КАФЕ ПАУЗА

Category: Колумни

  • Да седам ил да се селам: Зошто младите од Македонија мечтаат за живот во странство?

    Да седам ил да се селам: Зошто младите од Македонија мечтаат за живот во странство?

    „Ќе бегам од тука“ се зборовите што секој втор млад човек ги изговара кога зборува за неговите идни планови. „Ќе бегам“… Колку лошо звучи тоа „бегам“. Како да станува збор за затвор од каде што единствен спас е бегството. Како да се работи за безнадежно место во кое нема иднина и нема можности за напредок и развој. Па, дали е тоа точно? Дали навистина треба да побегнеме од нашата родна земја за да имаме среќен и исполнет живот?rnrnДа седам ил да се селам: Зошто младите од Македонија мечтаат за живот во странство?rnrnСекако дека постојат млади кои не сакаат да живеат во странство, но некако се чини дека нивниот број е сѐ помал и помал. Сведоци сме на тоа дека далечината секојдневно ги разделува вљубените, ги отуѓува пријателите и ги остава домовите без некој член на семејството. Сите трагаат по среќата некаде во туѓина, надевајќи се дека ќе успеат и ќе им пружат подобар живот на нивните најблиски. Но, колкумина навистина успеваат?rnrnКога би требало да бирате помеѓу тоа да останете тука и да го работите она што го сакате за малку пари или да заминете во друга држава каде што ќе треба да работите нешто што не ви се допаѓа за 10 пати повисока плата, што би одбрале? Дали би заминале по секоја цена? Дали би ги оставиле сите ваши пријатели, семејството и сиот ваш живот само за да побегнете од Македонија? За жал, многумина би одговориле потврдно. Па, зошто младите толку лесно се откажуваат од својата земја? Кои се причините за тоа?rnrnДа седам ил да се селам: Зошто младите од Македонија мечтаат за живот во странство?rnrnЖивотот во Македонија е далеку од совршен и иако сите земји ширум светот си имаат свои недостатоци, се чини дека сепак нудат повеќе можности за младите. Најголемиот проблем кај нас е тоа што младите многу тешко можат да се осамостојат и да станат независни од нивните родители. Платите што ги добиваат не се доволно високи за да можат да почнат да живеат сами, да плаќаат сметки, а притоа да си ги дозволат сите мали задоволства како што се излегувањата со пријателите, посетувањето курсеви, купувањето облека и кратките патувања. Тие би морале да се откажат од сите овие работи за да можат да се издржуваат сами или пак да основаат семејство, а сите знаеме дека тешко е да се направи таква жртва во 20-тите години од животот. Кога би живееле во странство, можеби би работеле во МекДоналдс, но барем би имале доволно пари за да си плаќаат кирија, да си купуваат што сакаат, па дури и да тргнат некој денар на страна.rnrnДруга причина зошто младите не сакаат да живеат во Македонија е тоа што не се чувствуваат ценето. Сметаат дека нивниот труд и талент не се вреднуваат доволно и цврсто веруваат дека се обесправени. Многумина не можат да најдат работа по струка по завршувањето на студиите или пак работат многу, а заработуваат малку. Освен тоа, младите забележуваат дека постојано успеваат луѓе кои не се толку способни, само затоа што ги имаат потребните врски. Тоа ги фрустрира, го буди нивниот гнев и ги раѓа нивните комплекси, поради што никако не можат да се реализираат себеси и да постигнат личен развој. Животот во странство им дава надеж дека нивните квалитети конечно ќе бидат препознаени и ќе можат да дојдат до израз.rnrnДа седам ил да се селам: Зошто младите од Македонија мечтаат за живот во странство?rnrnОсвен тоа, во Македонија недостасуваат многу важни елементи кои се неопходен дел од секое здраво општество, а тоа се добро образование, функционален здравствен систем, стабилна политичка ситуација, богат културен живот и развиена еколошка свест. Постојано се воведуваат некакви промени за да се подобрат сите овие работи, но крајната цел сѐ уште ни делува недостижно. Земјите каде што сите овие сегменти, или барем дел од нив, функционираат беспрекорно, ја привлекуваат нашата младина и ѝ ветуваат подобар живот и поголеми шанси за успех.rnrnМеѓутоа, како можеме да знаеме дали нашите очекувања ќе бидат исполнети кога ќе се преселиме во друга држава? Можеби животот нема да ни биде баш онаков каков што сме го замислувале, но дали тоа ќе нѐ премисли и ќе нѐ убеди дека треба да си се вратиме назад во татковината? За да го дознаеме тоа, најдобро е да се послужиме со информации од прва рака…rn

    „Живеам во Холандија 1 година заедно со мојот партнер. Работата ми е тешка и напорна. Не го работам тоа што го сакам, но се обидувам полека да изградам кариера во областа што ме интересира, а тоа е фотографирањето. Не е воопшто лесно да се живее далеку од семејството и пријателите, но повеќе ми се допаѓа животот тука. Луѓето се многу културни, слободоумни и немаат никакви предрасуди.“ – Каролина, 29

    rn

    „Завршив факултет во Данска и сега работам тука во одлични услови. Животот во оваа земја целосно ме промени. Ме натера да се преиспитам себеси и ме научи да уживам во сопственото друштво. Данска ме инспирираше да стекнам здрави навики и да го извлечам најдоброто од себе.“ – Андреј, 25

    rn

    „Со сопругот живееме во Америка веќе 1 година и животот воопшто не е лесен. Морам да работам на 2 различни места за да се издржувам. Секако дека сум помислувала на тоа да се вратам назад, но сѐ уште не сум подготвена да се откажам. Во Македонија, сите мои пријатели беа околу мене, но сепак не бев среќна и исполнета. Немав никакви можности за успех. Тука можеби работам многу, но барем знам дека трудот ми се исплати.“ – Марија, 27

    rnДа седам ил да се селам: Зошто младите од Македонија мечтаат за живот во странство?rn

    „Живеам во Кувајт и супер ми е. Работам во бутик и постојано запознавам нови луѓе, можам да си дозволам да патувам и да престојувам во скапи хотели. Секако дека ми недостасува Македонија, но не би се вратил назад засекогаш.“ – Горан, 28

    rn

    „Работам и живеам во Дубаи и ужасно е! Ништо не е така како што си замислував! Животот е премногу скап и не можам ништо да си дозволам. Едвај успевам да платам кирија! Досадно ми е и ми недостасува друштвото. Дефинитивно се враќам дома во прва прилика.“ – Димитар, 26

    rnОчигледно е дека сите луѓе имаат различни приказни и искуства со животот во странство. Излезот од Македонија не гарантира успех и среќа. Колку и да ви делуваат примамливо државите ширум светот, мора да запомните дека нема да постигнете ништо доколку не сте подготвени на жртви и напорна работа. Целите не се достигнуваат преку ноќ и парите не паѓаат од небо.rnrnКаде и да сте, најважно е да се трудите и да не се откажувате од вашите соништа. Не дозволувајте да ве заслепи блесокот на материјалните богатства и сочувајте ги вашите морални вредности. Останете доследни на себеси и секогаш остварувајте го вашиот максимален потенцијал, без оглед на државата во којашто се наоѓате. И животот во Македонија може да биде убав, ако знаете како да живеете.rnrnНо, дилемата и понатаму останува. Хамлет рекол „Да се биде или не“, а Македонецот го мачи прашањето „Да седам ил да се селам“. Можеби еден ден ќе се ослободиме од нашите сомнежи, а дотогаш не ни преостанува ништо друго освен да си „поѕенѕаме“ во ритамот на познатата „Should I Stay or Should I Go“.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=BN1WwnEDWAM

