Кога го сакаш кафето едноставно ти се вљубен во таа магична напивка. Љубителите на кафето имаат одредени локали во нивниот град каде се редовни посетители, токму поради тоа што знаат каде ќе пијат кафе по нивна мерка.rnrn
rnrnКога патувате негде не може да дочекате да го вкусите локалното кафе и да дадете ваша оценка. Но, што ако целиот град е познат по доброто кафе? Па, таа дестинација би можела да биде вашиот рај на земјата. Доколку се мислите каде да отпатувате а сте страсни љубители на кафето, ова се 11 најпознати градови на кафето ширум светот.rn
1. Рим, Италија
rnИталија е позната по доброто кафе и храна но и по љубовта кон кафето. Рим е преплавен со кафулиња кои го одржуваат пулсот на градот давајќи му енергија за движење. Оние кои имаат бизнис кој е на каков било начин поврзан со кафето, навистина си ја сфаќаат работата сериозно, така што може да бидете сигурни дека ќе пиете квалитетно и јако кафе. Италијанците, барем како што се шират муабети за нив, не се љубители на многу засладено кафе, па ако сакате оригинално кафе без вкусови кои само ја одземаат вистинската моќ што една шолја црно кафе ја поседува, одете во Рим.rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Caffè Greco, Rosati, Ciampinirn
2. Хавана, Куба
rnОна што Куба може да ви го понуди е широк избор на јако но слатко кафе. Најчесто се порачува популарното еспресо, кое таму го добивате ако порачате Cafè Cubano (еспресо подготвено со шеќер), или cortadito (еспресо со млеко). Кубанското кафе е вкус на кој треба да се навикнете, но оние кои го пијат велат дека многу лесно ќе го засакате.rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Café Bohemia, Café Escorial, La Chucheriarn
3. Рејкјавик, Исланд
rnВо главниот град на Исланд не се натпреваруваат големите компании и звучни производители на кафе од познатите синџири на кафулиња ширум светот. Локалните кафулиња на многу оригинален начин се борат да ги придобијат клиентите. Со цел да привлечат клиенти, кафулињата во Рејкјавик нудат високо квалитетно кафе.rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Stofan Café, Café Paris, Café Babalúrn
4. Виена, Австрија
rnКога станува збор за кафе, Австријците не се шегуваат. Кафето во Виена беше прогласено за нематеријално наследство заштитено со УНЕСКО во 2011. Кафето во Виена е гордост, а особено се обрнува внимание на ентериерот во виенските кафулиња, атмосферата и декорациите кои како да ве водат во сосема нов свет. Во Виена еспресото и капучиното се навистина популарни, како и локалното кафе Wiener Melange (еспресо послужено во голема шолја, на кое се додава жешко млеко а одозгора млечна пена).rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Cafe Neko, Cafe Korb, Café Weimarrn
5. Сиетл, Вашингтон, САД
rnВи Сиетл ќе најдете секакви кафулиња, од модерни и урбани до артистички, како и варијации меѓу двата стила. Тамошните жители задолжително имаат мислење за тоа кој прави најдобро кафе, најмногу поради тоа што, во очите на јавноста, Сиетл се асоцира со кафето.rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Caffè Vita, Victrola Coffee, Tin Umbrella Coffeern
6. Мелбурн, Австралија
rnВо Мелбурн на кафето му се посветува толку многу внимание што годишно се организира изложба, односно дегустација на кафе, а забелешките и пофалбите може да се прочитаат во пишаните препораки и критики. Мелбурн е уникатен поради тоа што градот е поделен на повеќе делови, секој со посебна и различна традиција кога станува збор за кафето. Во Мелбурн препорачливо е да порачате лате, или други видови кафе со млеко.rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Pillar of Salt, Stassi Café, Captains of Industryrn
7. Истанбул, Турција
rnСите го знаеме методот на подготовка на турското кафе кое е дел од секојдневието на многумина од нас. Но, ако го преферирате турското кафе тогаш посетата на Истанбул е она што задолжително треба да го направите. Ќе доживеете едно сосем ново и егзотично искуство со веќе познатото турско кафе.rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Mandabatmaz, Velvet Cafe, KronotRoprn
8. Адис Абеба, Етиопија
rnКако место каде кафето е откриено и како еден од најголемите произведувачи на кафе во светот, не е чудно што кафето е дел од етиопската култура. Доколку имате роднини или пријатели таму, најверојатно ќе бидете поканети на посебна церемонија на печење на зрната кафе и приготвување на кафето, за потоа заедно да уживате во пијалакот. Имајте на ум дека оваа церемонија е многу важна, покажете почит и испијте макар три шолји кафе!rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Tomoca Coffee, Mokarar (Harar) Coffee, Alem Bunnarn
9. Ванкувер, Канада
rnАко барате уживање во вистинска урбана дестинација за кафе, посетете го Ванкувер, препознатлив по доброто кафе и умешните шанкери. Колд бру и апаратот Кловер, се два најпознати начини на подготовка на кафето, а тамошните жители најмногу преферираат американо и еспресо кафиња. Она по што кафето е препознатливо се одличните цртежи на пената во шолјата со кафе.rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Bel Cafe, Caffe Artigiano, JJ Bean Cofee Roastersrn
10. Портланд, Орегон, САД
rnДоколку сакате удобни, откачени, хипи кафулиња, Портланд е вистинското место за вас. Не дека нема софистицирани места, но голема е веројатноста да наидете на удобни места со опуштена и пријатна атмосфера за вистинско уживање.rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Spella Caffee, Barista, Courier Coffeern
11. Тајпеј, Тајван
rnТајванците преферираат варено кафе наспроти еспресо, иако еспресо може да добиете во познатите синџири на кафетерии. Очекувајте зрната кафе во Тајпеј и во другите делови на Тајван да бидат свежо испечени и измелени, и приготвени на ниска температура со цел да се зачува оригиналниот вкус на кафето. Сепак, цените може да бидат високи, па можеби е попаметно да посетите малечки и не толку познати кафетерии.rnrn
rnrnНајпознати кафулиња: Melange Cafe, Barbie Cafe, Paper Plane Cafe