ФОТОГАЛЕРИЈА: Велес стана на нозе за Андријана Арлен

Сподели

Тимот на Кафе пауза беше на самото место, во Театарот во Велес, кога Андријана Арлен ја отвори својата македонска турнеја „Silver Night Tour 2026“ пред полна сала. По шоуто публиката стана на нозе, а Андријана ја испрати со десетминутни овации и аплаузи.

Реклама
Реклама

Бетовен, Шопен и Рахманинов добија нов звук – пијано, оркестар, саксофон, вокал, танц и електронски ритми на иста сцена. Со Андријана настапија балетското студио „Анабела“, Saxman, Дарко Тодоровски, Битолскиот камерен оркестар и DJ Zorbital.

Реклама
Реклама

„Се припремавме многу напорно и помина во најдобро можно светло, сите наши очекувања беа задоволени“, рече Андријана по концертот.

Турнејата продолжува на 12 ноември во Битола, 14 ноември во Штип и 7 декември во Скопје, во Македонската филхармонија, секогаш во 20 часот. Повеќе на arlentour.com.

Реклама
Реклама

Преку нашиот објектив, погледнете каква беше атмосферата во фотогалеријата подолу.

Најново

Може ќе ве интересира