  • Животот е градина, а вие сте најубавиот цвет во неа

    Животот е градина, а вие сте најубавиот цвет во неа

    Кога мислите дека не вредите, кога мислите дека сте никој и ништо, токму така, тоа само го мислите…rnrnЖивотот е градина, а вие сте најубавиот цвет во неа.rnrnzhivotot-e-gradina-a-vie-ste-najubaviot-cvet-vo-nea-kafepauza.mkrnrnВо градината има разновидни цвеќиња, ги има во секакви бои, секакви видови, има и плевел, има трње, има мали цветчиња, има исушени стебленца, полна градина со опојни цветни мириси наречена Живот.rnrnДодека цветате сигурно многупати се запрашувате: Вреди ли да цветам покрај овие трње и овој плевел околу мене? Вреди ли да цветам и да мирисам толку убаво ако никој не ме забележува, а и онака има безброј други цвеќиња околу мене? Зошто да се трудам да расцветам кога со мојот најубав цвет можам да го загубам животот, некој да ме згази, да ме набере или сушата да ме исуши до корен?rnrnНа сиве овие прашања најубавата градина Живот ќе ви одговори:rn

    „ДА ВРЕДИ! Јас не би постоела ако не постои природата односно Бог. Ти цвету, можеш со секој зрак од Сонцето сѐ повеќе да растеш, да цветаш и да раѓаш мали цветчиња. Секогаш ќе има капки дожд кои ќе капнат во твоја корист, а ако си упорен можеби ќе има и градинар кои ќе ти се восхитува и ќе те одгледува. Најлошото што може да ти се случи е случаен минувач да се заслепи од твојата убавина и да те набере, па од тебе и од уште многу други шарени цвеќиња да направи прекрасен букет. Но, сам себеси можеш да си напакостиш ако не се освестиш за својата вредност и сам од корен се исушиш. Трње и плевел секогаш ќе има, а ако во сè гледаме добро ќе можеме да забележиме дека и тие имаат своја убавина, многу често се и лек, иако тоа по никоја цена нема да си го признаеме. Напротив, сакаме тие да исчезнат и молиме Бога градинарот да ги откорне или сушата да ги пресуши.“

    rnПостојат цветови кои и покрај својата убавина, не можат да се засакаат себеси, а истовремено не се свесни дека иако мислат дека никој не ги забележува, секогаш постои можност пчела или пеперутка да слета на нив.rnrnБидете цвет кои ќе плени во градината наречена Живот, бидете пример за најубавиот цвет и расцветајте над сите трње, цветајте и по цена да бидете набрани заради својата убавина. Додека вие цветате и градината ќе блеска.rnrnНека Светот ве памети по убавината. Пуштете длабоки корени кои ќе останат во иднина. Додека има цветови ќе има и прекрасна градина.rnrnПриродата секогаш нè поддржува и ни шепоти:rn

    „Колку повеќе имаш желба за цветање, толку повеќе јас ќе те наградувам со капки дожд и сончеви зраци да те греат, но доколку и покрај твојата цел и убавина во оваа градина ти одбираш да бидеш незабележан цвет, тогаш повторно ќе ја почитувам твојата слободна волја да се изгубиш помеѓу плевелот и трњето. Тебе ти е токму овде местото на цветање, а ти сам одбери дали ќе расцветаш во најубав раскошен цвет или ќе дозволиш трњето да те загушат.“

    rnЦветајте, цветајте бидејќи тоа е и причината поради која и постоите. Цветајте без стравови дека не сте забележани, без стравови дека ќе бидете набрани. Само со вашето постоење вие веќе ја разубавувате градината.rn

    Кристина Николовска Шебаљ

  • Хејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

    Хејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

    Социјалните мрежи се редовно преполни со компетентни критичари и искусни експерти од сите области. Сите луѓе имаат свое мислење за политичката ситуација во државата и светот, за загадувањето на околината, за заштитата на животните, за туѓата сексуална определеност, за туѓите животни избори, успеси, падови… И тоа од една страна е добро! Тоа значи дека луѓето размислуваат за работите што се случуваат околу нив. Па, зар не е тоа целта на модерното општество? Зар не треба секој да има свое право на мислење и изразување? Тоа денес е овозможено благодарение на многубројните социјални мрежи како што се Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Но, каде се наоѓа границата? Кога личното мислење преминува во хејтеризам и дали е тоа добро и продуктивно?rnrnХејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?rnrnЗа да можеме да го препознаеме хејтеризмот, најпрво треба да го дефинираме. Хејтеризмот (кованица од англискиот збор „hate“ што значи омраза) може да се објасни како негативна појава на модерното време чија цел е да омаловажи и исмее нечиј труд, успех или неуспех и се користи како алатка од страна на лица со недостаток на самодоверба и вишок слободно време.rnrnСигурни сме дека и самите сте биле сведоци на голем број вакви примери. Колку статуси сте прочитале досега што исмеваат нечиј избор на облека? Колку твитови сте виделе чија цел е да омаловажат нечие мислење? Што е со статусите кои содржат говор на омраза кон сите оние со поинаква политичка определба или начин на живот? Како сте се чувствувале вие кога сте ги прочитале? Сигурно добро, доколку вашето лично мислење се совпаѓало со нив, па дури и сте „стегнале“ лајк. Но, што е со оние кои не се одраз на вашиот личен став, туку го отсликуваат токму спротивното на најнегативен можен начин? Најверојатно ви разбудиле негативни емоции и мисли, па дури и самите сте се почувствувале навредени, особено ако сте се пронашле во нечиј статус или твит и сте го доживеале лично.rnrnХејтеризмот не треба да се меша со конструктивната критика. Едно е кога не се согласувате со нечие мислење, па образложувате преку аргументи и докази зошто според вас тоа е погрешно и како би можело да се поправи, а сосема друго е кога исмевате. Конструктивните критики се добри и корисни, бидејќи ни помагаат да станеме подобри и да постигнеме поголем личен напредок. Дури и да не се согласувате со нив, добро е да ги има за да го погледнете она што го правите од сосема поинаков аспект. Тие можат да ви ги отворат очите и да ви укажат на некои ситници кои воопшто не сте ги забележале. Луѓето кои критикуваат на конструктивен начин знаат како да се изразат, употребуваат неутрални зборови, го засноваат нивното мислење на добро издржани аргументи и нудат алтернативно решение. Конструктивните критичари немаат никаква врска со хејтерите.rnrnХејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?rnrnХејтерите најчесто си го кријат вистинското лице зад екраните и се претставуваат лажно, веројатно поради недостаток на самодоверба. Нивниот начин на изразување е полн со иронија и сарказам, укажуваат на проблемот преку исмевање и омаловажување, упатуваат директни навреди, нивното мислење не е поддржано со аргументи и не нудат конкретно решение. Нивната единствена цел е да укажат на нечија грешка и да го навредат сторителот за тие самите да се чувствуваат подобро. Вистинската причина за ваквото однесување произлегува од нивното незадоволство од сопствениот неисполнет и површен живот. Празнината што ја чувствуваат длабоко во себе се обидуваат да ја исполнат преку секојдневните статуси и твитови полни со омраза. Своето вистинско лице го кријат зад маската на самоуверени, интелигентни и нарцисоидни личности кои со гордост го носат епитетот „хејтери“.rnrnДенес стана модерно да се биде хејтер. Сите хејтаат. Сите си земаат за право да ги коментираат и осудуваат туѓите животи и ставови под оправдувањето дека „секој има право на лично мислење“. Тоа е неоспорно и неизбежно е дека еден ден и вие ќе станете мета на тие луѓе без разлика колку (не) се експонирате во јавност. Порано или подоцна некој ќе се обиде да ја излечи сопствената фрустрација преку вашиот успех или неуспех и тоа не може да се спречи. Тоа може да влијае на вашата самодоверба, можеби ќе се чувствувате повредени и ќе почнете да се сомневате во сопствените одлуки. Но, добрите вести се дека постои решение за овој проблем и дефинитивно можете да ја свртите целата ситуација во ваша корист!rnrnПа, како да ги победите хејтерите сезнајковци?rnrnХејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?rnrn1. Никако не се обидувајте да почнете расправија со нив! Нема да успеете ниту да ги разубедите ниту да им докажете нешто. Ако почнете да се карате, само ќе паднете на нивно ниво и ќе се изнервирате.rnrn2. Игнорирајте ги. Хејтерите одвај чекаат да реагирате, затоа што така ќе си го исполнат времето со оглед на тоа што и онака немаат попаметна работа. Едноставно не им обрнувајте внимание и продолжете понатаму со животот. Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но со текот на времето ќе станете имуни на хејтеризмот.rnrn3. Искористете го нивниот хејт во ваша полза. Да, ова е сосема возможно. Не заборавајте дека никој не ги спомнува луѓето кои не се вредни за спомнување. Според ова, ако сте постојана мета на хејтери, тоа е знак дека нешто правите како што треба. Слободно сфатете го хејтот како комплимент.rnrnНормално е дека не можете да добиете одобрување за она што го правите од сите луѓе на светот, но не дозволувајте нечиј ограничен ум да ви го попречи патот кон остварувањето на вашите соништа. Никогаш не се менувајте себеси за да им се допаднете на другите. Останете доследни на себе и секогаш бидете свои. Не заборавајте дека што и да направите: Haters gonna hate (Potatoes gonna potate).rnrnХејтеризам и ренесанса: Како да се справите со оваа неизбежна појава во современото општество?

