КАФЕ ПАУЗА

Category: Факти и сознанија

  • Кофеински дремки: Зошто тие се најдобриот метод за дополнителна енергија во текот на денот?

    Кофеински дремки: Зошто тие се најдобриот метод за дополнителна енергија во текот на денот?

    Зборовите „кафе“ и „дремка“ најчесто не се спомнуваат во една реченица, но една необична стратегија што ги спојува може да биде енергетската бомба што ја баравте за лудите денови. Едноставно напијте се една шолја кафе, а веднаш потоа дремнете. И покрај тоа што ова можеби ви изгледа контраинтуитивно, на кофеинот му се потребни барем 30-тина минути пред да почне да делува, па дремнувањето веднаш по неговото консумирање ќе ви овозможи дополнителна енергија, но исто така и ќе ги подобри вашите перформанси.rnrnkofeinski-dremki-zoshto-tie-se-najdobriot-metod-za-dopolnitelna-energija-vo-tekot-na-denot-www.kafepauza.mkrnrnИдеалната „кофеинска дремка“ трае 30 минути, што значи дека ќе се разбудите во истиот момент штом кофеинот почнува да делува. Резултатот – ќе се чувствувате одморено и стимулирано.rnrnПостојат неколку помали студии што го поддржуваат овој концепт. Едно истражување објавено во 1997 година во журналот „Psychophysiology“, открило дека поспаните возрасни, кои комбинирале 200 милиграми кофеин и потоа дремнале, имале подобар перформанс за време на симулираните тестови за возење во споредба со оние што пиеле само кофеин или плацебо.rnrnДруга студија објавена во „Clinical Neurophysiology“ во 2003 година, вклучувала десет млади возрасни распоредени во пет експериментални групи. Тие требало да направат различни видови интервенции за време на компјутерски задачи. Испитаниците од едната група преспале 20-тина минути, од другата испиле 200 милиграми кофеин пред дремката, од третата по дремката веднаш си ги измиле лицата, од четвртата биле изложени на силна светлина по будењето, а од петтата група само одмарале. Кој бил најефективниот метод за перформанс? Сигурно погодивте – кофеинот во комбинација со дремката.rnrnПа, дали и вие треба да станете кофеински дремач? Да, дефинитивно вреди да се проба доколку веќе пиете кафе и вашиот распоред го дозволува тоа. Овие дремки исто така можат да ве спречат и да не пиете толку голема количина кафе во текот на денот, резултирајќи со побрзо заспивање и поквалитетен сон во текот на ноќта.rnrnИсто така, обидете се да дремнете порано во текот на денот. Генералното правило е да го избегнувате кофеинот барем 6 часа пред легнување во кревет, за да не ве држи будни во текот на ноќта. И запомнете: Кофеинските дремки вклучуваат една шолја кафе, не цел бокал и 15-30 минути дремка, а не 2-часовен маратон.rnrnЉубители сте на кафето? Можеби ќе ве интересираат и овие 8 неочекувани придобивки од секојдневното пиење кафе.

  • Подгответе си самите здраво кафе за уште поздрав ден!

    Подгответе си самите здраво кафе за уште поздрав ден!

    Повеќе истражувања укажуваат на позитивните ефекти од умереното консумирање кафе врз здравјето. Денес ќе зборуваме за тоа како можете да ја направите оваа кофеинска напивка уште поздрава, но и да добиете поубава арома.rnrn1-ja-namaluva-naduenosta-go-podobruva-imunitetot-go-podobruva-raspolozhenieto-napravete-si-sami-zdravo-kafe-za-ushte-pozdravo-utro-www.kafepauza.mk_rn

    1. Цимет

    rnПосипете го кафето со цимет во прав или ставете стапче цимет во шолјата – овој зачин има антивирусни и антибактериски својства, што е многу корисно во текот на зимата. Исто така, циметот помага при регулирање на нивото на шеќер и триглицеридите во крвта.rn

