По десетминутните овации во Велес, „Сребрена ноќ“ на Андријана Арлен оди во Битола и Штип

Сподели

Велес ја испрати Андријана Арлен со десетминутни овации, а „Silver Night Tour 2026“ веќе продолжува. Оваа недела пијанистката и композиторката што повеќе од две децении твори во Шведска доаѓа во Битола и Штип.

Реклама
Реклама

Битола, 12 ноември

Втората станица е Големата сала на НУ Центар за култура – Битола, во четврток, 12 ноември, од 20 часот. Карти има онлајн преку е-Тикет и во Димпо Тобако.

Реклама
Реклама

Штип, 14 ноември

Само два дена подоцна, во сабота, 14 ноември, од 20 часот, „Сребрена ноќ“ стигнува во Големата сала на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Карти има онлајн преку е-Тикет и во продажната мрежа на Евентум.

Публиката во Велес стоеше на нозе по концертот на Андријана Арлен
Велес, 31 октомври: публиката на нозе по концертот

Што ве очекува

„Сребрена ноќ“ е деведесетминутен аудиовизуелен спектакл во кој се спојуваат класичната, филмската и современата музика. Бетовен, Шопен и Рахманинов добиваат нов звук преку пијано, оркестар, саксофон, танц и електронски ритми.

Реклама
Реклама

Со Андријана на сцената ќе бидат балетското студио „Анабела“, Љупчо (Saxman), Битолскиот камерен оркестар (DIVA) и DJ Zorbital.

Како изгледаше премиерата во Велес, погледнете во нашата фотогалерија.

Турнејата завршува на 7 декември во Македонската филхармонија во Скопје. Повеќе информации има на arlentour.com.

Најново

Може ќе ве интересира