  • Викенд поезија: Што остана од нас?

    Викенд поезија: Што остана од нас?

    Автор: Андреј ЈанковrnrnЈас ти верував, мила. Мојата доверба до последна капка ти ја доверив тебе.rnrnСрцето мое беше под твое полномоштво, а ти лесно го издаде и продаде.rnrnГо продаде тоа срце што знаеше да сака. Го уби човекот што не знаеше да мрази.rnrnГо изневери. Како со играчка, како со мало дете си поигра со него.rnrnВикенд поезија: Што остана од нас?rnrnТи го ветуваше неговиот живот. Ти го подаруваше светот на дланки.rnrnНо, тебе ѓаволот те излажа. Влезе во твојот ум и манипулираше со тебе.rnrnА тој насмевката не ја симнуваше додека беше со тебе.rnrnА ти и неа му ја одзема. Сè што имаше му зема. До последна солза очите му ги исуши.rnrnДо последна капка го исцеди, го исуши, го уништи.rnrnШто сега? Сега е време за плачење. Тој ќе пати, ќе тагува. Ти ќе се смееш, ќе уживаш.rnrnТој ќе нема волја за живот, ќе сака да умре.rnrnА ти, ти ќе спиеш во туѓи прегратки додека тој умира.rnrnИ нема да ти биде грижа. Неговото срце ќе откажува постепено, и тоа никој нема да го забележи.rnrnНи ти нема да забележиш. Па како? Кога без совест го остави.rnrnНе ти беше гајле како ќе се чувствува, туку што да почувствува, што да осети.rnrnЗошто одмазда? Што ти стори тој? Што направи освен што ти го подари животот?rnrnТоа ли заслужи? Во мрак да живее. За надеж да се надева.rnrnВо соништата да те исчекува, да дојдеш, да се извиниш, да се покаеш.rnrnНо, не. Ти не беше човек. Да беше, ќе дојдеше, ќе бараше прошка.rnrnШто остана од нас сега? Само еден човек што се претвори во расипана играчка.rnrnИграчка која ти ја создаде и ти ја расипа. Ти ја упропасти. Ја остави повредена.rnrnГо остави без ронка милост. Без чувство. Без товар на срцето.rnrnЖивеј ти сега, а тој ќе умира.rnrnСамо тој знае како му е. Нема кој да го сфати. Сите се исти како тебе.rnrnСамо тој беше човек. Човек со душа.rnrnЧовек со срце. Но остана без ништо.rnrnНеговите последни зборови беа: „Од нас остана само болна приказна.“rnrnНеговиот последен здив беше за неа.rnrnНеговата последна мисла беше: „Те сакам, несудена моја.“rnrnПоследниот миг од животот пак беше за неа.rnrnСè што стори беше за неа. А таа му подари смрт.rnrnЉубовта го уби.rnrnА таа го закопа жив…

  • Апсурдот на модерното време: Кругот е коцка

    Апсурдот на модерното време: Кругот е коцка

    Целиот живот го минуваме барајќи се себеси, барајќи ги нашите цели, нашата смисла на постоење. Верниците се тешат дека постои задгробен живот, оптимистите веруваат во реинкарнација, песимистите во уште поголема болка и страдање. Постојат различни верувања, но целта е иста: Се тешиме дека постои нешто по овој живот на Земјата, се тешиме дека ќе оставиме трага, дека не сме живееле залудно. Но, што ако сето тоа е една голема заблуда? Што ако по смртта сите нѐ чека едно големо ништо? Дали кога би знаеле дека сѐ што правиме во животот е бесмислено и безначајно, би имале волја да живееме?rnrnАпсурдот на модерното време: Кругот е коцкаrnrnЕгзистенцијалистите тврдат дека ние сме „фрлени“ во светот против наша волја. Принудени да живееме без никаква смисла. Сите наши дела се безначајни бидејќи и онака евентуално сите нѐ чека ист крај. Мерсо од „Странецот“ на почетокот од романот ги дели овие мисли и тој не живее. Тој живурка. Го прави она што ќе му го наложат другите. Рамнодушен е и бесчувствителен. Не го допира дури ни смртта на сопствената мајка. Остава другите да одлучуваат за него, бидејќи нему му е апсолутно сеедно. Барем сѐ додека не дојде моментот кога вистински треба да се соочи со смртта. Тогаш сфаќа дека и покрај тоа што смртта е неизбежна, неговите дела имаат значење на овој свет и можат да внесат промена.rnrn

