КАФЕ ПАУЗА

Исповеди: Хард кор љубов

Исповеди: Хард кор љубов

Written by

in

Долго те немам видено, дали си ми добра? Како оди во животот? Како со љубовта? Боже, колку клише прашање, нели? Мене љубовта ми звучеше добро… едно време. Додека не стана смешна, па неподнослива, за на крај да заврши траги-комично.rnrnКога последен пат се видовме ти спомнав дека кога бев млада имав афера со женет човек. Го паметам твојот лик, така смешно ги ококори очите, но не рече ништо. Потем ти стана непријатно и ја промени темата. Но те копка, нели? Ми кажа дека сакаш да пишуваш, дека понекогаш пишуваш и за љубовта, но не милуваш да навлегуваш многу бидејќи понекогаш знае да ти биде здодевна. Баш затоа ќе ти ја кажам мојата траги-комедија во кратки црти.rnrnИсповеди: Хард кор љубовrnrnЈас 20 години, тој 30. Јас студентка, тој женет човек со едно дете. Јас наивна и млада, тој сите финти ги знаеше напамет. Доволна му беше една ружа, шмекерски поглед и добар комплимент. Јас паднав. Така евтино, си велам кога ќе помислам, кога ќе се сетам. А некогаш кога се сеќавам си велам, немој, стара си, не ти доликува. Ама човек не можел да се бори со спомените, со мислите, со тие пориви кои извираат длабоко од душата. Ај да не станувам поетична, ќе ти здодеам.rnrnТри години хард кор љубов. Ич не мислам дека ми доликуваше да се кријам по евтини мотели на моите 20 години, и како капак на тоа да го запоставам учењето. По три години добив повик од неговата жена, цела во солзи. Тоа го доживеав. Двете си плачевме на телефон. Тогаш мојата афера ја достигна највисоката точка на вриење. Кренав раце, се отселив во друг град, не му враќав на повиците, а и тој престана да биде толку упорен по еден месец. На крајот на краиштата, има куп наивни млади девојки кои би паднале на неговиот шмек.rnrnНикогаш не се омажив. Сега немам ни внуци, затоа толку мерак ми прави тоа што понекогаш ми пишуваш.rnrnНе е лудо само вашето време, да знаеш. И моето беше доста лудо. Времето, или јас?rnrnЦелта ми е да ти послужам како пример. Нели секој сака да учи од грешките, но уште повеќе од туѓите грешки. Јас ќе ти послужам како глас на совеста, а ти живеј го животот со полн здив, така како што сега јас посакувам да можев, и така како што ти можеш.rnrnНекои семејства трпат сè, и децата го гледаат тоа. Децата секогаш на почетокот се неми сведоци за подоцна да станат лика и прилика на своите родители. Ако мајката се омажила за богат човек само заради неговите пари и мисли дека е сосема во ред тоа што тој брка помлади девојки и оди на долги патувања во странство со некој глупав изговор, сè додека им обезбедува средства за живот на неа и нејзините деца, тогаш и децата ќе израснат во личности кои ќе веруваат дека таквото однесување е сосема во ред.rnrnПроблемот со луѓето е во тоа што лесно ги заслепуваат плитките и површни нешта во животот. Да имам јас сега 20 години… би си нашла некој спроти себе, некој на моја возраст, некој кој само мене ќе ме гледа со посебен сјај во очите. И нему сè би му дала. И ако во моментов ни фали толку многу од сите материјални нешта на светот, ќе направиме да бидеме духовно богати и силни за да почнеме од почеток, да го создаваме тоа материјалното што ни е потребно. Заедно. И ќе биде само наше.rnrnТројца се премногу. Тоа е веќе гужва. Љубовта се прави од двајца. Кога еднаш ќе се вмеша некој плус, работите стануваат валкани.rnrnНи тој некогаш ќе ја остави, ни ти пак ќе можеш вечно да трпиш да бидеш неговата втора.rnrnЈас ќе застанам тука. Знам дека не ми се потребни многу зборови, ќе сфатиш што сакам да ти кажам.rnrnП.С. Не ме ставај во некоја од твоите колумни… а ако веќе мислиш дека ти давам добар материјал за тоа, барем не го откривај моето име… иако живеам далеку од вашата земја. На крајот на краиштата, можеби ќе допре до некого.rnrnЗадоволно го враќам писмото во пликот. Фала Богу што се појави, оти стварно немав инспирација. Уште малку ми фалеше да пишувам како мачките се парат во февруари.rnrnПатем, да не заборавам. Ај среќен февруари, здодевен студен месец во кој имате една светла точка – во случај да имате роденден.rnrnЕлиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.