Воглавно постојат два вида жени: оние кои носат штикли за да привлечат внимание и да си го истакнат задникот и други кои докажуваат дека и на штикли можат да трчаат и да освојуваат. Феминистките се противат на високите потпетици. Јас пак не би се согласила. Штиклите не ја спречуваат жената да дојде до целта туку напротив, прават уште повеќе да се вреднува нејзиното стигнување до неа.rnrn
rnrnСе очекува модерната жена кога-тогаш да потклекне. Просто има премногу предизвици. Треба да се избори да го добие работното место, да биде унапредена без да спие со шефот, да замине на трудничко боледување и да си го зачува работното место по враќањето, да биде добра домаќинка и мајка и да има кариера. И ако потклекне во која било област ќе ја направат да се чувствува помалку вредна. Системот на вреднување изгледа е расипан, и тоа почнува од рана возраст. Како?rnrnНа девојките им се всадува таа зависност од „љубов“ и внимание од страна на мажите. Таа треба да има некој покрај себе, за да добие внимание треба да е убава, за да биде убава треба да троши на шминка и облека. Сето тоа мене ми наликува на пропаганда. Но да се задржиме на она „убава“. Што е всушност убавина?rnrnДеколте, истакната задница, полни усни, нашминкани очи? Жените всушност се дотеруваат за другите жени, не за мажите. Треба да изгледаат привлечни, се натпреваруваат која ќе собере повеќе погледи, ќе се озборуваат меѓусебно која колку се здебелила… И која е целта?rnrnСонот на многу девојки е да станат „феме фатале“, што по некоја урбана дефиниција би значело: девојка со изразена сексуалност но и интелигенција, која ги користи тие свои доблести за да манипулира со мажите и да го добие она што го сака. Ако ништо друго, барем тоа „интелигенција“ да им остане макар до некој степен приоритет.rnrnВо средношколските денови девојките се трудат да бидат убави, модерно облечени, прифатени во нечие друштво и всушност си поставуваат еден сосем погрешен принцип на себе-вреднување. Има еден интересен факт – колку си попопуларен во средно, толку си понепопуларен во остатокот од животот. Но работата е што не е само средното. И возрасни, мажени жени се борат со својата „конкуренција“ за вниманието од мажите.rnrnНеодамна слушнав нешто што ме замисли – жените меѓусебно се гледаат како конкуренција, не за работа или кариера (што до негде би било прифатливо), туку за вниманието на мажите. Како што растам и созревам сè полесно цртам паралела меѓу два типа жени и веќе ми е сосем јасно и си ја поврзувам сложувалката. Убава и средена жена – да, во секој поглед. Одѕив на високите потпетици во ходникот – не е на одмет, памет и образование – задолжително. Таа оди со крената глава и напредува на работното место не бидејќи легнала со шефот, туку бидејќи без неа работите се распаѓаат. И неа не ѝ е потребно ничие внимание кога дома си има некој кој знае што чува покрај себе.rnrnРазмислете добро за жените кои ги познавате, сите без исклучок. Кои им се примарните вредности во животот, кон што целат, каква е позицијата на оние пристојните а каква на оние што просто премногу се трудат да бидат забележани? Која по што останува запаметена? Ако со сите медиумски влијание на младината во глава ѝ се формира идејата дека треба да наликува на некоја старлета за да привлече внимание од мажите и да се пробие во светот на славата со „домашно видео“, колку е всушност здрава таа младина?rnrnНе ви се потребни витези кои јавно ќе се борат за вашето внимание за да сфатите дека сте убави. Убавината ја носите со себе и тоа не е клише. Ако имате свои идоли, жени на кои им се восхитувате – одбирајте ги разумно. Ако носите високи потпетици најпрво размислете, со која цел ги облекувате?rnrnЕлиrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.