Свежо подготвеното кафе има околу 100 степени и откако ќе го сипете во шолја неговата температура за само неколку минути се симнува на 50 степени. Откако ќе ја достигне оваа температура, потоа почнува побавно да опаѓа. Но, дали бојата на шолјата има некакво влијание врз тоа колку брзо целосно ќе се олади вашето кафе?rnrn
rnrnСте забележале ли како за време на топлите летни денови, доколку носите црна блуза ви е многу потопло отколку кога носите бела? Причината е едноставна, темните предмети повеќе апсорбираат топлина. Истото се случува и со кафето. Доколку сакате вашето кафе побрзо да се олади, тогаш би требало да го сипете во црна шолја бидејќи таа побрзо ќе ја апсорбира неговата топлина.rnrnОваа приказна има две страни. Бидејќи темната боја емитува повеќе топлина од светлата, доколку сакате да воспоставите баланс осветлете го кафето на некој начин. Доколку сакате тоа побрзо да ви се олади, не пијте црно кафе и додајте му млеко или шлаг. Интересно како науката се наоѓа во секој дел од нашиот живот, се согласувате?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn