КАФЕ ПАУЗА

Category: Факти и сознанија

  • Безбојно кафе кое не остава дамки на вашите заби

    Безбојно кафе кое не остава дамки на вашите заби

    Секој што е љубител на кафе мора да го прифати фактот дека тоа остава дамки на забите. Но, изгледа дека ова ќе се промени бидејќи безбојното кафе навистина постои. Тоа претставува комплетното транспарентен пијалак збогатен со кофеин.rnrn(1)bezbojno-kafe-koe-ne-ostava-damki-na-vashite-zabi-kafepauza.mkrnrnСпоред производителите, тие решиле да го создадат овој магичен пијалак кога забележале дека нивната љубов кон кафето им остава дамки на забите. Биле потребни 3 месеци да го усовршат процесот кој вклучува високо квалитетни зрна кафе Арабика обработувани со методи кои не биле користени досега.rnrn(2)bezbojno-kafe-koe-ne-ostava-damki-na-vashite-zabi-kafepauza.mkrnrnЕден од произведувачите, Дејвид Наги рекол:rn

    „Ние пиеме многу кафе. Како и многу други луѓе се мачевме со дамките на забите кои се создаваат од него. На пазарот немаше ништо што би ги задоволило нашите потреби, па затоа решивме да создадеме наш рецепт.“

    rnНе само што безбојното кафе ќе ги одржи вашите заби бисерно бели, туку тие го продаваат во навистина големи шишиња што ќе ви траат во текот на целиот ден.rnrn(3)bezbojno-kafe-koe-ne-ostava-damki-na-vashite-zabi-kafepauza.mkrnrnНаги додава:rn

    „Поради брзиот начин на живот, ние сакавме да направиме освежувачко кафе кое е веднаш спремно за пиење и кое го овозможува потребното ‘засилување’ а воедно е со малку калории.“

    rn(5)bezbojno-kafe-koe-ne-ostava-damki-na-vashite-zabi-kafepauza.mkrnrnЗошто треба да го пиете овој магичен пијалак? 5 предности од секојдневната консумација на кафе.

  • Како најздравите луѓе во светот го пијат своето кафе?

    Како најздравите луѓе во светот го пијат своето кафе?

    Погледнете ги најздравите 10 нации во светот и дознајте како нивните жители уживаат во својата дневна кофеинска доза. Можеби треба да научиме нешто од нив, па и ние да си го подобриме нашето здравје!rn

    10. Канада

    rnrnrnКанада е третата нација во светот каде што се пие најмногу кафе. Тоа воопшто не изненадува со оглед на фактот што е земјата од каде што потекнува Тим Хортонс – синџир ресторани познати по своето кафе! Иако порано традиционално подготвеното кафе било норма, денес љубителите на еспресото се во центарот на вниманието.rn

    9. Исланд

    rnrnrnНе е никаква тајна дека жителите на Исланд пијат многу кафе. Да, тие можеби не се нација позната по кофеинот, но откако кафето во 1703 година се вратило назад на островот, станало интегриран дел од културата. Тоа се поврзува со прослави на истиот начин како што алкохолот го прави истото во други култури. И за навистина да разберете колку тие уживаат во него – кафето без кофеин не се нуди воопшто!rn

    8. Ирска

    rnrnrnВеднаш по Турците, Ирците пијат најмногу чај во светот. И покрај тоа што повеќе го преферираат овој пијалак, со тек на годините кафето зема сè поголем замав, особено со подемот на кафетериите. Она што сите ние го знаеме (и сакаме) кај ирското кафе е фактот што тие први ставиле виски во него.rn

    7. Холандија

    rnrnrnСамо една нација во светот консумира во просек повеќе од 2 шолји кафе на ден, а тоа е Холандија. Според статистиките, консумацијата по жител изнесува 2,4 шолји секојдневно. Со други зборови, тие обожаваат редовно да уживаат во овој пијалак.rn

    6. Сингапур

    rnrnrnТие обожаваат „копи“ – темно филтер кафе, што е помалку горко во однос на виетнамското. Жителите на Сингапур пијат до 6 шолји на ден и уживаат во топлото, свежо подготвено кафе, малку засладено и со кондензирано млеко.rnrnПреминете на следната страница за останатите земји…rn

  • Кога е најдобро да го испиете вашето кафе?

    Кога е најдобро да го испиете вашето кафе?

    Утринската рутина на повеќето луѓе изгледа вака: Будење, проверување што има ново на социјалните мрежи, а потоа подготвување кафе. Но, според една нова студија, пиењето кафе наутро не секогаш е најдобра идеја.rnrnЕве во кој дел од денот е најдобро да го пиете вашето кафеrnrnИстражувачите од колеџот во Бостон потврдиле дека оптималното време од денот за да консумирате кофеин е токму моментот кога чувствувате најголема потреба за тоа (односно кога чувствувате дека вашиот мозок е изморен и забавен), а не веднаш откако ќе се разбудите. Кога станува збор за кофеинот, повеќе не значи и подобро. Всушност, кога ќе се разбудите наутро и веднаш ќе се напиете кафе, тоа нема секогаш да ви даде дополнителен поттик. Наместо тоа, подобро е да ја оставите дневната количина кофеин за кога навистина ќе ви треба.rnrnПричината зошто не треба да пиете кафе наутро е високото ниво на кортизол во вашето тело. Имено, консумирањето кофеин кога нивото на кортизол е високо, создава два проблеми. Првиот е дека кофеинот се меша со производството на кортизол во телото, хормон кој е одговор на стресот и ниското ниво на шеќер во крвта. Така, телото произведува помалку кортизол и за да компензира повеќе се потпира на кофеинот. Другиот ефект од пиење кафе наутро им е добро познат на оние кои имаат ваква утринска навика. Всушност, кафето ја зголемува толеранцијата на личноста на кофеин, затоа што го заменува природниот поттик на кортизолот, наместо да го додава. Затоа, ако имате ваква утринска навика, треба да размислите за промена на вашиот распоред за подобро да ја искористите ефикасноста на кофеинот.rnrnСекако, ако чувствувате дека на вашиот мозок му е потребно освежување уште рано наутро, сигурно нема да ја прескокнете шолјата кафе, но доколку не, тогаш оставете го кафето да го испиете подоцна во текот на денот со вашите колеги на работа.

  • Зошто би требало да додаваме малку сода бикарбона во кафето?

    Зошто би требало да додаваме малку сода бикарбона во кафето?

    Некои видови кафе од понизок ценовен ранг имаат поголема концентрација на киселина која може да го вознемири чувствителниот желудник на поединци, а особено доколку дневно консумирате повеќе од една шолја од оваа напивка.rnrnЗошто би требало да додадеме малку сода бикарбона во кафето?rnrnЗа да ја неутрализирате киселината и да го олесните варењето, можете да се послужите со еден вид прашок кој сите ние го имаме во нашиот дом – сода бикарбона.rnrnСода бикарбоната или натриум бикарбонат е одлично природно помагало за неутрализацијата на киселината во организмот, до која може да дојде поради претерано консумирање на слатка или масна храна. Содата има антиалергиски, антиинфламаторни и антифунгални својства. Нејзината примена е доста широка, па може да се користи за чистење на домот, за изработка на паста за заби, за подготовка на колачи, за лечење на уринарни инфекции, но и во многу други неочекувани ситуации.rn

    Неутрализација на киселината во желудникот

    rnПрстофат сода бикарбона во кафето (или 1/8 лажица на литар од вашата омилена напивка), на Запад е своевиден народен лек за неутрализација на киселината. Оние кои пробале тврдат дека воопшто не се чувствува вкусот на содата.rn

    „Кафето е извонреден стимуланс кој особено им се препорачува на лицата со низок крвен притисок. Не би требало да пиете повеќе од две до три шолји кафе дневно, а добро е да го конзумирате со некои суплементи пред сериозен тренинг, бидејќи може да го зголеми нивното делување“, истакнува нутриционистката Марија Андријашевиќ.

    rnИако комбинацијата на кафе и сода бикарбона не е позната во нашите краеви, нутриционистите тврдат дека може да ја намали киселоста во желудникот.rn

    „Но, треба да имате на ум дека сода бикарбоната во кафето може да предизвика и некои несакани ефекти во организмот, како што се зголемени гасови, намалување на апсорпцијата на калциум и општиот ефект врз варењето на храната“, предупредува Марија Андријашевиќ.

    rnДоколку сакате да ја намалите можноста за „подигнување“ на киселината после испиена шолја кафе, а не сакате да експериментирате со сода бикарбона, тогаш пожелно е да вложите во квалитетен вид кафе, заклучуваат нутриционистите.rn

    Совет плус:

    rnНе мешајте го кафето со млеко! Млекото ја зголемува киселоста во организмот, па лицата кои имаат чувствителен желудник би требало да избегнуваат пиење кафе заедно со оваа млечна напивка.

  • Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот живот

    Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот живот

    Што ако ви кажеме дека вашата на моменти здодевна зависност од кофеин може да ви донесе повеќе придобивки отколку што некогаш сте верувале? Да, секојдневната доза кафе во утринските часови дава незаменлива енергија, но како би реагирале ако ви кажеме дека таа исто така може и да ви го продолжи животот?rnrn(1) Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот животrnrnЕдна неодамнешна студија спроведена од страна на Универзитетот Стенфорд, ни открива дека кафето може да ни помогне да се бориме против хроничните процеси на воспаленија што се јавуваат подоцна во текот на животот. Со помош на крвна слика, направена на повеќе од 100 учесници во студијата, научниците успеале да најдат поврзаност помеѓу прераното стареење, систематичното воспаление, кардиоваскуларните болести и пиењето кафе.rnrn(2) Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот животrnrnСтудијата ги нагласува хроничните процеси на воспаленија што најчесто ги доживуваат постарите луѓе и кои се активни предизвикувачи на кардиоваскуларните болести. Згора на сè, овие процеси ги зголемуваат шансите за смрт. Дејвид Фурман, водечкиот автор на истражувањето, открива дека повеќе од 90% од болестите што не реагираат на лекови во староста се поврзани со хроничното воспаление. Па, како нашиот омилен пијалак ни помага да се бориме?rnrn(3) Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот животrnrnОдамна е познато дека кофеинот се поврзува со долговечноста. Многу студии ја покажале оваа врска. Но, тоа што научниците со ова истражување откриле е причината за таа поврзаност. Изгледа дека механизмите што ги предизвикуваат воспаленијата се неактивни кај оние што редовно пијат пијалаци со кофеин, како кафето. Резултатите дошле како изненадување за научниците што воопшто не ја ни испитувале оваа поврзаност.rnrn(4) Зависноста од кофеин може да има позитивно влијание врз вашиот животrnrnПа, ако сакате да живеете подолго, тогаш не се откажувајте од вашиот омилен кофеински пијалак. Оваа студија ни дава само уште една причина плус зошто треба да продолжиме да уживаме во утринската шолја кафе.rnrnАко ви се потребни повеќе причини за уживање во кофеинот, прочитајте и за 5-те предности од секојдневната консумација на кафе!

  • Неверојатните здравствени придобивки од секојдневното пиење еспресо

    Неверојатните здравствени придобивки од секојдневното пиење еспресо

    Еспресото ќе ви ја даде потребната енергија за целиот ден, но покрај ова тоа носи и низа други погодности за кои не сте знаеле до сега! Доколку барате друга причина за да го пиете овој тип кафе, со исклучок на тоа што ќе ве освежи и ќе ви овозможи долгорочна енергија, продолжете со читање!rnrn1-5-fenomenalni-raboti-za-vasheto-zdravje-eve-shto-kje-vi-se-sluchat-dokolku-sakate-da-piete-espreso-www.kafepauza.mk_rn

    1. Еспресото го подобрува долгорочното памтење

    rnПотребна ви е вистинска доза кофеин за да ја подобрите својата долгорочна меморија? Вашата доза е две шолји на ден, а тоа е научно докажано.rn

    2. Еспресото ја зголемува концентрацијата

    rnКофеинот ги намалува симптомите на замор, но исто така ја одржува состојбата на внимание и будност. Ваквиот ефект кофеинот го има поради неуро-хемиските реакции. Еспресото одржува повисока концентрација на допамин, посебно во центрите на мозокот поврзани со вниманието. Секако, не смеете да претерувате со дозата, бидејќи во спротивно ќе добиете спротивен ефект.rn

    3. Еспресото ви помага да ослабете

    rnЕспресото, за разлика од останатите кафиња, е ниско калорично и содржи само три калории по грам. Исто така, ќе ви помогне за полесно вежбање, со желба да останете активни и ќе чувствувате помала болка во текот на вежбањето со што ќе ги изгубите вишокот килограми на полесен начин.rnrn2-5-fenomenalni-raboti-za-vasheto-zdravje-eve-shto-kje-vi-se-sluchat-dokolku-sakate-da-piete-espreso-www.kafepauza.mk_rn

    4. Еспресото го намалува ризикот од инфаркт

    rnСамо една шолја дневно го намалува ризикот од срцев удар дури и до 25 проценти. Тоа е ефектот на антиоксидансите кои ги содржи во себе.rn

    5. Еспресото го намалува ризикот од дијабетес

    rnИако морате да внимавате на вашата исхрана и да останете физички активни, еспресото ќе ви помогне да ги намалите можностите од добивање дијабетес дури и до 11 проценти. Па така, доколку сте зависник од еспресо, ова е идеална вест за вас.

  • Кога кафето и кофеинот престануваат да „работат“?

    Кога кафето и кофеинот престануваат да „работат“?

    Ммм омиленото кафе… Тој мирис… Тој вкус… Тоа чувство после само една голтка… Па, може ли денот да биде неубав кога ќе го започнеме со нашата омилена напивка? О не, никако! И секојпат кога ни е потребно малку мир, уживање и опуштање, посегнуваме по шолја од омиленото кафе. И секојпат кога ќе ни падне притисокот, енергијата, кога ќе ни се приспие и ни е потребно малку „подигнување“, се знае што ќе не „подигне“. Па да, кафето!rnrn1-koga-kafeto-i-kofeinot-prestanuvaat-da-rabotat-www.kafepauza.mk_rnrnНо, можеби и самите сте забележале, понекогаш, дека ниту кафето и кофеинот го немаат она дејство за кое сме верувале дека го имаат. Едноставно, тоа изостанува. Се запрашавме зошто е тоа така и откривме кога кафето и кофеинот престануваат да „работат“.rnrnИстражувањата покажаа дека кафето и кофеинот не помагаат после три дена навистина лош сон. Тогаш моќта на кафето во вашиот организам се намалува и не може да ве разбуди и да влијае на тоа да се чувствувате подобро, а тоа ќе го потврди секој кој барем еднаш се соочил со сериозна несоница. Ова истражување е спроведено на 48 возрасни личности кои 5 ноќи по ред спиеле по само 5 часа. Во текот на денот дел од нив земале одредена доза кофеин, додека другите добивале плацебо. Истражувачите го испитувале расположението и енергијата кај секого од нив, а утврдено е дека кофеинот престанал да делува после третиот ден.rnrn2-koga-kafeto-i-kofeinot-prestanuvaat-da-rabotat-www.kafepauza.mk_rnrnЗначи, после 3 дена дури ни кафето не може да нè „подигне од мртвите“ кога веќе со денови спиеме лошо. Секако, ниту алкохолен пијалак нема да биде од голема помош, но затоа, сонот може. Морате да се наспиете доколку сакате нормално да функционирате, бидејќи кафето ќе ви го „чува грбот“ само 3 дена. После тоа – право во кревет!

  • 15 различни и уникатни начини на кои луѓето ширум светот го пијат своето кафе

    15 различни и уникатни начини на кои луѓето ширум светот го пијат своето кафе

    Ритуалот на пиење кафе во целиот свет се поврзува со релаксација или мир проследен со пријателски разговор. И се пие секаде, практично во целиот свет. Меѓутоа, подготовката на кафето, состојките, како и начинот на консумација, е нешто потполно поразлично и варира од држава во држава.rnrn1-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_rn

    1. Финска

    rnКафеост се подготвува на следниов начин: Врелото кафе се истура преку коцки сирење! Иако за нас ова не изгледа вкусно, Финците ја обожаваат оваа чудна комбинација.rnrn2-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_rn

    2. Турција

    rnТурското кафе нам ни е доста познато, но за разлика од останатиот свет, Турците го подготвуваат во специфично метално ѓезве за кое сметаат дека му дава посебен вкус на кафето. Иако и за нас ова е вообичаен начин на варење и пиење кафе, за остатокот од светот е поприлично непознат и изненадувачки, бидејќи талогот останува во шолјата. Всушност, остатокот од Европа пие исклучиво филтрирано кафе.rnrn3-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_rn

    3. Малезија

    rnКафето во Малезија се нарекува јуанјанг и всушност е само еден дел кафе, а другиот дел е мешавина од црн чај и млеко. Исто така, тоа може да се служи и топло и ладно, а сè зависи од вашето расположение.rnrn4-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_rn

