КАФЕ ПАУЗА

Импотенција

Written by

in

Ок, најважна е концентрацијата. Всушност, не гледај што правиш, нека те понесат чувствата, само прави го тоа. Продолжи…rnrnЗвуци за опуштање. Во вистинската зона сум. Хммммммм. Чекај, малку подолу, пониско, таакааа. Чувствувам дека сум многу блиску, речиси тука… во креативната зона.rnrnКонечно си ја погодив песната и волуменот, и сега чекам да ме понесат чувствата додека во позадина одат звуци за поттикнување на креативноста (btw паднавте на тестот за перверзност).rnrnrnИмпотенцијаrnrnrnИ баш кога сакаш да се опуштиш во тој дел од денот наречен „малку слободно време“, сè некои глупости ти истекнуваат. А ја исклучив јас пеглата? Пст, биди мирна, не размислувај за ништо.rnrnА зошто пеат врапчињата, имаат посебен текст и ноти или импровизираат? А оние кои пишуваат хорор приказни, се плашат од темнината? Лавот стварно е крал на животните или во суштина не е толку бестрашен туку само сака да се перчи? А што е прво, јајцето или кокошката?rnrnЗначи не е возможно едноставно да не мислиш на ништо. И баш кога стигнав до некој стадиум на опуштање слушам свирење. Истото тоа свирење како колата вчера на семафори.rnrnЈас зад волан всушност сум вистинска гњаважа. Ама кога гледаш пред тебе таблички: ова-суштество-сега-учи-и-врска-нема-од-возење, барем малку сочувствувај со мене, личност која сега го запознава воланот и со колата е уште на „вие“. Тоа всушност поттикнува две прашања: Добро, толку немаш секунда време? И секако, дали свирењето те прави мачо мен?rnrnСме ги слушнале оние изрази од типот: Кокошка глупава, кој ти даде тебе возачка??? Или (ова е уште појако), не ѝ давај кола на жена, жена зад волан е елементарна непогода. Жените не возат, тоа е машка работа.rnrnКога жената прави нешто што општеството (некогаш одамна) го класифицирало како „машка работа“, таа е неспособна. А што се однесува на мажите, па тебе никој нема да ти се смее ако не знаеш да правиш торта, за тоа е тука жена ти.rnrnПознавам одлични жени-возачи и кога си со нив во кола се чувствуваш безбедно бидејќи тие свикнале да бидат грижливи мајки и сопруги и баш така и возат. Така што, нареден пат кога некој ќе проба да ве навреди само затоа што немате „пар“ меѓу нозете, игнорирајте го, однесете си ги децата на училиште, заминете на работа и продолжете да бидете супер-жени. Тоа што свири е всушност неговиот страв од импотенција. Најголемиот страв на балканските алфа-мажјаци оти според нив машкоста се покажува во кревет… а често и зад волан.rnrnЕлиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.