Знам дека не бев некој ангел изминатава година, ама кој е безгрешен? Биди искрен првично кон самиот себеси, нели бев добра девојка?rnrnКако прво, мислам дека е сосем доволен самиот факт што верувам во тебе и знам дека стварно си срцка и дека ќе го прочиташ писмово. Значи, ова е мојот мал, скромен список со желби (не сакам да ти додевам, знам дека си зафатен во овој период):rnrn
rnrnЕдно розово количе, доволно да се возам низ град (малечко, сегде да ме собира лесно).rnrnСтварно ми се допаѓаат светкави парчиња накит (скромни, малечки… плус кој ќе ти каже дека не ги сака, те лаже а јас не сум лажга и баш затоа ги заслужувам).rnrnЗамисли колку би била среќна да добијам некаков магичен ваучер, да си купувам што сакам, никогаш да не ми секнат парите. Мераци, (што е тоа за тебе, па ти целиот си магија)!rnrnБело, бушавко кученце, мало и слатко.rnrnПакет со книги, знаеш кои ми се омилени, така завиткан со панделка, кога ќе го видам да скокам од среќа.rnrnКога веќе доаѓаш, земи и неколку кутии колачиња (сè што содржи лешници, карамела и чоколада мене ми е омилено).rnrnСакам да ми бидат среќни, здрави и весели семејството и пријателите.rnrnДај им нерви и трпение на мајка ми и татко ми, како и секоја година така и оваа.rnrnДај ми сила да помагам и да правам добри работи (знаеш дека сакам).rnrnСтискај палци да ги положам сите испити кои ме чекаат, оти искрено ти велам колената ми се тресат.rnrnПравилно е да побарам од тебе да ги заштитиш гладните и несреќните или пак да ги поттикнеш најадените и згрижените да им помогнат? Одлучи ти самиот, важно искрено го посакувам ова.rnrnОпамети нè сите нас. Дозволи ни да ја видиме убавината на животот, да почувствуваме нескротлива желба за да ја впиеме сета среќа на овој свет. Како коцка чоколада која ти се топи во устата и не можеш да дочекаш да се достопи па почнуваш да ја грицкаш.rnrnПомогни ни на сите нас да си ги оствариме најскриените желби кои не сакаме да ги кажеме на глас, дај ни сила и самодоверба дека можеме да сториме што било доколку искрено сакаме.rnrnП.С. Би било добро да доаѓаш повеќе од еднаш во годината. Што всушност правиш преку цела година? Спиеш? Не ти е здодевно?rnrnПлус, во случај да се двоумиш за исполнувањето на моите желби, само да ти дадам до знаење дека никогаш не сум рекла за тебе дека си дебел (не знаеш што ти зборуваат зад грб!!!).rnrnСо љубов,rnrnЕлиrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.