    Апсурдот на модерното време: Кругот е коцка
    Митот за Сизиф: Подземните богови на кутриот Сизиф му ја досудиле оваа казна: требало постојано да тркала еден огромен камен од рамнината до врвот на еден рид. Кога мислел дека тешкиот товар го дотуркал до врвот, огромниот камен одеднаш му се испуштал од рацете и пак се наоѓал долу, во рамнината. Тој морал одново да се искачува со својот камен, но никогаш не можел да стигне до целта.
    rnrnЕве да речеме дека нашето постоење има смисла, не во однос на тоа дека нѐ чека некаков си задгробен живот според нашите заслуги на земскиот, туку дека сепак можеме да оставиме некаква трага. Луѓето по нашата смрт ќе зборуваат за нас, ќе се сеќаваат, барем одредени генерации. Ако сме направиле нешто позначајно можеби ќе станеме и бесмртни и ќе нѐ учат и читаат по учебници, којзнае?! Но, ние нема да знаеме ништо за тоа. Нема да бидеме свесни за нашиот посмртен успех, за нашето влијание на идните поколенија, тоа апсолутно нема ништо да ни значи. Вреди ли да се живее за тоа?rnrnЛуѓето честопати велат дека животот е круг. Луѓето верувале во карма уште пред да стане зборот „карма“ модерен. Доказ за тоа е поговорката „Што си сеел, тоа ќе жнееш“ или „Што си дробел, тоа ќе сркаш“. Со други зборови, секое зло ќе ти се враќа со лошо и секое добро ќе ти се враќа со добро. Секој со својата заслуга. „Кругот се врти“, велат. Почнуваш да живееш од одредена точка и понатаму продолжуваш да се вртиш во тој маѓепсан круг, сѐ додека не се вратиш таму од каде што си тргнал. Но, дали животот е навистина толку едноставен?rnrnАпсурдот на модерното време: Кругот е коцкаrnrnМожеби е, но човечки е да се комплицираат работите. Кругот не се врти секогаш во вистинската насока. Некогаш ротира во спротивната, а некогаш толку се разобличува што престанува да личи на круг! Прекрасно би било кога во животот навистина би функционирало тоа „секој со својата заслуга“, но за жал работите не се толку едноставни. Не само што не се едноставни, туку се и апсурдни!rnrnАко погледнете повнимателно, апсурдот е насекаде! Да тргнеме од најпопуларната тема на светот: Љубовта. Млад дечко, речиси 30-годишен, никако да пронајде среќа во љубовта. Не е до него! Тој е најпрекрасниот дечко што постои на планетава! Највнимателниот, најпаметниот, најуспешниот, со најблескавата насмевка! Но, што се случува? Паметните и убавите девојки кои нему му се допаѓаат мислат дека е предобар за да биде вистинит и не му веруваат. Скептицизмот е страшна работа! Секој збор што ќе го изусти го сметаат за лага.rnrnАпсурдот на модерното време: Кругот е коцкаrnrnНо, и тие не се виновни. Еднаш биле повредени од некој кој изгледал исто така како него, а нели сите ни велат дека треба да учиме од грешките и искуствата. Епа, поучени од искуството тие не му веруваат на ова прекрасно момче. Евентуално, ова прекрасно момче завршува со некоја која воопшто не е на негово интелектуално и духовно ниво, а паметните девојки со некој ограничен конформист, само затоа што не можеле да поверуваат дека незамисливите нешта навистина се случуваат. Зар не е тоа апсурдно?!rnrnОдиме понатаму! Паметна девојка, штотуку завршила факултет со просек 9,8. Покрај тоа што е паметна, таа е вредна, културна, способна, со неверојатни комуникациски вештини и амбиции. Но, нешто ѝ недостасува. Можете да погодите што? Апсурдно, но нејзе ѝ недостасува недостаток на морални вредности! Таа не сака да добие работа благодарение на мама и тато или преку врските што ги потегнал некој далечен роднина кој никогаш го нема видено во животот. Таа не сака да успее благодарение на нејзиното длабоко деколте, долги нозе и добар задник. Таа сака да успее благодарение на нејзиниот ум, способности и вештини.rnrnАпсурдот на модерното време: Кругот е коцкаrnrnАма што ќе прави тогаш девојката која ги напрчила градите и усните? Што ќе прави девојката која нема ни грам памет, но затоа нема ни грам морални вредности? Ќе научи, како што ќе прави! Ќе се помачи, ама до некаде ќе научи да работи. Најважно е да е претставителна! Клиентите да имаат што да видат! Затоа, паметната девојка закопчана до гуша ќе си остане дома и ќе чува деца со амбициите закопани во подрум, а онаа „претставителната“ ќе го прошета целиот свет и ќе ужива во нејзиниот успех и недостаток на морални вредности. Апсурдно!rnrnШто е со пријателството? Деликатна тема. Многу значајна. Најзначајна. Сите знаеме дека пријателството се гради врз основа на доверба. И сите знаеме дека кога таа доверба еднаш ќе се скрши, парчињата можат да се залепат, но секогаш ќе остане пукнатина. Затоа пријателството е неверојатно нежно, ранливо и треба да се негува со особено внимание. Да си замислиме две најдобри пријателки. Пријателки од детство. Најблиски. Секогаш биле тука една за друга. Си помагале, си ги кажувале своите најскриени тајни. Нормално, дека имало периоди кога малку се оддалечувале, но и покрај далечината меѓу нив, тие секогаш останувале блиски. Немало потреба да се гледаат или слушаат секој ден за да останат најдобри пријателки. Секогаш си ги препознавале чувствата и мислите, без оглед на сѐ. И тогаш некој или нешто застанува помеѓу нив. Успева да направи мала пукнатина.rnrnАпсурдот на модерното време: Кругот е коцкаrnrnБез разлика дали се работи за тоа што едната од нив се омажила, заминала засекогаш, дошла трета личност која успеала да предизвика раздор или нивните семејства замешале прсти за лични интереси… Не е важно, нешто се случило. Ќе си речете „Па, ако пријателството навистина било толку цврсто, немало да успее ништо да ги раздели“. Не, тие не се разделени. Само постои мала пукнатина, не по нивна вина. И работите помеѓу нив никогаш повеќе не се исти. Што од незгодно, што од непотребна грижа на совест, што од прикриената нерационална замерка… Животни околности, тоа е, се случува. Но, сепак апсурдно е тоа што две сосема невини и чисти личности стануваат жртви на туѓи интереси. А најголемата жртва во целата ситуација е токму тоа неуништливо пријателство кое сега го краси една апсурдна пукнатина.rnrnАпсурдните примери на човештвото не завршуваат тука: Лажговци и крвопијци стануваат лидери, хуманисти и врвни таленти завршуваат на улица, спонзоруши и проституки – идоли на новите генерации, паметни и слободоумни жени – заробени во канџите на патријархатот, чесните и трудољубиви луѓе се на дното, а ништожните злобници секојдневно достигнуваат нови врвови. Каде е тука правдата?rnrnЖивотот не е фер. Животот е апсурден. Животот можеби е круг, но кругот е коцка. Секој ден е неизвесен. Коцката има 6 квадратни страни и 11 можни начини на расклопување. Не знаеме на која страна ќе завршиме. Можеби ќе се вратиме таму од каде што сме почнале, можеби ќе завршиме на спротивната страна, на соседниот квадрат, можеби ќе се најдеме надвор од коцката, којзнае?!rnrnАпсурдот на модерното време: Кругот е коцкаrnrnШто и да ве очекува во животот, без разлика дали е лошо или добро, зар не ве интересира што се случува спроти точката во која што се наоѓате моментално? Зар не сакате да дознаете во што ќе се претворите додека стигнете до таму? Зар не ве интересира како можете да ја измените формата на кругот кој станал коцка и да го трансформирате во пирамида, на пример? Можностите се неограничени! Само слободниот ум може да ве одведе таму каде што ќе посакате. Сѐ во животот е минливо, но човечката љубопитност е постојана. Потрагата по нови сознанија е бесконечна. Не ви треба смисла на вашето постоење, ако ја негувате вашата љубопитност. Никогаш не престанувајте да трагате по одговорите, колку и да ви се чини тоа бесмислено. Никогаш нема да ја изгубите смислата, ако посакате да ја истражите секоја точка од коцката. Само треба да го прифатите апсурдот на човечкото постоење и на модерното време. Само треба да посакате. Само треба да си кажете „Јбг живот“ и да продолжите понатаму.

  • Еден лајк – илјада зборови

    Еден лајк – илјада зборови

    Фејсбук… Толку жалби имам, од љубов спрема него не можам да ги кажам. Станува збор за врска на љубов и омраза. Фејсбук можеше да биде најдобро нешто што ни се случило, да знаевме да го користиме како што треба. Навистина е доста корисен кога треба да се информираме за културни настани, отворања, актуелни случувања, кога треба да најдеме прашања за испит, да дознаеме дали предавањето е откажано во последен момент, да организираме собир со поголема група луѓе… Со неколку зборови ни помага да бидеме во тек со сè што се случува.rnrnЕ сега, човек како човек, пусти слабости и искушенија, не често туку секојдневно ја злоупотребува транспарентноста на оваа социјална мрежа. Па, како последица Фејсбук е пред сè причината за караници на голем број парови („Која е оваа што ти лајкнала?“, „Како смее овој да ти коментира?“, „Што има сега па бившиот да ти пишува?“, „Избриши го од тој од френдс!“ и слично…), што евентуално може да доведе до крај на врската.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnПотоа, Фејсбук е причината за многу недоразбирања, особено кога станува збор за групно договарање, па некој се налутил и на крај ништо не се решило. А да не почнам да зборувам за манијаците што рандом додаваат за пријател и пишуваат на кој ќе стигнат (иако постои опција за да се одбрани човек од овој напад, сепак не е во ред…). Па, илјадниците исфрустрирани млади (сега веќе и постари) луѓе кои лечат комплекси преку „филозофски“ статуси, зајадливи коментари на туѓи статуси, разголени фотографии итн итн…rnrnИ полека доаѓаме до тој кобен ЛАЈК. Лајкот на прв поглед изгледа како најбезопасното нешто што го нуди Фејсбук. Но, тоа е далеку од вистината, бидејќи со еден лајк можат да се кажат многу работи. Лајкот е дури и посериозна работа од новите тотално непотребни реакции. Еден лајк може да значи многу работи, па според тоа постојат повеќе видови лајкови. Да погледнеме кои се најзастапените…rnrnЕден лајк-илјада зборовиrn

    Искрен лајк

    rnОвој лајк е прилично ретка појава и обично се однесува на слики со некои животинчиња, дечиња, трогателни или смешни статуси, во принцип понеутрални работи. Овој лајк ја исполнува својата првобитна намена: Тој значи дека некому нешто навистина му се допаѓа.rn

    Пријателски лајк

    rnОвој лајк има две поткатегории: Размена на лајкови помеѓу најдобри пријатели и размена на лајкови помеѓу познајници. Разликата е во тоа што најдобрите пријатели мора да си ставаат лајк едни на други, без оглед на сè! Тоа е знак на поддршка, особено во случај на дефицит на лајкови! Овој лајк обично е придружен и од коментари од типот „Лепотица моја!“, „Кажи кој те сликаше?“, „Си газиш тебра“ и секако стикери. Во случај најдобриот пријател да забушава и да не става лајк, тоа веднаш се средува, по брза постапка со порака на чет: „Стај ми лајк на профилната, бе!“rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnЛајковите помеѓу познајниците пред сè служат за да се искаже меѓусебна почит. Овие лица обично не се многу блиски, можеби и никогаш не направиле муабет, но ете се знаат така од социјалните мрежи и си ставаат лајк на сè и сешто. Овој однос е двонасочен, така што ако едната страна од некоја причина престане да ја „почитува“ другата страна, размената на лајкови ќе престане.rn

    Флертувачки лајк

    rnОва е многу чест облик на виртуелен флерт кој се одвива помеѓу симпатии кои може, но и не мора да се знаат во живо. Во оваа фаза од флертот, најверојатно ни еден од нив сè уште не се осмелил да пише, но по одреден број постојани лајкови, обично машката страна го крши мразот. Тие не си лајкнуваат што било, бидејќи не чини да се претера, ама неколку пати неделно на овој начин симпатиите си кажуваат дека се заинтересирани еден за друг.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrn

    Манијачки лајк

    rnМанијачкиот лајк може многу лесно да се помеша со флертувачкиот лајк. И тука станува збор за флертување , само што тоа во овој случај најчесто е еднострано, односно не доаѓа до размена на лајкови. Ова е буквално лајкување без усул! Најдобро можете да го препознаете по тоа ако добиете лајк на некоја слика од пред сто години, уште кога сте носеле протеза. Тоа значи дека лицето што лајкува поштено ви го има изманијачено профилот, внимателно прегледувајќи ја секоја ваша фотографија и не се срами тоа јавно да го признае! Па добро, на тој што признава пола му се простува, нели?rn

    Ироничен лајк

    rnОва е еден од најопасните лајкови што постојат. Тој може да значи сè освен „ми се допаѓа“. И обично прилично е јасно дека станува збор за ироничен лајк, бидејќи лицата кои си го разменуваат не се сакаат баш и тоа многу добро го знаат и двете засегнати страни. Да ги разгледаме најчестите поткатегории на овој озлогласен лајк…rnrnЛајк од девојката која ви е конкуренција: Не, не, не, таа не ви се воодушевува! Таа ви љубомори. Без разлика дали сте ѝ ја украле симпатијата, сте имале конфликт некогаш во минатото или луѓето често ве споредуваат по успех и убавина, таа ве доживува како конкуренција и со нејзиниот лајк сака да ви порача дека не можете да бидете подобри од неа. Ова не важи баш за машкиот пол, бидејќи тие не се заморуваат толку со овие работи.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnЛајк од поранешната девојка на вашето сегашно момче: Ова е многу интересен лајк кој доаѓа сосема ненадејно и неочекувано. Првата реакција е подотворена уста и ококорени очи. Потоа ги затворате очите, па пак погледнувате за да се уверите дека видот не ве мами. Потоа следува громогласно смеење, пола од паника, пола од што е навистина смешно. И на крајот потонувате во размислување и разглабање за да ја откриете целта на овој необичен лајк. Не, овој лајк не е нејзин благослов за вашата врска со нејзината поранешна љубов. Овој лајк има за цел да ве потсети дека таа сè уште е тука и не планира да ве остави на мира уште некое време, додека не си најде попаметна работа. А можете да бидете и сигурни дека таа е редовен посетител на вашиот Фејсбук профил. Лајкот е обично поттикнат од нешто (читај: од некој кој ја мотивирал за оваа акција), така што не ја префрлајте целата вина на неа. Сличен е на оној од девојката која ви е конкуренција, само што тука не постои реална конкуренција, бидејќи тој е со вас, а не со неа. Истото се однесува и за лајкот од поранешното момче на вашата сегашна девојка.rn

    Екс фактор лајк

    rnИли размена на лајкови помеѓу две лица кои порано биле во врска. Овој лајк може да значи неколку работи:rnrn1. „Тотално сум кул кога станува збор за нас двајца, ти посакувам сè најдобро и мило ми е што те гледам вака среќен/на.“rnrn2. „Хмм… Толку многу ме прогонуваше, што те снема одеднаш? Ме заборави? Сега ќе те потсетам на мене со еден голем лајк (или повеќе). “rnrn3. „Уште имам чувства за тебе, сакам да ми пишеш, да ми се јавиш и да разговараме… Сè уште те немам преболено и сакам да пробаме пак.“rnrn4. „Не те сакам веќе, ама некако се чувствувам осамено во последно време и плус досадно ми е и си реков дека можеби и ти немаш што да правиш, па би сакал/а да подругаруваме малку во име на старите добри времиња.“rn

    Пишман лајк

    rnОва е кога некој ќе ви стави лајк, па ќе го тргне. Ако лајкот е тргнат веднаш откако е ставен, веројатно станува збор за грешка и тоа е сосема во ред. Ако е тргнат после неколку дена, тоа значи дека во моментот кога бил ставен лајкувачот не бил баш при себе и по некое време сфатил колку лош потег било тоа, па се премислил и помислил дека е подобро ако го тргне. Тоа е всушност уште полоша одлука, бидејќи зборува за тоа колку неодлучна и непринципиелна личност е тој/таа. Доколку лајкот е тргнат по навистина подолг период (неколку месеци/година на пример), запрашајте се зошто воопшто сте забележале дека го нема.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnСекако дека постојат и луѓе кои едноставно не му придаваат никакво значење на лајкот и лајкуваат сè што ќе стигнат без некоја особена причина. Секоја чест за нив, но со оглед на тоа што тие се малцинство мора да го имаат предвид фактот дека нивниот ноншалантен лајк може да има големо влијание врз некое лице кое ќе му даде на значење и ќе се впушти во негова длабока анализа.rnrnНаравоучение: Внимавајте што и кому лајкувате бидејќи може да бидете сфатени погрешно и непотребно да си го искомплицирате животот. Не заборавајте дека за некои луѓе еден лајк вреди илјада зборови.