    2. Ѓумбир

    rnВо кафето можете да додадете и малку ѓумбир во прав – ѓумбирот го поттикнува варењето, ја намалува надуеноста и гасовите, а исто така помага при симптомите на настинка. Овој зачин ги ублажува и болките на артритис, бидејќи делува против воспаленијата.rn

    3. Како и црно чоколадо

    rnФлавонолите од какаото ја подобруваат циркулацијата, концентрацијата и будноста, го регулираат крвниот притисок и делуваат против воспаленија. Додајте една лажичка какао во прав или ставете две коцки црно чоколадо во кафето да се истопат.rn

    4. Кокосово млеко и кокосово масло

    rnКокосовото млеко претставува добра алтернатива за кравјото млеко, особено ако сте забележале дека ви пречи лактоза. Кокосовите млеко и масло содржат и лауринска киселина која го подобрува имунитетот и во организмот се претвора во монолаурин, соединение со антивирусни и антибактериски својства. Што се однесува до количината, за почеток можете да пробате кафе со една супена лажичка кокосово млеко или една кафеава лажичка кокосово масло.rn

    5. Кокосов шеќер

    rnОвој шеќер не се добива од кокосот, туку од сокот од цветот на кокосовата палма. Содржи помала количина цинк, железо, магнезиум и витамин Б-комплекс. Кокосовиот шеќер содржи и инулин кој делува како пробиотик и така го поттикнува растот на пријателските батерии во цревата.rn

    6. Екстракт од ванила

    rnВанилата традиционално се користи не само заради слатката арома, туку и заради нејзините медицински својства. Ванилата ја поттикнува концентрацијата и поволно делува на расположението. Мирисот на ванила исто така помага при контролата на апетитот.rnrnА за љубителите на леденото кафе подготвивме одлични и креативни начини да го надградите вашето ледено кафе.

  • Интересно прашање, уште поинтересен одговор: Во колку часот е предоцна за кафе?

    Интересно прашање, уште поинтересен одговор: Во колку часот е предоцна за кафе?

    Една шолја, две шолји, три шолји, а оние кои пијат по четири шолји кафе дневно ќе живеат подолго според најновите студии. Но, кога и во колку часот треба да го испиете последното кафе за да можете добро да спиете во текот на ноќта?rnrn1-interesno-prashanje-ushte-pointeresen-odgovor-vo-kolku-chasot-e-predocna-za-kafe-www.kafepauza,mk_rnrnЦрното злато, наречено кафе, содржи многу кофеин кој нè држи будни. За да ги избегнете проблемите со спиењето, престанете да пиете кафе во раната фаза. Експертите мислат дека раната фаза е околу 6 до 8 часа пред легнување. Освен непријатната несоница, кофеинот исто така може да влијае и на дигестивниот систем. Заради зголемената количина на киселина во желудникот, кафето може да доведе и до мачнини.rnrnОд ова можеме да заклучиме дека последното кафе зависи од тоа кога сакате да спиете. Ако одите во кревет во 23 часот, последното кафе би требало да го испиете до 17 часот.rnrnДоколку сте голем љубител на кафе и пиете 4 шолји кафе дневно, тогаш имаме добри вести за вас.

  • 8 неочекувани придобивки од секојдневното пиење кафе

    8 неочекувани придобивки од секојдневното пиење кафе

    Многу луѓе не можат да си го замислат почетокот на денот без шолја кафе. Ако и вие спаѓате во групата која подготвува кафе уште пред да влезе во тоалетот, имаме добри вести за вас: Секојдневното пиење кафе најверојатно е добро за вашето здравје. Постојат неколку здравствени придобивки од кафето, а во продолжение погледнете кои.rn

    1. Ги намалува симптомите на Паркинсоновата болест

    rn(1)8-neochekuvani-pridobivki-od-sekojdnevnoto-pienje-kafe-kafepauza.mkrnrnСпоред Американската академија за неврологија, кафето ги намалува симптомите на Паркинсонова болест.rn

    „Додека секојдневното пиење кафе не помага при поспаноста кај пациентите, тоа има позитивно влијание на контролата над движењата на телото.“

    rn

    2. Штити од дијабетес тип 2

    rn(2)8-neochekuvani-pridobivki-od-sekojdnevnoto-pienje-kafe-kafepauza.mkrnrnПиењето кафе може да ги намали шансите за појава на дијабетес тип 2. Кафето содржи минерали, како магнезиум и хром, кои му помагаат на телото да го користи хормонот инсулин, кој пак го регулира шеќерот во крвта.rn

    3. Ја намалува депресијата кај жените

    rn(3)8-neochekuvani-pridobivki-od-sekojdnevnoto-pienje-kafe-kafepauza.mkrnrnПозитивните ефекти на расположението не исчезнуваат кога ќе го исфрлите целиот кофеин. Едно ново истражување покажало дека жените кои редовно пијат кафе имаат 20% помали шанси да развијат депресија, за разлика од оние кои не пијат.rn

    4. Ја зголемува долговечноста

    rn(4)8-neochekuvani-pridobivki-od-sekojdnevnoto-pienje-kafe-kafepauza.mkrnrnПокрај тоа што ви дава енергија, кафето може да ви го продолжи и животот. Некои истражувања пронашле поврзаност помеѓу консумирањето кафе и намалениот морталитет.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Лоша вест за оние кои сакаат да пијат кафе или чај на работното место

    Лоша вест за оние кои сакаат да пијат кафе или чај на работното место

    Бактериите се апсолутно насекаде и е невозможно да создадете стерилна средина за живот и работа, но барем можете да го промените она за кое сте лично одговорни.rnrnrnrnПрофесорот по микробиологија од Универзитетот во Аризона, д-р Чарлс Герба, утврдил дека околу 90% од шолјите кои ги користиме во канцелариите, всушност се полни со бактерии, а 20% од нив имаат и фекални бактерии.rnrnСе поставува прашањето како тие стигнале таму и колку е пресуден човечкиот фактор за тоа.rnrnСе сомневаме дека луѓето ги оставаат на шолјите, а тоа се случува кога е нивното миење во прашање. Универзитетската студија укажува на тоа дека 1 од 5 шолји содржи микроби. Погледнете ја вашата канцеларија и веднаш отстранете ги сите валкани шолји, бидејќи тие се извор на зарази.rnrnД-р Герба вели дека за миење на шолјите во заедничката кујна, се користат сунѓери кои не се чистат редовно или пак се чистат неправилно и кои се покриени со неверојатен број на бактерии. Кога користиме такви сунѓери ние само додаваме бактерии, наместо да ги елиминираме.rn

    „Ако баш не можете без овие напивки, тогаш својата шолја носете ја дома секојдневно и измијте ја во машина за садови или под млаз топла вода“, советува д-р Герба.

    rnНо, дали сте вистински зависник од кафе? Доколку пиете 4 шолји кафе дневно, тогаш имаме добри вест за вас!

  • Кога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип?

    Кога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип?

    Многу луѓе не можат да си го замислат животот без кафе. Но, кафето нема ист ефект на сите негови консументи. Некои поединци после шолја кафе се однесуваат како хиперактивни деца кои изеле торта, но некои можат без проблем да заспијат дури и по 3 шолји кафе. Па, зошто одредени луѓе пијат кафе и потоа се чувствуваат продуктивни и будни, а други се исто толку поспани колку и пред да внесат кофеин во организмот? Се чини дека не е важно кафето или видот на кофеин, туку периодот од денот кога уживате во вашиот омилен пијалак. Тука голема улога играат и хронотиповите, па затоа најважно е прво да го дознаете вашиот личен хронотип.rnrnКога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип?rn

    Што се хронотипови?

    rnХронотипот е поврзан со однесувањето што го покажувате како последица од вашиот биоритам. Тој одредува кога треба да спиете во текот на 24-те часа од денот. Постојат 4 хронотипа: Делфин, лав, мечка и волк. Сите тие се одликуваат со различни особини и начини на однесување. Можете да дознаете кој е вашиот хронотип со помош на овој тест.rnrnМајкл Џ. Брус е клинички психолог кој специјализирал во областа на нарушувања на сонот. Неговата книга „Моќта на кога“ (The Power of When) ги анализира 4-те хронотипа врз основа на нивните утрински и вечерни навики. Книгата може да им помогне на читателите да разберат кој е најповолниот период од денот за извршување разни активности, од џогирање па сѐ до барање покачување на платата. Брус исто така дава совет за пиењето кафе.rn

    „Ако се разбудите и внесете кафе, односно диуретик, во организмот, тоа само ќе ја зголеми вашата дехидратација. Освен тоа, кога се будите, нивото на кортизол е природно многу високо. Па така, вие само внесувате неефективен стимуланс и покрај тоа што веќе имате еден многу ефективен. Кафето треба да го зачувате за периодот од денот кога ќе почувствувате дека губите енергија“, пишува тој во книгата.

    rn

    Кафето и хронотиповите

    rnБрус тврди дека најлошиот период за пиење кафе е помеѓу првите 2 часа по будењето и 6 часа пред спиење. Додека спиете, вие издишувате 1 литар вода. Без оглед на тоа кој е вашиот личен хронотип, првиот пијалак по кој треба да посегнете е водата. Во продолжение прочитајте кога треба да пиете кафе според вашиот хронотип…rnrnДелфините треба да уживаат во кафето помеѓу 8.30 и 11.00 или 13.00 и 14.00. Тие исто така треба да се разбудат во 6.30.rnrnМечките треба да внесат кафе во периодот помеѓу 9.30 и 11.30 или 13.30 и 15.30, а да се разбудат во 7.00.rnrnВолците можат да се напијат кафе само во периодот помеѓу 12.00 и 14.00 и треба да го започнат денот точно во 7.30.rnrnЛавовите најдобро би било да пијат кафе помеѓу 8.00 и 10.00 или 14.00 и 16.00. Тие најрано треба да го започнат денот, односно во 5.30-6.00.rnrnКога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип?rnrnСега сигурно почнавте да пресметувате кога треба да одите на спиење, ако сакате да се разбудите и да испиете кафе во идеалното време за вас. Но, не грижете се! Брус открил и кога би требало да си легнувате навечер.rn

    „Правилото според кое треба да спиете 8 часа дневно е мит. На повеќето луѓе им се доволни 7 часа, додека делфините можат да функционираат со 6 часа спиење. Најважна е вашата доследност и психичката подготвеност за легнување (исклучување на сите екрани, смирување и опуштање) која треба да започне 1 час пред да одите во кревет. Не треба да легнувате во кревет за ништо друго освен за спиење и секс. Тоа ќе му помогне на вашиот ум да го поврзува зборот ’кревет’ со ’спиење’“, објаснува психологот.

    rnДелфините треба да си легнуваат околу 23.30, додека лавовите би требало да заспијат околу 22.00 часот. Волците можат да останат до полноќ, а мечките треба да одат на спиење во 23.00.rn

    Прекумерната количина на кафе може да биде многу опасна за организмот

    rnАко имате одредени проблеми со здравјето или земате лекови што не смеете да ги мешате со кофеин, немојте да им се спротивставувате на докторите поради вашиот хронотип. Наместо тоа, прилагодете ги вашите навики. Можеби не смеете да пиете кафе толку колку што сакате, но можете да го промените времето кога си легнувате и се будите.rnrnКога треба да пиете кафе според вашиот личен хронотип?rn

    Влијанието на кафето на вашето здравје

    rnКафето е вкусно и корисно. Но, што му прави овој пијалак на вашето тело покрај тоа што му дава енергија? Прочитајте ги и неверојатните придобивки од кафето…rnrn1. Кафето заштитува од рак. Порано, кафето имаше лоша репутација дека е канцерогено. За среќа, овој мит беше побиен. Освен тоа, Светската организација за здравје открила дека со секоја шолја кафе се намалува ризикот од рак на црниот дроб за 15%. Но, секако се мисли на една шолја дневно!rnrn2. Кафето го заштитува црниот дроб. Пиењето кафе може да ја намали штетата на црниот дроб предизвикана од прекумерното пиење алкохол. Неодамнешните истражувања покажале дека ако пиете 2 дополнителни шолји кафе дневно, ќе го намалите ризикот од цироза на црниот дроб за 44%.rnrn3. Кафето согорува маснотии. Тука се мисли на вистинско кафе, а не на фрапучиното што содржи илјадници калории. Според едно истражување од 2013 година, пиењето кафе пред физичка активност ќе му помогне на телото да согори повеќе маснотии.rnrn4. Кафето помага да заздравите побрзо по вежбањето. Болките во мускулите по вежбањето даваат неверојатно чувство на исполнетост. Но, ако имате толкави болки што не можете да станете од кревет, време е за кафе! Друго истражување од 2013 година открило дека болките во мускулите се намалуваат ако внесете кафе во организмот 1 час пред вежбањето.rnrn5. Кафето ја зголемува вашата издржливост. Голем број истражувања покажале дека кафето може да ви помогне да вежбате подолго време и да постигнете подобри резултати.rnrn6. Кафето ја подобрува вашата меморија. Едно истражување од 2014 година докажало дека кафето може да ви помогне да се сетите на некои детали, па дури и да ја зголеми мозочната способност за создавање долгорочни сеќавања. Само една шолја на ден може значително да ја подобри вашата меморија.rnrn7. Кафето може да ви го подобри расположението. Пиењето кафе може да е исто толку добро колку и пиењето антидепресиви. Според едно истражување од 2013 година, кај љубителите на кафето постои помала веројатност да извршат самоубиство или да помислуваат на тоа.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за хронотиповите, прочитајте каков карактер имате според вашите навики за спиење.

  • Пиете 4 шолји кафе дневно? Имаме добри вести за вас!

    Пиете 4 шолји кафе дневно? Имаме добри вести за вас!

    Новата студија спроведена од страна на шпанските научници покажала дека честото консумирање кафе е поврзано со помал ризик од смрт.rnrn1-piete-chetiri-sholji-kafe-dnevno-imame-dobri-vesti-za-vas-www.kafepazua.mk_rnrnИстражувањето го презентирал Европскиот конгрес на кардиолози во Шпанија. Податоците покажуваат дека личностите кои дневно консумираат најмалку 4 шолји кафе имаат за 64% помал ризик од смрт во споредба со оние кои воопшто не консумираат кафе или многу ретко.rnrnВо истражувањето кое траело 10 години учествувале 20.000 испитаници.rnrnИсто така, личностите постари од 45 години имаат за 30% помал ризик од смрт доколку пиеле 2 дополнителни шолји кафе дневно.rnrnКардиологот на болницата во која е спроведено истражувањето, Адела Наваро изјавила дека 4 шолји дневно се совршената бројка. Ова истражување дало слични податоци како и двете претходно објавени истражувања во текот на оваа година кои укажуваат на тоа дека кафето позитивно делува на организмот.rnrnПрочитајте ги и овие здравствени придобивки од кафето во споредба со чајот.

  • Одлични вести за сите љубители на кафе: Оваа напивка може да ви го продолжи животот!

    Одлични вести за сите љубители на кафе: Оваа напивка може да ви го продолжи животот!

