што ќе го претвори вашиот уред во вистински аналитичар на безжичната мрежа.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаатrn

    7. Sticky Notes 8

    rnСо оваа апликација можете да пишувате белешки и да ги погледнувате набрзина на вашиот смартфон, таблет или компјутер. Можете да закачувате белешки на почетниот екран, да пребарувате белешки и да додавате слики.rnrn7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат