КАФЕ ПАУЗА

Шолја кафе и празен лист

Шолја кафе и празен лист

Written by

in

Дотури кафе во шолјата и некое време немо се ѕвереше во чадот кој, напуштајќи ја шолјата, правеше најразлични форми. Она што ја иритираше беше тој „празен“ период, како што го викаше. Тогаш кога не треба ќе ти надојдат триста мисли во глава, како врвулица, а тогаш кога ти е потребно да сврзеш неколку збора, немаш ништо, ти се чини главата ти е празна. Тоа некои го викале писателска блокада. Ама тоа важи за писателите.rnrnШолја кафе и празен листrnrnКоелјо (кого не секогаш можеше да го „свари“), направил обид да ги опише писателите. Значи, накратко, писателот има обврска никогаш да не биде разбран од сопствената генерација, верува дека е роден во време на плиткост и доколку биде разбран, ја губи својата шанса да биде генијалец. Само писател може да разбере што друг писател се обидува да рече. Кога писателот/поетот се обидува да заведе жена, кажува „јас сум писател“ и набрзинка ќе „скоцка“ една поема на салфетка. Понатака, писателот секогаш носи наочари и ретко кога си ја чешла косата. Половина од времето е бесен на сè и сешто, а во другата половина е депресивен. Секогаш има брилијантни идеи за следниот роман, но го мрази оној кој тукушто го издал.rnrnЈа замисли ова, писателот не е разбран од својата генерација. Малку ја иритираше. Во денешно време постојат многу личности „кои се несфатени“, или барем се декларираат себеси како такви, што не ги прави писатели. Во ерата на т.н. „хејтерство“, многумина изразуваат револт и „плукаат“ по наметнатите норми, тврдејќи дека со своите гледишта се пред својата генерација, што пак, не ги прави генијалци. Се трудиме ли сите ние да бидеме понапред во времето? Има шанса со тоа да постигнуваме сосема спротивен ефект?rnrnПомисли како кога го подучуваше нејзиниот брат за граматичките времиња во англискиот јазик, чкртна една долга линија и рече, „оваа линија ќе ја викаме оската на времето – минато, сегашно, идно“. Гледаше во очињата на малото дете мислејќи, „братко мој, оската на времето во реалноста ни навидум не е така едноставна.“ Идејата на модернистите била дека времето не е линеарно, како што си го претставуваме во мислите. Ако сакате да си го претставите времето, пробајте да нацртате круг во вашите мисли. Да, вие сте тука, сега, но зарем целосно може да го издвоите сегашниот момент од сите останати? Напротив. Времето е круг, бидејќи минатото на некој начин постојано влијае на вас (а што е минато е навистина релевантно, така што неговата поврзаност е неизбежна), а плановите за иднината, дури и оние навидум мали, исто ги правиме сега.rnrnНе можеш да му кажеш стоп на мозокот. Таа досадна машина упорно „меле“ информации и мисли кои навистина не ти се потребни во моментот. И како што си играше со прстите по тастатурата, сфати дека денес од ова мало купче букви поставени пред неа нема да го извлече најдоброто.rnrnПа што, секогаш има утре.rnrnЕлиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.