  • Крал под нејзина контрола

    Крал под нејзина контрола

    Продолжуваме со музичките референции, овој пат со нешто поново: Years and Years со нивната песна „King“. Ако сте ја чуле, знаете дека текстот пее за крал, односно маж којшто во принцип е моќен, влијателен и има свој став, сè додека не се појави неговата понежна половина. Е тогаш работите се менуваат. Тој сè уште се смета за крал, но полека станува свесен дека контролата не е повеќе во негови раце. Не за џабе се вели: „Мажот е главата на семејството, но жената е вратот“. Таа е таа која има способност да ја врти главата како сака и без која главата не би стоела гордо исправена. Сигурно познавате безброј вакви примери, но ова воопшто не е појава на модерното време. И покрај тоа што во минатото жените немале никакви права и нивниот глас се сметал за безначаен, сепак нивната лукава и пресметлива природа наоѓала начин да го наметне своето влијание, барем врз постапките на нивниот маж.rnrnКрал под нејзина контролаrnrnДури и големиот Шекспир зборувал за ова во своите драми! Најдобар пример е неговата трагедија „Макбет“. Иако напишана векови наназад, оваа драма совршено ја илустрира моќта на женските зборови и одлично може да се вклопи и во денешен контекст. Мал вовед за оние кои не се запознаени со содржината: Макбет е еден од најсилните, најверните и најблагородните војсководци на кралот. Трите вештерки предвидуваат дека тој еден ден ќе стане крал. По ова сознание тој станува опседнат со оваа помисла и решава што побрзо да стигне до посакуваната цел. Е, сè супер, ама се јавува еден проблем. На Макбет му треба некој да го подбутне и да го окуражи да премине од зборови во дела, затоа што цело време нешто се пишмани. А кој може подобро да го направи тоа, ако не неговата Лејди Макбет? (Жената секогаш крива за сè!). Имено, во моментот кога тој се наоѓа пред својата најголема животна дилема, Лејди Макбет се служи со неверојатни женски техники на убедување кои верувале или не функционираат и ден денес.rnДа погледнеме кои се тие:rn

    „Не ме сакаш!“

    rnЖени, велите така признајте! Секогаш кога жената сака да го убеди мажот да направи нешто, оди на најподмолната можна варијанта: Набивање грижа на совест. Таа е несакана, отфрлена и запоставена жртва на која ѝ треба љубов! И некако магично, во тој момент како доказ за љубовта на мажот спрема неа ќе послужи неговата согласност да ги исполни сите нејзини каприци. Не сакате да одите на глупавата изложба со неа? Не ја сакате! Не сакате да го фрлите ѓубрето? Не ја сакате! А ако еднаш „паднете“ на овие зборови чија намера е да допрат до вашите емоции, нема враќање назад! Нема да имате друг избор освен да се покорите (иако сте крал).rn

    „Се плашиш!“

    rnДобро познатата обратна психологија. Ова е малку посуптилен начин на убедување бидејќи не е толку нападен како претходниот и е малку така како на повисоко ниво. Тука жената воопшто не се обидува да глуми жртва, но глуми дека се помирила со одлуката на мажот која е против нејзина волја. Во оваа ситуација жената е најсмирена на целиот свет, има индиферентен израз на лицето и со тивок тон на гласот вели: „Во ред е, знаев дека нема да го направиш тоа. Нормално е да се плашиш, не мораш да направиш ништо, сè е во ред.“ Не. Ништо не е во ред. Тогаш вие почнувате да се чувствувате како да сте ја разочарале бидејќи не сте ги исполниле нејзините очекувања. А тоа не му доликува на еден влијателен крал! Егото ви проработува и се заинатувате дека ќе направите сè што е потребно за да ја докажете вашата сила и бестрашност! Браво за вас!rn

    „Да бев маж, јас ќе го направев тоа!“

    rnОва важи за поагресивните жени кои сакаат да доминираат, но сепак живеат според некои општоприфатени норми и ги негуваат традиционалните одлики што им се придаваат на жените (или ги користат како изговор да не направат нешто затоа што се жени и не би било соодветно). Со овие зборови тие го чепкаат машкото его и ја доведуваат до прашање машкоста на кралот. А тоа не доаѓа предвид! Во овој момент кралот си помислува: „Зар една обична жена да биде похрабра и посилна од непобедливиот маж?!“ Не му текнува дека станува збор за вториот кондиционал, што автоматски ја прави реченицата една обична хипотеза која воопшто не е остварлива во реалноста.rn

    „Рече дека ќе го направиш тоа!“

    rnЕ тука мажите веќе сами си се криви. Ако навистина сте ветиле дека ќе направите нешто или барем сте спомнале , верувајте дека жената никогаш нема да го заборави тоа. Ќе го запечати во оној предел од мозокот наречен „памти за секој случај“ и ќе го извлече токму во оној момент кога најмалку сте очекувале. Неверојатно е тоа како жените не можат да се сетат како да сменат гума, но кога станува збор за паметење на најмалите ситници им нема рамен! Тие знаат точно кога сте го кажале тоа, кои зборови сте ги употребиле и која била интонацијата. Секој добар крал треба да си стои на зборот, така што од ова нема спас. Памет за друг пат.rnrnОва се само некои од многуте техники на убедување кои ги користат жените, а се немаат сменето веќе стотици години. Зошто би се менувало нешто што функционира совршено добро? Женската моќ на убедување е толку голема што поради неа кралот е во заблуда дека владее. Кралот можеби е тој што владее со земјата, но кралицата е таа што владее со кралот.

  • Раскинување ли е војна ли е?

    Раскинување ли е војна ли е?

    „Love is a battlefield“ или „Љубовта е бојно поле“, рекла Пет Бенатар на времето. А и денес сè повеќе се зборува за тоа дека љубовта е како војна, со постојани препреки и борби кои треба да се пребродат. Сите се или некогаш биле во врска. Во првата љубовна врска се влетува сè порано и порано. А има и различен вид врски. Официјална врска. Сериозна врска. Комплицирана врска. Врска без обврска… И така кога врските станаа многу модерни почна да се зборува дека да се биде во врска значи да се води војна. И тоа не каква било војна, туку војна за превласт, за доминација. Секој потег во врската мора да е однапред стратешки обмислен и анализиран инаку готово. Губиш. Ја губиш моќта, стануваш инфериорен или како што се вели „папучар“ (во негативната смисла на зборот). И војната трае и трае сè додека врската не заврши. Меѓутоа ако подобро размислите, вистинската војна почнува токму тогаш! Секое раскинување навистина се развива низ истите етапи како што се развива и една војна. Да почнеме од почеток:rnrnРаскинување ли е војна ли е?rn

