КАФЕ ПАУЗА

Пенкало со кое можете да цртате струјни кола

Пенкало со кое можете да цртате струјни кола

Circuit Scribe е пенкало кое пишува со спроводливо сребрено мастило, благодарение на кое секој може да направи свое електронско коло низ креативен процес на цртање и поврзување. Наменето е за креатори, едукатори, деца, артисти и луѓе кои сакаат да експериментираат со „направи сам“ проекти. Мастилото не се размачкува и нема потреба да се чека да се исуши, па така со исцртување на линии врз парче хартија, лесно можете да нацртате функционално струјно коло, на кое ќе поврзете батерии, ЛЕД диоди и слично за да добиете функционален електронски уред.rnrnПенкало со кое можете да цртате струјни колаПенкало со кое можете да цртате струјни колаПенкало со кое можете да цртате струјни колаrnrnИзумот е дело на Брет Вокер и Аналиса Русо од Electroninks Incorporated кои го покренале проектот на сервисот Кикстартер за да соберат пари за производство на пенкалата за масовна потрошувачка по достапни цени. Засега одлично им оди, а за вљубениците во електронските креации, тие нудат и разни пакети со електронски елементи за да им ја направат забавата со Circuit Scribe уште поинтересна.rnrnrn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.