    Ретки се луѓето кои можат да си го замислат утрото без кафе, а најновите истражувања докажале зошто е тоа така. Имено, кафето не само што може да ви помогне да се разбудите, туку може и да ви го продолжи животот. Станува збор за две истражувања кои откриле дека редовната консумација на кафе е поврзана со подолгиот животен век.rnrnОдлични вести за сите љубители на кафе: Оваа напивка може да ви го продолжи животот!rnrnИстражувачите го следеле животот на голем број љубители на кафе во текот на неколку години за да ги забележат ефектите што ги има оваа навика на нивното целокупно здравје, како и веројатноста да заболат од одредени болести како што се срцеви заболувања, рак и дијабетес. Биле испитани повеќе од 700.000 љубители на кафе, а особено внимание било обрнато на етничката припадност и потеклото на учесниците. Овој детаљ е многу важен ако се земе предвид фактот дека повеќето истражувања поврзани со пиењето кафе биле фокусирани на Европејците и на поединците со европско потекло. На овој начин можеме да бидеме сигурни дека позитивните ефекти на кафето не се однесуваат само на една раса или етничка група.rnrnИ двете истражувања дошле до извонредни откритија и покрај тоа што се засновале на набљудување. Научниците се обиделе да ги контролираат сите здравствени фактори што би можеле да влијаат на резултатите и вклучиле различни видови кафе за да добијат што е можно поточни и поверојатни резултати. Многумина можеби ќе ги припишат здравствените придобивки од кафето на кофеинот, но вреди да се спомене дека поединците кои консумирале безкофеинско кафе исто така имале продолжен животен век, што значи дека кофеинот можеби не е целосно заслужен за ова.rnrnПрвото истражување, кое се фокусирало на податоците од една студија што ги следела навиките за пиење кафе на повеќе од 500.000 Европејците во текот на 16 години, покажало силна поврзаност помеѓу консумацијата на кафе и намалениот ризик од смрт. Второто истражување следело повеќе од 185.000 Американци во период од 16 години и дознало дека веројатноста за смрт од срцеви болести, рак, респираторни болести, дијабетес, бубрежни заболувања и мозочен удар била значително помала кај поединците кои пиеле кафе за разлика од луѓето кои воопшто не пиеле кафе. Освен тоа, во споредба со луѓето кои не пијат кафе, учесниците кои пиеле по 2-3 шолји кафе дневно имале 18% помали шанси да умрат порано, додека оние кои пиеле по една шолја дневно имале 12% помали шанси да умрат порано во животот.rnrnОдлични вести за сите љубители на кафе: Оваа напивка може да ви го продолжи животот!rnrnИстражувањата откриле интересни податоци и во зависност од полот. Резултатите покажале дека 25% од љубителите на кафе пиеле по 3 или повеќе шолји кафе дневно и според тоа, машките љубители на кафе имале 12% помали шанси да умрат порано за разлика од мажите кои не пиеле кафе. Женските љубители на кафе, пак, имале 7% поголеми шанси за подолг животен век за разлика од жените кои не пиеле кафе. Тешко е да се одреди причината за разликата во машките и женските проценти, особено ако се земе предвид фактот дека генерално жените живеат подолго од мажите. Исто така, овие истражувања го потврдиле она што веќе било докажано во претходните студии дека редовното пиење кафе придонесува за подобрена функција на црниот дроб, подобри нивоа на шеќер во крвта и заштита од воспаленија.rnrnМногу луѓе се обидуваат да ја намалат количината на кафе што ја консумираат или целосно да се ослободат од оваа навика, но експертите сѐ уште тврдат дека љубителите на кафе не се изложени на никаков ризик од здравствени проблеми предизвикани од редовното пиење кафе. Доколку пиете помалку од 5 шолји кафе дневно, сѐ ќе биде во ред со вашето здравје.rnrnНакратко, истражувањата заклучиле дека колку повеќе кафе пиете толку помали се шансите за прерана смрт. Слободно игнорирајте ги луѓето кои не пијат кафе и уживајте во вашиот омилен пијалак без грижа на совест.rnrnПрочитајте ги и овие здравствени придобивки од кафето во споредба со чајот.

  • Kако да го направите утринското кафе поздравo?

    Kако да го направите утринското кафе поздравo?

