Еве да ви откријам нешто за себе. Кога наближува зима а времето е студено, се претворам во екстремно флегматична личност и единствено немам проблем кога станува збор за јадење и спиење – сè останато правам со потешкотии. Па како резултат на мојата „сезонска“ мрзливост, за денешната колумна решив едноставно да собирам мислења од повеќе паметни девојки кои ги познавам и да ги склопам во еден текст.rnrnКога станува збор за љубовните врски, сите ние помалку или повеќе сме минале низ доволно патешествија за човек да може да напише книга. Ако во викторијанското време изразената сексуалност и отвореното зборување за сексот биле забранети, срамни дела казнувани со закон, во новото време сексот и љубовните врски не се табу тема. rnrnНеодамна наидов на многу интересно истражување кое ги издвојува десетте најголеми мистерии на мажите поврзани со припадничките на поубавата половина. Забавно беше, признавам. Ајде да ги сумираме одговорите.rnrn
rnrn
Зошто мојата бивша пробува да ми биде пријателка?
rnСè уште те сака или пак не знае што сака. Можеби е само желна за внимание. Нема расчистено со своите чувства и пробува да стои блиску во случај да ѝ биде отворена нова шанса. Можеби само сака да добие соодветен завршеток на врската или пак овој пат таа да биде онаа која става крај.rnrn
Кој е најдобриот начин да ѝ се пристапи на убава жена/девојка?
rnСекоја жена сака да биде третирана како посебна и оригинална, затоа не ѝ пристапувај со клише изрази туку со нешто што вистински и конкретно се однесува само на неа. Едноставно – без глумење лудило, кажи нешто паметно и симпатично, но не биди нападен. Не труди се премногу – оставаш впечаток дека си очаен. Најважно од сè – пристапи ѝ со широка насмевка.rnrn
Кој дел од машкото тело жените го преферираат?
rnНие жените ја гледаме целата слика, така што погрешно би било доколку мислите дека се концентрираме само на еден дел од вашето тело. Но ако треба да сумираме, сакаме искрен поглед, убава насмевка, јака вилица (дури не го прочитав овој одговор не знаев дека всушност и мене ме привлекува, што може да звучи чудно но така е), плочкички на мешето и добар задник не се одмет.rnrnНајважно од сè, речиси и да немаше девојка која не одговори дека кај машко гледа: држење на телото, големи дланки, грб и рамена. Да да да, сакаме широки и секси рамена кои прават да се чувствуваме заштитено и безбедно. rnrnНо слушнете го и ова: „преку надворешниот изглед читаме цврстина на карактер, тоа е она што сите ние потсвесно го правиме“.rnrnrn
Важно им е на жените дали се бричиме и средуваме?
rnДа, да, да.rnrnВажна е хигиената и грижата за изгледот – тоа ми кажува со каква личност си имам работа. Нејќам да ме боцка со брадата!rnrnДа се средува доволно – да, да се средува повеќе од жена – не!rnrn
Како да направам мојата девојка да биде послободна и „подива“ во кревет?
rnДа ѝ покажеш дека ја сакаш… а може и малку да ја поднапиеш. Направи да се чувствува самоуверено и сугурно за себе и за убавината на нејзиното тело. Впрочем, ние не се вклучуваме на дугме, на нас треба да „поработиш“.rnrnКористете го погледот и допирот за да ја „вжештите“ атмосферата. Правете го она што ви доаѓа природно, не сте во порно филм!rnrnПокажи дека тебе ти е важно и таа да биде задоволна. Посвети ѝ време и внимание. Ќе се опушти кога ќе те почувствува близок на повеќе „нивоа“.rnrn
Колку долго да чекам пред да ѝ се јавам откако ќе ми даде број?
rnНе мора одма да ѝ се јавиш, но наредното утро прати ѝ едно пораче. Не очајно, туку весело и природно.rnrnНе повеќе од еден ден. После тоа веќе знаеме дека „одбројувате“ за да не изгледате очајни.rnrnЕдноставно нема правило, кога ќе почувствуваш дека е вистинско време крени слушалка!rnrn
Кој е најдобриот начин да ја импресионирам на првиот состанок?
rnОдведи ме на добар концерт, филм или театарска претстава (тоа дополнително ми дава до знаење дека си се информирал за мојот вкус), и направи да не почувствувам кога поминало времето.rnrnБиди оригинален, одбери најмалку две места каде ќе одиме, направи нешто што никој досега не го сторил за мене.rnrnНаправи ми искрен муабет и гледај ме во очи. Сакам да ми кажеш нешто паметно, нешто што држи вода, сакам да се почувствувам инволвирана во тој муабет на интелектуално ниво. Немој да мелеш цела вечер како очите ми светкале како ѕвезди! Свесна сум дека немам такви моќи.rnПокажи добри манири!rnrn
Постои сигурен начин да знам дали навистина ѝ се допаѓам или само е фина со мене?
rnrnСекако! Доколку наоѓа начини да биде што поблиску до тебе, дури и да те допре спонтано низ муабет, знај дека ѝ се допаѓаш!rnrnВиди како се однесува со нејзините машки пријатели и дали ти имаш некоја привилегија плус.rnrnАко е паметен, ќе ме погледне во очи и ќе ми ги прочита мислите.rnrnПа би требало да сфатиш – ако не сфаќаш тогаш всушност не ми се допаѓаш. Повлечи се малку и види дали таа ќе те побара (но не изигрувај недостижен).rnrn
Зошто мојата девојка не доживува оргазам? Правам нешто погрешно? До мене е или…?
rnrnНајверојатно не е опуштена доволно. Пробај да се зближиш со неа, да те почувствува многу близок, смејте се за време на сексот или предиграта.rnrnПреокупиран си со себе или таа не е заинтересирана.rnrn
Пријател сум ѝ. Како да станам нешто повеќе од тоа?
rnАко веќе сте многу блиски најверојатно нема да бидне ништо. rnrnТреба да сте пријатели доволно долго за да не испаднеш нападен и доволно кратко за да не си заглавил веќе во „пријателската зона“ засекогаш.rnrnБиди храбар, нели мајка ти ти велела дека си СИН на мајка?! Покани ја на состанок, нема да е крај на свет ако рече „не“.rnrnВсушност, да не се лажеме. Ние можеме да ви дадеме многу одговори, но ни една мистерија за жените нема да биде целосно откриена.rnrnЕлиrnrnП.С. Женски, ви благодарам што завршивте дел од работата за мене. :)rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.