    4. Австралија

    rnНајпопуларното кафе на овој оддалечен континент е она под името „flat white“ (рамно бело), што би било некој вид на популарното лате, можеби и уште послично со капучиното кое се служи кај нас. Во шолјата се сипа една доза еспресо, а потоа до врвот се прелива со густа млечна пена.rnrn5-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_rn

    5. Грција

    rnФрапето, што всушност го патентирала компанијата Нескафе уште во далечната 1957 година, е доста популарен летен пијалак во Грција. Се состои од ладно инстант кафе кое се сипа во чаша која е до половина полна со ладна млечна пена.rnrn6-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_rn

    6. Италија

    rnИако на поголемиот дел од нас веќе ни е познат начинот на пиење кафе, т.е. еспресото во Италија, кое се консумира во една или две голтки, сепак многумина не знаат дека ова еспресо се служи со парче лимон. Откако ќе го испиете, послужете се со лимонот, кој како што сметаат Италијанците, после горкиот вкус на кафето, остава сладок вкус на усните. Овој вид кафе се нарекува еспресо романо.rnrn7-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_rn

    7. Виетнам

    rnНивното традиционално кафе е познато како доста слатко и исклучиво јако. Во шолјата или чашата се сипа кондензирано млеко и мраз, се става филтер, а потоа се сипа претходно подготвеното кафе со шеќер.rnrn8-15 razlichni nachini na koi lugjeto shirum svetot go pijat svoeto kafe-www.kafepauza.mk_rnrnПродолжете на следната страница за останатите уникатни начини на кои луѓето го пијат своето омилено кафе…rn

  • Овие работи можат да ги разберат само оние личности што сакаат кафе

    Овие работи можат да ги разберат само оние личности што сакаат кафе

    Можете да го замислите вашиот живот без Интернет, без струја и вода, во некоја џунгла, сместени во шатор – дури можете да пронајдете возбуда, задоволство во совладувањето на препреките и организирањето на вашето опстанување, но сигурно не можете да го замислите вашиот живот без кафе. И не се обидувајте, бидејќи тоа не е никаков предизвик, тоа е казна, патење, ужас. И во сред шума, на огнот кој самите сте го запалиле од дрвата кои самите сте ги собрале во шумата, вие ќе ги организирате сите средства и ќе сварите кафе за да уживате. Ако некој ви го одзеде тоа задоволство и уживање, ќе ви зададе тежок удар во вашата смисла на животот.rnrn1-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-onie-lichnosti-koi-sakaat-kafe-www.kafepauza.mk_rn

    1. Кафето значи мир и уживање

    rnВие можеби ги практикувате вашите ритуали со кафето еднаш или двапати во текот на денот, бидејќи тоа што го обожавате овој пијалак не значи и дека го консумирате постојано на работа, стоејќи, во брзање, и така натаму. Количината на испиеното кафе нема никаква врска со уживањето, туку тоа се крие во фактот што точно значи кафето за вас. Најважни се моментите кои ги поминувате уживајќи сами со себе, подготвувајќи се за денот којшто следува, или пак за вечерта која носи свои настани.rn

    2. Мирисот на кафето

    rnТурско кафе, сварено во ѓезве – ништо на светот не мириса така! Докажано е дека мирисите се директно поврзани со емоциите и за вас мирисот на кафе е мирис на чиста среќа. Проверете се – дали некогаш сте почувствувале мирис на кафе, а да не ви се појавила насмевка на лицето?rn

    3. Раскошот на леденото кафе

    rnЛуѓето кои вистински уживаат во кафето не пијат само еден вид, бидејќи тие сакаат да уживаат во различни вкусови. Спремањето кафе е задоволство кое можете да си го приредите во рок од 30 секунди, со густа пена, мраз, шлаг, цимет и чоколаден прелив. Тоа не е само кафе, тоа е раскош, задоволство, перфекција…rnrn3-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-onie-lichnosti-koi-sakaat-kafe-www.kafepauza.mk_rnrn

    4. Вашата посебна шолја за кафе

    rnТоа е таа шолја во која кафето има посебен вкус, подобро отколку во која било друга. Исто како гравот кој има подобар вкус кога ќе го запечете во глинена тава, отколку во обична. Можеби ова е само замисла, а можеби и не. Но, секој вистински следбеник на ова кафеаво уживање сака своето кафе да го пие од таа посебна шолја. Можеби токму од некоја глинена, уметничко изработена, уникатна и секако, од два децилитри. Кој уште пие кафе од филџан? Незамисливо!rn