    Честопати се води дебата помеѓу заговорниците на здрава исхрана и поставување на прашањето дали кафето е воопшто здраво. Одговорот е дека кафето не мора нужно да биде нездраво. Секако, доколку се придржувате до одредени правила. Ви откриваме 5 начини на кои можете утринското кафе да го претворите во здрава опција.rnrn1-vi-otkrivame-kako-utrinskoto-kafe-da-go-napravite-pozdrava-opcija-www.kafepauza.mk_rn

    1. Подгответе си го кафето сами

    rnБез разлика дали пиете турско кафе, нескафе или еспресо ве советуваме самите да си го подготвите бидејќи многу веќе готови кесички кафе содржат млеко во прав или дополнителен шеќер. Во многу кафулиња служат кафиња кои се збогатени со засилувачи на вкус, сирупи, а често и со неутрална павлака. Затоа е најсигурно самите да си го подготвите кафето.rn

    2. Користете филтрирана вода

    rnКафето кое ќе го подготвите со филтрирана вода ќе има подобар вкус и ќе биде поздраво за вас. За разлика од градската вода која е тврда и преполна со непосакувани супстанци, филтрираната вода не содржи хлор ниту некои други несакани материи, како што се олово или жива.rn

    3. Купувајте органско кафе

    rnБарем денес тоа е полесно од кога било порано. Во многу кафетерии можете да купите кафе со органско потекло.rnrn2-vi-otkrivame-kako-utrinskoto-kafe-da-go-napravite-pozdrava-opcija-www.kafepauza.mk_rn

    4. Без шеќер и млеко

    rnПоголемиот дел од луѓето уживаат во своето кафе само доколку му додадат доста шеќер или млеко. Тогаш особено се губи и потиснува силниот вкус на кафето. Неопходно е да пробате кафе без додаток на шеќер и млеко. Кога еднаш ќе го пробате веднаш ќе ја почувствувате разликата која ја истакнуваме. Доколку пак не можете без млеко, тогаш ве советуваме обичното кравјо млеко да го замените со млеко од јаткасти плодови.rn

    5. Нека пиењето кафе биде ваш ритуал

    rnПијте го кафето полека и со мерак. Доколку го пиете премногу брзо, одеднаш ќе внесете премногу кофеин што негативно ќе влијае на нервниот систем. Затоа станете порано и полека уживајте во првото, утринско кафе.rnrn3-vi-otkrivame-kako-utrinskoto-kafe-da-go-napravite-pozdrava-opcija-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку сте вистински зависник од кафе, тогаш погледнете со кои проблеми се соочуваат само најголемите љубители на кафе.

  • Пиењето кафе може да ви помогне да остварите подобри резултати при вежбањето

    Пиењето кафе може да ви помогне да остварите подобри резултати при вежбањето

    Дали некогаш сте се разбудиле за да вежбате целите поспани и сте помислиле дека навистина би ви годела доза кофеин? Доколку одговоривте потврдно, сигурно ќе ви се допаднат најновите откритија. Според едно истражување спроведено од страна на професор по физиологија на Универзитетот во Сао Паоло, постои научно докажана врска помеѓу кофеинот и ефективните вежби.rnrnПиењето кафе може да ви помогне да остварите подобри резултати при вежбањетоrnrnПрофесорот Бруно Гвалано решил да ја тестира оваа теорија бидејќи многу сакал да вежба, но и да пие кафе. Така, тој собрал група машки велосипедисти и ги поделил во групи врз основа на тоа колку кафе имале испиено. Потоа ги тестирал во три различни ситуации: Кога немале внесено кофеин, кога примиле плацебо и кога испиле апче со 400 милиграма кофеин што е еднакво на 4 шолји кафе.rnrnГвалано ги добил очекуваните резултати. На испитаниците им била дадена посебна вежба чија цел била да согорат 450 калории. Резултатите покажале дека оние кои што земале вистинско кофеинско апче биле 3,3% побрзи од останатите.rnrnСпоред сето ова, можеме слободно да кажеме дека утринското кафе што го пиете пред да одите во салата за вежбање не само што ќе ви помогне да останете будни, туку и максимално да го искористите вашиот потенцијал за вежбање. Секако дека не треба да претерувате со пиењето кафе, но доколку оваа напивка е веќе дел од вашата секојдневна рутина, треба да знаете дека ви помага да остварите подобри резултати во теретаната.rnrnВо продолжение прочитајте уште едно истражување поврзано со тоа дали треба да пиеме кафе пред физичка активност.