    Повод и причини

    rnУште во основно училиште, кога се запознававме со Првата светска војна, нè учеа дека повод и причина не се едно исто. Убиството на австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд не е причина за првата светска војна, туку е поводот. А причините се таложеле уште од порано и само се чекало погоден повод за да се почне. Исто е и со врските. Вистинската причина за раскинување, никогаш ама НИКОГАШ не е онаа поради којашто парот таа вечер се расправал и решил да раскине. Всушност, тој што раскинува е оној кој ја објавува војната. Да илустрираме со пример:rnrnТОЈ: (доаѓа дома од луд провод, со женски, пиење и што и да се прави на машки луд провод и решава дека сака да е сингл) Еее маче, ме чекаш?rnrnТАА: Добро што правеше до 5 саат сабајле? Цело време си со другарите, кога ќе одвоиш време за мене?rnrnТОЈ: (неочекувано избувнува) Ти не си нормална! Само некои љубоморни испади со тебе! Ти кажав дека сега треба да бидам со другарите, многу проблеми имаат, морам да бидам тука за нив! Ти ништо не ме разбираш. Ти раскинувам!rnrnТАА: Ама…rnrnТОЈ: Готово! Ти раскинувам! Ти мене будала ќе ме правиш. Раскинувам.rnrnОд оваа ситуација може да се согледа дека поводот за војната е обичното прашање на девојката што тој правел до 5 часот сабајле и кога ќе одвои време за неа. Но, причините за војната се тоа што на дечкото едноставно му здодеало да биде во врска со таа девојка, му треба нешто ново, нешто возбудливо и тоа е тоа. Ама, не дај Боже да се кажат вистинските причини! Не, не. Ова е војна! Мора да се размислува стратешки! Инаку ќе се изгуби предност.rn

    Напад, контранапад, повлекување

    rnОткако војната е започната следува нападот. Тој може да биде директен или индиректен. Директниот напад најчесто го започнува оној на кого му било раскинато бидејќи нормално е повреден. Директниот напад може да биде вербален кој се состои од пцости и навреди кажани или директно во лицето на непријателот или преку некое средство за комуникација (мобилен, Фејсбук, Вајбер итн.), а може да биде и (не дај Боже!) физички кој се состои од удирање на непријателот или пак кршење и расфрлување на битни и небитни предмети наоколу (по можност оние кои припаѓаат на непријателот).rnrnИндиректниот напад се случува по директниот напад. Откако завојуваните страни решиле дека нема да зборуваат повеќе, следува индиректниот напад. Индиректниот напад е многу интересна појава која значително почна да се развива со развојот на технологијата и појавата на социјалните мрежи. Порано, индиректниот напад се состоеше од озборување наоколу, споделување нинтимни или срамни работи за противникот, вистинити или невистинити, и сè се сведуваше на тоа – трач. Но, денес нештата се искомплицираа, најмногу поради појавата на… (погодувате нели), нашиот драг ценет ФЕЈСБУК. Индиректниот напад на Фејсбук се состои од: споделување статуси од типот: „Да изгубиш некој кој не те почитува, не е загуба, туку е всушност добивка“; потоа споделување песни во стилот на „I’m strong enough“, „Cry me a river“, „Нејќеш да сум сама“, „Кучка неверна“, „ Немаш ни благодарам“ и многу, многу други; пишување текстови со метафорична содржина во која е опишана моменталната ситуација и негативните чувства спрема непријателот, но на екстремно поетски начин. Најјакото е тоа што сите, ама баш СИТЕ знаат за кого се статусите, песните, текстовите и сл. А и тоа е и поентата, нели. Тој што треба да се пронајде – да се пронајде, тие што треба да разберат – да разберат. А тоа се сите 283728937239 небитни пријатели на фб.rnrnРаскинување ли е војна ли е?rnrnИ нормално, јасно е дека на секој директен или индиректен напад следува соодветен контранапад и тоа може да трае до бескрај, сè додека попаметниот не попушти и не реши да се повлече и да ја напушти битката. Повлекувањето се состои, пак, од: блок-дилит на сите можни социјални мрежи, бришење на сите можни заеднички слики на социјалните мрежи, оттагнување и бришење на сите докази кои би можеле да ѝ укажат на јавноста дека сегашните непријатели некогаш биле во врска. Попаметниот ја напушта само битката, не и војната, затоа што следува следната етапа:rn

    Формирање сојузи

    rnТука веќе војната почнува да ги засега и другите луѓе, а не само завојуваните страни. Имено, сите заеднички пријатели кои некогашниот пар ги стекнал за време на својата врска, мора да одлучат кон која страна ќе се придружат. Да се дружат и со двајцата? Не доаѓа предвид! Мора да одберат кого повеќе поддржуваат и со кого повеќе им годи да го поминуваат времето. Која страна и да се одбере, предуслов е да се стане смртен непријател на противникот како и да се стане дел од самата војна. Тоа вклучува учество во индиректниот напад и тотален игнор на сите кои се придружиле на спротивната страна. Ако некој сојузник случајно биде откриен дека стапил во каков било контакт со сојузниците на непријателот или не дај Боже со самиот непријател, тој во истиот момент ќе биде прогласен за кодош, предавник, Јуда и ќе биде исфрлен од сојузот.rn

    Освојување територии

    rnОткако сојузите се веќе формирани следува освојувањето територии. Тоа се местата во градот кои некогаш биле заеднички, припаѓале на некогашниот пар, биле нивна одлика, нивно убаво сеќавање… Е сега дојде времето кога треба да се изврши поделба на тие територии. Вообичаено, по дифолт, местото му припаѓа на оној кој го предложил. Противникот не смее да стапне таму освен ако не сака да предизвика уште еден напад. Ако случајно дојде до таков напад тој би бил кулминацијата на целата војна. Тоа е така затоа што овој напад вклучува и други луѓе кои најчесто се користат за да предизвикаат љубомора. На овој напад може да му се стави крај на два начина: Со предизвикување сцена или со мирно повлекување од битката.rnrnРаскинување ли е војна ли е?rn

    Надворешни влијанија

    rnНадворешните влијанија можат да бидат позитивни и негативни и нив ги сочинуваат мајките, татковците, сестрите, браќата, бабите, дедовците, роднините и најблиските пријатели. Секогаш има такви кои сметаат дека оваа војна е само привремена и дека противниците ќе се смират и пак сè ќе се врати како што си било порано. Нивниот однос со сегашниот непријател бил одличен и тие не можат да замислат подобар сопатник за своето чедо (или барем се плашат дека нивното чедо не е способно да најде подобар сопатник). Некогаш се во право, некогаш се во заблуда, но како и да е тие се оние позитивни влијанија. А има и такви кои сегашниот непријател отсекогаш го сметале за непријател и со нетрпение го чекале денот кога оваа војна ќе започне. Тоа се оние кои сметаат дека непријателот никогаш не бил доволно добар за своето чедо и тие се така наречените негативни влијанија. Понекогаш овие влијанија успеваат да постигнат некаков ефект и да придонесат за развојот на војната или пак да ја прекинат, сè зависи од степенот на тврдоглавоста на завојуваните страни.rn

    Крај на војната, потпишување на мировен договор

    rnОткако завојуваните страни ќе ги истрошат сите свои ресурси и ќе бидат истоштени од долготрајната емоционална или (скраја да е!) физичка болка, настапува крајот на војната. Крајот е инициран од страна на порационалниот во некогашната врска или пак од некоја трета личност која најмногу го изела од оваа војна, па и на неа ѝ е дојдено преку глава и сака само сè да се заврши. Тогаш завојуваните страни се договараат мирно да разговараат и да ги решат сите работи кои останале недовршени помеѓу нив, да си кажат сè што им лежи на душичката и да се ослободат од товарот кој им тежи во градите. После овој разговор или ќе се смират, или ќе решат да останат пријатели, или од утре нема да се познаваат, трето нема. Четврто де.rn

    Жртви и материјални штети

    rnНајголеми жртви се оние кои биле принудени да избираат страна и со тоа изгубиле пријател, како и оние кои биле принудени по цели денови да слушаат за противникот и да развиваат стратегии и хипотези од типот на „што би било кад би било“. Материјалните штети вклучуваат: Уништување на сите заеднички слики, рамки, фрлање на ланчиња, приврзоци од тераса, кршење на предмети добиени како подарок, раскинување на плишани мечиња, лупање телефони од ѕид, кршење на монитор со тупаница и сл.rnrnБез разлика на тоа дали војната ќе заврши со среќен или тажен крај, неминовно е зад себе да остави безброј исплакани солзи, уништени предмети, повредени личности, повредено его и многу ретко се случува да не остави последици во иднината и во понатамошниот развој на историјата на две сосема обични човечки битија.

