Паметниот часовник „Neptune Pine“ ќе биде одличен кул гаџет кој секој ќе сака да го има на својот зглоб. Сè што другите компании ветуваа со своите паметни часовници, а не успеаја да го направат, овој часовник ќе го има. Паметните часовници кои веќе се на пазарот, не функционираат самостојно, па морате да ги користите како помошник на вашиот телефон. Но, не и Neptune Pine.rnrn
rnrnЧасовникот ќе има целосно функционален Андроид систем, слот за мемориска и СИМ картичка, па слободно ќе можете да го користите како телефон. Со овој паметен часовник можете да сурфате на интернет, да остварувате видео повици, бидејќи има две камери (задната е 5 мегапиксели) со блиц, да инсталирате апликации и многу други работи.rnrn
rnrnЕдинствената мана му се димензиите, бидејќи уредот е нешто помеѓу мал паметен телефон и голем часовник. Сепак, доброто е тоа што може да се извади од ременчето и да се користи како обичен телефон.rnrn
rnrnПроектот беше претставен на познатиот сервис „Kickstarter“, а за отпочнување со производство на часовникот беа побарани 100.000 канадски долари. Верувале или не, на скоро два дена до рокот за собирање на сумата, собрани се над 700.000 канадски долари, што значи дека набрзо ќе го видиме овој феноменален паметен часовник на пазарот.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.