КАФЕ ПАУЗА

Науката објаснува како кафето влијае на мозокот

Како точно кафето функционира и како влијае на мозокот? Нашироко е познато дека кафето е најупотребуваниот стимуланс на мозокот, но како тоа влијае на сивата материја во мозокот од научна перспектива?rnrn1-naukata-objasnuva-kako-kafeto-vlijae-na-mozokot-www.kafepauza.mk_rnrnЕве како научниците објаснуваат зошто по консумирањето кафе, нашиот мозок работи како „луд“.rnrnСигурно веќе сте чуле дека кафето е пронајдено во Етиопија, откако еден човек забележал дека неговите кози се однесуваат „чудно“ по јадењето зрна кафе. Денес кафето е најпознатиот и најупотребуваниот стимуланс на мозокот. Го консумираме кога се обидуваме да останеме будни, сконцентрирани и во креативната зона.rnrnКофеинот работи така што блокира друга хемикалија во мозокот, наречена аденозин. Кога работата на аденозинот е блокирана, вашето тело автоматски е повикано на будење. Така што кофеинот не го стимулира вашиот мозок, туку го потиснува делот што ве прави поспани. Дали може да станете зависни од консумирањето кафе? Да, но без грижа, не е ни приближно страшно како зависноста од други супстанции. Всушност, како и сè останато, кафето си има добри и лоши страни.rnrnrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.