  • Чек, чек, Стојанче

    Чек, чек, Стојанче

    Автор: Гордана БалескаrnrnКога бев четврта година средно, ја обработувавме „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет. Се сеќавам дека тогаш таа книга за нас беше најдосадната, најапсурдната, без поента, без ништо во неа. Дури откако почнав прва година на факултет, сфатив дека ниту едно дело од времето на реализмот со сите свои детални описи и многубројни страници не успеало да ја опфати реалноста како што Бекет го прави прави тоа преку апсурдот и бесмислицата. За што станува збор во „Чекајќи го Годо“? Накратко, Владимир и Естрагон го чекаат Годо да им најде работа, да им помогне во барањето работа, да ги вработи некаде.rnrnchek-chek-stojanche-kafepauza.mkrnrnОткако почнав со студирањето, сфатив дека сиот наш живот се свел на чекање. Чекавме да почне предавањето, да дојде професорот, да ни дадат литература и вежби, чекавме да ни закажат термин за испит, чекавме да почне испитот, чекавме да заврши испитот. Да не зборувам колку сме чекале на студентски прашања. Тоа е приказна сама за себе. И цело време чекаме. Не е важно дали тоа е денес, утре или вчера, дали е покрај патот, дрвото или грмушката, дали некој од нас ќе се обеси или не.rnrnСме седеле во прва борбена редица, сме се бореле до последен поен, сме станувале во ниедно време и во никакво време за да чекаме професор или асистент што нема план да дојде на факултет. Сме оделе на пракса и сме волонтирале, со цел да земеме какви било потврди за кога ќе нè викнат на интервју да немаат изговор да нè одбијат. Но сепак нè одбиваат, а понекогаш тоа не е ни одбивање туку само игнорирање. Постојано вложуваме во нашето образование, но пусто никако да извлечеме некаков капитал. Секој добар економист би рекол дека тоа не е исплатлива инвестиција, дека тоа е брод што тоне и дека треба да се напушти веднаш. Ама ние сме идеалисти и мечтатели, нели? А секој капетан треба да потоне со својот брод. Тамара Тодевска не пее залудно: Ти гледаш брод што тоне, а јас во него… Песната е повеќе од соодветна.rnrnКако ѕидот да го туркаме со глава, ете така и ете толку упорно го чекаме тоа подобро утре. Но знаете што? Утре е метафора. Времето никогаш не било толку релативно и толку сликовито прикажано како што е сега. Не е важно кој што знае, туку кој колку добро лаже.rnrnНие сме како Стојанче, само на понапредно ниво. Ем чукаме по вратите ем чекаме со непрекината надеж дека барем една од нив ќе се отвори…

  • Летна авантура и детелина со 4 листа

    Летна авантура и детелина со 4 листа

    Пред некој ден седнав на кафе и по некоја случајност јас стигнав порано, пријателката која ја чекав доцнеше. Одмарав и се ладев од жештината која се створи во мене затоа што доаѓав со точак. Порачав кафе и сок, по некое време и тие стигнаа и се задлабочив со погледот некаде во далечината. Сакала јас или не, муабетот од соседната маса ми го привлече вниманието. Две девојки зборуваа за тоа како им минува летово и дека сакале да помине. Зборуваа дека ќе одат на одмор на место на кое и не толку многу сакаат да одат, како сакале тиркизни бикини, а не розови. Како имале шанса да отидат на EXIT, но поради некаква причина не отишле.rnrn0-Letna-avantura-i-detelina-so 4-lista-kafepauza.mkrnrnТука се исклучив од нивниот муабет и почна да зборува нешто во мене, ми велеше: Ако ти се оди на одмор со тиркизни бикини тогаш оди на одмор со тиркизни бикини. Немаш доволно пари и немаш сместување? И тоа е во ред, биди авантурист, сигурно ќе излезе некоја комбинација. Ако имаш шанса да одиш на EXIT тогаш зошто да ја пропуштиш? Имаш 20 години и сè ти е на дланка, само треба да се запрашаш ШТО ТЕ ПРАВИ СРЕЌЕН? – и цели право кон тоа.rnrnТоа е првото прашање, а потоа следат илјадници одговори, за многу обични и необични работи, за сите ваши стравови и сласти. Запознајте се себеси преку авантури, зграпчете ги авантурите и борете се за вашата среќа.rnrnАко претходно сте имале страв од возење на мотор, летање со авион, сега е времето тоа да го пребродите. Не оставајте за утре, сè додека велите „не сега“, времето минува и еден ден ќе се свртите зад себе и ќе видите дека веќе не можете да направите некои работи што порано сте можеле, но не сте се обиделе.rnrnМислите дека ова лето би било „ТОП“ да се офарбате виолетова, макар и со колор шампон, тогаш сторете го тоа. Не грижете се што ќе речат другите, победете ги нивните скептични коментари со широка насмевка. На оние кои вистински ве сакаат ќе им бидете поубава токму поради таа насмевка.rnrnСакате нова љубов? Тогаш што чекате, забавувајте се! Има толку многу луѓе на светов, не може ниту еден да не ви е погоден. Ако веќе сте зафатени и не сте задоволни, тогаш подобро прекинете ја таа љубов која ве гуши и најдете нова и свежа. Но, не го правете тоа на болен начин, не треба никој да биде повреден за вие да стигнете до вашата среќа.rnrnПодарувајте многу љубов и насмевки, тие ќе ви се вратат. Од вашиот плакар тргнете ги темните бои и заменете ги со весели, свежи и јаки. Истакнете ги позитивните особини на вашиот карактер. Осмелете се, не запирајте, не се врзувајте премногу и по ништо не жалете предолго. Запомнете, ништо не е вечно, ниту парите, ниту луѓето, ниту вашата младост.rnrnМожеби ова е единствен пат да сме биле одбрани на животната лотарија и да имаме среќа да чекориме по земјава. Затоа зграпчете го секој миг, затоа што тој се случува само еднаш, сега и тука. Прашувајте за сè што ве интересира, пробувајте, експериментирајте, сега е времето за стекнување искуства и авантури. Излегувајте, дружете се, запознавајте нови луѓе, создавајте нови пријателства, сочувајте ги старите. Направете по нешто убаво за вашите пријатели и роднини, некоја мала ситница која ќе донесе многу позитивна енергија. Не заборавајте дека среќата е во обичните работи – работи кои ни се случуваат секојдневно додека ние се жалиме дека немаме среќа.rnrnИ така, додека водев дискусија со самата себе, во далечината забележав дека пријателката доаѓа, потоа ми излезе таа од фокусот на видното поле и погледот ми застана во една саксија каде никнала детелина со четири листа. Ми се смееше и ме довикуваше. А јас знаев дека ова е моето среќно авантуристичко лето. Време е и вие да го направите вашето.