    5. Вашата посебна чаша за ледено кафе

    rnДа, тоа е онаа чаша за спремање кафе, со големина на кригла, бидејќи во неа треба да има место и за дебелиот слој пена (а можеби и шлаг), за млекото, цевчето, лажичето кои треба да се гледаат, а да не бидат преплавени со содржината. Значи, три децилитри, најмалку, но доволно широка да изгледа како чаша, а не како вазна. Иако, некои вазни изгледаат како совршени чаши за кафе. Кога ќе ја пронајдете вашата чаша, за спремање на кафе, купете барем три исти такви, бидејќи чашите се кршат, а со тоа се крши и вашето срце.rn

    6. Кафето за време на викендот

    rnКога не морате да станувате и да се подготвувате за работа, кафето добива дополнителна смисла, мир и уживање, бидејќи може да траат со часови. Можете да го пиете во креветот, без никакво брзање. Понекогаш, кога ќе се разбудите насмеани, бидејќи сте свесни дека воопшто не мора ни да станете, тогаш се расонувате веднаш за да пиете подолго време кафе. Честопати едно кафе не е доволно и тогаш ќе ја дуплирате дозата. Дуплирана доза од раскош и уживање. Можете да испиете едно сварено, па филтер и потоа да спремите едно ледено кафе како десерт.rnrn2-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-onie-lichnosti-koi-sakaat-kafe-www.kafepauza.mk_

  • Направено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојки

    Направено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојки

    Доколку сте љубители на кафе и барате нешто што ќе ве држи будни подолго време, ова австралиско кафе можеби е вистинскиот избор за вас. Кафулето „Viscous“ во Аделаида, Австралија служи пијалак кој го доби името „најсилното кафе во светот“. Имено, ако го испиете ова кафе, ќе внесете иста количина на кофеин како да сте испиле 80 шолји обично кафе.rnrnНаправено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојкиrnrnОва ладно приготвено кафе е изум на сопственикот на кафулето, Стив Бенингтон, по барање на една медицинска сестра за итни случаи која морала да остане будна подолго за време на ноќната смена. Според Бенингтон, медицинската сестра го пиела овој посебен пијалак два дена и благодарение на неговата магија успеала да остане будна речиси три дена по ред.rnrnПред да ја стави оваа кофеинска бомба на менито, Бенингтон го прилагодил рецептот и го ублажил малку во согласност со потребите на потрошувачите. Неговиот сегашен состав содржи 120 милилитри ладно кафе кое 10 дена стоело во вода со собна температура, 4 дози еспресо и 8 коцки мраз. Една шолја од пијалакот содржи 5 грама кофеин (нормалната шолја кафе содржи 120 милиграма кофеин). Само една единствена коцка мраз содржи исто толку кофеин колку 2 дози еспресо.rn

    „На некои луѓе им се допаѓа, некои не можат да го поднесат, но сѐ тоа е во името на забавата“, изјавил Бенингтон.

    rnНаправено е најсилното кафе во светот: Дознајте кои се неговите состојкиrnrnПијалакот треба да се консумира постепено во текот на 3 до 4 часа за да овозможи до 18 часа будност без губење енергија. Меѓутоа, рецептот испаднал толку вкусен, што на гостите во кафулето им било тешко да не го испијат целото одеднаш.rn

    „Се работи за чисто кафе со добар квалитет и тоа е единствениот проблем. Вкусот е толку добар што тешко е да потрае толку колку што треба“, објаснил Бенингтон.

    rnКонсументите се советуваат да внимаваат. Бенингтон секогаш разговара со возбудените гости пред да им го донесе пијалакот за да биде сигурен дека знаат во што се впуштаат. Освен тоа, во менито стои предупредување напишано со црвени букви: „Луѓето со висок крвен притисок и/или со срцеви заболувања пијат на свој ризик“. Смртоносната доза на кофеин за возрасни изнесува 18 грама внесена во текот на еден до два часа, но кофеинот има различно влијание кај сите. Ова кафе ја надминува препорачаната безбедна доза која изнесува 400 милиграми, но несомнено е дека оваа шолја полна радост ќе ве разбуди и наполни со енергија што ќе ве држи во текот на целиот ден.