Џастин Бибер ќе настапи на историското финале на Светското првенство 2026

Сподели

Канадската поп ѕвезда Justin Bieber официјално ќе биде дел од спектакуларното шоу на полувремето на финалето на Светското првенство 2026, кое ќе се одигра на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. Ова ќе биде првпат во историјата на Мундијалите финалниот натпревар да има музички настап по примерот на американскиот Супербоул.

Реклама

Бибер ќе настапи заедно со вистинска музичка елита. На сцената ќе му се придружат Madonna, Shakira и BTS, а во програмата се најавени и Burna Boy, диригентот Gustavo Dudamel и детскиот хор PS22. Креативен директор на шоуто е Chris Martin.

Реклама

„Светското првенство ги обединува луѓето како ниту еден друг настан. Чест ми е што ќе бидам дел од ова историско шоу, особено затоа што преку него ќе се поддржи подобро образование за децата ширум светот“, изјави Бибер по објавувањето на веста.

Настапот ќе трае околу 11 минути и ќе биде организиран во соработка меѓу ФИФА и Global Citizen. Целта е преку овој спектакл да се соберат средства за образовни програми и развој на детскиот спорт, а дел од приходите од продадените билети ќе бидат наменети токму за оваа иницијатива.

Иако многумина со нетрпение го очекуваат музичкиот спектакл, идејата за шоу на полувремето предизвика и поделени реакции меѓу фудбалските навивачи. Дел сметаат дека ваквиот концепт ќе донесе дополнителна атракција и ќе привлече нова публика, додека други веруваат дека финалето на Светското првенство треба да остане исклучиво фудбалски спектакл без дополнителна забава.

Реклама

Без разлика на различните мислења, едно е сигурно – финалето на Светското првенство 2026 ќе влезе во историјата не само по борбата за трофејот, туку и по најголемото музичко шоу што досега било организирано на едно мундијалско финале.

 

Најново

Може ќе ве интересира